Hopeful RR
|
NovaN, со среќа! Брзо ќе поминат овие две недели и ќе се радуваме и за твојата висока бета SOLE, со среќа почеток со терапија, понеделнички! gina, баш прееска и раскажував на мајка ми за РР и за тоа колку ми значи разговорот, советите, разбирањето и поддршката од сите вас, и истото го мислев што го пишуваш. Многу е тешко кога проаѓаш низ нешто, а не можеш да го споделиш со некој што потполно те разбира, и токму затоа мене ми е битна РР и сите вие тука. Една работа се парите, налет нека се, а сосема друга е емотивниот и психички момент на борба со стерилитет. Успешните приказни на РР и надежта што си ја даваме меѓусебно е она што не влече напред и не носи секој ден се поблиску до . Луѓе што не поминале низ вакво нешто многу лесно коментираат сенешто и си земаат слобода да те советуваат да се олабавиш, да прекинеш со обиди, да размислиш за посвојување и што се не, но токму затоа сме битни ние тука. Мене ми збореа свашта - не мисли на тоа, опушти се, па дали си сигурна дека воопшто сакаш деца, па ауу какво ивф, тоа не е природно, па којзнае чии деца ќе бидат тие, па што ако се фатат две со ивф, што ќе правиш, тешко тебе??? Размислувања од камено доба, мислам стварно! Имаш право gina, господ е голем и што е наше ќе си дојде, а наше е тоа да си го побараме и да направиме се што можеме. Инаку, кој ден од ЕТ ти е па што не си сигурна за бетата, дали се две?
< Поракaта ја уредил Hopeful -- 7.11.2014 19:35:35 >
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
|