|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  2 3 4 [5] 6   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Пушење
30.1.2011 14:21:02   
luna*
пушев се додека не ми кажа доктор дека сум трудна. тогаш ги баталив одма, без размислување. немав запалено се додека ги доев децата. после тоа палам понекогаш, но ретко...или со винце/пивце или со кафе

(Одговор на членот Twins)
Непосредна врска до пораките: 101
   RE: Пушење
1.2.2011 23:01:51   
Bogdancanka
Мозокот и решителоста за одвикнувањето од цигари

Мозочната активност може да помогне во проценка на решителноста на пушачот да се откаже од пушењето, покажуваат резултатите на едно американско истражување објавени во научното списание „Здравствена психологија“.

user posted image
Американските научници дошле до овие резултати со скенерско набљудување на деловите од мозочната кора поврзани за промени во однесувањето спроведено на 28 загрозени пушачи, кои учествувале во програмата за одвикнување од цигарите.

Истражувањето е спроведено на Универзитеот „Калифорнија“ во Лос Анџелес на тој начин што учесниците гледале серија пораки наменети за одвикнување од пушењето, додека скенерот ги регистрирал активностите на нивниот мозок.

По секоја порака, испитаниците бележеле на кој начин таа влијаела на нивниот план за одвикнување од пушењето и дали ја зголемила нивната решителност.

Резултатите покажале дека пациентите чија мозочна кора, која влијае на промените во однесувањето, била активна за време на емитувањето на пораките биле склони кон намалување на употребата на цигари во следниот месец.





_____________________________

Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........

(Одговор на членот luna*)
Непосредна врска до пораките: 102
   RE: Пушење
15.12.2011 9:26:31   
Bububebe
Пушев пред бременоста ама не многу.После 11 месеци пауза,јас се отрув од цигари,пола ден на тараса го поминувам user posted image

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 103
   RE: Пушење
29.2.2012 11:07:52   
Mimushka
Слушнал ли некој за откажување од цигари со хипноза?

(Одговор на членот Twins)
Непосредна врска до пораките: 104
   RE: Пушење
29.2.2012 11:33:20   
Viktori
Не сум слушнала и некако не ми е за верување, искрено кажано.
Дури мислам и дупче со бургииче да ти направат во мозокот и да ти ги смешаат жичките, пак ќе се бориш со зависноста, безразлика дали е психичка или физичка. Додуша со првата секогаш ќе се бориш.
Да е така лесно со хипноза ПУФ и ни наркомани ќе има, ни пушачи, ни алкохоличари...user posted image

_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Mimushka)
Непосредна врска до пораките: 105
   RE: Пушење
29.2.2012 12:59:31   
Mimushka
јас купив електронска цигара и џабе

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 106
   RE: Пушење
29.2.2012 14:20:57   
kikicka
Погнасно од тоа немам пробано па попрво ке се откажеш од ел.цигара него ли од оваа вистинската


ИЗВОРНА ПОРАКА: Mimushka

јас купив електронска цигара и џабе



_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот Mimushka)
Непосредна врска до пораките: 107
   RE: Пушење
29.2.2012 14:22:07   
kikicka
user posted image user posted image уште малку и под аспиратор ке се пикнеш user posted image user posted image
ИЗВОРНА ПОРАКА: Bububebe

Пушев пред бременоста ама не многу.После 11 месеци пауза,јас се отрув од цигари,пола ден на тараса го поминувам user posted image



_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот Bububebe)
Непосредна врска до пораките: 108
   RE: Пушење
12.3.2013 8:35:10   
Бушавка
Ако не можете да се откажете од пушење, пробајте со медитација или јога. Тоа ќе ја зголеми вашата контрола врз умот и телото

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 109
   RE: Пушење
12.3.2013 8:37:05   
Tanjicka
jas vo zivotot nikogas ne sum probala cigara a i ne bi probala, tolku mi e gadno , toa cudo, doma kaj mene nikoj ne pusi, duri i gostite pusat nadvor, mene mi e gad i pepeljara da isturam

(Одговор на членот Бушавка)
Непосредна врска до пораките: 110
   RE: Пушење
12.3.2013 11:05:53   
Mihaela 2010
pusam od vreme na vreme uz kafe..ne sum strastven pusac da ne mozam bez niv...taka da lesno mozam da propusam i lesno da gi otkazam

(Одговор на членот Tanjicka)
Непосредна врска до пораките: 111
   RE: Пушење
22.7.2013 14:48:43   
Mimushka
dali moze nekoj da mi kaze kade mozam da ja najdam knigata od Alen Kar?Ja nema da se kupi vo nasive knizari

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 112
   RE: Пушење
13.8.2013 14:01:42   
Mimushka
JA NAjdov user posted image

(Одговор на членот Mimushka)
Непосредна врска до пораките: 113
   RE: Пушење
24.2.2014 17:56:05   
Defne90 RR
Пушењето е причинител на 25 болести од чии последици годишно умираат околу 6 милиони луѓе во светот!
Иако, за откажување од цигарите, пред сè е потребна волја, постојат и мали трикови кои ќе ви помогнат да се ослободите од оваа грда, скапа и нездрава навика, со која си штетите самите на себе, а и на тие во ваша околина.

