|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Споредување на децата
2.6.2009 7:57:41   
Еца
Морам да ја отворам и да го слушнам вашето милсење на оваа тема, дали вашето дете знаете да го споредувате со некое други или имате обратна ситуација кога некоја макја, татко прави споредби со вашето дете. Вчера во игротека едни родители беа толку напорни(замислете јас што зборам како воденица, некој да ми стане напорен значи...крај) што Морав да станам и да си одиме...мислам и онака имав работа по домаuser posted image user posted image user posted image Леле па види таа има кики, па зошто ние не и правиме на нашата....е а види и ги пумпариците, од каде ги земавте, и ние мораме да и купиме на нашата...леле јаде јаболка, ау и на нашава ќе мора почесто да и нудиме овошје...алооооооооо, зарем не мислите дека некои луѓе се толку искомплексирани, не знам ако грешам слободно негирајте ме.... Но ако нешто не сакам, тоа е спореување на децата.Секое семејство е приказна за себе, со свои одлики, карактери, и финансиски можности, па....

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Споредување на децата
2.6.2009 8:37:40   
mami
па и не го споредувам нешто премногу...може да искоментрам нешто од типот на - јадете брокула, блазеси ви мојопт несака ни да ја помириса, или имате 5 запчиња? ние сме уште на две...мегутоа да земам да го споредувам и да планирам што да му купам зошто некој друг го имал тоа нема шанси...верувам дека и мене би ми станало напорно тоа

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Споредување на децата
3.6.2009 16:17:34   
Marta
И јас ова најмногу сум го мрзела.Имам јатрва, па секојдневно бев изложена на коментари и споредувања, се додека не ми пукна филотм и не и реков дека воопшто не ме интересира што носи керка и, а што керка ми, секој за себе и крај.ОД тогаш мирна глава

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Споредување на децата
19.8.2009 11:43:44   
profesorica
Јас со една што се друзевме стално се замарав зошто се што ке казев јас она контра ми удираше и демек она ко поискусна била дека детето и бесе 25 дена постаро од дамјан и се она знае повеќе а уиствари тоа и е обранбен механизам, во себе е слаба и само се понаша и на крај се наљути дека и реков дека оговарала.јас мислев мене ме оговара и и казав директно дека е оговарацка тоа е тоцно пошто пред мене оговарала две -три нејзини другарки кои јас воопшто не ги познавам а камоли за мене што збори, се осеќаше дека ме оговара.а и маз и не е ништо поаред цело време нешто се споредува со мм и цело време контра за се му идеше.и на крај испадна она се навреди и не сме се слушнале месец дена.а инаку знам дека тоа ми е мааана да казувам се директно и мозе не требасе така да изреагирам ама и онака ме нервирашеи не ми беше веќе кејв со неа да се друзам.

(Одговор на членот Marta)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Споредување на децата
4.11.2009 13:13:23   
mother 29
 го споредувам во однос на тежината со други деца,и се некако ми се чини слабичок.user posted image (а добар си е ама?!user posted image )тоа единствено споредувам!

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Споредување на децата
4.11.2009 13:18:35   
mis.
Мотхер29 гледајќи го посликите одлично изгледа,нема меасто за грижа.user posted image

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Споредување на децата
4.11.2009 13:25:18   
mother 29
ма да.супер е тој !ама сега дека оди во градинка и немам баш многу контрола на јадењето..па тоа ме  загрижува!

