|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  24 25 [26] 27 28   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Хистероскопија
17.9.2014 11:23:53   
gina
jas devojki vcera napraviv Histeroskopija kaj Lazareski na izvestajot pisuva endoskopska korekcija na vrodena anomalija na matkata, cervikalen kanal so normalna dolzina i sluznica.Kavumot so subbseptum od 5-6mm, so malku reduciran prostot so normalna sluznica.Ostiumi na tubi so ureden naod, so resektoskop se napravi metroplastika ova bas so plastikava ne go razbiramuser posted image
mnogu se plasev ama se pomina dobro sabaljeto vo 8 bev tamu i popladneto me pustija mnogu povrakav otkako si dojdov mi rekoa od anestezijata i deneska po malku mi se gadi i mi se vrti se nadevam brzo ce pomine mi dadoa da pijam cikliproginova i estrofem samo ne prasav kolku vreme da gi pijam sigurno cela doza dur da gi ispijam i za dve nedeli na kontrola, vo sobata me poseti Lazareski i me prasa koga sakas da pocneme so ivf go prasav dali moze odma posle histeroskopijata mi rece da deka moze koga ce pojdam na kontrola ce se dogovorime i go prasav kako izleze septumov posle tolku vreme mi rece deka e vrodeno togas so toa eho mozebi ne se videlo e sega so ovaa 4D drugo eho se videlo pa mu vikam mene stalno me gleda na 4D i deka na klinika me gledase profesor Sapunov i mi rece deka se e vo red da mi rece ama moze ehoto e razlicno.
Sepak sum zadovolna sto e napraviv histeroskopijata i od dr. Lazareski sega ce bidam na raat i sto pobrzo ce pocnam so ivfuser posted image

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 626
   RE: Хистероскопија
17.9.2014 12:22:20   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: gina

jas devojki vcera napraviv Histeroskopija kaj Lazareski..... go prasav kako izleze septumov posle tolku vreme mi rece deka e vrodeno togas so toa eho mozebi ne se videlo e sega so ovaa 4D drugo eho se videlo pa mu vikam mene stalno me gleda na 4D i deka na klinika me gledase profesor Sapunov i mi rece deka se e vo red da mi rece ama moze ehoto e razlicno.


gina, од срце ти посакувам сега да биде, многу си измачена досега, но не ми е јасно како после второ ИВФ, не препорачал барем хистероскопија, место пак да правиш континуирани ИВФ без успех, тоа не го разбирам.....на ГАК тоа ехо е убаво, само немаат телевизор каде многу поубаво се гледа во матката и сите нијанси на површинскиот слој, септумот се гледа како темна сенка на телевизорот и тоа убаво се гледа....можел веднаш да препорача прво на таков Тв да те види, а не да ти вика ова-она ехо...не си прв случај со толку ИВФ кај него што не препорачал хистероскопија или хистеро-лапаро и секоја чест на неговата стручност за неплодност, но не е во ред што толку си се измалтретирала.

Евентуално цело време низ памет ми се мотка некоја мисла, штом голем дел од нив избегнуваат ова да го препорачуваат како зафат, сигурно не е баш "безазлено", сигурно има ризици, инаку секој втор и од Фондот ќе викаа без хистеро-лапаро нема ИВФ... друго објаснување немам за ваквите случаеви....

Џина, од срце среќно, опорави се и да не израдуваш наскоро со бебче/бебчињаuser posted image


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 627
   RE: Хистероскопија
17.9.2014 12:24:52   
Melanija RR
Да не бидам дрска 4Д е 4Д ,поентата е да знаат да гледаат на негоuser posted image

Сега со ти е отворен патот до user posted image user posted image

Ако излезе дијагностички е баш безазлезно,а ако има интервенција за септум секако дека е голема работа се што се прави во и околу матката е сериозно

< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 17.9.2014 12:27:28 >


_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 628
   RE: Хистероскопија
17.9.2014 12:39:53   
Hopeful RR
Било - поминало, важно сега го нема. Самиот септум не ми се верува дека може да прави проблем при забременување, туку при износување бременост, но со хистероскопијата секако се прочистува матката и се зголемува шансата за успех. Инаку, колку што знам, метропластика е реконструкцијата на ткивото по отстранувањето на септумот за да не порасне или не се спушти, односно за да остане такво, тркалезно, како што треба.
Се слагам дека ехо е ехо, и се е до тоа кој колку знае да го чита. Мојот септум беше многу мал, па докторот го виде и на обично ехо, а не па на ХСГ. Но, имам пријателка на која еден доктор и викаше дека има, друг дека нема септум, кога ја оперирале и нашле и тоа огромен. Треба докторот стварно да се посвети, сепак, не сме предмети од улица па да не поминуваат реда ради.

gina, важно сега the coast is clear user posted image Денес ќе ти помине гадењето, и мене ми беше така. Пиј течности и одмарај, и те чекаме со информации за ИВФ-то user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 629
   RE: Хистероскопија
17.9.2014 15:09:02   
gina
pa i jas toa si vikam 4D eho e 4D ama toa e inaku kaj Lazareski go pravev prvoto ivf i togas vo 2009 neznam dali me gledase na 4D eho, a drugite 4ivf mi gi pravese dr.Tase vo plodnost kaj nego gi pravev ko radi reda mnogi vnimanie ne obrnuvase mi vikase nemas gajle
Lazareski mi rece deka septumot ne pravi problem za zabremenuvanje deka zeni i so pogolem sebtum rodile ama moze da pravi problem za iznosuvanje moze da se rodi i vo sedmi mesec

Hopeful do koga ti gi piese apcinjata cikloproginova i estrofen

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 630
   RE: Хистероскопија
18.9.2014 10:50:44   
Kvisko
Септумот зависно од големината и положбата во матката може да се види или да не се види на ехо. Исто тако може да прави или да не прави проблем при забременување ама е многу чест причинител на спонатни абортуси. Кај мене на пример плодот беше прикачен на септумот и нормално си умрел во 8 недела од бременост.

Не е наивна интервеницјата секако ама е многу помалку наивно да патиш заради нешто што се решава.

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 631
   RE: Хистероскопија
18.9.2014 11:30:46   
Hopeful RR
Било како било, важно се реши, го нема. Каде ќе го правиш следното ивф, кај Лазаревски? Би почнала од следен циклус?
Инаку Циклопрогинова и Естрофем ги пиев до крај на дозата, односно по цели пакувања.
user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 632
   RE: Хистероскопија
18.9.2014 16:14:33   
gina
Devojki fala na site za podrskata user posted image
Hopeful fala na odgovorot a ivf ce pravam kaj Lazareski koga ce pojdam za dve nedeli na kontrola ce mi kaze koga ce pocneme
sega malku se zbuniv nekade pogore procitav deka nekoi koristele i vaginaletki posle histeroskopija mene ne mi rekoa ili kaj sekogo e razlicnouser posted image

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 633
   RE: Хистероскопија
18.9.2014 16:30:04   
scared RR
Gina bas mi e milo sto super si pominala :) Nitu jas ne stavav vaginaleti posle toa piev samo Cikloproginova i antibiotik Tricef. Kontrolata mi bese posle ciklusot. :)

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 634
   RE: Хистероскопија
18.9.2014 17:10:58   
kapina
Gina koga ke odes kaj lazarevski jas vcera bev. I sum prezadovolna od doktorot I sega na 10 oktomvri pak ke treba da odam za da mi kaze kakvi inekcii za stimulacija ke mi dade

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 635
   RE: Хистероскопија
18.9.2014 20:18:48   
gina
scared jas ubavo pominav mislam deka ti imase pisano za sestrite i kako si pominala ama jas sum mnogu zadovolna i od sesrite na oddelenie koi na sekoe idea mi dadoa novi vlecki (koi bea zapecatani ) i od timot sto me preceka vo operaciona sala dodeka dojde Lazareski mi vika opustise mnogi si se isplasila i stvarno koga vlegov vnatre od taa cela aparatura kosata mi se krena i dodeka bev na intenzivna na sekoe idese setra i me prasuvase kako si, dojde i Lazareski me poseti i posle koga me odnesoa vo soba pak me poseti

