Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
RE: Колку првачиња имаме на Рингераја? 27.8.2013 9:14:04
miana
ИЗВОРНА ПОРАКА: miana
Добро утро женички..Ајде да се преброиме Ние поѓаме во прво одделение оваа година ,кој друг? И ајде да ве прашам,како го доживувате првиот училишен ден на вашето дете и како го подготвувате за истиот? Незнаев дали да отворам ваква тема,ако треба нека отворат модераториве.Би ве замолила да ми објасните нешто подетално ,како течат подготовкие за првиот училишен ден. Јас лично имам повеке трема од керками.Не е многу воодушевена,ја припремам со тоа што и зборувам колку е убаво на училиште,се учат нови работи и дека како мама што мора да оди на работа така и секое дете има обврска да оди на училиште за да научи да пишува,да чита и сл. И објаснувам дека кога јас бев дете,многу сакав да одам на училиште и дека тргнав цела година порано бидејки бев нетрпелива ( и вистина е така ) сега кога и да се спомне училиштето таа ме прашува - Мамо,ти многу сакаше да одиш на училиште? Порано си пошла ? Вчера бевме во градинка да си ги собереме работите,ја земав и неа со мене.Сите учителки што ја видоа ја изгушкаа и честитаа,и посакаа само 5 ки да носи,а таа некако е зачудена и сигурно во тоа главче се прашува - што е тоа толку важно,што сите толку го потенцираат. Знам дека ке има плачење,сигурна сум и тоа најмногу ме плаши. И да,признавам,имам повеке трема од неа.
Тортата е порачана ( книга торта ) и денес ке одам да се погрижам за гардеробата . Вие до каде сте? Имате ли првачиња? За едно прваче - на ЈованаЈ знам,а имаме ли други?
RE: Колку првачиња имаме на Рингераја? 27.8.2013 9:24:20
vezilka RR
Ајде со среќа нека ви е. Леле којз ае колкава возбуда чувствувате. Јас имам внука прваче, ама се чувствувам како свое дете да праќам во школо. Ние ранец купивме, патики купивме, облеката е сега на ред. Торта одбравме, и така.
RE: Колку првачиња имаме на Рингераја? 27.8.2013 9:56:16
Felly RR
Со среќа нека ви е почетокот миана, Еве тука имаме тема за првиот училишен ден. Ние немаме прваче од некој близок, ама вака кога ве прочитав - ова стварно со цела прослава се обележува - торта и се пропратно???
< Поракaта ја уредил Felly RR -- 27.8.2013 9:59:14 >
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
RE: Колку првачиња имаме на Рингераја? 27.8.2013 10:23:10
Annabel
Долго ме немаше на форумов, ама темава за првачињата ми е топ тема, па да се пријавам и јас со едно прваче
Ни се кршеа копјата помеѓу три училишта и на крај се надевам дека го избравме вистинското а и наставничката што ја одбравме беше со најдобри препораки.
Инаку и мама е возбудена, а балеринката уште повеќе
RE: Колку првачиња имаме на Рингераја? 27.8.2013 11:35:16
niki
i nie ke bideme prvacinja, samo sto kaj nas ucebnata godina pocnuva podocna, 11 Septemvri, pa aber si nemame od spremanje nisto ne sme kupile i verojatno se ke kupime po prviot cas otkako ke ne izvestat sto i kako im treba na decata, knigite mislam se besplatni i gi obezbeduva ucilisteto, a i pribor ne znam dali sami kupuvaat roditelite ili se sobiraat pari pa se kupuva isto za site, ke vidime ne veruvam i deka ke castime nekogo bidejki edno nemame nikogo tuka od familija i drugo rabotam nezgogodno rabotno vreme pa ne mozam da si dozvolam gosti da povikuvam, interno doma nie sigurno ke se pocastime nesto da obelezime kolku tolku
koga jas bev prvace pred 30tina godini, ne se sekavam dali castevme blago po toj povod, no majka mi gi poli skalite so voda otkako izlegov za da mi tecelo ucenjeto lesno kako vodata
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
RE: Колку првачиња имаме на Рингераја? 27.8.2013 11:49:38
vezilka RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Annabel
Долго ме немаше на форумов, ама темава за првачињата ми е топ тема, па да се пријавам и јас со едно прваче
Ни се кршеа копјата помеѓу три училишта и на крај се надевам дека го избравме вистинското а и наставничката што ја одбравме беше со најдобри препораки.
Инаку и мама е возбудена, а балеринката уште повеќе
Со среќа нека им е на првачињата
Навистина долго те немаше Мило ни е што не посети повторно. Ајде со среќа нека ви е првачето.
RE: Колку првачиња имаме на Рингераја? 27.8.2014 11:30:16
miana
Ајде каде сте првачиња????
_____________________________
Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.
RE: Колку првачиња имаме на Рингераја? 27.8.2014 14:50:02
blue_blue
тука се, тука се не бери гајле во понеделник спремни за школо во 1б одделение...Имаме фустани и ранци спремни за друго ќе видиме што ќе ни кажат учителките
RE: Колку првачиња имаме на Рингераја? 27.8.2014 15:48:13
Felly RR
Баш и јас сакав да ја активирам темава, па ајде нека се пријават и другите мамички/татковци на првачиња. Освен близначките на blue_blue, знам дека и НАдица ќе е прваче оваа година, а другите нека се пријават, па ќе ги вметнеме на списокот, за среќен и успешен почеток!!!
... ..........на blue_blue ..........на nadica
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
RE: Колку првачиња имаме на Рингераја? 1.9.2014 10:04:12
blue_blue
и така...тргнавме во прво одделение..прв впечаток - потполно ги исполнија сите мои ниски очекувања за прв ден...ништо не организирано, не се знае кај требас да одиш и што треба да се прави, раштимана приредба од 15 мин..добивме две учителки од кои од едната јас ќе се исплашев а не па децата, имаше страшно намргоден израз на лице и ниту еднаш не се насмеа. Ќе учеле од Кембриџ програма за која имаат само буквално преведени книги, несоодветно подготвени училници и лаборатории и никаква идеја како таа програма би функционирала во Скопје пошто многу сме бре далеку од Кембриџ. Во среда родителска па ќе се вратам со нови информации. А стварно нема ни едно друго прваче или не ви се пишува од што сте имале и вие вака извонредни впечатоци од првиот ден