|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Дедо Мраз
4.12.2012 12:12:53   
AnnaMolly RR
Моментално сме големи фанови на Дедо Мраз. Знае дека Дедо Мраз ќе ни донесе елка кога ќе падне снег, дека не смее да ја фаќа елката да не се налути Дедо Мраз, па нема да му донесе подароци. Исто така, со помош на 8-годишната тетка user posted image на Филип (моја прва братучетка) напишавме писмо за Дедо Мраз со желби за подароци, па на листата имаме камионче, сликовница и авионче.
Јас му кажував дека ќе дојде Дедо Мраз на плоштад и дека ќе одикме да се сликаме со него, па баш се израдува. Само мислам дека исто како и лани, ќе се плаши кога ќе го види Дедо Мраз.
Тоа е тоа за сега, само уште е мал за да сфати што претставува Дедо Мраз и слично.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Дедо Мраз
4.12.2012 12:42:03   
Mihaela 2010
Nie mnogu mu se raduvame na Dedo Mraz,bukvalno ne trepka koga idat reklami,i sekoe gledanje vika:eve go ovoj ke ni dojde vo gradinka,deka i vikav da bide umna,zosto dedo mraz se gleda,i na kraj ke dobie paketce...
koga ja prasuvam sto saka do dedo mraz,cesto mi vika paketce,a vcera mi rece sakala kinder jajce da i doneseuser posted image

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Дедо Мраз
4.12.2012 13:22:07   
Beatris
Лани беше мала за да се "запознае" со Дедо Мраз, ама еве годинава откако оди рекламата за Кока Кола со Дедо Мраз едвај ја чека на ТВ да ја види. Кога ја прашувам што сака да и донесе вика - ЕЛКА user posted image Па се објаснуваме дека елка секако ќе и донесе, што друго сака, и искрено решив од годинава да пишуваме писменце до Дедо Мраз со желби. Сега не знае да пишува, јас ќе напишам што сака, ама планирам секоја година да пишуваме, да и ги чувам и кога ќе порасне да си ги види желбите user posted image А до тогаш мама и тато Мразевци ќе се потрудат да го заменат Дедо Мраз

_____________________________

Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Дедо Мраз
4.12.2012 13:39:59   
AnnaMolly RR
Ние напишавме писмо со помош од тетка му на Филип, само треба да си го земеме од кај нив, го заборавивме. Па ќе му дадам да нацрта нешто и ќе го оставиме под елка. Сега за сега скромни му се желбите, не како Никола на Везилка - лаптоп! user posted image

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Beatris)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Дедо Мраз
4.12.2012 13:45:02   
temjana
хххахаха Беатрис ова со писменцето ме потсети на внуците мои односно на помалиот. Филип е љубител на животни и инсекти од кога е роден мислам, и така за една нг. неговите желби до дедо мраз беа: 2 жаби, 14 мравки, 3 комарци, 1 мува и ако може крлеж user posted image user posted image user posted image user posted image Многу е шлакнат на тета најубавиот и ден денеска е такво отиденоuser posted image user posted image

(Одговор на членот Beatris)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Дедо Мраз
16.11.2013 17:41:21   
Felly RR
Може е малку рано за да се активира темава, ама нас ни е актуелна цела година, и тоа за жал во многу негативна смисла. user posted image Дури и на ТВ ако гледа некој цртан филм, и на сцена со снег / новогодишна елка и сл. одма бара да се смени, зошто нели, веројатноста да се појави и Дедо Мраз е многу голема. Не знам дали да ставам смајли што се смее, дали што плаче.user posted image Не знам како да ја убедам дека дедото со бела брада не е страшен, туку многу добар, и на сите дечиња им носи подароци. Постојано тоа и зборувам. АКо имате некој идеја, пишете, тамам овие 5-6 недели што ни остануваат да го засакаме.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот temjana)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Дедо Мраз
16.11.2013 18:06:31   
Mihaela 2010
auuu Felly stvarno ste na maka...a i ne ste malecki pa da se plasi,ama ajde valjda ke se opusti,so zboruvanje,so toa deka e dobar i na umnite decinja im nosi podaroci..ili mt da se maskira eden den vo dedo mraz pa da ja poseti,so nekoe poklonce pa da uvidi deka ustvari dedo mraz e dobar...toa mi padna na pamet..

