|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  7 8 [9] 10 11   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Постпородилна депресија
6.2.2013 12:49:18   
Malecka23
јеее конечно успеав да напишам нешто нетот не беше у ред.
Вака сеа бев на психијатар убаво си се наприкажавме и ми даде или асентра или елицеа(ама подобро ова второто).да си посетувам 2пати во неделата и тоа.ако некоје заинтересирам можам да ви дадам бројче од ординацијата
И најискрено би ве посоветувала да отидете едноставно да си олесните не можете на никој да се искажете така како на стручно лице што знае како да ви ги извлече мислите од васuser posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот eli07)
Непосредна врска до пораките: 201
   RE: Постпородилна депресија
6.2.2013 13:12:24   
miana
izvini jas kako nekoja prosta ke te isprasam sega user posted image
Kkva e procedurava? Odis sednuvas i mu kazuvas sto ne e vo red so tebe i te sovetuva sto,kako? Kolku trae pregled? Kolku plati i kade se naoga? Se zakazuva ili....? Kako od mars da sum padnala....user posted image Moram i jas da se nakanam i da odam

(Одговор на членот Malecka23)
Непосредна врска до пораките: 202
   RE: Постпородилна депресија
6.2.2013 13:29:00   
Malecka23
хихих и јас бев таква не се секирај.Да се закажува идеш таму седнуваш и ќе те праша штое проблемот.И си почуваш да збориш и имате разговор не монолог(како што замислував)user posted image негде трае околу валда пола саат ама се зависи и на крај нели за секој различно ќе ти каже дали треба да доаѓаш кога колку пати терапија ако треба.Јас бев кај Др,Павлов се наоѓа во зградата помеѓу стружанка и анжи карши градска има табла нема да утнеш на први спрат.Инаку раб со картончиња и се наплаќа 400ден преглед.Можеш кај Александра да одиш,кај жената на др.павлов има тука у склоп и психолог.

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 203
   RE: Постпородилна депресија
6.2.2013 16:18:55   
Fiao
Го поддржувам секој оној кој се соочил со себе дека е во состојба да побара психолошка помош. Знам дека овие моменти се тешки, исто како и новонастанатите промени во животот на новата мајкичка. Единствено што ме вади од такт се препишаните антидепресиви, кои прават поголема штета отколку што луѓето имаат корист од нив... мислам дека е доволен убав разговор со психилог (можеби и поредовно) за да имате солидни резултати. Јас да сум на ваше место никогаш не би ги почнала антидепресивите, на крајот на краиштата ова е хормонска работа која со текот на времето самата се стабилизира, дури и ако не примате никаква терапија (кај некои трае повеќе кај некои помалку). Јас лично кога поминував низ истото напорно се трудев сама да се изборам со проблемот и како поминуваше времето се повеќе успевав во тоа.

(Одговор на членот Malecka23)
Непосредна врска до пораките: 204
   RE: Постпородилна депресија
6.2.2013 19:41:11   
Bethany
Некогаш е само потребно да разговараш со некого ко може да согледа работите објективно, и потоа да ти ги изложи од таа перспектива... Луѓето кои се во депресија или минуваат низ такви депресивни состојби обично имаат искривена слика за себеси, животот, реалноста, луѓето околу себе и затоа е потребен некој кој може да изнесе на површина оно што во тие моменти на криза и песимистичко размислување ние самите не може да согледаме. Всушност, ни треба некој да ни ги отвори очите!

Убаво е да се поразговара со некое стручно лице, пред се бидејќи тие приоѓат кон проблемот од професионална страна и не можат во нивното расудување и советување да биде вклучен некој емотивен фактор, само треба да ти ја представат реалноста таква каква всушност е.

Се сложувам со Фиао дека антидепресиви се многу олако препишуваат, и јас не би препорачала употреба на истите, има толку многу работи кои можат да влијаат на состојбата да се промени. Освен разговорот, правење нешто за самата себе е многу битно например. Тоа мене ми помаѓа.


