|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  93 94 [95] 96 97   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела
31.5.2014 12:16:40   
Melanija RR
AnnaMolly RR user posted image се ќе се среди,хематомот ќе се повлече а притисокот ќе го регулираш.Веќе имаш искуство и добро што ќе одиш на неврологија.
Филип е голем па сигурно колку толку ќе разбере

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 2351
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела
5.6.2014 11:24:00   
Ki4iko
Пред 4 дена посетив гинеколог за прв пат во оваа бременост.Си ја видовме малата точка ,инаку сега сум полна 6 недела,од утре почнувам 7ма. На ехото се виде мал хематом,па малку се загрижив user posted image . Добив терапија утрогестан 2x1 вагиналета user posted image . Би сакала да слушнам кој друг има вакво искуство и дали поминало во најдобар ред? user posted image user posted image

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 2352
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела
5.6.2014 12:14:40   
MMM27
Добро што е ова со хематомите и утрогестанот, пола рингераја со хематоми, не ми се верува user posted image Инаку...не се секирај и јас имав хематом, иста терапија, се повлече. Сега ставам по едно навечер.

(Одговор на членот Ki4iko)
Непосредна врска до пораките: 2353
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела
5.6.2014 12:48:58   
Ki4iko
Денес кога пишав на темава и јас искрено се зачудив колку е само присутно тоа со хематом во рана бременост, само ме интересираше дали тоа значи дека треба да се одмара како што предходно читав примери,зашто мојот гинеколог советуваше само терапија со утрогестан и ништо притоа не спомна за мирување user posted image .

(Одговор на членот MMM27)
Непосредна врска до пораките: 2354
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела
5.6.2014 13:34:14   
Sajna
ki4iko obavezno da miruvas da pies utrogestan ... i jas imav hematom i do 13 nedela od krevet ne stanav osven do wc ako slusas sovetite od lekarot ne e nisto strasno... samo da znaes deka mora da imas krvarenje koga ke ispadne od tebe da ne se plasis ...prasaj go doktorot

(Одговор на членот Ki4iko)
Непосредна врска до пораките: 2355
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела
5.6.2014 14:00:58   
MMM27
Не мора да значи дека ќе има крварење. Кај мене се асорбира, немав крварење. Докторот ми рече да мирувам и ако имам крварење да го барам. Меѓутоа не беше строго мирување со лежење. Одев и на работа, само не се форсирав. Сепак, прашај го докторот, тој сепак најдобро знае колкав е хематомот и дали мора да лежиш или само да внимаваш.

(Одговор на членот Sajna)
Непосредна врска до пораките: 2356
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела
6.6.2014 12:49:49   
Ki4iko
Деновиве додека читав по форуми,навистина се преплашив,па мојот гинеколог ништо не спомна за мирување,единствено тоа дека хематомот сам ќе се повлече од терапијата,а како ли би мирувала со 4 годишно дете дома user posted image ,за пазење ,се пазам колку што е можно повеќе,но на работа морам да одам...се надевам дека нема да имам проблеми user posted image

(Одговор на членот MMM27)
Непосредна врска до пораките: 2357
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела
7.6.2014 12:08:52   
AnnaMolly RR
Ki4iko, изгледа во сосема иста ситуација сме :) Еве јас веќе една недела сум на боледување и мирување, ама со 4 годишен син дома малку тешко ми оди мирувањево :)

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Ki4iko)
Непосредна врска до пораките: 2358
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела
7.6.2014 12:15:53   
Ki4iko
И не само тоа user posted image , јас морам да одам на работа плус тоа.Но нели како што реков,се пазам максимално,без кревање и напрегање.Со голема позитивност верувам дека нема да се случи ништо лошо , AnnaMolly RR ,каква терапија примаш во моментов,и кај тебе ли е присутен хематом?

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 2359
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела
7.6.2014 18:06:20   
AnnaMolly RR
Моментално сум на 2х1 Утрогестан од 200 мг, 2х1 магнезиум од 250 мг, е витамин, фолна и метилдопа за притисокот. Мене ми прсна хематом пред 9 дена и од тогаш сум на терапијава, сега во понеделник на контрола.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Ki4iko)
Непосредна врска до пораките: 2360
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела
7.6.2014 21:28:11   
princessa
Женски стискаме палци, се ќе биде во ред само позитивен став и само убави нешта ќе се случуваат. Битно е на време да се реагира и да се биде одговорен кон терапијата. user posted image пред се user posted image user posted image user posted image

_____________________________

All of us have our own beliefs, opinions. These inner assumptions rule and govern our lives. A suggestion has no power in and of itself. its power arises from the fact that you accept it mentally!

