|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Замрзнување на јајце клетки и ембриони и тран...
4.8.2014 20:40:53   
Anonimen
Ve molam spodel_ete iskustvo dali ste zamrznale jajce kletki i dali ste bile vo situacija da gi upotrebite i ostanete bremeni? Odnapred blagodaram.user posted image


< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 6.4.2015 11:01:44 >
  Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Замрзнување на јајце клетки и ембриони
4.8.2014 22:40:35   
LoveableMe RR
Убава тема анонимен, имаме искуство на рингерајки кои смрзнуваат јајце клетки, но најчесто смрзнуваат ембриони, кои потоа ги искористуваат за обид по неуспешно ИВФ. Последно знам бубе10 остана бремена со смрзнати емрбиони.

Е па рингерајки, пишувајте кој има смрзнато ембриони, колку чини, знам 5 години дека отприлика се чуваат и можат да се искористат за трансфер.

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 4.8.2014 22:41:00 >


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Anonimen)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Замрзнување на јајце клетки и ембриони
5.8.2014 10:05:25   
lolla RR
Еве ние имаме замрзнато 2*2, поточно 4 ембриони во Ремедика. Не чинеше 31000 денари за период од 5 години. Сметам дека е правилна одлука дури и да не се искористат бидејки би можеле да се донираат некому (со договор на двајцата партнери). И секако за не дај боже следен пат, би се одбегнала фазата на стимулирање, а и зошто да не, доколку има доволно добри ембриони.

После се плаќало 14 илјади за одмрзнување и трансфер.

Статистиката во светот вели дека деца од замрзнати ембриони се исти како и другите така да само напред на оние кои имаат можност.

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 6.8.2014 15:25:19 >

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Замрзнување на јајце клетки и ембриони
5.8.2014 17:03:39   
butterfly 00
Zdravo, jas zamrzav vo Sistina 8 embrioni site blastocisti, zamrznuvanjeto bese 650 evra i plus 400 evra go plativme transverot. Po prvoto neuspesno IVF vednas napravivme transver so zamrznati embrioni kade sto odmrznavme 6 od koi samo tri preziveaa i mi bea vrateni. Se uste vo Sistina imam zamrznato uste dva embrioni. No RR kaj sekoj e razlicno, bube10 vednas po neuspesnoto IVF pravese transver so zamrznati i ostana bremena taka da nema pravilo. Na site RR koi se odlucile so zamrznati embrioni im posakuvam mnogu sreka i user posted image user posted image

_____________________________

3 inseminacii, 2 IVF = / , 2 FET = /

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Замрзнување на јајце клетки и ембриони
6.8.2014 12:06:57   
LoveableMe RR
Ајде рингерајки, пишувајте за вашите искуства во другите клиники Плодност, Органџиски, ГАК, Sv.Lazar и сл. да видиме како се со цени, на колку години и дали сте имале успех со смрзнати емрбиони. Позз

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 6.8.2014 12:07:28 >


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот butterfly 00)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Замрзнување на јајце клетки и ембриони
6.8.2014 13:09:06   
весник
ИЗВОРНА ПОРАКА: butterfly 00

Zdravo, jas zamrzav vo Sistina 8 embrioni site blastocisti, zamrznuvanjeto bese 650 evra i plus 400 evra go plativme transverot. Po prvoto neuspesno IVF vednas napravivme transver so zamrznati embrioni kade sto odmrznavme 6 od koi samo tri preziveaa i mi bea vrateni. Se uste vo Sistina imam zamrznato uste dva embrioni. No RR kaj sekoj e razlicno, bube10 vednas po neuspesnoto IVF pravese transver so zamrznati i ostana bremena taka da nema pravilo. Na site RR koi se odlucile so zamrznati embrioni im posakuvam mnogu sreka i user posted image user posted image


butterffly ај те молам пиши ми кај кој доктор си во систина... и како оди процедурата околу подготовките,колку пати беше во систина,што терапија примаше пред и потоа и нешто што би ти текнало да ми пишиш а мене не ми текнува да прашам.јас сакам да одам да ми вратат.имам 5 замрзнати и сега незнам ме збуни ова што ти ми го пиша од 6 одмрзнати само 3 дека преживеале.јас не помислив воопшто на тоа дека можат и да не преживеат...и сега јас што да правам,да ги одмрзнувам сите...па во систина најскапо,сегде по 500 евра таму 650 евра,аман веќе,кај без бебе сме па и без пари сме.