(Одговор на членот Fiao)
Непосредна врска до пораките: 205
   RE: Постпородилна депресија
8.2.2013 12:13:44   
Snowhite RR
За постпородилна депресија лек само излегување, користете ја секоја прилика ако има некој да ви го почува бебушот и излезете малку не се затворајте дома.
Јас откако се породив секој ден си барам некоја рачка да излезам малку од дома, било тоа да е до пошта да платам сметка, до МВР да ја пријавам, до градинка да го земам поголемото дете, до маркет да испазарам. И секогаш кога излегувам се облекувам и се шминкам, макар и по 5 мин да треба да се вратам, си бев и на фризер, сето тоа ми дава чувство дека се си тече во нормала

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 206
   RE: Постпородилна депресија
9.2.2013 3:37:22   
bucko mal
Koga se javuvate kaj doktorive prasajtesi dali rabotat so plavi kartoni.Ako ne rabatat eden saatt kosta nad 600den(zboram za pred 2godini ama neveruvam deka neso e smeneto)Imase eden psihijatar zana se naojase sproti voena bolnica od leva strana vo ulicata ima i uciliste tuka pa golemo igraliste sproti niv vo zgradite bese,ama sum zaboravila kako se vikase znam deka 150denari naplatuvase so plavi kartoni.Doajga nekako pozadi trgovski mislam leptokarija ama neznam eve neka me popravi nekoja mamicka,ama bese naj evtina so ogled na toa sto ponekogas treba i ednas nedelno da se odi.

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 207
   RE: Постпородилна депресија
22.10.2013 16:06:42   
lekokrila
mamicka se pronajdov vo tvojot post i jas go imam bash istiot problem me interesira kakov leg najde za ragadite?
ИЗВОРНА ПОРАКА: mimicka

 Jas pominav niz posporodilna depresija. Najgolem pricinitel na mojata depresija bese problepot so doenjeto. Uste vo bolnica dobiv golemi regadi na dvete gradi pa za mene doenjeto bese mnogubolno iskustvo. Ilija jaden place bara da cica a jas user posted image pred da mu dadam. Toa me pravese da se custvuvam deka sum losa majka koja ne mu dava na bebeto da cica vednas tuku se sozaluva samata sebe si. Potoa dobiv dva pati i mastitis user posted image bidejki mi nadoagase mnogu mleko na momenti. Site mi vikaa da istrajam deka ke se sredi se i taka bidna. Koga napolnivme 1 mesec mi se regulrase mlekoto i najdov lek za regadite i sega si uzivame vo dojenjeto i dvajcata.
I da znaev da menuvam raspolozenija od moment na moment user posted image user posted image user posted image user posted image



(Одговор на членот mimicka)
Непосредна врска до пораките: 208
   RE: Постпородилна депресија
22.10.2013 17:53:37   
srcuska4
Zdravo ! i jas imam pominato niz postporodilna depresija :(.So prvoto dete nemav se bese dobro,no so vtoroto dete imav postporodilna depresija.mislam seto toa mi se desi zatoa sto bas koga se porodiv mazmi ne bese prokraj mene bese na sluzbeno patuvanje se vrati 2 dena otkako ni se rodi sinceto i mnogu mi padna tesko i koga si dojdov od bolnica se bese vo red site si bevme doma zaedno no jas samo placev i mi bese mnogu cudno nisto loso nemase a jas samo si placam.Mazmi se javi kaj negov drugar (psihiatar) i mu rece ako ne pomine za 2 nedeli da se vidime licno da razgovaram ama za moja sreka seto toa zavrsi za 2 nedeli ama tie 2 nedeli mi bea kako 2 god. Mene mnogu mi pomogna toa sto masmi celo vreme bese pokraj mene i mi kazuvase segi svekrvami ke gi pocuva decata nie ke odime na kafence majkami takomi i tie bea tuka za podrska celo vreme taka da mnogu ljubov setanje i pozitivno gledanje na nestata mnogu pomaga i da ima na kogo da si js kazes makata user posted image