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Споредување на децата
4.11.2009 13:28:11   
BEBICA
Jas mnogu mrzam koga drugu ke pocnat a ja sporedeuvaat monika so nekogouser posted image user posted image user posted image
Ne zatoa sto Monika e neznam najdobra ili slicno tuku zatoa sto sekoe dete e za sebe i svoja individua e.
Taka svekrvami ako Monika nesto napravi ona novo ona odma kako bratuced i Filip i ednas jas eksplodirav  da ne koristavm vulgarni sborovi i i rekov deka Monika e edna na ovoj svet nema druga i sekoe dete si e za sebe.
Ilike pocnese Filip ovaka Filip onaka mi prekipe i se i plesnav vo lice.Mi sporeduvase na pocetokot Monika bila mnogu debela poradi toa sto so 2 meseci imala 6.500 kg a Filip nemal tolku koga bil na nejzina vozrast.I jas koga i servirav s, pa kako ke ima koga e roden prvo so 2800 a Monika so 4100 a kako vtoro jas ja dojam Monika a ani od pocetokot se na adptirano, Monika za eden mesec akci 1700 i ona odma debela bila.I i rekov mars u p.m. vise da ne mi ja sporeduva i od togas nema kazano nisto.
Mene deteto ne mi e krivo, inace e zlaten maliot.No svekrvami posto ona pravi razlika izmegu Monika i nego toa se gleda od avion, izgleda ko da i e krivo.
Ne znam sto i e.


_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Споредување на децата
4.11.2009 13:39:27   
profesorica
На секоја мајка нејзиното дете и е најубаво а освен тоа сите деца се различни и не треба да се споредуваат.Но некои мајки едноставно патат од комплекс и самоги споредуваат децата за буквално се-запчиња, кога проодело, што јаде/нејаде и тоа навистина замара.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Споредување на децата
4.11.2009 13:48:24   
Maca25
Ооо колку мразам да ми го споредуваат детето со некое друго. пред некое време еден другар запрв пат ја виде Нина и одма: Мојата иако е 3 недели помала покрупна е од нина, мојата ја има, мојата јаде се, упте цица, жена ми се и купува од окаиди.... и уште триста ствари. Јас ќе пукнев!!!! Колку ме нервираат такви работи. Па секое дете е различно. Јас се воздржав и никако не изреагирав, не сакав да покажам нервоза пред нина. Може требаше нешто да кажам

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Споредување на децата
4.11.2009 13:49:33   
BEBICA
Se slozuvam so tebe profesorice.Samo da ni se zivi i zdravi decata toa e najbitno.

_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Споредување на децата
4.11.2009 14:39:54   
mami
како расте малиот на девер ми, така се повеќе ги споредуваат со Лука, но, не разбираат дека тие две деца се толку многу различни што нема простор за споредба, и се нервирам кога ке ми рече- а он ова јаде а Лука не, ама со некој тон како прекор и тогаш ми оди да ја отерам у пм..

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Споредување на децата
7.11.2009 13:46:41   
Mila na mama
Јас споредувам. И тоа не со идеја дека моето е подобро или понапредно или не знам совршено туку едноставно мене ми е прво дете па не знам како се треба да оди. Пред да ја родам Мила не ме интересирале деца и се што знам за одгледување е прочитано од книги, интернет и од контакти со лекари. Така што кога сум во друштво со мајки чии деца се на приближна возраст или малку поголеми од Мила секогаш се интересирам за тежина, висина, заби напредување на говор и моторика. Едноставно сакам дазнам дека не сум испуштила нешто што е нормално да се слуши во определне период. Исто и за јадењето сакам да знам кога што вовеле другите мајки, да не сум заборавила да и дадам нешто да проба или да не и дадам нешто премногу рано.
Значи ако сум ви напорна или здодевна слободно кажете ама јас не го правам тоа со лоша намера туку на тој начин си се преслушувам себеси.

_____________________________

love u all

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Споредување на децата
7.11.2009 14:31:19   
mother 29
ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

На секоја мајка нејзиното дете и е најубаво а освен тоа сите деца се различни и не треба да се споредуваат.Но некои мајки едноставно патат од комплекс и самоги споредуваат децата за буквално се-запчиња, кога проодело, што јаде/нејаде и тоа навистина замара.


аааааааау какви комплекси.тоа чисто така споредување од љубопитност,да се ставиш во муабет!

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Споредување на децата
18.6.2011 12:39:22   
teoecar
Некогаш ми е подобро да споредувам со други дечиња,зашто така повеќе работи ќе согледам на правилен начин.Инаку моето дете е разлика со негова братучеда 25 дена во возраста, па така да неминовни се споредбите,особено што секој ден сме заедноuser posted image .

