Hopeful RR
|
Леле мешковци, што ни се случува, сите сме со по нешто! Mihaela 2010, Bethany, Теа88, ако треба и второ, и трето и четврто мислење, не ми се верува како олако не третираат нас трудните! И со однос, и со (не)посветеност и со терапија... Просто не знам што да кажам... Malecka 23, и јас мислам дека е од ширење на матката и лигаментите, но ако ти е шубе, скокни до кај матичен, за секој случај. Мене кога ме фати тој период на нагло растење од двете, матичната ми рече магнезиум по 250мг на секои 8 саати, и понекогаш така и правев, и помага. И сега, иако го пијам на 12 саати, ако ме фати грч или болка, одма пијам уште еден, без оглед кое време од денот е. Јас почнав да ги осеќам движењата како меурчиња и многу ми е интересно, секој различно мрда. Карактерчиња од мали Но, покрај киселините, имам проблем со дишењето и срцето - притискаат на дијафрагмата и белите дробови па не можам да земам доволно воздух и често пати имам чувство на гушење и стегање. Од Систина ми рекоа да си проверам срце, па сега ќе и земам упат на матичната и ќе гледам и тоа да го збркам. Плус, кога лежам притискаат и на вена кава и ми скратуваат доток на крв, па се трудам да лежам и спијам на страна, ама во тек на ноќ се се свртам случајно, па ќе ми текне, ќе се разбудам па пак од почеток. Ако ми верувате, не сум наспана со месеци... На 20 јануари сум на втор скрининг на Гак, кај Елена Џикова, па се надевам се ќе биде ок.
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
|