Kapina jas ce odam na 30 ovaj mesec na kontrola

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 636
   RE: Хистероскопија
18.9.2014 21:09:16   
kapina
Jas od 29 pak pocnauvam so superfact a kako sto gledam na semata ke primam ovoj pat fostimon ne menogon kako prviot pat. I pak ke sum so icsi I dolg protocol

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 637
   RE: Хистероскопија
20.9.2014 17:19:51   
lovely30
zdravo devojki :)
bi ve zamolila za vo Drzavna da mi ja podobjasnite procedurata za histeroskopija ( ne za postapkata zashto ja znam ) za kako ide procedurata dali direktno treba da idam tamu i da se dogovoram ili prvo kaj mojot maticen ginekolog pa on da mi zakaze? ke ve zamolam dokolku nekoja sega brzo bila prethodnive mesesci da mi podobjasni shto mi treba i shto treba da napravam? pozdrav do site i vi posakuvam od se srece da vi se ispolni zelbata da stanete majki. redovno ve citam na forumot Invitro no nesum pishala so godini unazad pa se nadevam ke vi se pridruzam nabrzo :) pozz

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 638
   RE: Хистероскопија
20.9.2014 21:30:36   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: весник

stvarno neznam so da pravam.uste malku ke pominat 2 meseci posle neuspesnoto in vitro,neznam sto da pravam,dali da odam da mi vratat zamrznati embrioni ...... imam septum 4-5 mm za koj minatiot pat doktorot Lazarevski rece deka nema da go cepkame...


Весник, ќе ти дадам само мислење, а потоа ти прави како сакаш. На една моја другарка која кај него правеше 4 ИВФ и викаше дека има мал септум кој не прави проблем за забременување, па да оди на друго место и правеа хистероскопија, на која не и открија 1, туку 9 септума, девет! Тие другите не можеле да ги видат на ехо...сакам да кажам кога веќе се гледа септум, тогаш подобро да се отстрани, па да ти вратат смрзнарти, шансите ти се зголемуваат 70-80%, а викаш спермограмот ви е лош, па подобро да ја искористите секоја шанса, да не се малтретираш со дополнителни ИВФ-а. Во секој случај што ќе решиш твое е, позз секое добро

Ловелу30, мило ни е што ни се приклучи, ајде пишувај ни повеќе, девојките ќе ти одговорат што беа скоро на ГАК, мислам упат од матичен треба и на 1 ден од циклус да се јваиш на ГАК за терапија ако треба. Позз

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот lovely30)
Непосредна врска до пораките: 639
   RE: Хистероскопија
20.9.2014 22:10:04   
scared RR
Mene ne mi e jasno kako Lazarevski na edni predlozuva da se vadi septumot, na drugi ne smeta, kakva kontradiktornost, abe mal/golem nebitno septum si e septum i treba da se vadi.
Gina mozebi ne bile istite sestri user posted image i jas imav vlecki ama dzabe koga bea mrzelivi i bavni sestrite. a taa edna crna postara valentina mislam se vikase, dobiv free sesija glumese psihijatar kuser posted image Za tie od operacionata sala nema zbor site bea prefini iako jas kako naviena bev samo prasuvav nesto,isto i bolnicarkite super bea. Ete samo tie 2-3 sestri bea takvi smotani :) Doktorot ne go vidov vo salata odma zaspav, pred operacijata dojde da mi kaze sto kako i na intenzivna dojde :) vazno pomina pa sega da gi dobieme ocekuvaniteuser posted image

< Поракaта ја уредил scared -- 20.9.2014 22:26:09 >

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 640
   RE: Хистероскопија
21.9.2014 8:20:53   
LoveableMe RR
Лсзaревски е oдличен дoктoр им пoмoгнaл нс мнoгу пaрoви, нo ете интервенции избегнувa дa предлaгa, тaкa и зa другaркa ми. Нo пoсле втoрo неуспешнo ИВФ, требa дa предлoжи хистерoскoпијa, a не тек пoсле четири.