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 6.8.2014 13:37:14 >

(Одговор на членот butterfly 00)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Замрзнување на јајце клетки и ембриони
6.8.2014 22:32:48   
butterfly 00
Zdravo vesnik. Vaka jas sum kaj doctor Lazarevsk,i otkako prvoto IVF ne mi bese uspesno so svezi embrioni posle toa pravev transver so zamrznati, no pred transverot eden mesec Lazarevski mi pravese histeroskopija zosto na 4D vide nekoj septum koj morase da se otstrani. Nie koga potpisavme dogovor vo Sistina da zamrzneme 8 embrioni ni kazaa deka moze I nekoi da ne preziveat toa sekako nie si go znaevme. Zamrznuvanjeto e 650 evra za prvata godina I posle dokolku gi cuvas sekoja godina se doplakase ama ne mozam da se setam sega kolku ni kazaa treba da se javis da prasas. Postapkata e taa kako za klasicno IVF samo sto ne primas hormoni I ne ti pravat punkcija. Jas odev kaj Lazarevski sekoj vtor den da mi gi sledi folekulite I koga ke ti puknat se dogovarate koga da ti pravi transver. Jas pocnav dva dena so terapija pred tranverot zosto kaj mene taka proceni deka treba. Primav utrogestan vaginalno, femibion, aspirin I kleksan inekcii. Ti pravi transver I posle 16 dena odis na kontrola. Jas imam uste dve zamrznati i zdravje gi ostaviv za ponatamu. Ti kaj koj doctor si, bube 10 ostana bremena so zamrznati embrioni, veke stom gi imas vredi da probas. Dokolku imas uste prasanja tuka sum da pomognam. Za pari ne mi kazuvaj. Jas vo Sistina pravev tri inseminacii, dve IVF na priroden, transver so zamrznati se iznadavavme pari ama toa e I se uste sme na nula ama ne smeeme da se otkazuvame.

_____________________________

3 inseminacii, 2 IVF = / , 2 FET = /

(Одговор на членот весник)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Замрзнување на јајце клетки и ембриони
6.8.2014 22:36:26   
butterfly 00
Vaka zaboraviv da ti kazam deka za odmrznuvanjeto odlucuva embriologot kolku ke odmrzne nas nikoj ne ne prasuva, a za transverot kolku ke ti vratat embrioni ginekologot.

_____________________________

3 inseminacii, 2 IVF = / , 2 FET = /

(Одговор на членот butterfly 00)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Замрзнување на јајце клетки и ембриони
7.8.2014 9:54:40   
весник
isto sum kaj Dr.Lazarevski.zamrznavme 5.pred nekoj den imav neuspesno in vitro,pa si velam da ne cekam da odam da mi gi vratat.e sega imam eden kup prasanja do tebe.
1.koja golemina ti bese septumot oti i jas imam ama milimetarski bil i mi rece deka ne precel da ne go cepkame (ti pravese samo histeroskopija ili imase i laparoskopska operacija,dupcinja na stomakot i kolku te cinese taa operacija kaj nego)
2.otprilika velis deka odese sekoj vtor den.kolku pati otprilika se na se odese,ne za parite ostaj toa tuku i denovi od rabota treba da zemam a veke mislam deka nikoj jnema da me tolerira poveke,toa mi e dodatna maka
3.kleksan inekcii velis si stavala,kolku vreme,muskulno gi stavase i dali sama si gi kupuvase i ako sama si gi kupuvase kolku cinat tie,dali se skapi?
4.sto velis koga da zakazam,vednas otkako ke mi zavrsi ciklusot,mislam za nareden mesec da odam.

(Одговор на членот butterfly 00)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Замрзнување на јајце клетки и ембриони
18.8.2014 11:47:42   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: skriena

650 eur plativ vo sistina za zamrznuvanje za edna godina cuvanje i sekoja naredna se plaka po 10 000 den nema vrska mislam ne e skapo se isplaka pozzzz


ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina

A transferot posle kolku se plaka na zamrznati embrionI


ИЗВОРНА ПОРАКА: весник

и јас толку платив 650 евра,а после секоја година се до 5-тата година се доплакало 160 евра.а на телефон прасав во систина се плакало за трансфер 400-410 евра,а во таа цена ми рекоа дека влегувале и ехата и тие инекциите две во кук сто ги ставаат прогестерон и диазепам пред трансферот.се читкаме секако за се ново што дознаваме и што ни се случува. поздрав!


