Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Neznam sto ke praam, nie celo vreme mislime kaj da iskacame i so da praime, a ja celo vreme sum se ppise down :( Dobivme i opomena deka ke ni go zemat deteto radi negriza :/ nezznam so da praam sekoj den vikam zaso ova mene mi se desi :(
A od kogo toa dobivte opomena deka ke vi go zemat deteto? Nekako ne mi se poklopuvaat rabotive bas, ne te razbiram...Kakva sum ja osoba pa vo sekogo naogam somnez.. Kako sto ti pisav vo pp, pobaraj strucna pomos, samo taka ke se spasis i sebe i mt i deteto i brakot...Pozzz
_____________________________
Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.
Se karavme preglasno so mm i ni viknaa policija..Tie ni kazaa deka ako pak sme neodgovorni za deteto deka postoel zakon sto mozel da ti zeme pravo na roditelstvo, i dokolku nekad pak iame i dr dete da go zemat vo dom..
Tuuuuu pa mora da ste se kolele stom vi dosle komsii.... i komsiite od kaj znaat deka ti ne go "sakas" bebeto pa da ti pretat so odzemanje na bebe? Ne razbiram i ne komentiram poveke na ovaa tema, zosto mislam deka nekoj ne trola....Dajboze da gresam :(
_____________________________
Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.
sadgirl1, јас целосно те разбирам и не е ниту лесно ниту едноставно ова низ што минуваш. Имаш право на сите чувства зошто се твои, а во исто време никој нема право да те осудува зошто не си знаела да се радуваш на највредното нешто на светот (дали е навистина највредното или тоа е само клише?) и да ти се заканува дека ќе ти го земе ради негрижа...од она што го гледам мислам дека си човек кој многу тешко се носи со промена од било кој вид, особено промена која не е во планот и која се случила тотално неочекувано...тоа е нормално, многу луѓе се како тебе. Но јас имам теорија дека за се што ни се случува има некоја лекција која мора и треба да ја научиме. Ова баш тебе ти се случува зошто треба да научиш дека многу работи во животот не одат согласно плановите и многу работи не можеме да предвидиме. И ако сакаме да живееме мора да се прилагодуваме на ситуациите кои настанале. И на бегалците од Сирија сигурно не им било во план да акаат по светов и да бараат корка леб и покрив над глава. И на болните од рак не им било во план да се разболат од тешка болест....и на родителите на деца со посебни потреби не им било во план да добијат дете со посебни потреби...и сега што? верувала или не имаш избор но мораш да реагираш под итно. Прво веднаш најди добар психолог кај кој ќе одиш на советување во почеток 1 неделно. Твојата состојба не е воопшто наивна - токму вака почнува процесот кај мајките кои си ги убиле своите деца и за кои потоа велиме дека се монструми. Не се, едноставно биле во тешка депресија и барале помош од најблиските ама никој не го сфаќал тоа зошто сите мислат дека мајката мора да го сака детето, демек тоа така инстинктивно доаѓа. И сите имаат очекувања од тебе што ти треба да правиш и како треба да се однесуваш и ако не правиш така одма си неподобна. Друга работа која мораш да ја направиш е да им забраниш на твоите да доаѓаат кај тебе дома и да имаат контакт со тебе и детето, односно да им кажеш дека се ова што ти го чувствуваш и низ што минуваш е нормално и ако не знаат да те поддржат и разберат (а колку што гледам не знаат туку само те осудуваат) тогаш ич нек не контактираат со тебе...Абсолутно не ти треба во овој период некој да ти набива на нос колку си неподобна - напротив ти треба некој кој го сакаш и од кого очекуваш поддршка да ти даде макар и најмала валидација дека нешто правиш добро, а сигурно правиш, сигурно детето не ти е гладно по цел ден и голо...Истото треба да го бараш и од сопругот...коментарите од типот - никој немало да те чека до 33 години се во најмала рака потценувачки и кажуваат многу и за него - демек ако не си со мене никој нема да те сака...велиш дека тој најмногу ти помага ама од ова што го пишуваш јас не гледам како...помош е ако некој ги разбира твоите чувства и ти вели дека е ОК и дека ќе биде добро и ако те прашува што ти треба во моментот а не ако ти трие сол над глава...Јас поминував низ слична психоза, депресија како сакаш наречи ја иако децата ги добив на 35 години, ги сакав и се намачив да ги добијам и имам сопруг кој секогаш ми бил огромна поддршка...и моето траеше од некои 6 месеци на децата (имам близначки) до некои година и 2-3 месеци нивни...беше сплет на неколку околности и иако ме викаат жена карпа јас многу се мачев во тој период...имаше моменти во кои доаѓав дома од работа и останував сама со нив и ме фаќаше паника дека не знам што да правам со нив...ако ти се верува во еден таков момент на тотална изгубеност ми се најде колешка од претходната работа со која стоев ОК не дека бевме некои не знам колку блиски пријателки...и се јавив и ја замолив да дојде, немав на кого...и жената ме спаси.. а сопругот никогаш не ме осуди за однесувањето, постојано ми повторуваше дека се ќе биде ОК, и дали може тој со уште нешто да ми помогне и дека би сакал пак да бидам среќна и да се смеам и дека тој се што треба ќе направи за пак да бидам насмеана, само да му кажам..и постојано ми кажуваше дека сум добра мајка...она што сакам да ти кажам е дека сигурно има луѓе околу тебе кои можат да ти помогнат без осуда. Тие нужно не мора да се твоите или сопругот - погледни околу и одлучи кои се...а сопругот треба да е до тебе без критика...што се случило се случило, времето не се враќа назад...сега имаш избор да направиш план како понатаму...кои се твоите планови кои велиш дека си ги имала? Во која мерка и како имањето дете те оневозможува да ги оствариш? Што можеш да направиш сепак да се остварат? Од што треба да се откажеш за да можеш понатаму во животот да продолжиш и да бидеш среќна? Дали си спремна да се откажеш од детето? Од сопругот? Што ти треба да си среќна? Најди си одговори на прашањава....Добар психолог ќе работи со тебе низ овие прашања и ќе ги наоѓате одговорите и ќе одлучуваш што како понатаму...животот е еден и нема поента да се заглавиме на нешто што не можеме да го смениме...детето не може да го вратиш назад ама на тебе е да одлучиш и избереш како понатаму - со него, без него..во среќен брак или сама...се е во ред, се додека одлуката е твоја и те прави среќна...