Nie pa epten go sakame dedo mraz,i edvaj ceka da i donese podarociuser posted image

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Дедо Мраз
16.11.2013 22:22:10   
Bethany
Фели, а зошто не и ја кажеш вистината, дека Дедо Мраз не е реален, дека не постои, дека кога и да види некој Дедо Мраз тоа е само нечиј татко облечен така. Да и објасниш дека е само ставил брада и облекол црвено одело и дека е тоа симболично нешто за празникот.
Ако се навистина плаши, на нејзе и е веќе тоа нешто нереално, несекојдневно и не може да го прифати, па кога би и објаснила , можеби полесно ќе прифати и не би требало веќе да се плаши, кога ќе го гледа како обичен човек со бела брада.
Плус може и да се гордее што само таа ќе ја знае вистината права. user posted image

Јас на Ј нема воопшто да му измислувам приказни за Дедо Мраз, едноставно ќе му кажувам дека тој не постои, само измислена фигура за да ги лажат децата user posted image , а всушност мама и тато купуваат подароци. Така јас мислам.

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Дедо Мраз
7.12.2013 20:15:05   
Felly RR
Имаме мал напредок на оваа тема. user posted image Барем на ТВ кога ќе го види не се плаши.
И кажав дека овој Дедо Мраз што иди во градинка е само така облечен, дека тој рааботи заедно со сликарот, и се облекува како Дедо Мраз за да се слика со децата. И дека брадата не му е вистинска, па таа сега се сили дека кога ќе дојдел во градинка ќе му ја тргнела брадата, и ќе му ја извадела капата. А како ќе изреагира, останува да видиме, па да пишам пак.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Дедо Мраз
1.1.2014 18:01:25   
Палешка РР
На Миа комплетно и се расипа сликата за Дедо Мраз user posted image
Вчера малку подоцна ја однесовме на плоштад да ја сликаме со Дедо Мраз оти многу сакаше. И само што излеговме од кола го виде Дедо Мраз во возот кој кружи низ град, застанат во возот играше, креваше раце и држеше чаша ракија во рака. И Миа само што го виде вели "Мамо, Дедо Мраз е пијан го нејќам" user posted image

На сите што ги виде им кажа дека Дедо Мраз е пијан и лош....се надевам дека ќе заборави user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Дедо Мраз
1.1.2014 23:08:28   
Defne90 RR
Nie go obozavame Dedo Mraz M go saka epten i toj e slika za idealen dedo potocno za najdobriot dedo vo celiot svet koj preku cela godina gi gleda decATA DALI SE UMNI ILI NE A POTOA ZA nOVA GODINA NA UMNITE IM DONESUVA PODAROCI A NA NEUMNITE NE IM DONESUVA NISTO.Pomaloto se uste ne razbira koga go vide se isplasi dogodina veke ke bide pogolem i togas ke vidime dali se uste ke se plasi od nego ili ne.user posted image

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Дедо Мраз
6.12.2014 22:08:37   
Felly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki
........
najinteresno e sto sme vo faza koga ispituvame dali navistina postoi dedo mraz sekako poveke i odgovara da postoi i taka se e vo stil em ja kopka da ispituva ama ic ne i se prifaka vistinata i sto i da kazes ne veruva, ako recam postoi lazam ako recam ne postoi pak lazam nisto ne mi veruvauser posted image





_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: Дедо Мраз
7.12.2014 10:37:20   
Defne90 RR
М уште пред две години се запозна со Дедо Мраз,Кога го виде за прв пат се исплаши,имаше само три години,ама лани беше една година поголем,па беше пресреќен кога дојде дома и му донесе подарок.А лани имаше само една годинка,и кога го зеде Дедо мраз за да го сликаме со него,се исплаши кутриот ептен многу.Се надевам дека оваа година нема да се плаши од него и конечно ќе дозволи да го земе во скут и да направиме една фотографија.user posted image

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 38
   RE: Дедо Мраз
7.12.2014 12:04:23   
caciana
Vnuk mi go obozava Dedo Mraz,saka DA go gleda Na reklamata od koka kola .Lani voopsto ne se isplasi Od nego,iako od site nepoznati begase.Sega veke znae I kako Se vika,koga go gleda Na TV vika :Dede!!

