Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
RE: Вештачко оплодување VI дел 10.12.2014 10:04:36
LoveableMe RR
Да ви кажам, вчера бев на консултација кај Петановски, човекот детално ја прегледа документацијата, рече одлична состојба начелно се е во ред, само ме прати на консултација кај др. Кочо Димитровски, да се види дали треба да доиспитам нешто и побара да ме види неколку дена пред циклус, зошто тогаш рече најдобро се гледа дали треба некаква интервенција на матката или не. Кога ме гледаше на ехо вчера, рече дека горниот дел на матката, кај тоа во црвена боја што се гледа на сликава, дека бил малку клапнат и течностите се слевале малку изместено, дека тоа може да се горегира со интервенција.
Според него, причина за моите рани крварења при ИВФ може да е имунологија ми рече во прашање, или од премногу стимулации и хормони организмот бил под стрес, пролактинот може скокнал и настанал дисбаланс што придонесл за неприфаќање на ембрионите кај мене. Рече дека сака да види што ќе каже трансфузиологот и да ме види пред циклус, па потоа да договориме кога трансфер на смрзнатите ембриони, што според него би одело без претходна подготовка со терапија, туку на природен циклус.
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
RE: Вештачко оплодување VI дел 10.12.2014 10:12:09
Zoya
Здраво девојки, одамна не сум ви пишала. Многу ми е драго што гледам дека во периодот додека ме немаше имало успешни постапки. Ми давате надеж и сила да верувам дека следниот пат и кај мене ќе биде успешно. Нас во меѓувреме докторот ни препорача да направиме кариотип, па чекаме резултати. Кога ќе бидат готови ќе пишам во соодветна тема. Ве сите и на сите кои сте во моментов во постапка ви посакувам да се израдувате со
_____________________________
Обиди од 2012; IUI x 4 = /; HSC 2013 (отстранет септум, изваден полип) IVF #1 - /
RE: Вештачко оплодување VI дел 10.12.2014 10:23:39
SOLE
Epa super LoveableMe, ti posakuvam na naredniot transver se da bide dobro i uspesno. Jas mislam deka pri transver so zamrznati embrioni bez terapii ima mnogu pogolem uspeh bidejki tocno deka teloto e pod celosen stress za vreme na stimulacijata, a i prolakrinot ima mnogu golemeo vlijanie isto taka, jas i vo Italija bev kaj eden vrven doctor posle vtoroto neuspesno ivf i rece deka prolaktinot e stress hormone i moze naednas da se kaci a vika vlijae isto kako tumor. Moze zatoa sega mi gi dadoa i Dostinex da gi pijam 8 dena po polovina.
RE: Вештачко оплодување VI дел 10.12.2014 10:29:44
LoveableMe RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: SOLE
Epa super LoveableMe, ti posakuvam na naredniot transver se da bide dobro i uspesno. Jas mislam deka pri transver so zamrznati embrioni bez terapii ima mnogu pogolem uspeh bidejki tocno deka teloto e pod celosen stress za vreme na stimulacijata, a i prolakrinot ima mnogu golemeo vlijanie isto taka, jas i vo Italija bev kaj eden vrven doctor posle vtoroto neuspesno ivf i rece deka prolaktinot e stress hormone i moze naednas da se kaci a vika vlijae isto kako tumor. Moze zatoa sega mi gi dadoa i Dostinex da gi pijam 8 dena po polovina.
Достинекс се дава по пункција, да се спречи хиперстимулација на јајниците и да се избегне собирање вода во стомакот. Мене ми даде Димитров 8 дена Достинекс по пункција по едно апче дневно, ама кај мене естрадиолот беше преку 60000, затоа. Да додадам, зголемен внес на витамин Б6 (барем 3х1 дневно) помага за намалување и контрола на пролактинот.
СОЛЕ, ајде уживкај, мислам кај тебе 5-ти ден ќе биде трансфер, ќе имаш убави бластоцисти.
< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 10.12.2014 10:34:48 >
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
RE: Вештачко оплодување VI дел 10.12.2014 11:36:24
Kvisko
На сите исчекувалки само да им посакам
Јас се подготвувам полека полека за ИВФ бидејќи ги исрпевме сите други опции. Се мислам кај кого да одам. Ќе одиме приватно така што нема да чекам одговори од фондот и се надевам побрзо ќе ја почнеме постапката.