neznam sto da mislam, nikoj ne me razbira deka ne sum srekna..site planovi kade vo petok, site smeenja, site planovi za idnina, spieneto vo nedela do podocna, uzivanjeto vo mir..naednas se se smeni a jas sum samo osuduvana..sonot toa da se pravi vo momentov a ja vo depresija..Ke ti pomine, ajde normalno e, 3 god ste zaedno koga ke imate dete? Vie ste nezdravi 3 deca gi izrasnav na tvoi god..Koj zivot devojko site gleaat da se omazat..ne gi glej skolskite tie ziveat zs nemozat da zabremenat..nemozam da im dokazam deka ne e se vo toa da se brza :( Ne dremi na pc dete imas...neznam ke poludam se nadevam barem srce neka me fati i se neka ide upm
sadgirl1, прв и основен чекор за да си дојдеш повторно на себе, да ја надминеш ситуацијава е да ја прифатиш таква каква што е. Дека не можеш да го смениш фактот дека си мајка, дека си добила дете. Ако не можеш самостојно да се убедиш себе во тоа, тогаш во најскоро време побарај стручна помош. Навистина нема ништо лошо да се обратиш некому (мислам психолог дека е најсоодветен)да те упати како најбезболно да го минеш овој период. Верувам дека минуваш низ многу тежок период, дека во моментов ти изгледа безизлезно целава новонастаната ситуација, но и ти верувај дека со малку помош од страна и со твоја добра воља ова ќе го надминеш. Секое добро ти посакувам.
Neznam nemozam vise..Ahh toj moj pust strav od umiracki :(
Само ако сакаш, се'можеш, верувај . Дај си малку кураж сама на себе, најди воља и сила, и полека почни да се справуваш со ситуацијава. Секој проблем има решение, и половина е решен веќе кога ќе тргнеме по решението.
Ne gledam resenie :( Nesakam da e vaka pretesko mi e :(
Затоа во погорните постови повеќето РРајки ти посочија - појди кај некој стручен кој ќе ти го покаже/понуди или помогне да дојдеш до решението. Ти сега не го гледаш, но верувај дека постои.
Inaku bev na psihijatar no za zal ne mi pomogna :( Neznam sto da napraam ako ima nekoja sto stv go nadminala ova neka kaze nacin no ne gledam, ednostavno ziveev dr nacin na zivot i si go sakam nazat po sekoja cena :(
....Jas sosema izgubiv sekakva smisla za zivot, imam 23 .........ednostavno momentalna cel vo zivotot mi e smrtta a taa kuznae koga ke dojde.......
ИЗВОРНА ПОРАКА: sadgirl1 rabotata e vo toa so mi se derat vikaat sram da ti e ne te zabole za detevo 2 meseci go nemas pipnato, kako mozes da ne go sakas i site mi se luti i trgnati od mene....(
ИЗВОРНА ПОРАКА: sadgirl1 Neznam nemozam vise..Ahh toj moj pust strav od umiracki :(
ИЗВОРНА ПОРАКА: sadgirl1 Inaku bev na psihijatar no za zal ne mi pomogna ........:(
sadgirl1, повторно ќе повторам мораш да побараш стручна помош, ситуацијата кај тебе е сериозна и ако не побараш помош, ќе си наштетиш себеси, а верувај сега си во таква ситуација кога ни ти не разбираш што ти зборуваат, ниту пак другите разбираат што ти зборуваш...а сето тоа е предизвикано од моменталната состојба. Ако во скоро време не одиш да побараш помош, па смени место, не оди кај што си била таму и ако не го надминеш овој хаос што ти е во главата, навистина сум загрижена за тебе, море да стане трагично.
