|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  6 7 [8] 9 10   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Психолошки фактор
16.12.2014 19:39:45   
lilika9
Капина, ако ти се плаче плачи, ако ти се вика викај, се ти е дозволено. Никој не ни кажува колкав е овој пат што мора да го изодиме за да стигнеме до нашата цел. Некој луѓе на грешка си прават деца, на некој им е проблем штом ќе дознаат дека се трудни, а ние со коњски сили се бориме да стигниме до детенце. И ќе се срушиме, и пак ке се исправиме, и не знаеме до кога така ама мора да се продолжи оти секој месец носи нови надежи. Знам дека не ти е ни до нова година ни до ништо, верувај и мене не ми е, затоа и ќе ја чекам во друг град, само да избегам од тукашните. Ама тоа е една вечер и тоа ќе помине. Мора да си дадеш сила, да продолжиш да бидиш силна и храбра покрај се, бидејки се ке помине, ти остануваш останува и сопругот, вашиот брак во кој ке се развиваат детенца.

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 176
   RE: Психолошки фактор
17.12.2014 9:58:47   
Zoya
Девојки и ме расплакавте и ме насмеавте. Не можам да ви опишам колку се пронаоѓам во секоја од вас. Изгледа на сите начинот на кој го доживуваме стерилитетот и како поминуваме низ сѐ тоа ни е горе-долу ист. И ние си поминавме низ фаза на негирање на проблемот, на одење на инсеминации со надеж доколку се неуспешни дека има ивф. И стигнавме и до таму и го направивме и ивф-то но за жал кај нас не беше успешно. Гледано сега, од оваа дистанца не знам што да мислам. Дали не бевме доволно спремни за ивф-то, можеби стварно не бевме, иако јас мислам дека нема пар кој некогаш ќе биде целосно подготвен за ваков предизвик. Не знам, можеби така требало да биде, можеби има некој медицински фактор кој не е сѐ уште откриен. Како и да е, има моменти кога јас се обвинувам дека не бев доволно позитивна, односно некако песимистички го започнав целиот процес. Може и тоа има влијание, можеби нема.
Се радувам за сите кои успешно ја завршувате постапката и ми давате сила и надеж да продолжам понатаму и да верувам дека следниот пат ќе биде оној вистинскиот, успешниот. Не пишувам редовно, но секогаш кога ќе се навратам на форумов ми ја зголемувате позитивната енергија. Ви благодарам многу на сите, ве гушкам user posted image

_____________________________

Обиди од 2012;
IUI x 4 = /;
HSC 2013 (отстранет септум, изваден полип)
IVF #1 - /

(Одговор на членот lilika9)
Непосредна врска до пораките: 177
   RE: Психолошки фактор
17.12.2014 11:42:52   
Hopeful RR
Девојки, тешко е да се прифати, но едноставно така требало да биде. Неуспесите се дел од нашиот пат и тешки се, треба време да се прифатат и надминат, но нема друг начин.

Сакам да верувам дека има причина за се, колку и да не ни е јасна во моментот, и дека подоцна, се ќе ни стане јасно. What doesn't kill you only makes you stronger - тоа е девизата на сите ние што знаеме што е стерилитет. Медицината оди напред секој ден, фала богу нашите доктори се комплетно во тек со најновите постапки и терапии, и со трпение, сите ќе го победиме чудовиштето.

Во меѓувреме, не правете работи што ќе ви го отежнат процесот - ако ви е проблем да поминувате време со туѓи деца - баталете, кој сака нека се лути, терајте си го својот ќеиф, вие сте најбитни. Во целата оваа работа мислам дека многу е важно човек да биде конструктивно себичен - ај сеа, цел живот се за други, никој да не се налути, да не замери, а јас после ќе седам сама дома ко кретен... НЕ! Нема да им правите ќеифови на другите, нема да отстапувате од нешто што вас ви е битно и нема свесно да си создавате трауми. Баш ве заболе дали ќе ми дојдат на гости со деца или не, и дали ќе ви замерат ако одбиете, зашто во спротивно резултатот е тој - плачки сами дома и трауми. Секој со своето гајле!

