|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 [4] 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Како да го победиме стравот од возење и х...
12.3.2012 14:53:26   
Mihaela 2010
Polozeno pred 12-13 god vozeno 1 godina i treba definitivno da zemam casovi da se opustam,ama nekako strav me fakja,pogotovo sega vo ova vreme koga vozat ludo.Dzabe tie ako si dobar sofer koga drugite gresat.Iskreno mnogu sum napnata duri i koga me vozat a kamo li jas da vozam pa i dete u kola.Stvarno saakam da se uhodam,da ne maltretiram drugi luge,vaka zemi si deteto i setkaj.

(Одговор на членот Cipi Ripi)
Непосредна врска до пораките: 76
   RE: Како да го победиме стравот од возење и х...
12.3.2012 15:06:48   
Cipi Ripi
Maco ic ne se sekiraj, bukirana sum kaj tebe prvo, toa veteno si e. A Mihaela vo pravo si za toa deka treba da se plasis od drugite, jas instruktor sum, na se zivo se imam kaceno i koli i motori, pa majka mi den denes mi vika : kerko mi e strav od drugite koga vozis i obucavas. Ama se pominuva, so vozenje ke naucis da gi pratis drugite.

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 77
   RE: Како да го победиме стравот од возење и х...
12.3.2012 15:08:18   
mama toci
vozacka imam 10god,aktivno vozam 8.Makata me natera,mm postojano otsuten,so malo dete...Vo pocetokot bese tesko,on e profi sofer pa baranjata mu bea golemi.Ednas me sledel jas so bebce se parkiram,on mi se javue i mi vika-zeno da znaev kako parkiraske ti kupev lada niva,a ne kulturna kolauser posted image ,i seuste imam trema pred nego,iako vika deka super se snaogam,stom mi gi doveruva i dvete deca.No sekogas vikam Gospod da me cuva,ne zavisi toa samo od mene.

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 78
   RE: Како да го победиме стравот од возење и х...
13.3.2012 10:09:42   
Felly RR
Јас може година и пол немав возено, и вчера прв пат после толку време седнав зад воланот. Заедно со мм, ама првиот круг, цела бев стегната, на враќање малку се опуштив. Треба уште неколку пати да повозам со него заедно, па после сама.
И жени, леле, многу ми е проблем да возам во рикверц. треба да одам на десно - јас вртам лево.user posted image user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот mama toci)
Непосредна врска до пораките: 79
   RE: Како да го победиме стравот од возење и х...
13.3.2012 10:19:06   
vezilka RR
Леле не знам што ќе правам, мажле секој ден ме притиска ајде седни да возиш, а јас не можам, ми е страв та ќе пукнам. Мисам дека сум антиталент за возење. А и ич не ми е ќеф. А тој нон-стоп ми вика сите возат само ти не, возачкана не прашина, рѓа ти фатила..Маф ми е работата.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 80
   RE: Како да го победиме стравот од возење и х...
13.3.2012 10:21:23   
mamicki
Hahahah, na temava sum epten kompetentna da pisuvam. Jas imav ne strav, tuku fobija da vozam, mojot instruktor i denes se smee deka sum vrvno postiganje vo negovata kariera user posted image
Kako go pobediv stravot? Potrebata da vozam stana pogolema od nego. Nekojpat uzasno brzav da stignam nekade, cupkav pred vrata cekajki go povikanoto taksi, a avtomobilot tuka, da pukne covek! I potoa, ednas me vozese nekakov prostak, granicen slucaj megju moron i idiot, i sama na sebe si se smeev.
Vsusnost, vozenjeto e motoricka vestina, kolku povekje vozite, tolku podobro vozite. I, taka resiv da stanam sofer, ne da dobijam vozacka dozvola, tuku da vozam. Pocnav od 0, uporno, uporno, uporno vezbav, nadvor od platenite casovi i so soprugot izvoziv uste najmalku 100 km, hahah, toj veli deka stom togas ne se razostavivme, i zlatna svadba kje proslavime user posted image , otidov i poloziv i ottogas se nemam simnato od avtomobil, se prerodiv, iskreno.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 81
   RE: Како да го победиме стравот од возење и х...
13.3.2012 12:28:38   
temjana
ајде жени акжете некоја добра автошкола што дава на рати, ама да има добри инструктори што не се дерат и не туфкаат ако утнам гас со кочница, и што ќе се фини со менеuser posted image user posted image user posted image Мм ме напна да положам пред да се породам зошто сум му била веќе досадна, сите биле со возачки само јас сум се паничела безпотребноuser posted image