RE: Вештачко оплодување VI дел 10.12.2014 12:27:57
sanjaaaa!
LoveableMe баш вчера си мислев да прашам до каде си со твоите планови за понатака, кога ЕТ. Супер, сте разгледале што би можело да биде причината за предходниот неуспех на ивф, и се надевам ќе добиеш добри совети и од др. Димитровски, и следниот ЕТ без сомнеж и со сигурен успех. Ти секогаш си тука да ни дадеш поддршка на нас, затоа и ние целосно те подржуваме на овој пат до . Овој пат мора да успееш и да си ги видиш твоите . Со среќа на сите, секој пар што неизмерно сака да дојде до бебуш, тоа што поскоро да му се исплони!!!
RE: Вештачко оплодување VI дел 10.12.2014 12:59:30
Anna78
Девојки, поздрав до сите, еве ви испраќам позитивни вибрации, денес сум си нешто позитивна Често читам за матичниот млеч со мед и неговото влијание врз создавње на квалитетни јајце клетки, па поради тоа почнав и јас да го земам, но ве молам кажете ми имате ли информација дали може со сите овие хормони што ги земаме за ивф да оди паралелно, и може ли да го земаме после пункција, после трансфер, има ли нешто врска тоа, се надевам не може да наштети, што мислите?
RE: Вештачко оплодување VI дел 10.12.2014 13:03:26
orchid7
Јас кратко пред пункција почнав да земам млеч, после ЕТ заборавив да го прашам ДР дали смеам или не па прекинав од страв. следно видување со Др сигурно ќе прашам. Инаку денес барам естрофем по аптекиве и сегде ми рекоа дека нема, дека е дефицитарен. Останува уште да отидам до Систина да побарам во таа аптека.
RE: Вештачко оплодување VI дел 10.12.2014 13:07:15
Hopeful RR
Колку убави вести, Loveable Me со ЕТ без инвазивна терапија, и Kvisko во подготовка за ивф Девојки, со среќа и лесно и на двете, заедно ќе ги победиме сите проблеми.
Loveable Me, ми се допаѓа посветеноста и темелноста со која настапил Петановски - како што заклучивме на РР, се е до комбинацијата доктор-пациент, и од срце ти посакувам ова да биде твојата добитна
Kvisko, како ти одат размислувањата за лекар и болница? Сите овде сме и со исти, и со различни искуства, така што можеш да споредиш и процениш каков пристап би ти одговарал тебе. Или пак, консултирај се со неколку, па после одлучи кај кого ќе правиш. Во секој случај, се радувам на секоја нова ивф постапка, бидејќи таму е успехот
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
RE: Вештачко оплодување VI дел 10.12.2014 13:11:41
MademoiselleNina
Јас бев кај Димитровски, на приватно, и сите испитувања се многу скапи. Јас ги направив сите (минатата година после неуспешните инсеминации), и за среќа се испадна како што треба. Освен витаминот Д. Последно примав соодветна терапија 2 месеци, и сега пак сум на контрола во сабота. Таман и да му кажам дека не додје до оплодување на ј.к. И да кажам дека тој ме советуваше да почнам да вежбам, и почнав прво јога, ама тоа не беше дефинитивно ко за мене, досадно, споро, е затао после отидов на фитнес и планирам од понеделник пак да си продолжам со вежбање.
Па ќе видиме што е следно. Инаку се мислиме да одиме на уште едно ивф на природен циклус. До следната па ќе донесеме конечната одлука. Lovable - ајде овој трнасфер без терапија да биде успешен!!!
