|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Петок 13
13.11.2009 22:43:08   
mami
Еве помина и тој ден..мене не ми беше ништо поразличен од другите, дури и на петок 13 ми се имаат случено мноооогу убави работи. Сепак некои веруваат дека е несреќен ден, дека тој ден треба посебно да се внимава. Како вие го доживувате петок 13, дали ви е само обичен ден во календарот и ли ви е Баксуз ден?
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Петок 13
13.11.2009 23:24:24   
Еца
Она во што силно веруваш тоа доаѓа, така да оние кои веруваат дека петок 13 е баксуз ден, таков и ќе им биде. Нормално чекаат на некој подсвесен начин да им се случи нешто и тоа си доаѓа. Барем јас така гледам на работите. Најобичен ден, исполнет со сите обврски како и сите други денови. Мисли позитивно, смеј се и кога ти се плаче, животот и не е така лошuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Петок 13
13.11.2009 23:28:52   
delfinka
licno za mene sekoja godina koga se pogoduva petok i toa 13 mi e dosta ubav den
denes mi bese isto ubav,ispolnet so prosetki,sredbi i podnovuvanje
mislam za ovoj mit samo prikazni se pletat

_____________________________

sekoj e blagosloven ako veruva vo boga

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Петок 13
13.11.2009 23:40:43   
Викторија
јас пак воопсто несе ни сетив дека е Петок 13.Ама колку убаво си поминав овој ден за разлика од изминатава неделаuser posted image .неверувам во вакви работи.user posted image

(Одговор на членот delfinka)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Петок 13
12.4.2010 19:12:10   
Rossana
Za nekoi Petok 13 e baksuzen den... no jas GO SAKAM PETOK 13user posted image user posted image user posted image user posted image . jas i moeto milicko sme zaedno od 13.02.2009-Petokuser posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Викторија)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Петок 13
13.4.2010 14:58:37   
Bogdancanka
еве јас собракајката ја имам правено на петок 13 али не го сметам како малерозен ден туку како еден обичен дехн како и сите други тоа што мора да се случи ќе се случи без разлика кој ден е тоа е мое мислење...

_____________________________

Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........

(Одговор на членот Rossana)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Петок 13
13.4.2010 15:05:32   
arh_diz
Za mene dosega Petok 13 e kako sekoj obicen den , A nekogas i neprimetuvam deka e Petok 13

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Петок 13
13.12.2013 10:32:53   
Mihaela 2010
Denes e petok 13
Go smetate za nesto poseben denov???
Mene pretezno ubavi raboti mi se slucuvale, ednas u avtobus se vozev i eden patnik mi se vrti i mi dade cvekjence deka sum impala ubavi ociuser posted image

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Петок 13
13.12.2013 10:40:12   
sandriana RR
Да не ја видев темава - немаше ниту да се сетам дека е Петок 13 user posted image Иако цело утро пишувам датуми, и на Т и утрово реков дека е петок и уште денес е во градинка, па 2 дена одмор дома, ама на крај памет дека се поврзани :)
АКо не го исперцепирам денот како денес, не ми минуваат никакви мисли низ глава, ама ако знам дека е баш тој ден, ќе ми проработат малку суеверни пеперутки низ стомак.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Петок 13
13.12.2013 10:40:52   
niki
user posted image epten, da ne pisese komentar nemase ni da znam deka e denes baksuzniot denuser posted image
edinstveni spomeni mi se muabetite okolu vakvite denovi, ne pomnam ni nesto ubavo ni loso da mi se slucilo
obicen den

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Петок 13
13.12.2013 10:42:26   
mommy_angels RR
Еве зошто се дружам со вас user posted image , да не бевте вие немаше да приметам дека е петок 13 user posted image user posted image
Ма не ми значи ништо,ни по добро ,ни по лошо
Се надевам така и ќе остане

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Петок 13
13.12.2013 11:22:07   
Bethany
еве петок 13 (и јас сега дознавам) да го запишам бидејќи чудо се случило. user posted image
Син ми спише до 10 user posted image , сто пати го погледнав да видам дали дише, од што ми беше чудно, никогаш се нема случено.

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Петок 13
13.12.2013 14:00:06   
Snowhite RR
Јас на петок 13ти почнав да работам во оваа фирма каде што се уште работам, дали е добро или лошо кој знаеuser posted image
Инаку денеска на директорот му спремав некои документи за Скопје за важен состанок и ги заверувам и прво ми рече да ги заверам на денешен датум и кога пишував му кажувам дека е петок 13ти и ми вика, ее ај 12ти пиши. Као не сум суеверен, ама сепак важна работа е ова да не баксузирамеuser posted image

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Петок 13
13.12.2013 14:17:11   
Defne90 RR
Nitu mene ne mi znaci nisto znaci voopsto ne sum sueverna koga stanuva zbor za takvi raboti petok 13 obicen den kako i site.Ijas nemase ni da zabelezam deka deneska e 13 da ne procitav na rorumot.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Петок 13
13.12.2013 15:40:58   
AnnaMolly RR
Како за „баксузен“ ден, баш убаво ми помина денешниов петок 13. Зедовме плата, ни кажаа дека ќе не носат на новогодишна прослава од работа :) Башка петок, крај на работна недела. Убавини!
Филип ми е роден на 13 (до душа недела ден беше кога се роди) ама следниот роденден му се паѓа баш на петок 13 и сигурна сум дека и без разлика на тоа супеееееееер ќе си поминеме :)

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Петок 13
13.12.2013 16:50:31   
mama_06
Мене петок 13 ми е најсреќен. На 13.09.2013 ми се роди второто синче,беше петок и еве денес пак петок 13 и ми полни 3 месеци. Уште породилно да имаше пуштено,кој е како мене.