(Одговор на членот mamicki)
Непосредна врска до пораките: 82
   RE: Како да го победиме стравот од возење и х...
13.3.2012 19:18:00   
kremco
VOZEVuser posted image user posted image Vozev i toa sinokja,navecer a idiotive stedat struja pa ulicni svetla izgaseni,ama jas nemam problem so vozenje,znam da vozam imam problem so stravot i togas pravam glupavi greski,so maz mi se iskaravme i poludev...
Ama sinokja ja zemam zolva mi ,16god i kjerka mi i bozem do apteka,namerno gi izgubiv kapkite na kjerka mi,i staviv gorivo a benzinskata i aptekata se daleku,znaci se uveriv ne e do soferot,do tremata e,vozam odlicno ama brate neznam zosto se tresam i treperam od stravuser posted image pak!! bese podobro otkolku so maz mi,znaci se uveriv deka znam da vozam ama trenata mozebi e od posle poroduvanje...

(Одговор на членот temjana)
Непосредна врска до пораките: 83
   RE: Како да го победиме стравот од возење и х...
18.4.2012 20:57:17   
Snow Queen
јас полагав во Селика, и сум презадоволна Наде Стојановска ми беше инструкторка-ѕвер жена!!!
Прекрасни часови низ муабет и смеа, и фала богу се положив од прва и на се (прва помош,тестови,полигон,градтска),немав ниту една грешка-со нула негативни....се разбира сето тоа и го препишувам на Наде.

_____________________________

07.04.2006........до ден денес со саканиот сме лудо вљубени

(Одговор на членот kremco)
Непосредна врска до пораките: 84
   RE: Како да го победиме стравот од возење и х...
19.4.2012 8:37:14   
temjana

ИЗВОРНА ПОРАКА: Snow Queen

јас полагав во Селика, и сум презадоволна Наде Стојановска ми беше инструкторка-ѕвер жена!!!
Прекрасни часови низ муабет и смеа, и фала богу се положив од прва и на се (прва помош,тестови,полигон,градтска),немав ниту една грешка-со нула негативни....се разбира сето тоа и го препишувам на Наде.

Ајде ќе ја побарам Наде па да видиме дали и од мене може да направи шоферuser posted image

(Одговор на членот Snow Queen)
Непосредна врска до пораките: 85
   RE: Како да го победиме стравот од возење и х...
24.9.2012 17:29:06   
lilicka
Веќе 12години сум возач.....но по сообраќајката си имам страшни трауми....возам и сега ама со страв невиден поготово кога детето ми е позади.....многу се плашам незнам како да го надминам ова а не ми се дава пари по такси кога имам 2 коли дома а за автобус не ни помислувам!!!
Имам ужасен страв user posted image user posted image user posted image мислам дека сообраќајкава ме средии!!!!

(Одговор на членот temjana)
Непосредна врска до пораките: 86
   RE: Како да го победиме стравот од возење и х...
25.9.2012 12:29:12   
sandriana RR
Возев секогаш и секаде дур не останав бремена-тогаш ме фати една паника, не ни помислував да седнам зад волан-и секогаш малтретирав некого да ме возика горе-долу....(катастрофа,се чувствував ко паразит).После, откако се породив, пак ми беше страв да го возам бебето, и пак истите расправии со мм-имаш кола, супер возач си, а не сакаш да возиш.....Е, ме фат инает, не ми се доседува дома, а не секаде можам да стасам пешки/со количка со бебе-па си набавив седиште, и сега нека ме сопре некој да не седанм во кола и да фатам штрафта кај сум намислила...user posted image . Храбро девојки-која имате можност - фрлете стравовите зад себе и фаќајте се за воланuser posted image

(Одговор на членот lilicka)
Непосредна врска до пораките: 87
   RE: Како да го победиме стравот од возење и х...
30.11.2014 19:50:37   
caciana
Jas sega na 23 godini zapocnuvam da go pobeduvam stravot i da vozam so decko mi na eden parking.. Malku po malku da se opustam user posted image

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 88
   RE: Како да го победиме стравот од возење и х...
30.11.2014 19:51:48   
scared RR
откако положив одма седнав зад волан, обожавам да возам немам никаков страв, веќе 3 ипол години како сум возач.

(Одговор на членот caciana)
Непосредна врска до пораките: 89
   RE: Како да го победиме стравот од возење и х...
8.3.2015 19:37:12   
vezilka RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Леле не знам што ќе правам, мажле секој ден ме притиска ајде седни да возиш, а јас не можам, ми е страв та ќе пукнам. Мисам дека сум антиталент за возење. А и ич не ми е ќеф. А тој нон-стоп ми вика сите возат само ти не, возачкана не прашина, рѓа ти фатила..Маф ми е работата.