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Zoya)
Непосредна врска до пораките: 178
   RE: Психолошки фактор
3.1.2015 12:36:51   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina

toa da sekako ovde veke nemam doverba vo nasite lekari inace ne e problem implantacijata vika matkata prifaka plod i vika tuka ne stanuva zbor za problem so implantacijata tuku nesto drugo a sto e neznamkaj nas sega nemase nikakovproblem a toa e najtesko veruvam oti ne ti e lesno i tebe znam no toa e sto e mnogu greski napravija nasite lekari ajde prviot pat spermogramot sega bre boze sto


ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina

abe ne strini tetki i neznam sto majka mi neznaese za moite problemi ne drug da znae lesno e da se sole pamet veke koga e se pominato jas si razrabotuvam strategii za ponatamu ama veke gubam i nadez i se oti ovde veke nemam doverba vo nasite lekari mnogu greski napravija ne bea sposobni da mi postavat pravilna dijagnoza sto mi se slucuva zosto nikoj uste prviot pat ne mi kaza toa toa da se ispita prvo pa posle ivf tuku ajde odma pak ivf



ИЗВОРНА ПОРАКА: lukajana

Капина ако губиш надеж и мислиш и да останам бремена џабе нема да го родам како мислиш да родиш.Мора малку позитивно ,секогаш кога те читам за твој или проблем на некоја друга рр ти само негативно гледаш.Сега може и ти е доста од болници испитувања и грешки на доктори ама мора малку позитивно.И сигурно има некој проблем ама кога тогаш ке го најдат и ке си добиеш дечиња.Не може да нема проблем да забремениш туку само да ја износиш бременоста до крај зошто би забременувала и природно.Ако не веруваш на нашите доктори оди во странство ама само со позитивни мисли.позз и се надевам дека оваа година ке ти се исполни најголемата желба.



ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina

jas seuste neznam ni sto ni kako ponatamu i samo jas si znam kako mi e i kako mi bese ssega dusickata koga se povtori pak i znam oti poveke ne sum istata mi treba vreme znaci prvo i prvo da se sredam psihicki a posle drugoto oti da ne bidam pogresno razbrana si zboruvam za sebe si mislam podbro da imav negativni beti odosto vaka mozda so vremeto ke mi se vrate nadezta sto ja imav znaci site znaat kolku jas davav nadez i na drugite i na sebe a sega mi treba vreme pred se zatoa sto ponatamu mlada sum enos napolniv 30 god i imam vreme uste da se boram so ova



ИЗВОРНА ПОРАКА: blue_blue


kapina, ќе пробам ова да ти го кажам во најблага и за тебе разбирлива форма водена од идејата дека иако апсолутно не сме на иста фреквенција во размислувањата можеби сепак ќе допрам до тебе и ќе ти бидам од помош. Не сум Ванѓа и не можам да знам што ќе ти донесе иднината ама донесувам логички заклучои и можам рака да дадам дека се додека ваков став имаш и само одиш по болници немајќи јасна идеја и слика што бараш, додека се замараш што рекла свекрва ти, јатрвата ти, Мирка и Славка, додека читаш на нет се и сешто без истото да го структурираш и почнеш да ги решаваш проблемите здравствени кои ги имаш (ако ги имаш) еден по еден нема да ти се случи здраво право дете. Да не грешам душа и можеби ќе звучам грубо, ама вистината е некогаш таква и ги цениме луѓето кои ни ја кажале најискрено во очи оти не освестиле, имам чувство како да уживаш (несвесно) да бидеш жртва и сите да те жалат дека само ти идеш по болници. Ставот ти е некако како сите да треба да те сожалуваат, а искрено нема зошто. Има многу примери од членки на форумов кои минале низ сито и решето и никогаш не се откажале...Еве прочитај ги на gina постовите, таа ми е пример како структурирано го решаваш проблемот, заедно со сопругот со верба и надеж...За себе - зошто во приказнава ТИ си најважна, ти посакувам да најдеш сила и да го смениш погледот на свет...Да ги заборавиш сите стрини, тетки, колешки, свекрви и приказни од луѓе кои везе немаат од проблематикава, и да се фокусираш на себе и заедно со сопругот да се изборите за она што толку го посакувате - ако тоа ви е цел на двајцата....Искрено се надевам дека ќе успееш и дека ќе го добиеш во 2015 толку посакуваното дете



kapina, борбата што немате деца 10 години навистина е различна он немање деца неколку години, те разбираме што ти е тешко, но доколку сакаш да продолжиш со борбата, мораш да одиш понатаму. Најди начин да се релаксираш, да разбиеш мисли од главата, многу ти е потребно тоа во овој период, а на кој начин реши самата она што те прави среќна и релаксирана. Позз