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Споредување на децата
17.6.2012 19:53:23   
Ikana
Па многу зависи што споредуватеuser posted image
Мојата и да сакам не ја споредувам, прво зашто не ми се прави се како другите што прават, од проста причина што мнозинството не е секогаш во право. Не е трка ова, мислам ако некоја му дала на 6 месеци месо, не мора и јас да и дадам на мојата, тоа е мој став и точка. Прифаќам совети од позитивен и конструктивен карактер и сакам некој да ме исправи ако грешам во нешто. Секое бебе е различно и се развива со различна брзина....затоа има и временска рамка во која се случуваат тие скокови во развој и слично.
А за облека и бебешка опрема, не ми се коментираuser posted image
Ги разбирам новопечените мајки како себе на пример, што од радост несвесно го прават тоа, но пак ќе речам, со тоа кои особини бебето прво ќе ги развие, се познава неговиот карактер...некое ќе прооди порано, некое ќе прозбори побрзо....тоа не значи дека нешто не е во ред, туку едноставно дека сите луѓе сме различни.user posted image

(Одговор на членот teoecar)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Споредување на децата
17.6.2012 21:19:56   
Fiao

ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana

Па многу зависи што споредуватеuser posted image
Мојата и да сакам не ја споредувам, прво зашто не ми се прави се како другите што прават, од проста причина што мнозинството не е секогаш во право. Не е трка ова, мислам ако некоја му дала на 6 месеци месо, не мора и јас да и дадам на мојата, тоа е мој став и точка. Прифаќам совети од позитивен и конструктивен карактер и сакам некој да ме исправи ако грешам во нешто. Секое бебе е различно и се развива со различна брзина....затоа има и временска рамка во која се случуваат тие скокови во развој и слично.
А за облека и бебешка опрема, не ми се коментираuser posted image
Ги разбирам новопечените мајки како себе на пример, што од радост несвесно го прават тоа, но пак ќе речам, со тоа кои особини бебето прво ќе ги развие, се познава неговиот карактер...некое ќе прооди порано, некое ќе прозбори побрзо....тоа не значи дека нешто не е во ред, туку едноставно дека сите луѓе сме различни.user posted image

LIKE! user posted image

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Споредување на децата
10.7.2012 15:13:08   
vezilka RR
Па да споредувам и тоа најчесто во себе, значи не го кажувам на глас. Ама ако видам некое дете на негова возраст мислам дека е нормално да ми прелета низ глава дали се слични во развојот, и дали ако нешто моево не прави а другото прави, дали е можно тоа да произлегува од некој проблем. Спредувам не само со други деца туку и со литература, со нет и други извори. Секако сакам да сум во тек, за да можам полесно да приметам ако нешто не дај боже не е во ред. Зошто како што кажа некој предходно..

ИЗВОРНА ПОРАКА: Mila na mama

туку едноставно мене ми е прво дете па не знам како се треба да оди. Пред да ја родам Мила не ме интересирале деца и се што знам за одгледување е прочитано од книги, интернет и од контакти со лекари.

(Одговор на членот Fiao)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Споредување на децата
10.7.2012 15:33:39   
kikicka
Мхмх....споредувам да ак0 се на иста возраст т.е разлика недела + -.Ова зборува,мојава не,или знае да одговори на се едно нешто што мајка му го испрашува,а мојава уопште не ми обрнува внимание(и не ја обвинувам,и не ме загрижува тоа,дека јас и мм сме биле такви како мали)
Инаку разлика во месеци не,секое дете е различно,значи неможам да ја споредам Л каква била на 12м.Премнг.активно, со друго бебе кое е 12м.и кое е мирно и не е толку активно како што била таа.Порано читав на нет како оде развојот,и престанав ,се случува сега да читнам чат пат и се е океј.Најчесто ја споредувам со внук ми,дека се 1 г.разлика и знам тој што правел на таа возраст која што е сега Л.

