Neurotoxin RR
|
Друго е ако се знае веќе дека е алергија. Мојата имаше нецела година од септември како настина, мало дете, не каѓла, не дува, влечев со аспираторче дома, ама цело време грчеше. Ја носев на матичен, ја наслушуваше, кога антибиотик кога не, и ми викаше добра е ништо нема, ама сега сваќам дека тоа „ништо нема“ значело дека нема наод на градите, ама дека може да биде страшно сценарио ако тоа не се санира. Тоа траеше некаде два месеци, крчи дете, сите коментираат, јас им викам док. рече ништо нема. Ама ете во ноември почна да се гуши, опструкции, па козле, па лежење, па инекции, па урбазони, вентолини.... цела зима ја поминавме на испитувања, па стигнавме до тимпанометрии секој месец, за по цела година, да ми речат дека детето ми е здраво и ништо нема, бела е и е почувствителна, можеби затоа толку има секрет. Готови бевме алерготест да правиме, ама не направивме. И го фатив редот, не оставам секрет да има во нејзе, само тоа е спасот. Инхалатор си набавивме, јас го пробав сега зашто бев затната скроз, и да ви кажам божја работа, ептен од две инхалации можев да функционирам. Кога бисолвон, кога проспан капки, ептен ако застане некогаш и вентолин (ова еднаш се случило со вентолин, кога потпишав лани во февруари дека нема да лежиме во козле) дренирање обавезно. И се запнавме дома со мм, и зимава фала богу раат бевме а цело време оди во градинка, само сипаниците ги фати. Е сега нешто се рашмрка пак, ама еве ја во крајна фаза на оздравување е. Само сватив, секретот мора надвор, ако веќе отишол подолу и кашла, обавезно нешто за разредување секрет и мн течности, има лек и ако има отежнато дишење ама за тоа друг пат во друга тема.
|