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 179
   RE: Психолошки фактор
3.1.2015 13:27:11   
scared RR
Јас да кажам дека воопшто не се согласувам со она што го кажа членката на Капина. Не одрекувам дека Капина стварно е негативна, ама мислам дека сето тоа и го направила оваа долгогодишна борба за дете, човек не негативен да стане, и со нерви ќе попушти и се. Патем каква врска има замарањето со тетки, стринки , комшии со неплодноста? Кешки да влијаеше тоа па да престаневме да се замараме и оп деца куп. И од она што ја имам читано Капина не кажуваше дека се замара со нив, туку дека има проблем со свекрвата од типот на тоа што и пререкува за деца дека немаат (па кој ќе остане имун на тоа да не го погоди реченото? ) Мислам стварно непотребна дрскост беше употребена во "советот". Се согласувам дека не треба однапред да си коби дека нема да биде успешно инвитрото, ама она дека сака да ја сожалуваме, побогу дај, од анонимен форум сожалување? Некоја добивка од тоа? user posted image Мене искрено ме изнервира напишаното а не пак на неа, на која се однесуваше тоа. Па уште и кажува се додека мислела така немало да и се случи дете? Молам? Немам коментар, на ова, едноставно не вреди ни да пишам.

< Поракaта ја уредил scared -- 3.1.2015 13:29:13 >

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 180
   RE: Психолошки фактор
3.1.2015 13:54:12   
kapina
Moram da najdam nacin sto kako ponatamu sega uste e skoro toa sto mi se sluci mi treba samo vreme da pomine sega plan mi e samo da setam malku pocesto izleguvanje druzenje so mm da se opustam psihicki oti psihata e opasna rabota a i koga zivees so stari ke ti go kazat toa i te kako ne od sto sakat da me povredat nego oti site znaeme sto odeme po tie patista oti i nim im tesko mozda ne tolku kolku nas no i niv gi boli toa

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 181
   RE: Психолошки фактор
3.1.2015 15:37:20   
Hopeful RR
Капина, ич да не ти е гајле дали старите ги боли, не може да ги боли повеќе од тебе. Знам дека ти е тешко, и имаш право да ти биде тешко, но битно е да си дадеш рок. Речи си на пример, еве, три месеци ќе жалиш и после со нови сили ќе почнеш пак. Секако е добро да излегуваш, да се дружиш со луѓе што немаат деца, да правиш други муабети и да се фокусираш на нешто трето, барем привремено. Ако немаш сила за сето тоа да го надминеш, консултирај се со психолог, ако ти е безвезе од муабети, најди некој од друг град, не мора никој да знае освен ти и сопругот, а може само да ти е од помош.

Оптимизам е најбитен во оваа работа, тоа е. И за расположение, и за сила и за волја да бркаш се што треба да бркаш. Разбирам дека имаш изгубено доверба од нашите доктори, но верувај, не дека ги бранам, ама според тоа што го читав на нет за светските ивф трендови, воопшто не заостануваме. Замисли, светскиот тренд за ивф успех е 40%, а Систина има успех од 65%. Се спроведуваат најнови терапии, постапки, и методи кои на многу други места не се прават. Не значи дека во Турција е подобро, или па Индија - дај, те молам, не размислувај за такви екстремни опции.

Мој совет ти е да останеш со Лазаревски и да не менуваш доктор тек така. Тоа што не успеало ивф-то не го прави лош доктор, и дај му шанса да ти се посвети и да ти помогне и тебе, како што им помогнал на многу други. Мора да имаш доверба и во еден момент да се препуштиш, без да бараш сама од страна. Запамти, ние не сме доктори, не сме студирале тоа и не можеме да се споредуваме со нив. Може во момент ни се чини дека нешто знаеме и повеќе од нив, ама сепак, знаат што прават, посебно докторите што се познати по успешни ивф-а.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 182
   RE: Психолошки фактор
4.1.2015 21:25:23   
kapina
Ne oni treba da vidat zosto prvoblighted ovum sega biohemiska bremenost znaci dvajca ginekolozi sega mi potvrdija deka spored beta hcg ima bremenost no kako i da e samo da otkrijat zosto mi se slucuva ova i ke mu dadam prilika na lazarevski sega pak se nadevam oti ke go najde problemot sega mi bese napravena beta hcg i toa kolku nedeli sum i pisese 4 nedeli a minatiot pat imase i gestaciska vrekicka i pise na izvestajot 6 gn i znam oti lazarevski ke go najde problemot zosto se slucuvat takvi bremenosti on imase mnogu nadez i sega oti prviot pat imav samo eden embrion i imase bremenost a sega dva i toa so odlicen kvalitet