(Одговор на членот Malecka23)
Непосредна врска до пораките: 209
   RE: Постпородилна депресија
22.10.2013 18:52:19   
lekokrila
pepelaska ocigledno e deka ti e mnogu tesko me faka panika zatoa sto citajki go tvojot post imam custvo kako jas da si gi kazuvam makite...tesko e ali mora da bideme silni i da mislime pozitivno takov e zivotot mnogu ni zima za malce da dade jas imam 20 godini se omaziv za 30 godisen maz za koj seuste mislam deka e vistinskiot covek za mene po 6 mesecna prekrasna vrska so nego ostanav neplanirano bremena bev prinudena da se omazam na brzina bez mnogu razmisluvanje bidejki se sramev da ne pocne da mi se poznava stomakot i se plasev od muabeti..za 2 meseca se verivme napravivm svadba i se preseliv vo negoviot 2 soben stan vo koj ziveme so negovite roditeli i sestra mu vo tekot na bremenosta mi precea ali i ne mnogu zatoa sto setav po cel den :) no otkako se porodiv se se smeni mazot mi prvite 2 nedeli beshe postojano so mene i mnogu mi pomagase polesno da se oporavam od carskiot da gi sovladam problemite so doenjeto i bolkite vo gradite no otkako trgna narabota ja ostanav vo 4 dzida zatvorena po cel den prinudena da gi trpam sverkrvata i zolvata koi me daveea so prasanja za bebeto kako oni da mu se majki bez nikakva privatnost postojano da mi visat kako svetilki nad glavata da nemozam edni gaki da si smenam....ali sepak se drzam ke pomine i voa moeto malecko mi dava mnogu sila i me pravi najsrekna toa e najbitno se drugo ke se sredi :)

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 210
   RE: Постпородилна депресија
23.10.2013 14:04:54   
miana
Јас сум пишувала на оваа тема кога требаше ама еве пак ке пишам..Со двете деца имав постпородилна депресија. Првата ја предизвика моментот дека не ме пуштаа со детето 5 дена да си одам дома а не ми кажуваа зошто,а со второто ,потпишав да си одам дома на моја одговорност и после тоа педијатарот ( кога ја однесов на контрола ) ме стави во топ - ми наби во глава некој страв и ете така со двете деца НОН стоп плачев. Бев ненаспана,имав проблеми со рагадите ( ги мачкав со purelan 100 и ми поминаа ) Траеше две недели од прилика и после се си дојде во нормала..Помина раната од епизоотомијата,детето почна да си фака ред и се си дојде во нормала..мене стравот да не им се случи нешто на децата ,ме убиваше..И јас сакав некој постојано да има до мене..

(Одговор на членот lekokrila)
Непосредна врска до пораките: 211
   RE: Постпородилна депресија
25.10.2013 23:23:31   
energy_m

ИЗВОРНА ПОРАКА: elenaj

Devojki moram da vi kazam deka bas forumov mi pomogna da ja nadminam postporodilnata depresija vo koja bev zapadnata inaku gotova bev da poludam.Uste od prviot den svekrva ,i pocna da se mesa i da se odnesuva kako deteto da e nejzino a ne moe.Inaku mazena sum vo drug grad a se porodiv vo mojot roden grad.Samo sto me otpustija od bolnica dojdoa da me zemat i samo sto stignavme doma pocna da nareduva kade da gi stavam pelenite, kremata itn pa da sum go kapela deteto samo so Vekutam da sum piela po 2 litri boza na den....ludnici...pa mi gi stiskase gradite a mlekoto ne mi bese uste salam nadojdeno i mi napravi infekcija na gradata pa mi se zatvorija kanalite i ne mi tecese mleko krenav temperatura dva dena so red 39 so 5 imav,i primiv 5 injekcii za da se smiri infekcijata.... pa me plasea so [rikazni za mastiti i secenje na gradi a mene gradite meki....na sekoi deset minuti vleguvase v soba i bese ubedena deka ne znam da go dojam deteto, na sekoi tri dena go nosevme da go vagaat, i na pocetok super si bese, napredna 300 grama za dve nedeli sto mislam deka e ok, no mene posle od nervozi mi sekna mlekoto,nemav dovolno i pocnav so dohrana pa pocna da se zali po komsii deka skapa bila hranata...stom zaplacese deteto trcase gore i prasuvase :Sto mu e?? kako da ne izgledala tri deca i tri vnuci, a non stop raskazuvase deka imala maka so kerka i non stop pistela koga bila bebe a sega moevo ne smeese da zaplace?? Pa mi go grabase od race demek da go smirela????? kako demek jas go rasplakuvam......isto kako taa da e majkata, a jas babta...ne me ostavase da spijam, vleguvase vo soba na pola sat da proveri da ne spijam a detevo mi spiese...dve nedeli ne spiev po 24 sati na den zasto ne mozev od nea i od nervozi...kakva majka sum bila jas, sum spiela,,,pa detevo spie da ne treba da mu visam nad glava nikoj normalen ne go pravi toa...mazot mi skitase do sabajle i ne mu bese gajle so se desava doma sto me frli vo uste poteska depresija ...no citajki na forumov svativ deka ne sum edinstvena i deka ima i drugi so problem kako mojot, so problem so depresija i so problemi doma so svekrvi i svekori i sl. i prestanav da se nerviram, i go davav da go zema koga saka, i posle i pomina kefot i prestana da mi go graba od race...sega e se vo red, se srediv psihicki, svativ deka moram toa da go napravam zaradi deteto i fala mu na Boga sto postojat vakvi forumi zasto da ne bese forumov ne znam sto ke bese so mene