ИЗВОРНА ПОРАКА: skriena

da za transfer se plaka 25 000 a vo taa cena e vkluceno se do kraj pregledi transfes i sve toa



Во Систина за трансфер и мене ми кажаа минатиот пат дека се плаќа 25000 денари.

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот весник)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Замрзнување на јајце клетки и ембриони
16.9.2014 14:39:03   
LoveableMe RR
"Во Ре-Медика се роди првото бебе од смрзната јајце клетка во Македонија

Првото бебе од смрзната јајце клетка е родено во болницата Ре-Медика, соопшти денеска стручниот тим од приватната општа болница Ре-Медика.

- Нашата посветеност и работа резултираа со раѓањето на првото бебе од смрзната јајце-клетка во Република Македонија. Ре-Медика успешно го усвои и рутинизира методот на криопрезервација со што на пациентите им се даде можност за чување на јајце-клетки и нивно подоцнежно користење за сопствени потреби и за донација - рече проф. д-р Глигор Димитров, шеф на одделот гинекологија и акушерство во Ре-медика.

Новороденчето е женско бебе родено со тежина 3 килограми и 670 грама, 51 сантиметар и напредува одлично. Смрзнатата јајце-клетка беше чувана во софистицирана лабораторија, прва сертифицирана и акредитирана за ИВФ на Балканот во специјални контејнери на температура од -196 степени Целзиусови, постигната со течен азот.

Замрзнувањето на јајце-клетките е само една од новите методи кои во континуитет се воведени во последните години во Центарот за ин витро фертилизација во Ре-Медика.

- Целта ни е да ги следиме и етаблираме сите нови методи кои донесуваат прогрес во решавањето на проблемот со стерилитетот. За тоа ги имаме сите предуслови. Имаме одлично едуциран тим, современа опрема, работиме по современи протоколи. Тоа не прави силни, квалитетни и професионални во решавањето на проблемот на неплодноста. Зголемувањето на бројот на нашите пациенти тоа и го потврдува - изјави доц. д-р Зоран Петановски, шеф на ИВФ во Ре-Медика.

Криопрезервацијата на сперматозоиди и ембриони е одамна рутинизирана постапка со голем процент на преживување, но поради фригилноста на јајце-клетките, нивното смрзнување и преживување по одмрзнувањето претставуваше голем проблем. Сега, со современиот начин на смрзнување (витрификација), процентот на преживување на јајце-клетките по одмрзнувањето достигна високи 90 проценти. Јајце клетката може да биде чувана на ниски температури најмногу до 5 години."

Извор: Плусинфо

------------------------
Нели наша бубе10 се породи со смрзнат ембрион скоро???user posted image

edit:

"Новороденчето е родено пред неколку месеци, со тежина 3 килограми и 670 грама, 51 сантиметар и напредува одлично."

ALFA TV



< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 16.9.2014 15:10:35 >


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Замрзнување на јајце клетки и ембриони
15.12.2014 18:32:04   
gina
eve i jas bi se prijavila na ovaa tema nie zamrznavme tri embrioni i plativme 660 evra i mi rekoa sekoja god deka se doplaka po 150 evra
sega i jas se zagriziv nas nikoj ne ni kaza deka moze i da ne preziveat a za zamrznuvanje ni rece Lazareski da gi zamrznam ic da ne se mislam ama i mnogu poskapo e izleda vo sistina kako sto pisuvate transfer 25 000 iljadi a vo remedika 15 000 golema razlikata e

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Замрзнување на јајце клетки и ембриони и ...
6.4.2015 11:00:54   
LoveableMe RR
Трансферот со смрзнати ембриони во Ремедика чини 15.000 денари, јас правев на природен циклус и не примав никаква терапија, го чекаа мојот природен фоликул, примив прегнил и пет дена после овулацијата имав трансфер со смрзнати ембриони, бидејќи ми беа на петти ден од развој.

Трансферот беше ист како и сите трансфери при ИВФ. Потоа ми беше дадена стандардна терапија и две недели одмарање, плус ми беа дадени клексани секој ден по една инекција до тестот за бременост.