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 183
   RE: Психолошки фактор
3.3.2015 15:53:05   
butterfly 00
Barav soodvetna tema, no ne najdov pa sakav da vi pisam zosto samo vie moze da me razberete, navistina mi e ponekogas mnogu tesko sto so soprugot ne mozam da si napravam muabet okolu ovaa tema za se sto ke mu kazam odma pocnuva da se luti kako po cel den sum na kompjuter i samo citam, deka sum stanala pogolem doktor od doktorite, mi vika ako se znaaes togas ajde da ne odime na lekar itn. Isto i vo bremenosta znaevme da se skarame mislam deka ne se obiduva da me razbere demek samo nie zenite sme se zalele deka ni bilo tesko, sme se vadele na hormoni, demek niv kako im bilo da ne slusaat po celo vreme kako ofkame, zborime na taa tema i vcera kulminacija sakav da mu kazam eden primer i pocna nervozno da zbori kolku sum bila jas negativna, samo za ova sum zborela itn. RR mi padna navistina mnogu tesko neznam mozebi jas ne se ni primetuvam veke deka se menuvam, navistina borbava so sterilitetov me menuva, se trudam da se odrzam kolku sto mozam pozitivna, no ima denovi koga i jas pagam i sakam da razgovaram so nekoj, mislam deka e nas problemot i treba da se potrudi da me razbere, mi vika so mene nemoj da zboris demek sme pravele muabet iljada pati ne sakal da go povtoruva muabetot, pogotovo otkako bev bremena haos mi se napravi vo organizmot, takvi padovi na cuvstva, izmesani, sto da vi kazam, zbor ne sum se pozalila doma dodeka sum primala hormoni deka mi e nesto ili slicno osven koga baram razgovor pa zatoa resiv vas da vi pisam. Vcera solzite ne mozev da gi sopram, pa i sega dodeka pisuvam, mozebi ne ve poznavam, no znam deka ke me razberete.

_____________________________

3 inseminacii, 2 IVF = / , 2 FET = /

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 184
   RE: Психолошки фактор
3.3.2015 16:03:43   
LoveableMe RR
butterfly00, се што пиша наполно те разбирам, јас подолго време се чусвтвувам така и се што напиша буквало се те разбирам, само овој период немам баш зборови да се изразам што чувствувам, некако ми секнаа зборови и немам сила да искажам внатре што чувствувам.

Ако забележа на емисиите за ИВФ, слични реченици размислувања, проблеми беа споменати од учесничките, што значи дефинитивно низ цел свет ситуацијата е слична, без разлика дали се работи кај нас или во странство. Дури и докторите кажаа дека ова е тежок процес и буди многу чувства, разочарувања, болки и страдања кај паровите. Разликата е што најчесто во странство имаат психолошка стручна помош во самите ИВФ клиники, специјализирани за ваков проблем и им стојат на располагање на пациентите. Па не е мала работа со години да се бориш со одреден проблем, а те сфаќаат тие што поминале по тој пат, другите малку потешко.....

Не знам како да ти помогнам, ако него му е подобро, па баталете се и не зборувајте веќе на таа тема, излегувајте, шетајте, ти терај си со читање, информации и слично, но не зборувај со него ако не сака...па може така ќе бидне?user posted image . Ти посакувам среќа и на сите нас, бидејќи и без да зборам, разбирам што сакаш да кажешuser posted image ....

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот butterfly 00)
Непосредна врска до пораките: 185
   RE: Психолошки фактор
3.3.2015 16:42:39   
kapina
I na mene me faka nekoj strav ovie denovi neznam zosto mnogu negativno sum raspolozena na mm jas ne mu davam da zboruva na ovaa tema si mislam boze 30 god sum si mislam nikogas ke nemam deca oti mnogu vreme se borime so sterilitetot na pocetokot bev polna so optimizam no sega poleka poleka toa se gube sakam da ostanam optimisticna no mnogu tesko dali vremeto si go prave svoeto sega bas na mm mu vikav da ne mi zboruva zatoa ne sakam da razmisluvam

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 186
   RE: Психолошки фактор
3.3.2015 16:55:26   
Hopeful RR
butterfly 00, прво да те гушнам силно user posted image

И јас комплетно те разбирам. Сите сме биле во ваква ситуација и ич не е лесно. Мене на почетокот ми требаше време да го убедам мм да направи спермограм, замисли, додека јас без проблем правев ХСГ и што се не... Едно време јас бев таа што го убедував дека имаме проблем, тој порекнуваше, па обратно, и тек после некое време и двајцата сфативме некои работи. Имавме и расправии, и дистанцирање еден од друг, и обвинувања до кого е и како е, и за да се надмине сето тоа беше потребно време, за што од подоцнежна перспектива си викаме, колку сме биле глупи што не збрзавме. Ама тоа е, човек поминува низ сите фази, посебно пак што ова е проблем на парот, треба време за и двајцата да апсолвираат одредени работи.