Mnogu se prepoznav vo postot..
Za zal i jas imam slicen problem ao svekrva mi koja vo princip ne e losa zena no otkako mi se rodi malata vleze vo nekoj film deka taa i e majka a ne jas i na toj nacin samo mi go potkopuva majcinskoto cuvstvo sto me tera da se cuvstvuvam mnogu loso bidejki ne mozam da si go pocuvstvuvam sopstvenoto dete onaka intimno kako majka bidejki taa celo vreme mi dise vo vrat..so postojani komentari koi sekako deka se dobronamerni no ednostvno mi precat i mi pravat da se cuvsrvuvam kako deka sum losa majka koja ne znae da go hrani, banja i tn. svoeto dete.. Loso,mnogu loso.

(Одговор на членот elenaj)
Непосредна врска до пораките: 212
   RE: Постпородилна депресија
26.10.2013 11:32:45   
sandriana RR
Девојки, не дозволувајте никој да Ви влијае негативно, особено во односот со Вашите бебиња! Вие и само Вие сте мајка на Вашето дете, и никој друг. И само Вие си знаете што е најдобро за тоа дете.
Затоа, на фин и културен начин на сите добродушници и душегрижници ќе им кажете дека ја цените нивната помош, но би сакале сами да се справите и поврзете со Вашето малечко. А доколку почувствувате потреба од помош, дека ќе им се обратите и ќе ги замолите да ви помогнат или посоветуваат. А сега засега, од најголема помош ќе бидат ако ве остават на мир. Ова го кажувам од лично искуство, и само така успеав да се справам со овој тип на проблеми.
Нема место за депресивни и нервозни моменти, туку сега само уживање со бебињатаuser posted image

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот energy_m)
Непосредна врска до пораките: 213
   RE: Постпородилна депресија
12.12.2013 23:51:02   
Mimi33
Здраво.....Ме интересира кои се знаците на постпородилната депресија...како да ја надминеме и каде треба да се обратиме за помош...пошто имам многу слушано дека постои кај повеќето родилки....

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 214
   RE: Постпородилна депресија
13.12.2013 9:45:10   
sandriana RR
Мими33, постпородилна депресија мислам дека нема кој не ја доживува, некој поинтензивно, некој помалку изразено.
Битно е да е човек свесен, да ја препознае и да не дозволи да се развие.
Бебето треба да е најголемата причина за надминување на состојбата - зашто на тоа бебе му е потребна здрава и силна мајка, да се грижи за него.
А изгледот, ненаспаноста, извесната изолација од богат друштвен живот - сето тоа се става во нормала со тек на време.
А ако веќе не може родилката да ја надмине сама оваа состојба, ниту преку разговор со блиска личност, секако треба да се побара помош од стручно лице - психолог или психијатар.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Mimi33)
Непосредна врска до пораките: 215
   RE: Постпородилна депресија
29.12.2013 12:43:44   
Mimi33
Sandriana...Фалати многу на одговорот...ме интересираше за мојата другарка пошто таа само што се породи и некако како во депресија ми беше.....но побара стручна помош и сега фала му на бога се е во ред,и во право си бебето е најголема поддршка за се да се надмини user posted image