Јас уште сум на исто. Уште не возам, а во моментов за да се организирам со двеве деца да ги разнесам кое каде треба ми требат милиони денари и милјарда живци. Во моментов потребата од возење ми стана ептен ургентна., Ајде кажувајте чаре, што било, па дури и на бајачка да појдам ако треба.user posted image

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 90
   RE: Како да го победиме стравот од возење и х...
8.3.2015 20:22:59   
Hopeful RR
Нема бајачки, само седни и вози user posted image

Отидете со мажле на некој поголем паркинг, за викенд или рано сабајле, кога е попразно, и едноставно врти кругови. Ако ептен ти е безврска, јави се кај инструкторот по возење и замоли го за дополнителни часови, колку да се развозиш. Секако клучно е да излезеш сама на улица. На почеток, излези во недела сабајле - мерак е за возење. Врти си крукчиња, забрзај, успори, ќе видиш, одма ќе се опуштиш. Процени кои рути редовно би ги возела и извози ги сто пати. Вежбај паркирање на големи празни паркинзи прво, па после и на полни.

Јас имам дозвола од пред сто години, ама немав кола и затупев. Одма после полагањето возев бааги, и уживав во тоа, ама кога немаш кола се некако се менува. После неколку години со мм, си викаме и двајцата - дај да провозам, нема смисла, имаме топ кола која ич не троши, а јас фрлам пари на автобуси и такси за до работа, или па он иде да ме однесе и да ме земе, дупли трошок. И така - почнав исто вака, со мм на паркинг, ама мм не е познат по големо трпение, а јас ко за греота имав огромен блок и страв, без причина, па и се јавив на инстукторката и и реков, слушај, дај развози ме пошто се е џабе. Не ми требаше многу, колку да се навикнам на колата, димензиите, да си ја разбудам моториката и сега уживам да возам, и се сметам себе си за добар и одговорен шофер. Возев и во странство, по локални и интернационални патишта, автопати, и по иницијалната возбуда, ок беше. Реално многу менува и олеснува, дури незамисливо ми е дека сум чекала толку време за да се вратам во мод user posted image Дури сега сфаќаме дека ни требаат две коли, па и тоа ни е во план, здравје.

Реално, неопходно е да возиш, посебно пак штом имаш дозвола. Со две деца, бога ми, тешко инаку. Ајде, стисни заби и почни user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 91
   RE: Како да го победиме стравот од возење и х...
9.3.2015 8:26:35   
Bea
Vezilka, штом е толку итна потребата - седнувај и вози. И мене лани маката ме натера, имав 8 години возачка, а не возев воопшто, ама дојодов до моментот да едноставно морам да сум независна од мм и такси. Нон стоп во движење, беше еден период на константно развезување на моите по болници, лекари, пазарење, аптеки, па не можеш секогаш со такси... и едноставно - мечка страв мене не страв, седнав и почнав полека полека да возам.
Како што рече Hopeful, прво провозете се неколку пати кога нема гужва низ сообраќај, колку да стекнеш осет за самата кола. Мене многу ми олеснуваше да си направам рута од дома. Однапред си планирав каде ќе свртам, во која лента ќе се престројам да ми биде полесно, каде ќе паркирам и така полека полека се опуштив.
За паркирање уште не сум 100% сигурна, имаме гломазна кола, што не ми е баш прегледна, ама и тоа полека, претпазливо, ќе биде.
И најаважно, батали ги будалите околу себе! Не мораш да брзаш, да правиш глупости, пуштај ги тие што се убацуваат дивјачки за да уштедат една минута време, смирено, а сигурноста ќе си дојде.


(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 92
   RE: Како да го победиме стравот од возење и х...
9.3.2015 10:49:08   
Felly RR
Везилке, како што кажаа и другите - потребата ќе те натера да го победиш стравот. И мене исто како на Веа ми помагаше да си направам рута по која ќе возам. И после неколку пати одкако ќе поминев по таа рута до работа, па бирав друга. Бирав широки улици, а ги избегнував тесните улички, ако не си сигурна дека можеш да паркираш на некое место, ќе си одбереш пошироко, макар и подалечно, и најбитно е да почнеш да возиш сама, а не цело време со некој друг, бидејќи кога возиш со друг, или тој ќе ти ствара паника, или пак ќе очекуваш од него цело време да ти каже каде да свртиш, каде кој има предност и сл, а вака кога возиш сама, сама ќе треба да се снајдуваш.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Bea)
Непосредна врска до пораките: 93
   RE: Како да го победиме стравот од возење и х...
9.3.2015 14:53:22   
Kvisko
Vezilke мајката му е мечка страв мене не страв. Само треба да решиш и да почнеш. После толку години не возење можеби е добро да земеш еден два часа со инструктор чисто колку да се вратиш во ритам. Потоа полека со некој што има живци и трпени и пред ког нема да имаш трема (не значи дека е тоа задолжително мажот) сврти неколку крукчиња низ град и обавезно повежбај паркирање. Ако ти угасне кола на семафор или поспоро поаѓаш веднаш ќе почнат да ти свират ама ти ич не им обрнувај внимание вози како ти е тебе ќејф.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 94
   RE: Како да го победиме стравот од возење и х...
10.3.2015 18:30:29   
Maya1
Полагам за вазачка ама ич не сакам да возам долги и гломазни автомобили. Мажот ми ми вика ќе ти купам специјално за тебе едно YUGO хехе. Од кога останав бремена мн се плашам да возам автомобил незнам зошто. user posted image