Немa некoјa скoрo искуствo oд ГАК дa и пише нa lively30?

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 21.9.2014 8:22:36 >


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 641
   RE: Хистероскопија
22.9.2014 10:17:31   
Kvisko
lovely30 за хистероскопија прво треба да си заказеш обичен преглед кај некој лекар од Одделот за Ендокринологија и Брачна Неплоднст. Тмау има повеќе лекари ама јас имам убаво истукство со Милка Трајанова, други што често се вртат како добри се Глигор Тофоски и Владимир Трајковски.
Значи матичниот прво преку мој термин ти закажува кај нив преглед. Потоа со нив се договараш кога би била интервенцијата и добивашп инструкции што и како.
Обично ти кажуваат дали наредниот циклус или тој после него ќе биде, даи ќе треба да пиеш контрацептиви претходно или не. Посот кога добиваш циклусот кога треб да се прави интервенцијата се јавуваш на сестрите на тоа одделение за да ти закажат термин. Ти се јавуваат од таму и неколку дена пред интервенцијата одиш со болнички упат мислам дека прво беше во соба 29 па на 3 спрат и од таму ти кажуваат што и како треба да правиш. Тогаш то земаат крв и се гледаш со анестизолог како подготовка за интервенцијата и добиваш инструкции како да се подготвиш дента пред операцијата. Дента на операција одиш гладна и
жедна сабајле во 8. Зависно кга си на програма ќе си почекаш на одделение или веднаш ќе те внесат на подготовка за интервенцијата.
Кога ќе се разбудиш кратко си на интензивна нега потоа те префрлаат на одделение и откако ќе те види докторот те пушта дома истиот ден.
Со среќа

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 642
   RE: Хистероскопија
22.9.2014 15:51:45   
lovely30
Kvisko fala ti najmnogu na detalnoto objasnuvanje :) pozdravce

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 643
   RE: Хистероскопија
24.10.2014 11:33:16   
LoveableMe RR
Еве ме пак на оваа тема, ќе треба да направам хистероскопија, па макар и се било во ред, заради моето второ неуспешни ИВФ кое заврши со прерано крварење по трансфер и негативен тест за бременост.

Само сомнежот сеуште ми стои, заради тоа што две пријателки и две девојчиња кои ги сретнав за ИВФ во болницата, имаат правено хистеро-лапароскопија, а пак после тоа имаа неуспешни ИВФ потоа......сигурност нема и тоа е она што најмногу разочарува всушност.....

Она што мислам е добра работа и што секако би сакала да го направам е sratchng на матка, бидејќи со тоа се обновува матката и е поспремна да ги прифати ембрионите. Тоа читав се правело на 21 ден од циклус пред да се почне со трансфер, па ќе прашам дали и кај нас така прават.....

Кажете ми колку беше хистероскопија на ГАК? 3000 денари ли беше? И дали се пие нешто пред или потоа од контрацептиви? Тоа е она што сакам да го избегнам, бидејќи јас ужасно реагирав на јасмин за првото ИВФ, за второто не пиев и подобро поминав во текот на стимулацијата....

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот lovely30)
Непосредна врска до пораките: 644
   RE: Хистероскопија
25.10.2014 12:30:07   
Hopeful RR
Loveable Me, за хистероскопија не се пие контрацепција. Мене ми дадоа Дановал, кој служи за чистење на матката, како што ми објаснија, за да се има поголема видливост. Инаку е едноставна процедура која може само да ги зголеми шансите. Секако. не гарантира успех, но јас ти препорачувам да ја направиш. Скречингот не ми е јасно како оди - од она што го читав на нет, има еден мал скречинг кој се прави за време на ЕТ, но тоа било нешто сосема друго. Каде се прави скречинг кај нас?