Скоро имав таква случка,дури и си викав во себе дека сум смешна со такво размислување.Комшиката за којашто незнаев дека има бебе,се видовме и таман сакав да прашам дали има 8м. се предомислив и прашав само колку направило бебето,и таа ми одговори дека скоро 12м. И јас се зачудив,дека мојава на 12м.беше да речам еве напредна,а бебчето беше толку мирно,и само си ценцаше во раце и тоа.
И од тогаш не споредувам,секое дете си има свој начин и брзина наразвивање,може "мирниве" наднаш да скокнат во равој а овие обратно.

Што се тиче,за дохраната секој различно воведува,тоа не е за споредба,иако за совет е ОК да се даде. Основните намиирници дали ке ги воведеш 1месец порано или покасно не е ни битно.



< Поракaта ја уредил kikicka RR -- 10.7.2012 15:35:48 >


_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Споредување на децата
10.7.2012 17:43:35   
mamicki
Сама на себе си се лутам, јас многу го споредувам второво со првото дете, не со други деца, па се чудам зошто К не лази, а брат му тоа го правеше на 8 месеца и сл. Тоа не е во ред, бидејќи се со сосема различен темперамент, но несвесно честопати се уловувам себе како ги споредувам user posted image

(Одговор на членот kikicka)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Споредување на децата
10.7.2012 18:03:37   
kremco
Pa da
,sporeduvam,ama toa ne go gledam kako da pravam nesto loso ili od zavist,ednostavno zaedno go pravime toa so bliskite majki
interesno mi e kolku na pr sinceto e porazlicno od kjerkata ili kolku e aktiven za razlika od nea i od negovite vrsnici,ne deka mi e merak ama ne sum sretnala i ne veruvam deka ima ponaporno dete od nego,mnogu e ziv i temperamenten i tuka go sporeduvam i toa mnogu (ponemiren i potvrdoglav-zdravje)user posted image
A da i gledam najslab e od site vrsnicinja,i kako da ne sporeduvam koga mi se falat majkite po 25-6 kg im imaat deca od po 3 god.Pa so onie bliskite se rasprasuvam sto im davaat da jadat i moevo kolku go razgaliv ne jade sam..
Tie pa se zalat kako nivnite ne jadat nikako ili ne sakaat da spijat..
Za kjerka mi isto sporeduvame zapcinja dali imaat,se smeemi za kosickite,kolku se buckasti ili kolku golemi slopalca imaatuser posted image

(Одговор на членот mamicki)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Споредување на децата
30.8.2012 23:08:10   
Bilence2
Ne znam zosto tolku so negativen tonalitet pristapuvate kon sporedbite na vaseto so drugite deca. Sega, se vo svoi granici, no za mene bar sporedba pravam cisto da vidam kolku moevo dete e slicno ili razlicno od nekoe drugo, no ne so namera da dokazam kolku moeto dete e podobro ili ponapredno od necie tugo
. Se dodeka namerata mi e da doznaam nesto dobro sto drugi majki go pravat/-vele i kolku toa mozam ili sakam da go primenam kaj moeto mislam deka e bezopasno. Vprocem naseto prisustvo na ovie forumi e bas toa- da sporedam sto pravam jas ili moeto dete a sto pravat drugite majki ili drugite deca. Pa ne mozete da se izolirate od sporedbi zasto i samite ste.svesni deka bez da vidite kakvi se ostanatite.deca.i kakvi naviki imaat tie ne mozete da.bidete sigurni deka toa sto go pravite za vasite deca e najdobroto sto mozete. Se razbira, vie ke odlucite sto ke primenite ili ne, ama jas mnogu cesto se naogam sebesi kako sgo sporeduvam moeto dete so ostanatite.na primer, pa duri i mojov vtor sin koj e bebe go sporeduvam so mojot postar sin koga bese toj bebe. Taka ja gledam i razlikata megu niv, i pak doagam do vasiot stav deka se dvajcata individui. Tuka se slagam so vas:)

_____________________________

A baby makes love stronger, the days shorter, the nights longer, savings smaller and a home happier.