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 6.4.2015 11:02:07 >


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Замрзнување на јајце клетки и ембриони и ...
6.4.2015 11:08:41   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: bube10 12.2013

....jas so zamrznati embrioni od tret den na razvoj ostanav bremena. Ivf pravev vo Remedika kaj Petanovski I zamrznatite embrioni mi bea od tret den na razvoj - osumkletocni embrioni. ... Gi cuvaat 5 godini I mislam deka ke te cini okolu 500 evra, si potpisuvas dogovor so bolnicata i mozes ponataka da si gi iskoristis za da ne se maltletiras da se klukas so hormoni i da ja pominuvas istata procedura. ....pravevme ivf na priroden ciklus so zamrznatite embrioni, ovoj pat bez nikakvi terapii, hormoni, inekcii...po transfer so zamrznatite embrioni mi ja dadoa istata sema na apcinja kako posle punkcija - crinone gel, aspirin, estrofem, folna kiselina, dexamethason i vitamin d3. Mi vratija dve embrioncinja (embrionote sto mi bea zamrznati se od tret den, megutoa vo odlicna sostojba). .....]....... Samo sto se vrativ od Remedika i na 12 den od transver (so zamrznati embrioni) betata mi e 204 user posted image user posted image
_____________________________________________
obidi = 3 godini, 2013= 1 inseminacija = / , 1-vo ivf = neuspesno, 2-ro ivf so zamrznati embrioni = uspesno ; terapija - crinone gel, aspirin, estrofen 2x2, folna, dexamethason, vitamin c, cink, magnezium i kalcium i vitamin D3



ИЗВОРНА ПОРАКА: mery 26.02.2014

......Pred dve nedeli napraviv transfer so zamrznatiot embrion i denes na 13-tiot den od ET betata mi bese 546. Kaj Klementina Kuzeska pravev transfer, eden embrion imav, i realno ne ni ocekuvav nekako..ama eve sto ti e tvoe i pisano ne mozes da begas od toa. terapijata mi bese utrogestan 2x1, aspirin 1x1 i femibion 1x1. Plus si dodadov moja terapija sekoj den po dva jajca organski od selo gi jadev vareni, gi ima na bit pazar selanite gi prodavaat. Tolku sto veke ne mozam vareni jajaca da gledam user posted image ......



_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Замрзнување на јајце клетки и ембриони и ...
13.10.2015 9:10:26   
LoveableMe RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Pinky30
A dali nekoja od vas znae kolku e vo ReMedika za zamrzuvanje embrioni?


ИЗВОРНА ПОРАКА: Bea
Во мај плативме 34100 ден замрзнување за 5 години.


ИЗВОРНА ПОРАКА: Kvisko
И ние во април плативме исто колу и Bea. Толку е за пет години и не се плаќа ништо допочнително за чување туку само за трансфер потоа.



_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Замрзнување на јајце клетки и ембриони и ...
15.10.2015 10:58:04   
Pinky30
Citam deka se plakjalo za sekoja naredna godina vo remedika taka li e imal li nekoj iskustvo? Nas ni kazaa deka se plakja 34.100 za 5 godini mislam deka ke kazea za sekoja naredna godina po kolku ili zgresivme sto ne prasavme...

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Замрзнување на јајце клетки и ембриони и ...
15.10.2015 12:41:46   
Kvisko
Во Ремедика таа цена што сте ја платиле е за 5 години. Во Систина се плаќа секоја година плус за чување. Така што не се замарај со тоа.

(Одговор на членот Pinky30)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Замрзнување на јајце клетки и ембриони и ...
26.10.2015 16:41:33   
mimidjon
Девoјки пoминa и трансферот денес,ми врaтијa 2 ембриoнчињa,10 зaмрзнaв и плaтив 40,700 денaри вo Систинa,oвa е зa еднa гoдинa секoјa нaреднa се дoплaкaлп 150еврauser posted image

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Замрзнување на јајце клетки и ембриони и ...
8.1.2016 11:26:28   
LoveableMe RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Kvisko