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 39
   RE: Дедо Мраз
7.12.2014 15:23:48   
Bethany
J se dosega plasese od Dedo Mraz, duri ne gi podnesuvase nitu ukrasite vo forma na dedo mraz, nitu tie naduvani dedomrazovci, nisto.
Godinava barem ne bega od ukrasite tuku zboruva za niv, gi pokazuva, ama se uste nemase prilika da se sretne so "ziv" dedo mraz.
Vo gradinkata treba da im dojde dedo mraz, ama jas mislam deka toj kje bide rezerviran kon nego.
Ona sto jas mu zboruvam e da toj ne postoi, deka toa e samo nekoj cicko taka oblecen.
Nie ne go ucime deka dedo mraz nosi i donosi podaroci, toa go pravat mama i tato, baba i dedo, edni za drugi, i toj samiot go povrzuva dedo mraz so nova godina, ama kako nekoja figura, simbol.
Pretpostavuvate deka doma nemame nitu edna figura od dedo mraz user posted image

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот caciana)
Непосредна врска до пораките: 40
   RE: Дедо Мраз
8.12.2014 10:51:51   
niki
porano mislev i jas deka za dedo mraz ke ja kazuvam samo vistinata na kerka mi
no koga taa pocna da izrazuva zelbi i da bara se poveke toj nekako mi dojde kako sovrsen paravan da se poceka pa taka toj stana del od nasiot zivot i ke ostane se dodeka taa veruva
e sega ne deka ne znam da i kazam ne za nesto sto bara tuku nekako mi se nametna i mislata deka so premnogu realnost vo objasnuvanjata se ubiva detstvoto, bezgriznosta, fantazijata, sonuvanjeto, magijata na detstvoto
i za da ja socuvame taa magija veruvame i nie vo dedo mraz i vo dobri vili i vozviseni sili na dobroto
i ne mislam deka lazeme, site tie izmisleni likovi se simbol na edna golema vistina deka ako si dobar trudoljubiv, praveden
vreden, pozitiven se toa ke ti se vozvrati taka sto ke se opkruzis so takvi luge koi ke ti donesat sreka vo zivotot
prenesuvanjeto na taa vistina na decata sekako poubavo zvuci vo ubavo smislena prikazna za dedo mraz otkolku sto zvuci ako sturo i studeno im ja kazuvame kako definicija

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 41
   RE: Дедо Мраз
8.12.2014 14:04:19   
Bethany
Ние не гледаме потреба да го вклучуваме Дедо Мраз како личноста која што наградува добри дела, бидејќи за тоа го имаме Исус user posted image

Јас сум дете од комунистичко време и тогаш фокусот за подарувањето беше Нова Година, за тогаш добивавме подароци и слично, Божиќ беше во втор план, се прославуваше традиционално, само поради обичаите.
Е сега со мм ние сакаме Божиќ да биде во прв план и она што тој ден всушност претставува, син ни знае дека подароците се отвараат на "роденденот на Исус", и пак подароците што си даваме претставуваат симбол на најголем подарок што ние го добивме - Исус Христос. Тоа го правиме за Божиќ на 26. заедно, само ние семејно, а потоа гледаме Божиќ на 7. да го поминеме со најблиски, те. со баба и дедо во друг град user posted image Па и тогаш нешто гледаме да си подариме меѓусебно user posted image

Затоа некако нема место за Дедо Мраз во приказнава, нема да изгуби никаква магија од детството, детството само по себе е магично, кога машта може свашта user posted image Далеку од тоа дека ние кажуваме нешто против Дедо Мраз, ама не му придаваме значење.
Тоа е сепак, само нашиот личен избор и начин user posted image

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 42
   RE: Дедо Мраз
8.12.2014 14:57:12   
niki

dedo mraz ne e komunisticka tvorevina toj postoi vo tradicionalno religioznite opstestva (pravoslavni, katolicki protestantski isl) i doaga sekade za bozik, samo kaj nas vo komunizmot doagase za nova godina sto bese edna zabluda vo koja ne terase sistemot da veruvame, i sega gledam deka pak sistemot se obiduva da gi ubedi svoite gragani deka vrakanjeto kon religioznite vrednosti isklucuva se vo sto se veruvalo vo komunizmot pa i dedo mraz
veruvanjeto vo Isus ne go isklucuva dedo mraz, nitu veruvanjeto vo dedo mraz go isklucuva isus
vo isus veruvaat vozrasnite dedo mraz postoi za decata
a magijata na detstvoto se zgolemuva so poveke takvi pozitivni likovi kako isus dedo mraz bozic bata vila zubic i tn. kolku poveke tolku pozabavno

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 43
   RE: Дедо Мраз
8.12.2014 15:16:59   
Bethany
Не го поврзав дедо мраз со комунизмот, сакав да направам разлика од фокусот во мое време... Патем, не ја гледам вистинака поврзаност на Дедо Мраз со христијанство. Каде тоа во Библијата пишува за Дедо Мраз и што всушност тој врска има со таа тема, што представува тој , дедо мраз мислам, во христијанство?Морам да се распрашам баш, само тоа е веќе друга тема...