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 216
   RE: Постпородилна депресија
30.12.2013 11:38:56   
Martins mom
Со првото дете ја закачив и ме држеше доста време, немаше ни кој да ми го причува user posted image за да барам стручна помош. Единствен лек е разговор со нормални и свесни луѓе. Јас немав ама баш никој таков во моја близина и она што ме извлече беше Рингераја. Читајќи по нејзините страници, комуникацијата, па макар и виртуелна ме направи да се осетам нормално, дека ништо не ми фали.
Со второто дете сега, не го дозволив тоа! Свеки со првото дете ми дишеше во врат цело време, ми ја црпеше цела позитивна енергија, ама сеа не и дозволувам воопшто да ми се приближи, тактички ја ставам на свое место. Маж ми ни тогаш , а ни сега не ја сфаќа мојата тешкотија, на секое мое жалење ме правеше луда, а тоа долеваше масло на огнот. Сега научив и на него да не му обрнувам внимание кога ми дофрлува зајадливи коментари. Едноставно, научив да се справувам со депресијата. Кога не можеш да им докажеш и да ги смениш простаците околу тебе-смени се самиот! Игнорирај и не дозволувај да допрат до твојата душевна среќа. Ете така успевам јас да се заштитам.

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот Mimi33)
Непосредна врска до пораките: 217
   RE: Постпородилна депресија
2.12.2014 15:42:03   
caciana

Pojavata na postporodilna depresija zavisi od podrskata koja sto majkata ja dobiva od okolinata. Dokolku majkata e osamena samo so svoeto bebce golemi se sansite za pojava na depresija. Druzenjeto ke ja namali moznosta od ovaa pojava. Zatoa im preporacuvam na novopecenite majki da ne bidat sami, da ne se povlekuvaat vo svojot dom, Niv im e potreben razgovor i poddrska od semejstvoto i bliskite drugarki i prijatelki. user posted image

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 218
   RE: Постпородилна депресија
4.12.2014 14:06:02   
mama_06
Сега се чувствувам спремна да кажам за моето искуство со оваа состојба. Ме ,,фати`` кога бебето имаше околу 4 месеци. Односно, тогаш препознав дека нешто не е во ред со мене. И мојата најголема грешка е што не сакав со никој да разговарам, не од страв туку од тоа што не знаев да опишам што чувствувам. Гледано во целина,цело време имав некое чувство на немоќ.Сите околу мене ги доживував како хиени кои чекаат и моја најмала грешка за да намирисаат крв и да ме нападнат.Ме водеше некое мрачно чувство дека не сум добра мајка, не сум добра сопруга не сум добар граѓанин на РМ.Буквално. И од тоа што сакав да глумам јака оваа состојба се одомаќини кај мене,дури сега после 15 месеци од породување со второто дете можам да кажам дека сум ок.А ок сум затоа што не можев да чувам во себе и полека почнав со мм да разговарам за ова. Не се ни сомневав дека ќе ме осуди или дека нема да ме разбере , но многу пријатно се изненадив кога и на недоречен муабет одма ми кажа дека цело време претпоставувал што и како ми е. Вика, и мене ми беше страв да те прашам за тоа, зашто ме знае што марка сум, па да ја направиме големата. Значи мој совет е да се сподели маката со близок, оној кој знаеш дека и да те искара тоа е за твое добро. А ако има потреба и медикаментозна терапија добро би дошла.

(Одговор на членот caciana)
Непосредна врска до пораките: 219
   RE: Постпородилна депресија
14.1.2015 11:29:46   
linak
Еве месец дена како сум породена и поприлично ме зафати и мене таа постпородилна депресија user posted image Прво уште во болница си се изнаплакав неколку пати (не дека имаше некоја права причина,ама така тешко ми паѓаше-изгледа хормоните ми полудеа после пораѓајот).Си дојдовме дома и првата недела си бев ок ,добро со проблеми околу доењето ама не беше страшно. Е проблемот дојде кога сите си тргнаа на работа а јас останував сама со бебушот,па почнува да ме фаќа паника,страв дека неможам да се справам,нестигнувам да се средам ниту нешто да средам дома.....и така до недоглед си паничам и се истурам од плачење user posted image Мајка ми доаѓа кога може да ми се најде во овие 40дена и ми дава утеха малку и поддршка,мм на работа до 16 часот па работа на терен му се погоди неколку пати неможевме убаво ни да се видиме ни да разговараме што мене ми паѓаше терет плус user posted image Па свекрвата соли памет,аха гладно е бебето затоа плаче,дајте му чај,дајте му млеко,стави го да цица.....од кожа да го извадат човек user posted image Единствено сега си земам магнезиум и Б6 демек малку да ме смират и пробувам самата да си помогнам оти ако потерам уте малку вака незнам како ќе завршам user posted image Ајде се тешам дека уште некој ден правиме 40дена па ќе мине и овај лош период. Плус да додадам дека сите околу мене ги доживувам како непријатели,дека никој веќе не ме сака,не ме почитува,сите се намќорести кон мене....итн што мм ми вели дека ми е само филм во главата дека сите се исти како порано само мене така ми се чини user posted image