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 2361
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела
11.6.2014 9:13:57   
AnnaMolly RR
Ајде да се јавам јас на еден долг рапорт :) Не сте свесни што се ме снајде последниве три дена.
Прво најубавата вест, имаме срцева акција :)
Ама јас ужасно се чувствувам, болна сум, пијам Оспен, денеска 4 ден сум константно со температура која варира. Правев крвна слика леукоцитите се до плафон.
Некои жлезди во грлото ми се отечени, не можам ништо да голтам, дневно јадам по неколку залчиња сува храна само. За овие 4-5 дена ослабена сум 3 кила.
Како да не беше доволно тоа, завчера двапати се онесвестив, колабирав тотално. Жива среќа што не бев сама туку со мајка ми и сестра ми. Дојде брза помош, примиб инфузија со две гликози и подобро ми стана.
Не ми се верува во првата бременост имав прееклампсија и овие 4 години по породувањето константно висок притисок и бев под терапија, а сега ми е низок, вчера ми варираше од 110/60 до 90/60, што за мене е голема разлика од претходно кога константно ми беше 150/100, 140/90, па треба време да се навикне организмот.
Напишав цел роман, ама морав да си ја споделам маката.
Како сте вие? Јас моментално сум 7+4.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот princessa)
Непосредна врска до пораките: 2362
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела
11.6.2014 9:34:25   
princessa
Ти праќаме еден купо позитивна енергија и позитивни мисли, ќе видиш се ќе се средиuser posted image user posted image . Многу си претрпела но Господ чува секогаш. Битно што бебчето е во ред, има срцева реакцијаuser posted image . Одмарај колку што можеш повеќе и битно е да има некој со тебе да ти помага и да го чува Филип. Јас знам дека се ќе испадне добро и дека се ќе пребродиш. И јас додека бев бремена се онесвестував 2-3 пати но за среќа и јас не бев сама. Не се преморувај со ништо и се ќе биде подобро и подобро.
ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

Ајде да се јавам јас на еден долг рапорт :) Не сте свесни што се ме снајде последниве три дена.
Прво најубавата вест, имаме срцева акција :)
Ама јас ужасно се чувствувам, болна сум, пијам Оспен, денеска 4 ден сум константно со температура која варира. Правев крвна слика леукоцитите се до плафон.
Некои жлезди во грлото ми се отечени, не можам ништо да голтам, дневно јадам по неколку залчиња сува храна само. За овие 4-5 дена ослабена сум 3 кила.
Како да не беше доволно тоа, завчера двапати се онесвестив, колабирав тотално. Жива среќа што не бев сама туку со мајка ми и сестра ми. Дојде брза помош, примиб инфузија со две гликози и подобро ми стана.
Не ми се верува во првата бременост имав прееклампсија и овие 4 години по породувањето константно висок притисок и бев под терапија, а сега ми е низок, вчера ми варираше од 110/60 до 90/60, што за мене е голема разлика од претходно кога константно ми беше 150/100, 140/90, па треба време да се навикне организмот.
Напишав цел роман, ама морав да си ја споделам маката.
Како сте вие? Јас моментално сум 7+4.

user posted image

_____________________________

All of us have our own beliefs, opinions. These inner assumptions rule and govern our lives. A suggestion has no power in and of itself. its power arises from the fact that you accept it mentally!

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 2363
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела
11.6.2014 9:45:44   
AnnaMolly RR
И гинекологот ми рече дека е нормално несвестица во бременост, ама мене ме фати страв. Ни до продавница не ми се оди сама деновиве :) Среќа има кој да се занимава со Филип, а гледам и да не сум многу во негова близина зашто претпоставува докторката дека имам некоја бактериска инфекција на грлото, па да помине уште некое време со антибиотиков да не го заразам и него. Задутре му е роденден, веќе е големо момче ќе полни 4 години и умен е, мирен си е не прави проблеми.
Знам дека ќе биде се во ред, само малку бев исплашена, ама помина и тоа :)

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот princessa)
Непосредна врска до пораките: 2364
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела
11.6.2014 10:56:18   
Ki4iko
И јас деновиве се соочив со доста непријатноси, гадење , лошење,и стомакот ми е доста подуен од прогестеронската терапија, ама се за нашите најмили,ќе поминат и овие неколу недели,па ќе заборавиме на утринските мачнини.Инаку сум 7недела крајот,од утре влегувам во 8ма.Понеделник одам на УЗ за срцева акција user posted image user posted image

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 2365
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела
11.6.2014 11:01:31   
princessa
јас проблемот со онесвестување го имав кога доживував температурен шок значи од ладно на топло и обратно. И кога нагло станував ми се стемнуваше пред очи. А сњга мора да се внимава на овие горештини, кога шеташ надвор и влегуваш некаде внатре на ладно.

