Azzura
|
Здраво девојки, еве и јас да се јавам. Утре влегувам во 15-та недела, јас сум малку помалце од сите вас, колку што успеав да прочитам...Сега за сега бебето е добро, правев Приска во 12-та, и бидејќи не можеа и на клиника и матичниот да ја најдат носната коска, отидов на 4Д во Сиситина, кај д-р Петровска. Таму се виде се, и дека најверојатно е девојченце Од Петровска сум задоволна, ептен е профи и супер докторка. Гледам дека не сум единствена во стравовите. Постојано си го пипкам стомакот дали расте, се плашам да не ми се случи нешто, бидејќи лани имав missed abortus - плодот не се развиваше и мораа да ме исчистат. Некаде прочитав дека стресот е најлош за плацентата, бидејќи предизвикува дисбаланс на хормоните, кои можат да предизвикаат намален доток на крв, и бебето да нема доволно кислород. Така да - помалце нервоза. Од лекови примам се уште утрогестан (вагинално) и магнезиум, и премама, и аспирин (заради разредување на крвта). Не сум се здебелила многу, можеби пола кило до кило...и малку сум збунета за тоа, но добро, ваљда не е страшно. Понекогаш имам главоболки од времево досадно, ако гледам дека долго ме боли пијам парацетамол. Но, докторот ми рече дека ептен ме боли, да не можам да издржам, слободно да се напијам и нешто посилно како кетонал (не е страшно, ако е едно апче, но не во 3 триместар). Инаку, и јас одам по 2 пати во тоалет навечер, и тоа ме нервира, но ајде некако и на тоа се навикнувам само беболината да е добра. Ве поздравувам сите и уживајте
|