Hopeful RR
|
Loveable Me, супер новости! Ајде со лесно нека помине се и да се радуваме на Мора да ми вратиш со две дунди, како инаку? Него, и јас сум донекаде поборник на лежењето, барем во првите неколку дена после ЕТ. Земав одмор една недела, за да не објаснувам многу многу на работа, и веројатно лежев од страв. Така првите 5 дена, па после почнав да се врткам по дома, следната недела на работа. Не е се до лежењето, циркулацијата во самата матка е многу битна (кај нас за тоа даваат аспирин или клексан). Плус, имплантацијата се случува одма, а кога ќе се вгнезди, гравитацијата ништо не му може. Може па лежењето помага чисто како одмор, да не се оптеретува телото со ништо друго за да си ја фокусира целата енергија на ембрионите, штознам. Мислам дека ни по светскиве ивф клиники нема параметри според кои советуваат едно или друго, туку чисто од искуство на докторот и соодветно на карактерот на жената. Ако е некоја активна, што вежбала, трчала и скокала (сега карикирам, ама ме сфаќате), подобро е да не лежи и да продолжи со нормални или малку намалени активности. Досега, не е ни докажано дали едниот или другиот метод имаат поголема успешност, а тоа што кај нас се советува лежење е веројатно од страв, или навика. Ти направи така како што интуитивно ти доаѓа. Ако сакаш земи само три дена одмор, па и не мора да лежиш дома, само дреми си, читкај книги, гледај филмови и слично, а ако те фаќа склет од тоа, оди на работа, секако нема да стоиш на нозе или да трчаш па да ти биде напорно. Не не слушај нас, слушај се себе си
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
|