< Поракaта ја уредил linak -- 14.1.2015 11:33:18 >

(Одговор на членот mama_06)
Непосредна врска до пораките: 220
   RE: Постпородилна депресија
14.1.2015 13:54:49   
Melanija RR
linak депресија најмногу фаќа од околината т.е. од паметување.Мене тоа ме правеше тажна,депресивна, неразбрана, непочитувана (помалку умислено) ,каде ,што ,како со бебето..... Се зависи и од твоите сваќања дали и колку/каква помош сакаш.Јас многу несакав и на некој начин таа депресија или како да се рече кај мене траеше.Цела есен,зима.. дома па дома.... пролет шетај планирај кога ќе јаде,,па организација..... се тоа спздава немир и депресија.
Но тоа е со мало бебе.Јас се подобрив накај 9 месеци.Но и сега (17м) има друго чуство кое е радост но и тежина

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот linak)
Непосредна врска до пораките: 221
   RE: Постпородилна депресија
15.1.2015 0:24:37   
deluxe

ИЗВОРНА ПОРАКА: linak

Еве месец дена како сум породена и поприлично ме зафати и мене таа постпородилна депресија user posted image Прво уште во болница си се изнаплакав неколку пати (не дека имаше некоја права причина,ама така тешко ми паѓаше-изгледа хормоните ми полудеа после пораѓајот).Си дојдовме дома и првата недела си бев ок ,добро со проблеми околу доењето ама не беше страшно. Е проблемот дојде кога сите си тргнаа на работа а јас останував сама со бебушот,па почнува да ме фаќа паника,страв дека неможам да се справам,нестигнувам да се средам ниту нешто да средам дома.....и така до недоглед си паничам и се истурам од плачење user posted image Мајка ми доаѓа кога може да ми се најде во овие 40дена и ми дава утеха малку и поддршка,мм на работа до 16 часот па работа на терен му се погоди неколку пати неможевме убаво ни да се видиме ни да разговараме што мене ми паѓаше терет плус user posted image Па свекрвата соли памет,аха гладно е бебето затоа плаче,дајте му чај,дајте му млеко,стави го да цица.....од кожа да го извадат човек user posted image Единствено сега си земам магнезиум и Б6 демек малку да ме смират и пробувам самата да си помогнам оти ако потерам уте малку вака незнам како ќе завршам user posted image Ајде се тешам дека уште некој ден правиме 40дена па ќе мине и овај лош период. Плус да додадам дека сите околу мене ги доживувам како непријатели,дека никој веќе не ме сака,не ме почитува,сите се намќорести кон мене....итн што мм ми вели дека ми е само филм во главата дека сите се исти како порано само мене така ми се чини user posted image



