Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до... 15.9.2015 15:00:33
Bea
Фала Квиско. Во понеделник сум кај Димитров, ќе видам што ќе ми каже. По исцедокот не можам да кажам, бидејќи имам често остатоци од утрогстанот, ама ми се јавува благо чешкање од време на време, па затоа се сомневам.
RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до... 15.9.2015 19:16:14
Kvisko
Bea штом уште примаш утрогестан ништо не е сигурно. Утрогестанот може да даде чешање така што ич без гајле. Зошто уште примаш утрогестан? Имаше некои индикации? мене ми го прекинаа после скринингот во 13 недела.
RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до... 15.9.2015 20:21:45
Bea
Немав индикации, но и Димитров и матичната ми ја продолжуваа истата терапија до пред некој ден. Од минатата недела почнав да ги намалувам и за околу 7-8 дена ќе дојдам на 100 само навечер. На следната контрола ваљда ќе ми каже докторов.
RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до... 17.9.2015 17:48:54
nataly86
Тука сум..Ве читкав кога можам..поретко пишувам но морав еден update да направам... Сеуште повраќам, како и предходната така и ова бремност лошење повраќање све..ке видиме понатаму како ќе биди... се надевам дека се добро ќе се заврши. Инаку докторот кај кого правев скрининг ми кажа дека најголема индикација за предвремен порогај е предходно поредвремено породување...малку ме замисли ...што како би било...но што е тука е се надевам нема да се повроти истото сценарио
RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до... 23.9.2015 8:35:07
Bea
Ете ме и мене. Во понеделникот на полни 18 недели бев кај Димтиров, ама докторов воопшто не ме прегледа. Само ехо во траење од 1 минута и толку . Среќа во несреќа Јане Стојковски тогаш на дежурство што ми направи комплетен преглед под спекулум и со вагинална сонда, па фала богу се беше во ред. Му се пожалив за симптомите на кандида, одогворот беше - па трудна си, што сакаш??? Не знам, ваков однос не сум имала до сега од него. Го прекинувам утрогестанот, а со Аспирин продолжувам до скрининг. Anyway, закажав скрининг кај Петрова во 21 недела (за 3 недели од сега), а во меѓувреме ќе одам кај мојата докторка да ме прегледа убаво. Инаку почнувам да го чувствувам бебето, понекогаш не сум сигурна дали е баш оно, ама ќе да е :) И повеќето трудници не можат кафе да пијат во бременост, јас само на кафе мислам , па се залажувам со безкофеинско. Не сум поправена многу, само 2 кг и во саботата си го купив првото трудничко фустанче од H&M. До душа не беше од трудничката колекција, ама јас за таа намена го земав :) Толку од мене за сега
RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до... 23.9.2015 10:55:06
Kvisko
Bea на тој прегед и јас од него добив само преглед на цервикс. Кога го прашав дали се гледа бебето сега ми реќе што ќе го тревожиш без потреба бебето што ќе ти се слики. Сега само треба да видиме дали има што да го држи бебето ви смисла дали цервиксот е со добра должина и затворен и толку. Потоа ја прашав и матичната и она е на иста бранова долѓина со него ми вика нема потреба од многу ехо гледање се гледа на скринигн дали е се во редсо бебето и тоа е тоа. Веројатно ние многу па и бараме гледање некако тоа нас ни е утеха дека се е во ред. Колку што гледам такви се протоколите и во многу западни земји. Нема многу ехо прегледи само неопходните и ако не дај боже нешто не е во ред или трудницата чувстува нешто необично. Така да ич без гајле. И на факултет учевме дека има бебиња што бегаат од ехото и се кријат и се сечавам пишуваше дека затоа не е баш пожелно да се тревожат (нешто беше поврзано со создавање топлина од ехото н бебето и слично не се сеќавам баш ама со тоа се тешам). Сега треба да ја прашам матичната кога да одам на контрола зашто на последнито скрининг Адамова ми пиша 32 недела и матичната рече да тоа е тоа. Е мене многу ми се гледа па ќе си прашам дали сепак треба да одам порано. Штом се е во ред со бебето без гајле. Можно е веќе да почнуваш да го чувствуваш. Јас на почеток не бев сигурна а и сега не сум понекогаш сигурна дали се црева или бебе. Сигурна сум само кога чувствувам јасни удари и толку.
RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до... 23.9.2015 14:15:12
Bea
Loveable, те чекаме наскоро да ни се придружиш Инаку за ехото, звучните бранови се одбиваат од бебето и околината во матката и така генерираат слика. Моментално предизвикуваат покачување на темературата на околните ткива за околу 1 степен (пример телесна Т од 36.5 на 37.5) и се смета дека се додека тоа покачување не е поголемо од 2-3 степени е безбедно.
RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до... 23.9.2015 14:26:12
nataly86
Како и повеќето и јас одам и кај матичниот и на приватно двата барам да ме гледаат на ехо онака да си сум мирна за близнаците одев еднаш неделни или максимум на 2 недели обавезно еднаш кај едниот нареден пат кај другиот..во нивна евиденција доагав на 3 недели до месец сликички албум цел..сега одам еднаш месецно или на 3 недели... Моја другарка живее во Германија има две деца кај нив одат 4 пати на ехо преглед..нормално кај нормална бременсот.. првиото ехо на првиот преглед,12 недела 21 недела , и 32 недела толу...и баш ми викаше дека многу одам..мислам дека пракса е во сите западноевропски земји овај тип...кај нас порано беше така дури и помалку потоа матичните дали за повеќе работа да си отворат викаат на контроли секој месец..реално дали има или нема потреба кој знае.... јас сум за почести прегледи ради моја мирна душа
RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до... 23.9.2015 15:38:32
LoveableMe RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Bea Loveable, те чекаме наскоро да ни се придружиш
Фала ти Беа, дај Боже
ИЗВОРНА ПОРАКА: nataly86
.......Моја другарка живее во Германија има две деца кај нив одат 4 пати на ехо преглед..нормално кај нормална бременсот.. првиото ехо на првиот преглед,12 недела 21 недела , и 32 недела толу.....мислам дека пракса е во сите западноевропски земји овај тип...
Натали86, со лесно, како е немирниот бебуш? Кога ќе знаете пол? За ова и јас слушам така од странство и мислам што помалку ехо тоа поарно, е сега ние измачени со инфертилитет гледам сите одат почесто на ехо, но пуста мака тоа ќе те натера...
< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 23.9.2015 15:39:28 >
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до... 28.9.2015 20:10:44
bitolcanka82
Ajde RR odamna ne sum pishala.. Sum polni 18 nedeli i edna devojka za sigurno trojca potvrdija.. Drugoto bebe maticnata veli e mashko dr. Ivanovski i na klinicka bolnica vo Bitola vikaat papocnata e megu noze i ne se gleda za sigurno. Inaku super se custvuvam veke gi osekam kako me skokotkaat, se popraviv odvaj 2kg sega za sega na site ispituvanja sme super.. Pozz ve gushkam site..
RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до... 29.9.2015 17:03:40
Despinka
Mamicki kako ste, sakav da ve prasam iskustvo nekoj se razbolev , ne sum piela nikakvi apcinja oaven caevi limoni supi, nemam temperatura najvisoko so merev vcera cel den 37.6, glavata mnogu me boli zatnata sum nemozam da disham od nosov... Od so go duvav vcera cel den den denes stomakot me boli od napnatost... Imate li nekoj sovet i dali e strashno da se razbolish poso seuste nemam otideno na lekar. Inace sum 19 nedela . Fala vi odnapred imajte ubav den
RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до... 29.9.2015 18:51:25
Melanija RR
Despinka оди на лекар ќе ти кажат кои капки се безбедни за земање за нос, а ако имаш Т само далерон и несмее да се покачи над 38,за тоа одма на лекар.Има тема ТУКА уште некој совет ќе читнеш
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до... 29.9.2015 19:46:37
Bea
Despinka, jas pred 2-3 nedeli bev nastinata, nisto strasno. Ubavo si pravis - caj, limon, vitamin c od 1000 min. Mene lekarot mi rece do 38t ni paracetamol da ne zemam, samo ako se kaci nad. Za nos ima edni kapki isomar, toa e vo osnova morska voda, procistuva i bezbedna e za trudnici.
RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до... 29.9.2015 21:27:10
Veronica_Lia
Despinka, nisto strasno, vremevo e takvo, site nastinuvaat.. i jas bev nastinata mnogu vo 23 nedela negde, cajcinja, supi, a za nosot kapki MARISOL ili AQUA MARIS, tie se bezbedni za trudnici.. Izbegnuvaj dvizenje vo golemi guzvi, za da ne bides vo kontakt so bolni (kako nekoj vid prevencija za vo idnina neli..) oti periodov ima virusi I bez gajle, ke pomine
RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до... 30.9.2015 11:11:46
Despinka
Fala vi mnogu mamicki... Ke idam denes da zemam kapki za nos, se nadevam ke bidam bolje slednive denovi, poso veke 3 dena me drzi so isto tempo... Imajte ubav den :* Inace doznavme i nie deka e mashkoo :) pozz
RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до... 5.10.2015 14:50:50
Melanija RR
Despinka подобра ли си? Можеш твојот термин за породување да го напишеш во темата ТУКА
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до... 7.10.2015 9:33:26
Bea
Мешиња hello! Како сте? Јас ете 20 полни недели, минатата недела бев кај матичната, го видовме убаво дечкото. Фино си напредува, само не сакаше лицето да ни го покаже, се криеше цело време душа. Наредната недела сум на скриниг, матичната, инсистираше да одам кај Димчев, па решив кај него да одам сепак. Бебушот веќе убаво го чувствувам, вчера имав еден прекрасен момент - и читав нешто на мајка ми од интернет, а тоа мрда ли мрда! Дали од мојот глас или пак така се погоди, не знам, ама јас сакам да верувам дека до гласот беше Инаку - да, мојот сомнеж за кандида се потврди, па ставив 3 вагиналети канестен по препорака на докторката, а исто така ми ги препорача и ацидосалус вагиналетите превентивно - за ешехиријата, a и на кандида албиканис делуваат. 900 денари - 7 вагинлетки, многу некако ми се виде, ама тоа е. Утре одам крв да проверам, а докторкава ми рече брисеви само ако има индикации Епа ете, се ви раскажав :) Сакав исто да прашам, дали се мачкате со нешто за стрии? Јас ставам оригинална павловиќева помешана со АД маслени капки, ама морам да признаам нередовно. За сега не приметувам некои промени на кожата, ама ќе видиме понатаму.
RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до... 7.10.2015 12:24:40
Kvisko
Здраво и од мене. Супер вести Bea. Тоа кандидата е ептен блесава и незгодна. Јас никако да се решам од неа. Сега сум си на специјална диета не јадам ич леб ни благо (ова второво не дека многу јадев ама сепак се исфрлив). Мене ми дадоа и Feroglobin зашто од Клексаните малку и крваната слика почна да ми се расипува па додека се уште се држи превентивно го пијам два пати дневно и сега имам мака што да јадам зашто со Фероглобинот не семам да мешам млечни производи па јогирт и овес ми отпаѓа за доручек ,заради кандидата на јадам леб и ептен станувам инвентивна со доручециве. Инаку на контрола сум наредната недела и се надевам се ќе биде во ред. После контролата се селам во трет триместар иако и денес официјално можам таму да се преселам зашто денес влегувам во 27 недела.
За стрии јас секој ден редовно мачкам уште од кај 14-15 недела од тие специјалните креми за трудници зашто павловиќева ми се гледа прилично мрсна. До сега најмногу по текстура, брзина на впивање и мирис го бендисав путерот за трудницни на Alverde а и нема некоја скапа цена. Инаку се мачкам по препорака на дерматолог зашто имам ептен светла и тенка кожа која лесно ми се иритира распукува и слично. Кој си нема такви проблеми мислам дека не мора толку ревносно да се мачка.
< Поракaта ја уредил Kvisko -- 7.10.2015 12:27:25 >
RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до... 8.10.2015 1:59:51
Despinka
Melanija fala na prasanje super sum sega... Treba samo povrke pazenje so vremevo nashe de leto de esen... inace i ja sum za vtor skrining slednata nedela i bea i mene site mi ho preporacuvaa dimcev i ja si zakazav tamu... A za strii jas koristam od eucerin masloto za strii sto e i sum epten zadovolna kolku ka prai meka kozata, uste nemam strii ama si se mackam da ne dojde do toa :) pozz mamicki ubava vecer