И мене мм ми викаше дека сум под стрес, дека само на тоа мислам, дека треба "да се опуштам" и да не мислам на тоа, дека сама се саботирам, и во тие моменти ми идеше да го задавам пошто се осеќав неразбрано и осамено, но едноставно различно ги сфаќаме работите. Додека јас се брзав за документи за ваучерот тој си беше лабав, додека јас го форсирав ивф-то тој сакаше да одиме на одмор, но ете, еден ќе попушти еднаш, другиот друг пат, се најдовме на пола и сега за сега се е ок, фала богу. Јас уште сум мрдната од хормоните и психичките аспекти на бременост после стерилитет, што е сосема нова тема, и мм исто полудува и колку да пробува да биде толерантен не му успева секогаш, но ете, возиме некако.

Можеби и ние жените бараме премногу од нив, можеби очекуваме да ги прифатат нештата како и ние, а различни сме, и по воспитување, и по очекувања на средина, и по физички аспекти - тука мислам на хормони, сепак. Ова што ви се случи е голем удар, но и голем успех - сепак ивф-то беше успешно и е огромен знак дека и следното ќе биде успешно. Од тој аспект, и на двајцата ви треба одмор и пауза.

Ајде да пробаме да бидеме објективни и да видиме што може и двајцата да направите. Прво, седни и разговарај со него, кажи му дека сепак ти треба поддршка и најискулирано замоли го за разбирање и толеранција. На сите нив сме им чудни во текот на овие процеси, но тоа е, не е секогаш по наша волја. Потоа, за твое и за негово добро, дигни рачна на овие муабети и 2-3 месеци потруди се да не збориш на таа тема. Ти продолжи си да читаш и да се информираш, ако тоа ти значи и ти помага, но не ги споделувај сите податоци со него. Не е лесно, знам дека сакаш да разговараш и да споделиш, но ете, ние сме тука, ќе си правиме муабет. Него пробај олабави го, нека се дистанцира малку од сето ова за да има волја и оптимизам за следниот обид. Ќе видиш, и тебе добро ќе ти дојде.

Ние сме секогаш тука за тебе, така што слободно жали ни се. Ќе плачеме заедно, како и досега, и ќе се радуваме заедно, сигурна сум. Во ситуацијава најбитна си ти, и ова е минимум што можеш да направиш за да си ја заштитиш твојата психа, а и да се спремиш за нови борби user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 187
   RE: Психолошки фактор
3.3.2015 17:39:53   
gina
butterfly 00 i jas potpolno te razbiram i znam niz sto pominuvas so tvojot soprug istoto sme go piminale i go pominuvame potpolno bi gi citirala vo se Hopeful i LoveableMe istoto i jab bi te sovetuvala i nie so mm non stop se raspravavme jas samo placev i mu vikav ti ne me razbiras ti nesakas da me svatis samo sum citala samo sum zborela za toa zatoa sum bila taka oti premnogu citas ostavi da tece kako sto treba ti stana ekspert za se te izbudale kompj.i takvi raboti
i barase da mu vetam deka nema da citam i otvoram i jas pred nego prestanav da citam i da zboruvam na taa tema se zamolcev nekoe vreme koga ne bese doma jas tuka se zalev i tuka si najdov podrska i razbiranje i poleka doma tenziite se smirija tema ne se otvarese koga mi bese tesko ce se zatvoram ili sama koga ce bev ce si se iznaplacev i taka poleka raspravite poprestana i ti taka pravi ne mu pravu muabet za toa neka se smiri i toj malku i ce se sredi mila period e i toa e sega mm sam me prasuva sto ima novo aj prasaj za ova aj prasaj za ona i veruvaj nekogas mu citam za site vas i koga ce se nasekiram za nekoja rr za neuspesno uli nesto drugo i toj se sekira i mi vika pisi im deka ce uspeat utesi gi eve nie uspeavme znaeme ovaj pat kolku e tezok i niv im e tesko samo sto tie ne se iskazuvat kako nas si cutat i si zbirat taka pravi mm i samo ce se vozduvnuva zatoa opustise ostavi go malku neka se olabavi a i ti sam ce pocne otvora tema za toa
i jas pak uste poveke sum nervozna i samo plakam e vcera se raspravavme znam deka i jas preteruvam ama hormonite izleda mi se vtavan i zivcite pa deneska pak se karav na ginekologija sto ne i se iznavikav na edna pa posle mi pominuva i pak istoto