(Одговор на членот majka 79)
Непосредна врска до пораките: 95
   RE: Како да го победиме стравот од возење и х...
10.3.2015 22:13:11   
vezilka RR
Готово решив, во недела ја правам првата тура. Тргајте деца од улица user posted image user posted image user posted image . Ќе пишам update у недела.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот Maya1)
Непосредна врска до пораките: 96
   RE: Како да го победиме стравот од возење и х...
11.3.2015 8:39:01   
Kvisko
Ај со среќа нека е user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 97
   RE: Како да го победиме стравот од возење и х...
11.3.2015 8:53:13   
sandriana RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR

Возев секогаш и секаде дур не останав бремена-тогаш ме фати една паника, не ни помислував да седнам зад волан-и секогаш малтретирав некого да ме возика горе-долу....(катастрофа,се чувствував ко паразит).После, откако се породив, пак ми беше страв да го возам бебето, и пак истите расправии со мм-имаш кола, супер возач си, а не сакаш да возиш.....Е, ме фат инает, не ми се доседува дома, а не секаде можам да стасам пешки/со количка со бебе-па си набавив седиште, и сега нека ме сопре некој да не седанм во кола и да фатам штрафта кај сум намислила...user posted image . Храбро девојки-која имате можност - фрлете стравовите зад себе и фаќајте се за воланuser posted image

Јас да дадам поддршка на страшливците само user posted image
Сега, бебе Илина ја возам сама од кога наполни 1 месец. Уставри, сега ги возам сите - и двете деца сама, и децата на другарките на куп user posted image
Мотив- не сакам да бидам зависна во овој поглед од ништо и никого user posted image

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 98
   RE: Како да го победиме стравот од возење и х...
11.3.2015 9:55:57   
Felly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Готово решив, во недела ја правам првата тура. Тргајте деца од улица user posted image user posted image user posted image . Ќе пишам update у недела.


Јееееее!!!Ептен ме израдува Везилке! Со среќа user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 99
   RE: Како да го победиме стравот од возење и х...
11.3.2015 10:05:07   
blue_blue
Јас не се сеќавам да сум имала страв од возење...напротив, положив на 18 години и неколку месеци и од тогаш возам...имам сто години стаж возачки и не можам да замислам да живеам без кола зошто многу ми го олеснува животот. Возам и во СК и надвор од СК...Vezilka, прво види што тоа те плаши...дали е тоа страв дека ти нема да возиш како треба и ќе предизвикаш несреќа или е стравот од каубојското возење на луѓево во СК. Ако е второво неможеш не знам што да направиш, освен да си речеш дека тоа е така...може и на улица да идеш и саксија или вреќа тешка со ѓубре да ти падне на глава...твоето возење и секако не влегување во ризични ситуации можеш многу да го контролираш. Како и се друго така и возењето е рутина и се станува подобар со вежбање. Како што ти кажаа другите, за почеток вози кога не е најголема гужва и кога не врне. И не вози со маж ти до тебе, за почеток оди сама (без него и деца) или евентуално со некој кој е подобар возач а нема да ти соли памет, чисто колку да се осеќаш посигурна. Испланирај ја рутата за да знаеш кај идеш и пробај за почеток веднаш да бидеш во лентата во која треба да си за вртење, правец итд за да не си набиваш нервоза што никој не те пушта да се престориш. Обавезно испланирај кај ќе се паркираш макар било тоа и подалеку ама да си сигурна дека можеш (обично на сите им е најтешко паралелно паркирања така да за почеток избегнувај го и исто избегнувај тесни паркинзи со паралелно паркирани коли у средина). Живот во СК со две деца без кола и гњаважа. Кога ќе видиш колку ти е полесно и колку уствари не е сложено да возиш ќе се препородиш. Значи не мора да сакаш да возиш и да уживаш ама можеш да возиш од потреба...мада што знаеш може ќе го најдеш и задоволството во возење...јас обожавам да возам со музика до даска без никој у кола....многу добаро е за намалување на нервоза...

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 100
Страница:   <<   < Претходна страница  1 2 3 [4] 5   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 [4] 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?