_____________________________

All of us have our own beliefs, opinions. These inner assumptions rule and govern our lives. A suggestion has no power in and of itself. its power arises from the fact that you accept it mentally!

(Одговор на членот Ki4iko)
Непосредна врска до пораките: 2366
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела
19.6.2014 11:38:48   
Ki4iko
Вчера слушнавме срцева акција user posted image ,леле колку сум радосна, сега сум 9 недела почеток, на контрола закажвме по 1 месец, хематомот се повлекол, но продолжувам со прогестеронската терапија, едвај чекам нареден ехо преглед user posted image

(Одговор на членот princessa)
Непосредна врска до пораките: 2367
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела
19.6.2014 11:44:50   
AnnaMolly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Ki4iko

Вчера слушнавме срцева акција user posted image ,леле колку сум радосна, сега сум 9 недела почеток, на контрола закажвме по 1 месец, хематомот се повлекол, но продолжувам со прогестеронската терапија, едвај чекам нареден ехо преглед user posted image

user posted image user posted image user posted image
Баш убави вести! А погоре читам си пишала дека ти отекувал стомакот од утрогестанот. Јас сум 9 недела и се чудам како може да не ме собира ништо, а воопшто ни грам не сум поправена. Значи имало врска со утрогестанот.

И јас продолжувам со него, плус магнезиум, фолна, е и б витамин. Контрола на 30 јуни.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Ki4iko)
Непосредна врска до пораките: 2368
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела
23.6.2014 14:04:14   
Ki4iko
Да, добив одговор на мојот отечен стомак од матичниот гинеколог user posted image , имам меше кое повеке изгледа како отечено,отколку на трудничко,па изгледа е од утрогестанот.Понекогаш чувствувам благи болки во стомакот, од што ли ќе еuser posted image .Инаку контрола дури во 12 недела, user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 2369
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела
1.7.2014 11:13:17   
AnnaMolly RR
Вчера бев на контрола, бебушкото мрда ли мрда со нозете :) Се е во ред, долго е 3,6 см и 186 срцеви отчукувања во минута :)))) Крвната слика ми е одлична.
Следна контрола ми е на 17 јули, тогаш веќе и во второ тромесечје ќе бидам :)

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Ki4iko)
Непосредна врска до пораките: 2370
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела
1.7.2014 13:40:17   
Goddess*
AnnaMolly user posted image ,vtorovo devojchence user posted image ,spored otchukuvanjeto na srceto user posted image

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 2371
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела
1.7.2014 14:02:18   
deluxe

ИЗВОРНА ПОРАКА: Goddess*

AnnaMolly user posted image ,vtorovo devojchence user posted image ,spored otchukuvanjeto na srceto user posted image



user posted image user posted image user posted image И јас навивам ЗА момичка user posted image user posted image user posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот Goddess*)
Непосредна врска до пораките: 2372
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела
1.7.2014 14:03:17   
AnnaMolly RR
И други ми имаат речено дека девојчињата се со повисоки отчукувања и се надевам дека стварно ќе биде девојче! Ако излезе вистина, цела РР има да ја частам! Ама вистински, не вака преку слики само :)))))))))

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 2373
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела
2.7.2014 11:12:09   
Ki4iko
Аннамолли ,одлични вести,и мојот нареден преглед е на 17 јули, во меѓувреме ми беше советувано да не одам порано,немало причина,значи на 17 одам за Пап тест,микробиолошки испитувања и биохемски испитувања ,скрининг исто така, едвај чекам, инаку чувствувам мал страв за пап тестот,не сум мноу расположена да ми"брцкаат" долу user posted image user posted image user posted image иако ми е втора бременост, се надевам нема да има последици врз бебето user posted image . Тогаш ќе бидам крај на 12 недела,што значи само уште овие 2 недели да ги издржиме,user posted image

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 2374
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела
4.7.2014 14:49:54   
AnnaMolly RR
Колешки труднички како сте? :) Јас сум за никаде деновиве, целоо време ми е лошо, ми се повраќа, ми се спие, се чувствувам утепано. Не можам да функционирам на работа :(
До времето ли е до што ли е?
Ви се случува ли вака и на вас и што правите за да се справите со тоа?

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Ki4iko)
Непосредна врска до пораките: 2375
Страница:   <<   < Претходна страница  93 94 [95] 96 97   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  93 94 [95] 96 97   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?