peperutce za se sto ti treba tuka sme ne ocajuvaj slobodno pisuvaj si i iskazisise mene porano eden doktor mi vikase koga nekoj ne te razbira koga mislis ne moze da te svati pisuvaj si dnevnik za se sto ti se slucilo deneska taka da makata si e spodelila si e iskazala duri i ako e na list hartija a sega mozes i tuka namesto dnevnik misli pozitivno

user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 188
   RE: Психолошки фактор
3.3.2015 19:38:13   
Hopeful RR
gina, дневник е супер совет! user posted image Баш имам читано многу странски блогови за ивф и за стерилитет, луѓето се многу отворени за тоа и имаат потреба да споделат, за разлика од кај нас, кај што сме - ќути, да не чуе комшијата. Мене доцна ми текна на ивф блог, па почнав да им пишувам писма на бебињата. Се надевам нема да ми се смеат еден ден user posted image

Инаку, и мм беше потполно ист - прво беше муабетот: ај доста со тие форуми, само таму седиш, олабави се, сте се собрале и зборите за доктори и глупости, па после да премине во: дај прашај на форум што викаат за ова, за она, па се до радост и тага за секоја од нас и сечии приказни што му ги раскажувам. Се радува на секое успешно ивф и го потресува неуспех. Дури ме прашуваше дали има форум на кој пишуваат мажи за вакви проблеми user posted image

butterfly 00 мила, за твоето искуство му раскажував постојано, низ сите фази. Се радуваше кога остана бремена, се потресе кога го изгуби, и исто како мене, му олесна кога се испостави дека било даунче, па и двајцата се тешевме со логика дека веројатно има некоја виша сила која знае повеќе од нас и одлучува некои работи место нас, а за наше добро... Сакам да кажам, дај му време и простор на мт, фаза е. Ова е голем удар и за него, и ќе се оправи, ќе видиш. Ти треба силен и стабилен партнер покрај тебе за следното ивф и следната бременост, и овозможи му да стане баш таков. Ова искуство ќе ве направи и двајцата појаки и поповрзани, само треба да стиснеш заби низ тешкото user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 189
   RE: Психолошки фактор
3.3.2015 20:30:38   
gina
Hopeful bas ubavo sto im pisuvas na bebuskite jas si pisuvav za ivf i koga so mm ce se raspravav i koga poveke ce nemozev prestanuvav da se raspravam i si zapisuvav se taka mi se olesnuvase i za nesto koga ce bev iznervirana i koga ce dojdese do raspravija so svekrvata jas vo tefterot si pisuvav user posted image i stvarno pomaga
a zosto da se smeat ce se gordeat so nas koga ce citat kako sme se borele za niv i sme se raduvale

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 190
   RE: Психолошки фактор
3.3.2015 21:42:59   
kapina
Jas ne davam veke nikoj da mi zboruva na taa tema sega sum preokupirana so osmi mart kupuvanje garderoba setanje i ne sakam da se opteretuvam so ova a i na drugite ke im go kazam ova malku i relaks soping izleguvanje pocnav i redovno da vezbam 10 godini borba sto e mnogu mnogu e mm e toj sto mi zboruva na taa tema

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 191
   RE: Психолошки фактор
3.3.2015 22:34:06   
butterfly 00
Zenicki moi ve guskam najmnogu znaci dodeka gi citav vasite postovi tolku se pocuvstvuvav srekna sto sepak ste so mene i koga i da mi e tesko sekogas mi davate raka. Navistina sum srekna vo momentov, a za sovetite fala vi najmnogu i taka sega treba da pravime pauza pa malku ke se isklucam, sekako i mene posle spontaniot mi dadoa ispituvanja i celo vreme samo se tresam pred sekoj rezultat, a gi ima uste sto sledat i normalno e da ne mi e mirna dusata, otsega so vas ke spodeluvam zosto samo nie si cuvstvuvame na svoja koza kako ni e i moze da me razberete. No znaci hormonite se luda rabota moze da go poremetat covek, ete otkako go napisav postot resiv da se izrelaksiram otidov na shopping si se podnoviv zosto utre sum na promocija na kniga i nekako uspeav za moment da si ja smiram dusata.