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Петок 13
13.12.2013 18:29:08   
Felly RR
И јас ете воопшто не се сетив дека е петок 13. Не обрнувам внимание на такви работи и не сум суеверна.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот mama_06)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Петок 13
14.12.2013 9:37:39   
AneLav RR
Мене секогаш ми бил среќен ден, ете мажле ми купи машина за садови, ама денес пишувам бидејќи вчера немав времеuser posted image

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Петок 13
14.6.2014 0:31:11   
Defne90 RR
Сите тајни на петок 13

Митовите околу петок 13-ти може да ги доживееме како пропаганда, маркетиншки трик, празноверие или можеби непобитен факт. Фобијата од овој ден има и научен израз параскаведекатриафобија, а особено е интересно дека 15 проценти од научниците признаваат дека се плашат од тој ден.

Оваа година петок 13-ти доаѓа во комбинација со полна Месечина, па астролозите велат дека ваквата појава е навистина „баксузна“.

„Овој петок, Месечината ќе биде во Стрелец, што значи дека сите ќе бидеме премногу оптимистични и пречувствителни. Ќе копнееме да добиеме три милиона на лото, но секако, нема ниту да отидеме да уплатиме ливче, а потоа во весниците ќе прочитаме дека некој извлекол седумка. Голем малер ќе ги зафати сите“, може да се прочита на интернет страниците за астрологија.

Без разлика дали верувате во астрологија или не, бројни научници и доктори тврдат дека полната Месечина влијае врз душевната состојба, само што за тоа не сме ни свесни ако претходно не прочитаме дека таа ноќ Месечината била полна. Се верува дека Месечината во периодот кога е полна, предизвикува голема агресивност во човекот, па дури и во душевните болници имаат посебна подготовка за полната Месечина.

Суеверните луѓе му придаваат големо значење на „баксузниот“ петок 13-ти, па така се придржуваат до некои ритуали на овој ден и веруваат во некои факти. Ова се дел од нив: никогаш не ја менувајте постелнината на тој ден бидејќи ќе имате ноќни кошмари; не ги сечете ноктите бидејќи носи тага; осумдесет отсто од облакодерите во светот немаат 13-ти кат; аеродромите немаат 13-ти излез; хотелите и болниците немаат соба со број 13.

Уште неколку факти говорат за „застрашувачкиот“ петок 13: многу авиони го пропуштаат својот лет на 13-ти, посебно во петок, во Формула 1 не постои болид со бројот 13, имињата на некои од најпознатите сериски убијци содржаат по 13 букви: Jack the Ripper,John Wayne Gays, Charles Manson, Jeffres DahmerЈеффрес, Theodor Ted Bunds, поранешниот претседател на САД, Френклин Рузвелт одбивал да патува на тој ден и никогаш не канел 13 гости на вечера. Според некои толкувања на мајанскиот календар, крајот на светот ќе биде на 13.13.13.13.13.13.13.0.0.0.0. или според Грегоријанскиот календар на петок 13-ти октомври 4772 година.

Научникот и математичар од универзитетот Делвер, Томас Фернслер во својот натпис во Национална географија пишува дека бројот 13 го смета за несреќен само поради тоа што доаѓа по 12. Бројот дванаесет има традиционално значење. На пример, дванаесетте месеци од годината, дванаесет богови од Олимп, дванаесет знаци на зодијакот и дванаесетте апостоли на Исус. Тринаесет е само еден број по дванаесет и е само симболичен чекор кон лошото.

Според библиското и историско верување бројот 13 носи несреќа бидејќи на последната Исусова вечера имало 13 гости, и Велики Петок постоел затоа што тоа е денот на распнувањето на Исус. Јуда бил „тринаесеттиот” апостол, а тринаесеттото племе на Израел било единственото племе кое останало без сопствена земја.

Во древен Рим магионичарите се собирале во групи од по 12 луѓе. Се верувало дека тринаесеттиот во групата бил самиот ѓавол.

Во норвешката митологија, пак, богот Один и неговите 11 најблиски пријатели се собрале на забави и си поминувале убаво сé додека Локи, богот на злото и немирот, не се појавил непоканет, како тринаесетти гостин. Според легендата, богот на уживањето Балдер, се обидел да го исфрли Локи од куќата, а за време на препирката, го погодила смртоносна стрелка од имела. Балдер е убиен, а Земјата била обвиткана со темнина и смрт.