Стручна помош се добива со месеци и месеци, а не со еднаш два пати одење, верувај ми. А ако и после тоа сакаш да го вратиш стариот живот, но само откога навистина ќе посетиш стручна помош, мој предлог: побарај од блиските да се иселиш некаде и почни да го живееш стариот живот 1 месец, па види дали ти е подобро без маж и дете, лупај по кафани спиј до касно и спореди дали навистина тоа вреди повеќе од семејството и верувај за брзо ќе донесеш одлука.... само прво и најпрво - што поскоро на лекар, те молам!
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
Inaku bev na psihijatar no za zal ne mi pomogna :( Neznam sto da napraam ako ima nekoja sto stv go nadminala ova neka kaze nacin no ne gledam, ednostavno ziveev dr nacin na zivot i si go sakam nazat po sekoja cena :( [/quоте
Не можеш да очекуваш дека преку ноќ ќе се среди се. Треба време и неколку пати да се видиш и да поразговараш со психијатарот ако тој не чини посети некој друг може тој повеќе ќе ти помогне. Отргни си ги сите притисоци и личности кои ти влијаат негативно. И може мислиш дека ако оставиш се така дека ќе си го вратиш назад се она како што било, не драга пак длабоко во душичката ќе те боли за малото човече и пак ќе ти биде во мислите. Искажи се дома и на најблиските што точно очекуваш од нив и какава помош ти треба за да го пребродиш полесно овој период. Сопругот нека се ангажира повеќе околу детето малце да земеш здив да можеш да си ги средиш мислите и чувствата. Со нас овде проблемот не можеш да го решиш ние само можеме да ти дадеме позитивна подршка и една мала насока, зашто сепак не ти ја знаеме целата ситуација и што точно ти се случува за да можеме да ти помогнеме во целост. Јас се надевам дека бар малку ќе се смириш и ќе пробаш да одиш со позитивна мисла напред. Зашто вака си штетиш највеќе на себе и на своето здравје а после и на фамилијата.
Go sakam toa so maz mi :(( Ne rekov deka sakam sama :( Neznam so da napraam :(
Ако не сакаш стручна помош и го сакаш стариот живот со маж ти и не сакаш дете, дај го на посвојување, ќе се најдат луѓе што ќе се грижат за тоа дете, не се секирај, само треба да решиш што сакаш, тоа мора да го знаеш.
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
Е па девојче бираj, или ќе останеш со него и детето и ќе го средиш бракот, или сама ќе си живееш и ќе чекаш да се заљубиш во друг и со него да планираш некoгаш живот, нема трето - ИЗБЕРИ!
< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 28.9.2015 13:42:21 >
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
Sadgirl, сакаш да кажеш дека ни малку не ти е гајле за бебето? Дека ако маж ти се согласи би го дала веднаш за да искачаш и да го имаш животнит стил од претходно?
Ве молам да не ја осудувате за ова, ако не може понаку да направи, поарно посреќно дете со еден родител, отколку несреќно дете со два родитела и мајка која не го сака.
< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 28.9.2015 13:50:25 >
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
Ајде за поубаво да те разберам пошто по твоите постови јас добивам заклучок дека ти повеќе се грижиш за сопругот отколку за себе и детето. Значи ти си го сакаш стариот живот односно сето она што си го имала со сопругот, а велиш дека излагате шетате и т.н. Значи ти уствари не знаеш како да се снајдеш во улогата на мајка премногу ти е тешко го сваќаш како терет затоа што не знам си доживеала малограѓански муабети од типот сите како треба да се омажат и да имаат деца. И сега пошто не знаеш како да се справиш со околностите не знаеш како да им докажеш дека поминуваш низ пеколен период пошто си затекната во ситуација за која очигледно не си била спремна ама кој е, и покрај сето ова за тебе е детето криво зашто се родило и мислиш дека се ќе беше полесно ако не дојдеше до тоа. Мислиш дека се ова ќе беше полесно ако ти имаше 33 не знам по која логика ама ок ако така си зацртала. Не сакам да звучам грубо туку сум загрижена затоа што мене ми звучиш од тип на жени кои се опсесивно заљубени во своите сопружници и кои по секоја цена ќе направат се само за да го задржат. Затоа што сите твои грижи и мисли се упатени кон него а не кон себе или детето. Треба да си продолжиш да го посетуваш психијатарот па и со сопругот ако треба, да се преиспиташ ама што ТИ сакаш без сопругот во сликата, што ТИ сакаш ако ме разбираш што сакам да ти кажам. Затоа што добивам впечаток дека не можеш да се справиш со ситуацијата и го бараш најлесниот излез. Сакам да ти кажам колку и грубо да звучи мислите ми се најдобронамерни и ти посакувам секое добро. А ако стварно нешто не можеш да правиш или да смениш тогаш немој ни да го правиш ама не поради сопругот или нешто, туку за себе. И не можеш да очекуваш од сопругот дека ќе го сака истото сценарио како и ти. Не треба да го очекуваш и да го бараш тоа од него нити пак да го осудуваш.