1. Кога ќе забележите силна желба да запалите цигара, воздржете се и сконцентрирајте се на тоа, колку тој порив трае. Никотинските кризи надоаѓаат во бранови, а траат околу 3 минути. Стрпете се. Три минути брзо поминуваат, а вам ќе ви биде полесно кога ќе знаете дека сте се избориле со желбата.

2. Грицкајте нешто или лижете бонбони. Шеќерот помага во убивање на желбата за никотин, но можете да употребувате и бонбони без шеќер. Исто така, чаша ладна вода ја смирува желбата за цигара.

3. Прошетка и вежбање се совршен пар во борбата против пушењето. Телото на тој начин побрзо ја надминува никотинската криза, која е нормална појава кај оние кои се трудат да се одвикнат од пушење.

4. Во моменти кога буквално се тресете за цигара, подгответе си топла купка и додајте во неа некое етерично масло, како лаванда или јасмин. Тоа ќе ве релаксира и смири, а желбата за никотин ќе исчезне.

5. Никотинските гуми за џвакање помагаат да се преброди кризата, посебно во првите 10 дена.

6. Во моментот кога ќе посакате да запалите цигара, одете до бањата и измијте ги забите со ментол паста. Ладниот вкус на ментол ја убива желбата за никотин.

7. Наместо навиката – кафе и цигара, напијте се чај. Чајот има моментално дејство како и кофеинот.

8. Џвакајте гуми за џвакање со мирис на нане или грицкајте стапчиња од цимет. Тие исто така ја намалуваат желбата за пушење. И не заборавајте – кризата трае само 3 минути.

9. Подгответе го телото за откажување од никотин, така што ќе внесувате повеќе зеленчук и овошје. Подгответе си пијалак така што во пола децилитар јаболков оцет ќе помешате два децилитри вода. Овој пијалак ја гаси желбата за никотин. Пијте мултивитамини.
Здравствени предности од откажувањето од цигари:

После 20 минути: се смалува бројот на отчукувања на срцето и се намалува крвниот притисок.

После 12 часа: нивото на јаглен моноксид во крвта се спушта до нормала.

После 2 до 12 недели: се подобрува циркулацијата и се зголемува функцијата на белите дробови.

После 1 до 9 месеци: се смирува кашлицата и недостатокот на воздух.

После 1 година: ризикот од коронарни болести на срцето е дупло помал, отколку кај пушачите.

После 5 години: се смалува ризикот од мозочен удар.

После 10 години: ризикот од рак на бели дробови е дупло помал, отколку кај пушачите. Намален е ризикот од рак на уста, грло, бешика, матка, панкреас.

После 15 години: ризикот од коронарни болести е ист како кај непушачи.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Mimushka)
Непосредна врска до пораките: 114
   RE: Пушење
24.2.2014 18:02:53   
Defne90 RR
Ама како во глава да влезе тоа малку потешка приказна.Ќе се воздржувам додека синко цица,па за после се надевам дека барем нема да се отрујам на тераса од што немам пушено долго време.user posted image

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 115
   RE: Пушење
24.2.2014 20:20:04   
Палешка РР
Се распушив по 8 години...блесава user posted image
И се навлеков толку многу што нема шанси да ги откажам user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 116
   RE: Пушење
24.2.2014 20:29:00   
nadica
леле палешке да знаеш во какво искушение сум и јас последниве 2-3 недели user posted image user posted image user posted image
не пушам веќе 6 и пол години ама . . .

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 117
   RE: Пушење
24.2.2014 23:34:52   
Melanija RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: SkCura77
Да не знаете каде на форумов има тема ОТКАЖУВАЊЕ ОД ПУШЕЊЕ или нешто слично?
Се ставив на диета па сакам и цигариве да ги баталам ама тоа ќе ми биде најтешко!!!



ИЗВОРНА ПОРАКА: Defne90

Леле Скцура целосно те сфаќам како ти е и јас сум пушач ама сега баш не пушам дека синко го дојам ама како се воздржувам јас си знам.Ми доаѓа да запалам посебно после јадење,ама си велам ем си штетам мене ем му штетам на моето дете.И така се откажувам.Мислам дека само цврста волја треба за да се успее во намератада се откажат цигарите.Јас девет месеци не пушев после пак почнав по една две на ден и сега пак ги прекинав.Ти стискам палци да успееш во намерата да ги откажеш цигарите.Тешка мисија е тоа ама сепак со цврста волја се е можно.user posted image



_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 118
   RE: Пушење
25.2.2014 10:50:19   
princessa
Најновото научно истражувања донесе неверојатни вести. Можете да ги намалите килограмите изграјќи го легендарниот Тетрис.

Вистинскиот класик меѓу игрите - тетрис, кој настана во далечната 1984 година, може да ви помогне не само при симнување на вишокот килограми, туку и во текот на процесот на одвикнувањето од пушење и конзумирање алкохолни пијалоци.

Научниците тврдат дека е доволно само три минути дневно да се помине во играње на Тетрис за да може мозокот некое време да „заборави“ на грицките, цигарите или алкохолот.