Никогаш не се сметав дека следам нешто бидејќи некој тоа ми го наметнува, дури и религиозните институции. Затоа правиме онака како чувствуваме и со ставот кои го имаме врз нашите верувања и убедувања, лични и само наши. Не дека тоа е нешто кристално чисто и дека не сме флексибилни по многуте прашања, така и за дедо мраз.
Напротив, во градинка ќе го испратам кога ќе имаат претстава и кога дедо мраз ќе доаѓа да им дели подароци, и не го заштитувам од тоа, го оставаме во тој свет, ама лично од нас нема да слушне приказна како дедо мраз дојдел и му оставил подарок под елка. Кога ќе биде постар и кога конкретно ќе ме праша нешто што го занима, секогаш ќе му ја речам вистина.
И пак ќе речам јас не кажувам дека некој погрешно прави ако му прича приказни за дедо мраз на свое дете, тој работи тоа така од своето лично убедување, исто како и јас.
Не се по тоа мери среќата и исполнетост на едно дете, тоа сигурно.

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 44
   RE: Дедо Мраз
8.12.2014 15:31:44   
rina13
Детството е период за мечтаење за фантазија за волшебни мигови. Цел живот е пред нив за да се соочуваат со реалноста со проблеми. Барем додека се мали нека уживаат во магијата на фиктивните нешта. Јас не сум верник, ниту моето дете е крстено или во било кој момент му се наметнувани религиозни обичаи, ритуали, однесувања. Она што мене лично ми значи се убавите празнични мигови поминати со семејството. Подарувањето, китењето елка, приказните за Дедо Мраз па дури и рекламите на coca colauser posted image user posted image . Сета убавина во овој период се убавите спомени што ќе му ги оставите на вашето дете.
Ако веќе навлегуваме во тоа што е христијанство што не ќе се фатиме во замка дека многумина негуваат пагански обичаи а се декларираат како побожни православни христијани.
Настрана религијата убаво е да се остави детето да биде дете а богами и ние на момент да бидеме деца. За мене красењето на елка е еден од најсреќните моменти во животот, додека мојата мајка беше меѓу нас тоа го правев со неа а сега таа задача ми припаѓа мене и на мојата малецка.

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 45
   RE: Дедо Мраз
8.12.2014 15:47:20   
Bethany
Тоа не значи дека моето дете е помалку дете ако јас не му раскажувам приказни за дедо мраз.
И мене лично ми е поголема радост китење елка и украсување повеќе неголи на син ми (патем украсување елка има својата симболика во христијанството)
Паганските обичаи ниту ги практикувам ниту ги спомнав, не мњ интересира што прави некој, туку што правам јас.
Разликата е само што некој ги гледа и прави работите од свој аспект каков и да е, а јас од аспект на верник. И веднаш да се оградам, ова не е повик некој да се почуствува прозван ако се декларира како верник а го обожава дедо мраз, бидејќи секој верува за себеси. :)


< Поракaта ја уредил Bethany -- 8.12.2014 15:48:20 >


_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот rina13)
Непосредна врска до пораките: 46
   RE: Дедо Мраз
8.12.2014 15:55:53   
Kvisko
Дедо Мраз воошто не е комунистичка творба. Ако е така тогаш како во него веруваат Американците user posted image
Корените на Дедо Мраз според некои се во улогата што Свети Никола ја имал во христијанската религија. Од таму настанала легендата за Дедо Мраз кој носи подароци за Божиќ (блиску се датумите).

Според други кај Словенските народи секогаш имало фигура на бел дедо кој носел подароци (од пагански времиња) и секој месец бил претставен со посебен лик (сите машки само една жена). Словенскиот Дедо Мраз носи подароци за Нова Година.

Според трети и кај сите северни народи постоела легенда за некој човек што магично носи подароци за Божиќ (нели живее во Лапонија има ирваси кои летаат и слично).