(Одговор на членот kremco)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Споредување на децата
7.11.2012 22:49:04   
SkCura77
Ако нешто најмногу ме нервира на тема деца / бебиња, тоа е споредување, од кој било тип. За проодување, за јадење, за прозборување, за однесување и сл. Моментално во семејство на сите братучеди од страната на ММ нашето дете е најмало па ме пукнаа веќе со секакви споредби. Не ме интересира дали е прв или последен во нешто, најважно ми е да се развива добро на физички и ментален план, според моите забележувања и според лекарските дијагнози, нели. Дотичната здодевна личност по цели денови само нешто пљампа и споредува со некој внук од пред 40 години за коешто прво не ме интересира, второ а што фајде пак ако го знам тој податок. Така што, нека ни се живи и здрави, сите ќе напраат се кога ќе им зоврие времето за тоа! user posted image

(Одговор на членот Bilence2)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Споредување на децата
8.11.2012 7:55:53   
eli07

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bilence2

Ne znam zosto tolku so negativen tonalitet pristapuvate kon sporedbite na vaseto so drugite deca. Sega, se vo svoi granici, no za mene bar sporedba pravam cisto da vidam kolku moevo dete e slicno ili razlicno od nekoe drugo, no ne so namera da dokazam kolku moeto dete e podobro ili ponapredno od necie tugo
. Se dodeka namerata mi e da doznaam nesto dobro sto drugi majki go pravat/-vele i kolku toa mozam ili sakam da go primenam kaj moeto mislam deka e bezopasno. Vprocem naseto prisustvo na ovie forumi e bas toa- da sporedam sto pravam jas ili moeto dete a sto pravat drugite majki ili drugite deca. Pa ne mozete da se izolirate od sporedbi zasto i samite ste.svesni deka bez da vidite kakvi se ostanatite.deca.i kakvi naviki imaat tie ne mozete da.bidete sigurni deka toa sto go pravite za vasite deca e najdobroto sto mozete. Se razbira, vie ke odlucite sto ke primenite ili ne, ama jas mnogu cesto se naogam sebesi kako sgo sporeduvam moeto dete so ostanatite.na primer, pa duri i mojov vtor sin koj e bebe go sporeduvam so mojot postar sin koga bese toj bebe. Taka ja gledam i razlikata megu niv, i pak doagam do vasiot stav deka se dvajcata individui. Tuka se slagam so vas:)

Potpolno se slozuvam.Sporeduvanje DA no vo granicite na normalata.Davanje ili primanje sovet povrzano so moeto ili necije drugo dete moze i e dobredojdeno no da nametnuvas svoj stav tvrdoglavo ne praktikuvam i ne odobruvam.Pa vprocem forumive i se nameneti za takva rabota da se konsultirame, da vidime kako drugite deca rastat, koi problemi gi imame...itn.Jas iskreno najmnogu ja sporeduvam tezinata na sin mi posto sme dosta nad prosek pa me interesira vo sporedba so drugite deca kako napreduva...zosto da ne??Sepak site sme si nekoe merilo za normalen rast i razvojuser posted image

(Одговор на членот Bilence2)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Споредување на децата
8.11.2012 10:30:44   
mami2
споредувањето на децата се покажа многу корисно кај моето дете. Доколку не го споредував со врсници немаше да откриеме дека има болест во скриена форма.Така кога појде во градинка гледав дека е помеѓу највисоките деца во група, а е најмал по возраст. За една година во растот приметив дека во однос на групата е меѓу најниските. Искрено прво ми беше криво, ама после ме загрижи па извадив крива на раст од СЗО и  ми се потврди дека има отстапување. Почнав да и досаѓам на пулмологот кој не води затоа што мислев дека е од лековите за астма, за на крајот по неколку испитувања да откриеме дека има целијакија во скриена форма.

Споредувањето може да го мобилизира родителот да преземе активност доколку примети нешто, но сум против споредбите на децата да направат фрустрација од непостигнувањето на нешто и форсирање на развојот на детето.

(Одговор на членот eli07)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Iminja
zelba

po kogo gi dobija vasite decinja iminjata

bese zaednicki dog medju nas (70%)

po nekogo od familijata (21%)

po nekoja slavna licnost ili nekoj od TV :) (3%)

drugi ( i koji ) im dadoa ime na nasite deca (6%)


Број на сите гласови: 121

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!