_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот AneLav RR)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Петок 13
14.6.2014 0:36:04   
mommy_angels RR
Си отиде и овој Петок 13 и морам да кажам ,баш ми беше среќен,спиев дури два часа на пладне user posted image user posted image Празник за душа user posted image

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Петок 13
14.6.2014 0:38:57   
Defne90 RR
Мене ми почна убаво,и цел ден си бев расположена и среќна и се ми одеше онака подмачкано што се вели.И таман си реков отиде и овој петок 13 кога го бакнувам синко онака на чело и гледам топол.Мерам температура испаѓа дека качил.И толку од сречниот петок 13.Е сега и сабота 14 ќе ми биде уште помачна ајде на лекар наваму натаму ама тоа е тоа.user posted image А врмево топло си викам како успеа сега да се разболи,ама малер бе страшен е тоа изгледа.user posted image

< Поракaта ја уредил Defne90 -- 14.6.2014 0:39:49 >


_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Петок 13
14.6.2014 0:41:22   
Melanija RR
Никогаш ништо посебно ниту лошо не ми се случило на петок 13 и така нека остане.Ако не лсушнам на тв или читнам низ нет нема ни да приметам дека е user posted image за ова не сум суеверна user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Петок 13
27.11.2014 10:26:13   
caciana
Nikogas Ne sum bila sueverna.Nitu sum zapamtila deka nesto loso mi Se slucilo na ovoj datum.Taka petok 13 za mene e samo obicen den,so obicna cifrauser posted image

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Петок 13
13.2.2015 14:25:22   
Melanija RR
Кој незнае сега знае .... денес е петок 13ти user posted image ако нешто ви се случи ете до денот е

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот caciana)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Петок 13
13.3.2015 10:11:21   
AneLav RR
И денес е Петок 13-ти , за мене како и секој обичен ден, понекогаш дури и многу среќен. Сите испити што ги имам полагано на петок 13-ти ги имам положено од прваuser posted image . Не сум била никогаш суеверна за ништо ниту пак за петок 13-ти. Ова го најдов на интернет само копи пасте му направив:-)
Еве неколку од интересните приказни во историјата кои се случиле токму на петок 13ти:

1. Се смета дека Ева му го понудила јаболкото на Адам во петок, и дека смртта на Абел била токму во петок.

2. На тајната вечера присуствувале 13 луѓе — Исус и 12-те апостоли. И до ден денес кај многу народи сè уште постои суеверието дека 13 души не треба да седат на едно исто место односно на иста маса. Предавникот Јуда дошол последен на тајната вечера и прв си отишол. Други сметаат дека Исус Христос е распнат токму на денот петок.

3. Според некои, петок 13 се должи на еден древен скандинавски мит, според кој 12 богови празнувале во Валхала, домот на богот Один. Богот на злото и оганот Локи кој не бил поканет, наеднаш се појавил во домот на Один и го убил богот на радоста Балдер. Земјата веднаш потонала во мрак.

4. Во древен Рим магионичарите се собирале во групи од по 12 луѓе. Се верувало дека тринаесеттиот во групата бил самиот ѓавол.

5. Според нумеролозите бројката 13 „страда“ поради неговата позиција после бројот 12. Така на пример постојат 12 месеци во годината, 12 хороскопски знаци, 12 богови на Олимп, 12 племиња на Израел, 12 апостоли на Исус. Во картите Тарот 13-та е картата на смртта.

6. Петок заедно со бројот 13 биле свети за норвешката богиња Фреја. Христијаните кои имале за цел да го забранат нејзиниот култ, верувале дека овој ден претставува несреќа.

7. Темпларите биле уапсени во Петок, 13ти Октомври, 1307та година. Дека ова претставува потекло за суеверието во петок 13ти се зборуваше и во познатото дело Кодот на Да Винчи.

8. Уругвајскиот рагби тим се срушил на планинаскиот венец на Андите на петок 13ти – октомври, 1972.

9. 13ти јануари, 2006, 13ти октомври, 2006 и 13ти Мај, 2011та година не само што се петоци, туку и бројките од денот, месецот и годината даваат збир од 13.

И можеби најзастрашувачката приказна која допрва ќе ја дочекаме и која ќе се раскажува:

- Според најновите истражувања астероидот Апофилис ќе се приближи на земјата во петок, 13ти Април, 2029та година.

Останати факти:

Повеќе од 80% од високите згради немаат 13-ти спрат.
Многу авиони го пропуштаат својот лет на 13-ти, посебно во петок.
Во Формула 1 на пример не постои болид со бројот 13.
Улиците во Фиренца го испуштаат бројот 13.
На 13 април 1970 година експлозија на кислороден резервар ги променува плановите на Аполо 13 за лет кон Месечината. Часот на поаѓање на Аполо 13 е 13:13 според американско време.
Имињата на некои од најпознатите сериски убијци содржаат по 13 букви: Jack the Ripper, John Wayne Gacy, Charles Manson, Jeffrey Dahmer, Theodore (Ted)
Bundy.

Извоρ: Цρно бело


< Поракaта ја уредил mommy_angels RR -- 13.3.2015 12:59:15 >


_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?