< Поракaта ја уредил MademoiselleNina -- 10.12.2014 13:16:21 >
RE: Вештачко оплодување VI дел 10.12.2014 13:58:23
tea 88
LoveableMe super sto si otisla kaj Petanovski i sto se posvetil sto moze da e pricinata, imam dosta citano za nego. Dve prijatelki kaj nego pravea ifv i bese uspesno a vtorata posle neznam kolku neuspesni ifv ovde i vo stranstvo. Sto se odnesuva do prolactinot se e individualno i ne mora da znaci deka e precka zasto spored mene se zavisi kolku se kvalitetni embrionite. Samo nakratko da pisam za moeto iskustvo za prl. Jas pravef ifv so pokacen prolaktin koj denot koga pocnavme so stimulacii bese 45. isto pijam i eytirox i pred ifv bese 2.35 a po pozit. beta 6, no i pokraj toa so zgolemuvajne na terapijata za samo 2nedeli se simna na0.975. Znaci ispadna kako sto mi rece i Tase i Lazarevski prl ne smeta pri ifv, i taka ispadna. Vi posakuvam site sto cekate da si gi videte za brzo.
RE: Вештачко оплодување VI дел 10.12.2014 15:37:06
LoveableMe RR
Фала ви женски за советите, јас имам правено имонолошко генетски испитувања, останува уште да не треба нешто да се доиспита, како витамин Д и евентуално нешто од трансфузиологија, ако треба, но повеќе одам кај Кочо за мислење за состојбата.
Ана, матичен млеч може да се зема до трансферот, не е проблем, некои го земаат до тестот за бременост. Квиско, ако брзате, може приватно, но ако имаш можност поднеси документи, сепак 1000 евра и кусур не се малце. Позз
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
RE: Вештачко оплодување VI дел 10.12.2014 16:38:31
Kvisko
Весник аспиринот се прекинува за време на циклус бидејќи зголемува крварење. Hopeful гледам тука најпопуларни се Лазаревски, Петановки и Ивановски. Тие иститие некако ми ги посочува и матичната па со неа заедно ќе одлучуваме каде. Ќе одиме приватно заради осигурувањето на мм. Сега само да видам колку чини приватно па да удриме математика.
Денес нешто не ми тргна денов. Ги земав резултатите и првпат во животов пролактинот ми е малку над горна граница. Одма се исконсултирав со матичната и ми рече не е ништо страшно ако е само сега покачен а не бил претходно. Не земај ништо ако треба докторот за ИВФ ќе ти рече пак да го контролираш и да земаш терапија при постапката. Со оглед дека се ми дојде преку глава и секое испитување е нов пробпем решив да не се нервирам за ова ама сепак просурфав и видов дека цинк и витамин 6 го снижуваат па мавнав една капсула цинк од 1000 милиграми. После ќе купам бедоксин и тоа ќе дрмнам. Нема мене да ме зеза веќе ова. Има да стигнам до целта па што сака нека биде.
RE: Вештачко оплодување VI дел 10.12.2014 16:42:03
gina
jas ne sum vo tek aaa Sole bravo za tvoite super embrioncinja i srekno na transfer Bebus te cekame so pozitiven test
LoveableMe bas ubavo sto si bila na konsultacija sega bidi opustena ako treba i nekoja intervencija da pravis da ne se mislis sve sto treba da napravis jas za histeroskopijata Lazareski go poslusav a i ne pobarav drugo mislenje mozebi i toa pomogna sto ova ivf bese uspesno ti posakuvam sto pobrzo da napravis embriotransfer i ovaj pat sigurno ce se raduvas
RE: Вештачко оплодување VI дел 10.12.2014 16:47:38
lolla RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR
Да ви кажам, вчера бев на консултација кај Петановски, човекот детално ја прегледа документацијата, рече одлична состојба начелно се е во ред, само ме прати на консултација кај др. Кочо Димитровски, да се види дали треба да доиспитам нешто и побара да ме види неколку дена пред циклус, зошто тогаш рече најдобро се гледа дали треба некаква интервенција на матката или не. Кога ме гледаше на ехо вчера, рече дека горниот дел на матката, кај тоа во црвена боја што се гледа на сликава, дека бил малку клапнат и течностите се слевале малку изместено, дека тоа може да се горегира со интервенција.
LоvableMe, убаво што си отишла на уште едно мислење, Димитров како да нема многу трпение нели. Ама нема врска, пак си е супер доктор. Сакав да ти пишам дека и кај мене фундусот на матката е позаоблен, како смајли, со благо аркуатна форма (slightly arcuate uterus). Тоа е вродено, не знам како да ставам слика од компјутер, да сликнам какво е хсг-то да ти покажам. Е сега, со сите што разговарав викаат дека тоа нема врска со забременување, најблаг вид на аномалија е, но можело да биде подоцна во бременост причина за поранко раѓање. Е сега може да не е баш тоа кај тебе ама еве како искуство.