_____________________________

3 inseminacii, 2 IVF = / , 2 FET = /

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 192
   RE: Психолошки фактор
3.3.2015 22:46:35   
Melanija RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful

Прво, седни и разговарај со него, кажи му дека сепак ти треба поддршка и најискулирано замоли го за разбирање и толеранција. На сите нив сме им чудни во текот на овие процеси, но тоа е, не е секогаш по наша волја

Ние жените сакаме и имаме потреба да разговараме и разглабаме, а кај мажите се е црно или бело.Ретко исклучоци.
Повеќето мажи немаат појма дека од тоа читање многу нешта се дознаваат и разбираат, некаде тоа е пресврт и успех до user posted image

Мора да се најде заедничка сила и разбирање на патот до user posted image со разговор и внимание да не се уништи бракот, тоа треба да го зацврсти посебно кога ќе дојде бебешкиот плачuser posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот butterfly 00)
Непосредна врска до пораките: 193
   RE: Психолошки фактор
3.3.2015 23:36:25   
kapina
Kaj nas prvo mm ne davase nikoj nisto da mu spomne na taa tema a sega jas sum taa sto ne dava da se spomne taa tema a on prave planovi sto ponatamu oti imame pravo na uste edno ivf preku fond prave raspored na se sto kako ponatamu i na kraj zivotot me nauci na edna lekcija da sme zivi i zdravi i ne sme pomalku vredni ako nemame deca peperutce ke ti kazam samo edno nie sme srecni sto ostanuvame bremeni pak ke ostaneme a za maz ti ostavi go malku veruvaj i na mazite ne im e lesno ne mu zboruvaj nisto na taa tema koga ke osete on potreba ke ti kaze oti saka da zboruva daj mu vreme gi bole i niv i toa mnogu zatoa taka reagira

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 194
   RE: Психолошки фактор
4.3.2015 10:55:22   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful

.......Имавме и расправии, и дистанцирање еден од друг, и обвинувања до кого е и како е...... И мене мм ми викаше дека сум под стрес, дека само на тоа мислам, дека треба "да се опуштам" и да не мислам на тоа, дека сама се саботирам, и во тие моменти ми идеше да го задавам пошто се осеќав неразбрано и осамено........



ИЗВОРНА ПОРАКА: gina

..... i nie so mm non stop se raspravavme jas samo placev i mu vikav ti ne me razbiras ti nesakas da me svatis samo sum citala samo sum zborela za toa zatoa sum bila taka oti premnogu citas ostavi da tece kako sto treba ti stana ekspert za se te izbudale kompj.i takvi raboti
i barase da mu vetam deka nema da citam...................



ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful

.....Инаку, и мм беше потполно ист - прво беше муабетот: ај доста со тие форуми, само таму седиш, олабави се, сте се собрале и зборите за доктори и глупости......



ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

.............Ние жените сакаме и имаме потреба да разговараме и разглабаме, а кај мажите се е црно или бело.Ретко исклучоци.
Повеќето мажи немаат појма дека од тоа читање многу нешта се дознаваат и разбираат, некаде тоа е пресврт и успех до user posted image
Мора да се најде заедничка сила и разбирање на патот до user posted image ....


Буквално копи-пејст кај сите иста ситуација, така што пеперутче исто како и другите, како јас да сум пишувала ова... сите го поминуваме или го поминале овој период, не сме сами, мора да се издржиuser posted image