Ваквито Дедо Мраз со црвена облека и бела брада како што го знаеме денес првпат се појавува во реклама за Coca-Cola (заштитните бои се црвена и бела).

Јас си се радувам на целата атмосфера на празниците ама не мислам дека кога здравје боже ќе имам дете ќе му ги условувам подароците со Дедо мразовци и слични работи или дека ќе дигам голема фама околу подароци баш за Нова Година/Божиќ.
Елка секако китам.

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 47
   RE: Дедо Мраз
8.12.2014 16:18:11   
niki
ne postoi samo nasiot aspekt
postoi i aspektot na deteto koe prasuva zatoa sto saka da veruva vo nesto ubavo
ne zatoa sto nema ubavi raboti vo negoviot zivot tuku zatoa sto ubavi raboti nikogas dovolno
i koga ke te poglednat ocki polni so zelba za veruvanje mnogu e tesko da im ja skrsis istata so realnosta

sekako postojat deca koi rastat bez prikazni za dedo mraz i ostali likovi i ne se nuzno nesrekni no mozat da bidat osameni vo svetot poln veruvaci

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 48
   RE: Дедо Мраз
8.12.2014 17:36:19   
Bethany

Абе Ники, во случајов многу драматизираш, дури смешно ми дојде кога кажуваш дека детето може да е "осамено во светот на верувачи".
Ама ајде, нека ти биде.

Интересни информации се што ги сподели Квиско, ама се народски преданија, легенди, не се потпираат и не настанале од Библијата, не е библијска приказна.
Јас ги сакам таквите, ете ги сакам библиските приказни и сега што?
Има секакви легенди, има легенда и за Гроф Дракула, безвременска е, па сега не знам дали треба да веруваме или не.

Јас не сум никаков фрик, ниту му наметнувам на моето дете нешто на сила, ниту од религиски аспект, јас сум му родител, и тоа сум јас, тој тоа не може да го промени, јас го учам и му пренесувам дел од себе, бидејќи тој е дел од мене. Ама ми е интересно како се створи слика и се извртат муабети во насока да се има дискусија, каде веќе немам што да кажам. Ниту правам драми од Дедо Мраз, ниту го водам детето со превез преку очите и ушите да не го гледа или слуша приказните за дедо мраз, уште кажав дека ќе го пратам во градинка (а сега не оди) токму кога ќе доаѓа дедо мраз, бидејќи тоа ќе им биде новогодишна представа за сите деца, ама битно е да верува во тој некој лик и јас да го условувам со него и тој да стрепи од него, за да биде дете, за да биде ко други, нели?

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 49
   RE: Дедо Мраз
8.12.2014 19:16:40   
niki

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany

ама битно е да верува во тој некој лик и јас да го условувам со него и тој да стрепи од него, за да биде дете, за да биде ко други, нели?


nit ova go rekov nit ova go mislev
no svakam deka nedorazbiranjeto doaga od faktot sto decata ni imaat 4 i kusur godini razlika pa taka sekoja od nas od svoj aspekt i od iskustvo gi gleda rabotite

veruvanjeto vo dedo mraz pocnuva na tie pretstavite za deca
a tie pretstavi se povtoruvaat sekoja godina
a uste decata inspirirani od niv pocnuvaat da potprasuvaat da posakuvaat da ocekuvaat
uste i rastat pa pocnuvaat poveke da zboruvaat i da razmenuvaat megu sebe informacii, megu drugarcinja
i taka ke ti dojdat doma so prikaska deka kaj nekoja X drugarka dosol likov doma i donel podaroci, kaj drugi gi ostavil pod elka kaj treti pred vrata i tn.
i sto pravis togas na dete od 4-5 godini mu vikas ne be nema vrska nemoj da go cekas, toa roditelite gi lazat decata

ne pravam jas drama od zivotot ama odbrav da pravam malku drama od nova godina i bozik zaradi radosta na moeto dete
isto taka pravam drama i od badnik pa mesam lepce so paricka a ne sum vernik, i vapcam jajca za veligden a pak ne sum vernik i apsolutno ne mi znaci nisto 28 oktomvri koj e nacionalen den na grcija (slavat osloboduvanje od turcite) no i togas go vodam deteto vo praznicna obleka vo crkva so drugite deca za potoa da ucestvuva vo paradata sto ja organizira ucilisteto

identitetot moj so zabavata za deteto mi nema vrska nikakva
praznicite vo site kulturi i religii postojat za zabava




_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 50
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2] 3   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?