Јас искрено сакам да мислам дека едноставно кај тебе така требало да биде за ова ивф, дека нема некоја посебна причина. Затоа од дното на душата ти посакувам јануари 2015 да биде месецот за успешно завршено ивф со смрзнати ембриончиња и до крај на 2015 да и родиш 1-2 бебушчиња.
Девојки, јас не пишувам на секоја одделно, но секој ден ве читам и на секоја од вас и посакувам успех во постапката.
RE: Вештачко оплодување VI дел 10.12.2014 16:58:53
kapina
Mene i ciklusot seuste ne mi e dpjden trebase na 6 da mi dojde seuste go nema sram mi e da se javam i zatoa vo sistina sekogas prethodno mi bese redoven nikogas ne mi docnel moe mislenje e oti ne kasne od biohemiskata bremenost tuku nesto drugo e vo prasanje nezn sto e
RE: Вештачко оплодување VI дел 10.12.2014 17:20:26
Hopeful RR
kapina, 5 пати те препрочитувам и ако те разбрав, еве на. Можам да ти кажам само да одиш на лекар и да се консултираш.
Kvisko, баш прашував и во Систина само постапката е 1900е, плус терапијата. Контрацепцијата е евтина, Супрефактот не е скап, но Фостимонот е околу 1300 ден една доза, со тоа што во просек требаат од 25 до 50 дози, индивидуално е. Мене ми требаа 45, докупив 15 (ваучер покрива само 30) и ги платив 300е. Стоп инекцијата - ако е Овидрел, е 2400, ако е Прегнил - не знам, досега не сум ја купила, за ивф-то беше покриена со ваучерот. Другите делови од терапијата ионака претежно се на приватно, така што ако имате добро осигурување, ич не се мачете за ваучер.
За пролактинот исто не се замарај, штом ова е изолиран случај, не е страшно. И мене еднаш ми рипна, па се извадив од памет, и после на следните контроли беше ок. Ајде, те чекаме со одлука и почеток со терапија
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
RE: Вештачко оплодување VI дел 10.12.2014 18:24:17
весник
ИЗВОРНА ПОРАКА: Kvisko
Со оглед дека се ми дојде преку глава и секое испитување е нов пробпем решив да не се нервирам за ова ама сепак просурфав и видов дека цинк и витамин 6 го снижуваат па мавнав една капсула цинк од 1000 милиграми. После ќе купам бедоксин и тоа ќе дрмнам. Нема мене да ме зеза веќе ова. Има да стигнам до целта па што сака нека биде.
kvisko me iznasmea...ke si gi zapomnam ovie zborovi tvoi ...navistina sekoe ispituvanje nekako ni idi kako nov problem....ama nema nisto poveke da dozvolime da ne zeza...ima da stigneme do celta pa sto saka neka bide...pozdrav do site...samo napred a posebno kvisko do tebe...eve denes prv pat me nasmea ti...ti blagodaram!
RE: Вештачко оплодување VI дел 10.12.2014 20:08:56
MademoiselleNina
Капина не се плаши, подобро е да се јавиш отколку да седиш во страв и грч. Самиот страв е стрес, а не ти се потребни стресови сега. Затоа јави се, или иди до кај матичниот...
RE: Вештачко оплодување VI дел 10.12.2014 21:11:36
skriena
kako ste devojki podolgo me nemase izvinete so sreka na site vo kakva i da bilo postapka ste inace uste malku so gospot napred zavrsuvam so prvoto tromesecie znaci terapijata sega za sega mi e ista kako od pocetok pa se do sega estrofem utrogestan femibion dabroston ve molam kazete mi dali i dr primate terapija i dr sakam da ve prasam trudnicite sto se vo pogolemi meseci dali pravevte test za daunov sindrom posto mene maticniot mi rece ama i nemoralo ako ne sum sakala pa teka da odbiv pa kazete mi dali pravevte ili ne i dali postapiv pravilno ne znam ako sakate pisete ve molam