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 195
   RE: Психолошки фактор
4.3.2015 12:04:29   
Kvisko
Сите така се чувствуваме. Нормален дел од процесот е изгледа. Веројатно тоа ќе не направи појаки на крајот од денот.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 196
   RE: Психолошки фактор
6.3.2015 17:50:16   
vazna
Devojki koga gi procitav vasite postovi si pomisliv kako jas da sum gi pisuvala, kaj site ista situacija user posted image jas pak si mislev samo mojot maz e takov ne saka da me razbere, i nie celo vreme sme napnati samo se raspravame, celo vreme mi vika deka jas sum pshicki i deka od sto sum nervzna ne mozeme da imame deca, do nekade znam deka e vo pravo ama ova e posilno od mene. Eve sega sme pred invitro pravenje i krieme od site nikoj ne sakame da znae zosto ziveam vo takva sredina sto site samo me rasprasuvaat "ajde do kade ste, ajde do kade ste " i me pravat uste po napnata i preku glava mi dojdoa. A mene pak mi se uvrtele nekoi misli vo glavava i mnogu loso se osekam deka sum pred invitro, se mislam oti rabotava nesto ke mi trgne na opaku, ako ne mi izvadat ni edna jace kletka, pa sto ako ne se oplodat, sto ponataka ako e neuspesno lele nezam mislam ke pobudalam od edna starna sum sreka sto ke pravam invitro ama od druga crni misli mi idat i go gnjavam maz mi. Sinojka mi rece ako mislis vaka parno da ne pravime invitro. Neznam mnogu sum nekako isplasena i od ovie site hormoni sto se primaat i da vi kazam duri i ne mozam da spijam noke i koga ke zaspijam se sonuvam bebinja deka se moi deka sum rodila od sto mislam, devojki izvinete na dolgiot post ama morav da se iskazam na nekogo zosto pred site pocnav da ja odbegnuvam temava i samo vas mozam da si ja kazam makata vie najdobro me razbirateuser posted image user posted image ve guskam site pozzz.

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 197
   RE: Психолошки фактор
6.3.2015 21:20:29   
gina
vazna user posted image
i jas bev takva sega poslednovo ivf te citiram " Eve sega sme pred invitro pravenje i krieme od site nikoj ne sakame da znae zosto ziveam vo takva sredina sto site samo me rasprasuvaat "ajde do kade ste, ajde do kade ste " i me pravat uste po napnata i preku glava mi dojdoa. A mene pak mi se uvrtele nekoi misli vo glavava i mnogu loso se osekam deka sum pred invitro, se mislam oti rabotava nesto ke mi trgne na opaku, ako ne mi izvadat ni edna jace kletka, pa sto ako ne se oplodat, sto ponataka ako e neuspesno lele nezam mislam ke pobudalam od edna starna sum sreka sto ke pravam invitro ama od druga crni misli mi idat i go gnjavam maz mi.

samo opustise i jas bev takva mm ova ivf kako da me turkase jas duri i mu vikav ti me terase sega da pravam jas ne sakav mislev deka uste ednas ce se razocaram ama ete bidna site go pominuvame toa so strav ama mora stravot da go potisnime i da mislime pozitivnouser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот vazna)
Непосредна врска до пораките: 198
   RE: Психолошки фактор
6.3.2015 21:44:15   
kapina
i mene me rasprasuvaat no.tie sto se pominale niz toj pat sabajleto.bas edna moja dalecna rodnina me prasa zatoa no i ona ostana bremena so ivf. i rodi bliznacki. na 36. god i si deleme iskustvo ona nema 17 god deca sega vo mart bliznackite ke polnat 3 god

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 199
   RE: Психолошки фактор
7.3.2015 10:41:40   
Hopeful RR
vazna, не се секирај за тоа што зборат од страна, и пробај - од едно уво влегло, од друго излегло. Ни ние не кажувавме дека сме во постапка, освен на најблизок круг на луѓе, и подобро е така. Нормално е да се плашиш и да бидеш напната, зарем некој се радува на такви процедури и терапии... Факгт е дека сознанието дека сме дошле до ивф е потешко од самиот ивф процес, бидејќи сите го гледаме тоа како да е - скраја било, тие и тие не можат да имаат деца и дојдоа до ивф!!! Од рекла-казала бапски муабети нема аир, така што ишкај си ги тие мисли.

Ова ќе ти трае се додека не почнеш, после ќе видиш дека не е ни страшно, ни комплицирано, ќе се завозиш и самото ќе те тера. Хормоните не се до толку како што се збори, и мене ми беше од тоа страв ама подносливо е, а за јајце клетки немај гајле, секако ќе имаш.

Пробај и ти олабави го сопругот, и на него не му е лесно. Не му ги кажувај баш сите твои чувства, сонови и стравови, остави го и тој да се спреми за постапката. Ова е тешко и за двајцата и мора да си помагате.

А за муабетите на другите, нив ќе ги има секогаш - ние после успешното ивф, се соочивме со реакции од типот - ех, ама со ивф се трудни, не е исто, или - којзнае чии деца ви ставиле, не се тие ваши, и слично. Нас ни е гајле и само им се чудиме на паметот user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 200
Страница:   <<   < Претходна страница  6 7 [8] 9 10   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  6 7 [8] 9 10   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?