Bea
|
Магдаленка, те читам и размислувам за твоите дилеми, бидејќи многу прашања те мачат. За се си во право, но пак ќе кажам - ние што сме ја поминале постапката или сме во постапка, мораме сериозно да поработиме на себе, во смисла на тоа што сме прави контрол фрикови. Реално, не можеш ти да предвидиш се до детал или да му стоиш над глава на ембриологот дали добро го направил опчодувањето. Некои работи се надвор од наша контрола. Ти си направила се од твоја страна и колку поврзо прифатиш дека не можеш апсолутно се да имаш под контрола, подобро за тебе. Еве малку подолг пост ќе напишам за да ти го опишам моето искуство со Димитров во Ремедика. 5 години стерилитет, отстранет септум, терапија за покачен пролактин, мм блага тератозооспермија. Ова ни беше прво ивф. На првата консултација, ја разгледа документацијата, со тоа што јас први ги ставив проблематичните резултати и му ја раскажав историјата. Тој "им фрли око", самл се здржа на снимките од ехото подетално (јајници, фоликули) и ми даде терапија и шема. Со прво ивф не знам дали може да се предвиди како ќе реагира организмот на терапијата. Кај мене се виде дека оди накај хиперстимулација. Имав следење и мерење на фоликулите на 3 дена, а деновите пред пункција и ден за ден. Докторот ми нагласи дека ризикува хипер, но не би ја прекинал терапијата и по цена да не правиме трансфер истиот циклус. Јас со разочарување се согласив и баш истите мисли ги имав како ти сега- како може да не водат сметка, толку ни гледаат, гајле им е... Нејсе пункцијата бидна, јас сум рекордер на форумов со 33 пунктирани фоликули, 2 празни, 28 зрели клетки. После пункција дојде ембрилогот и се договоривме 10 да замрзнеме, 18 да одат на оплодување. Се оплодија 12 ембриони до бластоцисти. Тој циклус се се замрзна заради хиперсримулацијата, добив терапија и си заминав дома. Имав излевање во абдоменална празнина како последица на хиперот, но бев под надзор - ехо контроли, крвна слика, сестрите секогаш ми беа на располагање на телефон, докторот лично не, но тие го консултираа за секое мое прашање. Следниот циклус правевме FET на сосема природен циклус. Следење на природен циклус и овулација. Баш се паѓаше недела кога требаше да видиме дали е прснат фоликулот - докторот си дојде во недела, ме виде на ехо, фоликулот беше прснат и закажвме трансфер. Трансферот помина најобично, 2 ембриони одмрзнаа, 2 ми вратија. Докторот на ехо најде соодветно место и точките беа вратени. Кажи ми кој може да ти каже дали докторот добро место одбрал?? Тука е моментот кога треба да веруваш во неговата одлука и стручност и само да веруваш во најдоброто. По две недели имав позитивна бета. Значи не можам да кажам дека не бев следена и верував дека докторот направи најдобро за мене. А тоа што се брзи и како на лента... Па тие виделе илјадници случаи и без разлика што секој е случај за себе, сигирно со еден поглед знаат да увидат што е што. Како што и мене во мојата работа ми е потребна 1 секунда да воочам што не е во ред... Е сега боже мој, природа е во прашање, многу слоеви - психички, физички фактори... Што и да одлучиш, ти посакувам многу среќа, многу верба во успешен исход, помалку сомнеж и повеќе позитивни мисли!
|