А во пракса тоа изгледа така што во текот на сложувањето на тетрис формата, мозокот ја губи врската со визуализацијата на храна и пороците од кои лицето сака да се ослободи.

Сето ова е потврдено при изведувањето експеримент врз испитаниците, во состав на истражувањето спроведено на Универзитетот Плимут.

Половина од испитаниците ја добиле играта и веднаш почнале да играат, додека другата половина чекале подолго време играта да се вчита. Овие првите, кои веднаш почнале да играат, почувствувале 24 отсто помала желба за пороците, за разлика од оние другите испитаници.

- Желбата за нешто, обично трае неколку минути. Доколку во тие неколку минути мозокот го занимаваме со Тетрис, желбата се намалува. Но, доколку мозокот мисли само за објектот на желбата, таа, секако се зголемува и се потешко може да се одолее на тоа што мозокот го визуализира, тврди професорот Андраде.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 119
   RE: Пушење
25.2.2014 11:07:15   
Defne90 RR
Можно е навистина,ете на пример мене кога и да ми се припуши цигара јас веднаш седнувам на компјутер.Дома не се пуши па така ќе се задлабочам во нешто и заборавам на цигарите.Овие неколку недели што не пушам успешно на тој начин си ја контролирам желбата за цигара да не стане реалност.Кај мене функционира тоа и се надевам ќе функционира и откако ќе се одбиеме од цицање,затоа што моментално тоа ми претставува најголема пречка за да дојдам до цигарите.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот princessa)
Непосредна врска до пораките: 120
   RE: Пушење
7.6.2014 17:02:11   
Defne90 RR
И еве ме повторно во редот на пушачите.Ги почнав пак цигарите една недела пред да го одбијам синко и сега пак кога веќе не цица,барем не чувствувам грижа на совеста што го трујам.И ете ме пак на тераса со кафето во едната и цигарата во другата рака.Ама ќе се трудам да не пушам по многу,сега за сега со една кутија си имам три дена па ќе видиме како ќе се справувам.Додуше јас баш и немам време за да излезам на цигара,тоа само кога малиот ќе заспие па да украдам 10 минути.user posted image

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 121
   RE: Пушење
7.6.2014 17:30:24   
deluxe

ИЗВОРНА ПОРАКА: Defne90

И еве ме повторно во редот на пушачите.Ги почнав пак цигарите една недела пред да го одбијам синко и сега пак кога веќе не цица,барем не чувствувам грижа на совеста што го трујам.И ете ме пак на тераса со кафето во едната и цигарата во другата рака.Ама ќе се трудам да не пушам по многу,сега за сега со една кутија си имам три дена па ќе видиме како ќе се справувам.Додуше јас баш и немам време за да излезам на цигара,тоа само кога малиот ќе заспие па да украдам 10 минути.user posted image



Оф леле Дефнеuser posted image Абре што ти текнало пак на нивuser posted image Додуша не пушиш многу,мене една кутија ми е за еден ден.Ако продолжиш со тоа темпо добра си,ама ако ги наголемиш уффф....И јас немам време за цигара,ама пак си викам ако не се цигарите нема да застанам да се одморам.Вака си давам 5-10 минути одмор,пушам и продолжувам да трчкам ваму-таму низ дома со Фuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 122
   RE: Пушење
8.6.2014 0:52:39   
Snowhite RR
На толку нервози и мене ми иди да запалам цигара, особено вчераuser posted image

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 123
   RE: Пушење
8.6.2014 19:31:12   
Defne90 RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: deluxe RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: Defne90

И еве ме повторно во редот на пушачите.Ги почнав пак цигарите една недела пред да го одбијам синко и сега пак кога веќе не цица,барем не чувствувам грижа на совеста што го трујам.И ете ме пак на тераса со кафето во едната и цигарата во другата рака.Ама ќе се трудам да не пушам по многу,сега за сега со една кутија си имам три дена па ќе видиме како ќе се справувам.Додуше јас баш и немам време за да излезам на цигара,тоа само кога малиот ќе заспие па да украдам 10 минути.user posted image



Оф леле Дефнеuser posted image Абре што ти текнало пак на нивuser posted image Додуша не пушиш многу,мене една кутија ми е за еден ден.Ако продолжиш со тоа темпо добра си,ама ако ги наголемиш уффф....И јас немам време за цигара,ама пак си викам ако не се цигарите нема да застанам да се одморам.Вака си давам 5-10 минути одмор,пушам и продолжувам да трчкам ваму-таму низ дома со Фuser posted image user posted image user posted image

Што се чудиш делукс времево се затопли па сега не е студено да се појде на тераса да се испуши една две.user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 124
   RE: Пушење
24.11.2014 16:54:13   
caciana
Уфф јас сум пушач... Пушам кутија до кутија и половина user posted image . Но сега си порачав електронска цигара, за да не ги трујам луѓево околу мене , и се надевам дека ќе ми помогне да ги оставам цигарите user posted image .

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 125
Страница:   <<   < Претходна страница  2 3 4 [5] 6   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  2 3 4 [5] 6   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?