....Конечно мојот фоликул прснал. Колку што разбрав овој циклус одиме скоро потполно природнo. До трансфер пијам само дабростон и фолна и нормално метформинот и аспиринот. Нема кринон или утрогестан барем до трансфер. Од сега па натаму не треба да плаќам за луди железници. Ова доволно ме извозе. Дабростон сега пијам како подготовка на ендометирумот за трансфер (наместо кринон или утрогестан). Не примив стоп инекција зашто овој циклус одиме комплетно природно (Мислам дека има врска нешто со хиперстимулацијата од претходниот циклус ама ај да не си правам филмови). На преглед кога виде дека пукнал фоликуот и него како да му падна камен од срце вика уф добро ова сврши работа. Потоа ме праша дали по дома ми се наоѓа утрогестан или Дабростон. Му реков дека се такво сум испила па ми рече ај земи Дабростон поарно. Кога излегов од кај докторот требаше сестрата да ми потврди дека се бластоцисти да ми каже што и како за трансфер запна и она за Кринон. Влеговме пак кај докторот и тој потврди дека ќе примам Дабростон не кринон до трансфер. После ми вика видиш со тебе нешто ново е ова, досега давал кринон. Не знам што ќе е ама ај за убаво нека е. Некако докторов ми е оптимист па ај и јас сум таква.

......Јас само да пријавам дека од попладнево во мешето имам две добри бластоцисти. Стискајте палци да им се допадне кај мама и да си останат таму едно 40-тина недели. Јас некако не знам како да се чувствувам. Деновиве имам стегање околј јајниците и матката. Нешто слично како пред добивање. Читав дека може да е тоа нормално ама ај остани смирен де. Јас искрена да бидам не можам веќе да седам дома и ќе си одам на работа. Лежев поинтензивно 5 дена, потоа на 6-тиот веќе почнав да се раздвижувам, викендов по малку шетав.....Ако сакало да се фати ќе се фати секако, ако не сакало и да лежам по дома обесена на плафон за нозе пак нема ништо да биде.

......Мрзнењето во Ремедика е 34 000 и нема врска со бројот. Мене ми смрзнаа и ембриони и јајце клетки и цената е таа. Јас за месецов додуше не се надевам премногу зашто почнаа сите симптоми за добивање така што ќе чекам до петок само за официјална потврда ама без многу надеж. Имам карактеристични симптоми за пред добивање (многу карактеристична болка во долнито дел на грбот и карактеристични промени на градите, како и гадење во попладневните часови). Тие симптоми ми се тука, другите што ги имав на почеток на примање на прогестеронот ги снема. Сега си ги имам баш само симптомите за добивање (а знам кога претходно ја имав таа несреќна бременост дека симптомите за бременост се баш различни). Затоа немам многу надеж. Дај Боже да не сум во право.

.........Јас сум утре на вадење бета па сагата ќе заврши. Ај ќе се стрпам до тогаш само што јас не сум како многу други тука што имата симптоми од терапија. Одев само на трансфер на природен циклус и освен прогестерон ништо друго не примам. Затоа не може да кажам дека симптомите се од терапијата и слично. Кај мене од ден на ден се намалуваат симптомите само остануваат оние за добивање. Дај Боже да не сум во право. Ќе видиме утре. .....Бетата ми е преку 600. Уште не ми се верува и мислам дека ќе добијам ама ај ваљда е нормално. Терапијата ми останува иста до наредна контрола. Ве влечам сите за носињата.

...........Девојки ајде јас да си пишам прво тука. Вчера на ехо видовме едно расчукано срценце. Кафеавиот исцедок веројатно бил или од утрогестанот или од ресорпција на другото ембрионче. Сега продолжувам со истата терапија (утрогестан дабростон, метформин, аспирин и фолна киселина). За мирувањето јас пишав дека не мирував баш нешто посебно. МИрував првите три дена интензивно со тоа што станував за да си греам јадење и слично. Се туширав најнормално и слично. На петтиот ден морав да одам на работа на саат-два. Втората недела веќе одев на работа. Е сега јас немам стандардно работно време па не ми се фаќаа полни осум саати ама кога држам предавња сум 3 саати на нозе. Така беше и таа втора недела.


На 05.01.2016 година, Квиско кај д-р Димитров во Ремедика го доби своето синче од трансферот со смрзнати ембриониuser posted image . Целата приказна на Квиско, прочитајте ја ТУКА.