Linak jas gi imav istite cuvstva sto gi opisa ti ,koga se porodiv so prvoto dete.Cel den bev sama,koga ke dojdese sveki se nesto maani mi naogase:gladno,stomak go boli,nahrani go,ne go drzi v race I SL...sigurno ti e poznato.Najmnogu se plasev koga bev sama,duri placev kako malo dete vo mrakuser posted image Ocajno mi trebase drustvo,nekoj sto ke mi gi trgne losite misli.Da bide tragedijata pogolema jas sred leto se porodiv,tie 40dena mi bea kako godini.Mesec juni/Juli a jas dremam doma so bebeto I se plasam da izlezam vo dvor(oti ne smeelo,taka padna naredba od sveki user posted image ) mojata depresija porasna do tolku sto zavrsiv na bolnica (pred 40 Dena)so visoka temperatura(nad 40) ,edvaj glava spasivuser posted image Potoa si go najdov lekot sto mi pomogna da izlezam of bezdnata,toa bese sestra mi.Taa iako detence (12g) doagase sekoj den,si sedevme ,muabet,ednostavno kako stravot da mi go zemase.Zatoa ti preporacuvam dokolku imas nekoja bliska rodnina sestra,bratuceda ili drugarka,da si gi povikas koga ke setis kriza,strav,panika.Nedostatok na druzenje I razgovor doveduva do taa situacija.So vtroroto dete bese veke druga prkazna,imav postojano nekoj do mene,toa bese pogolemoto dete,koe mi go ispolnuvase denot so smea,razgovor,ucenje.

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот linak)
Непосредна врска до пораките: 222
   RE: Постпородилна депресија
22.1.2015 0:16:57   
Sofi33
Zdravo mamicki,eve me i mene mamicka po tret pat.Sinoka moeto bepce bese uspano a jas nemozev spiam taka sum poveke vreme.Mi se dopadna vaseto druzenje pa resiv i jas da vi se pridruzam.Sakav da prasam nrjoja od vas dali ima problem so spienjeto.Podolgo vreme nemozam da dpijam i toa malku vreme sto go imam za dpienje jas ne spiam,posledniot mesec od bremenosta ne spiev vaka prodolziv i po poroduvanjeto pa di navrtev vo glava deka sko zaspiam nema da mozam bebceto da go slusnam koga ke place zosto podolgo vreme ne sum spiela ubavo,da ne ji bide poloso koga ke se razbudam....i uste eden kup gluposti.Placam bez pricina,prvite dve nedeli nekako ja isurkav ova pocna da me faka kriza i za nadvor ima li nekoj sovet za meneuser posted image

(Одговор на членот Malecka23)
Непосредна врска до пораките: 223
   RE: Постпородилна депресија
22.1.2015 10:42:45   
blue_blue
Sofi33, она што мене најмногу ми помогна беше комуникација со мои пријателки кои имаа исто бебиња. Во ваква комуникација со мајки кои ти се блиски пријателки сфаќаш дека нештото не ти се случува само тебе, дека сите минуваат низ исто и дека не си ненормална. Сите чувства ти се сосем нормална работа и доаѓаат како резултат на огромната промена која ти се случила и никој освен мајки во иста ситуација не може да те разбере...Друга работа која би требало да ја направиш е да го оставиш бебето меѓу два подоја на некој да го чува и да излезеш сама со друграки...да се трфнеш скроз од бебето и да не се јавуваш на телефон и да не проверуваш...едноставно да сфатиш дека и бе тебе бебто ќе е здраво и живо и ништо нема да му фали...а за спиење земи бедоксин или дијазепам од 2 мг за да запиеш...кога еднаш мирно ќе запиеш ќе сфатиш дека бебето сигурно ќе го чуеш во сон....а и да поплаче малку де ништо нема да му биде. На детето му треба здрава и одморна мајка, смирена....а оно може и да поседи малку гладно и мочкано...секако ќе порасне. Поздрав и не се секирај - сите сме минале низ вакви чувства и сето тоа минува....ќе бидеш ОК.

(Одговор на членот Sofi33)
Непосредна врска до пораките: 224
   RE: Постпородилна депресија
22.1.2015 13:26:50   
lukajana RR
Sofi33 штом ти е трето дете значи дека никогаш не си сама а тоа е добро за побргу да излезеш од кризата.Пробај повеке да се дружиш со другите деца,ангажирај се околу нив правете работи заедно додека бебето ти спие.Немој да се изолираш со бебето туку преку ден држете го бебето во дневна.Излегувај секој ден макар до продавница ако имаш на кого да го оставиш бебето.Ке поминат 40 дена брзо и веке ке стекнете некоја рутина и ке ти биде полесно.Јас кога се породив со второто секогаш викав дека немам време за депресија и со мало дете стварно немав.позз

< Поракaта ја уредил lukajana -- 22.1.2015 13:28:51 >

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 225
Страница:   <<   < Претходна страница  7 8 [9] 10 11   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  7 8 [9] 10 11   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?