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 645
   RE: Хистероскопија
25.10.2014 14:41:53   
Milicka 30
Баш гледав гостување на др.Таше во некоја емисија, тој препорачува хистероскопија после неуспешно инвитро. Јас баш ке се консултирам со него за дали има потреба. А по што докторот одлучува дали треба да се прави хистероскопија? Јас мислев дека некои аномалии на матката можат и со 4Д ехо да се видат па потоа поубаво нели со хистероскопија па ако треба и да се отстрани нешто.
Доста исчитав за скречинг на матката или гребење на ендометриум како што се нарекува, во Америка се применува многу време и тоа кај жени кои имаат неколку неуспешни инвитра, а имале убави ембриони на 5 ден. Сега може малку и ке избегам баш од темата, секаде каде што читав се препорачува ембрионите да имаат поминато петдневен развој. Ова гребење се правело еден месец пред инвитрото.Не е докажано зошто но постапката имала многу успех, односно за 20% поголем успех ѓто не е за потценување. Е сега кај нас незнам дали некој прави. Јас мислам дека др.Таше имаше некаде спомнато во некое гостување на тв. Инаку постапката е многу еднсотавна трае неколку минути и после тоа пациентката слободно ја напушта клиниката.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 646
   RE: Хистероскопија
26.10.2014 22:19:02   
SOLE
mene nikoj doctor do sega ne mi preporacal da pravam histeroskopija I pokraj dvete neuspesni ivf, a kazete mi kolku vreme pred ivf treba da se napravi odnosno kolku potoa treba da se ceka pa da se zapocne postapkata?

(Одговор на членот Milicka 30)
Непосредна врска до пораките: 647
   RE: Хистероскопија
27.10.2014 6:17:20   
kapina
Jas piev kontracepcija pred histeroskopija I laparoscopija I kaj mene na ehoto osven athezii nemav nisto drugo na histeroilaparoskopijata izleze oti imam I polipi I mal miom na matkata

(Одговор на членот SOLE)
Непосредна врска до пораките: 648
   RE: Хистероскопија
27.10.2014 10:58:22   
LoveableMe RR
Бев кај др. Трајковски и ми рече хистероскопија, е сега прво рече да пијам јасмин од први ден од циклус (кога ќе решам да ја правам), а потоа кога му реков лошо ги поднесувам, ми рече примолут нор од 5-ти ...а читам Хопефул Дановал ти дале па сега не знам која е разликава..а ич не ми се пијат контрацептиви....

Дали некоја може да ми пише на кој ден од циклус се прави хистероскопија? Дали отприлика е на точен ден или докторот одлучува на кој ден од терапијата, или од состојба на матката...? И колку чини на ГАК, тоа не го прашав него....

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 649
   RE: Хистероскопија
27.10.2014 11:23:15   
Kvisko
LoveableMe ни јас не моѓам да ти кажам точна цена но за лапароскопија и хисероскопија јас платив околку 3000 денари значи само хистероскопија би било сигурно помалку од тоа.
Хистероскопијата се прави одма по завршување на циклусот за да биде што е можно потенок ендометриумот и да биде повидливо се.
Јас пред хистероскопијата не пиев ништо (таа ми ја правеше Димитров). После интервенцијата пиев огромни дози естрофем и паралелно и циклопрогинова за да се задебели побрзо ендометриумот бидејќи ми отсртани септум.
Сега на ГАК пиев контрацептив демек за смирување на јајниците, ама лошо го поднесов па мораа да ми го прекинат и да чекаме природен циклус. Интервенцијата ми ја правеа утредента откако ми заврши циклусот цело време висев на телефон со лекарката. Бидејќи матката беше во ред после тоа не ми дадоа хормонска терапија.
Хормонската терапија најчесто ја даваат заради ендометриумот не заради друго. Примолут Нор не е контрацепција колку јас што знам туку се дава за регулирање на циклус и слично. Содржи само прогестерон.
Со среќа.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 650
Страница:   <<   < Претходна страница  24 25 [26] 27 28   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  24 25 [26] 27 28   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?