_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот mimidjon)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Замрзнување на јајце клетки и ембриони и ...
8.1.2016 19:52:02   
gina
imav i popgore pisano deka imame zamrznato triembrioni neznam dali se ispalka ili ne no togas koga gi zamrznavme bevme preraduvani zatoa sto so azospermija tolku embrioni nikogas ne sme imale si rekovme dali ce ima takva brojka ne se znae nema sto da se izgubi ni rekoa godisna doplata 150 evra ama sega pred nova godina ni se javija od sistina ne prasa dali sakame da gi cuvame i seka ni rekoa doplata od 170 evra stvarno samo nakacuvaat na cena
za nas bese teska odluka nemavme srce da gi ponistime a rizikot e golem dali ce preziveat i dali se isplaka za mal broj embrioni da plakas godisno neznam user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Замрзнување на јајце клетки и ембриони и ...
8.1.2016 21:45:25   
Kvisko
Gina јас правев трансфер со смрзнати ембриони. Одмрзнавме три од тие што ги имавме, ембриологот ги одбра двата најдобри и сега имам синче. Така штоо три ембриони не се малку ти даваат барем еден обид. Е сега вие треба да си процените самите дали финансиски ви се исплати или не.

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Замрзнување на јајце клетки и ембриони и ...
9.1.2016 12:15:22   
LoveableMe RR
Џина, после толку мака што видовте и плус покрај тешкиот спермограм, тман имате готов материјал сега и јас ич не би жалела, туку ако би била на твое место, наскоро би планирала трансфер со смрзнати за второ дете, ем пресно организмот е спремен, ем нема боцкања и испитувања.

Кажете ми дали се плаќа плус за смрзнување ако останат ембриони од нареден циклус ИВФ? Ние имаме веќе смрзнато во Ремедика и сега за наредно ИВФ, ако останат, не знам дали ќе треба да платам како скроз ново срмзнување или ништо нема да платиме. Квиско ако сеуште си во Ремедика, ај праша ги сестрите. Тенкс.

Мм мрчи да одиме на друго место заради трошоци а има и проблем со отсуство од работа, па немам ум што ќе правам, затоа се распрашувам за опции....

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 9.1.2016 12:16:22 >


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Замрзнување на јајце клетки и ембриони и ...
9.1.2016 17:19:36   
gina
pa zdravje boze naka podnarasne malku bebuskoi ce odam da si gi zemam embrionite moze ce se fati vtoro


LoveableMe bi trebalo pak da se naplaka zamrznuvanje sepak e drugo ivf a zosto pak ne probas so zamrznati


(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Замрзнување на јајце клетки и ембриони и ...
11.1.2016 10:12:07   
LoveableMe RR
Gina, јас правев еднаш со смрзнати ембриони и не се фати, беше неуспешно, сега имаме уште три ембриони смрзнати, но сакаме да ги оставиме за понатаму. Имаме добиено нов ваучер уште од септември, но имав трчканици со еден од родителите по клиникиве баш тој период и потоа гужви на работа, не смеев да отсуствувам и ете дури сега треба да правам нов циклус ИВФ.

Инаку, се јавив во Ремедика и прашав како е постапката. Кажав дека имаме смрзнати ембриони и дека сакаме да ги чуваме и размислуваме за нов циклус ИВФ и што во тој случај? Дали се додаваат нови ембриони од овој циклус, доколку имаме, заедно со тие претходните, за истата сума? Ми рекоа не, секое ново смрзнување на ембриони се плаќа како ново од корен, значи тоа што имаме смрзнати и плативме околу 30.00 илјади денари си е платено, но сега доколку со новото ИВФ имаме нови ембриони, пак ќе треба да платиме околу 30 000 денари.....само пари да имаме за фрлање, за мерак...?

Ајде другите рингерајки ако читате, пишете дали и во Систина, Плодност итн, се плаќа секој нов циклус ИВФ смрзнување одново или не? Butterfly00 има искуство, ако не чита, нека пишеuser posted image .

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Замрзнување на јајце клетки и ембриони и ...
19.2.2016 22:43:26   
butterfly 00
Zdravo RR, jas 6 meseci ne bev aktivna na forumiv si zemav malku odmor inaku vo Sistina isto taka se plaka za sekoe novo smrznuvanje po 650 evra i plus godisno sto ti gi cuvaat 10 000 den bez razlika dali imas zamrznati ne gi dodavaat kaj niv tuku gi zameznuvaat posebno i se plaka sekoe zamrznuvanje taka da pari kolku sakas toa e, jas dosega dva pati imam praveno so zamrznati ne mi se fati

_____________________________

3 inseminacii, 2 IVF = / , 2 FET = /

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?