|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  62 63 64 [65] 66   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Трудници во второто тромесечје II- од 13...
27.2.2016 16:41:43   
MarigoldNeva
I jas se imav preplaseno vo prvata bremenost, neznam tocno koja nedela bev, ama znam deka imav golemko stomace. Ke se tusirav so protocen boljer i koga go pustiv plinot tolku silno buvna, sto celata se stresov, duri i osetiv kako i bebenceto da se isplasi. Ke zaboravis za pretrpeniot strav za kratko vreme, a bebceto nema gajle ;)

(Одговор на членот tina88)
Непосредна врска до пораките: 1601
   RE: Трудници во второто тромесечје II- од 13...
2.3.2016 12:12:54   
scared RR
Денес бев кај матичната за контролни брисеви и машко е вели она user posted image јас си знаев дека ке е машко user posted image мажле многу сакаше женско ама не е битно само да ни е здраво право user posted image
Во понеделник сум на контрола и во систина, и да здивнам малку, се преморив од испитувања периодов user posted image

< Поракaта ја уредил scared RR -- 2.3.2016 12:13:26 >

(Одговор на членот MarigoldNeva)
Непосредна врска до пораките: 1602
   RE: Трудници во второто тромесечје II- од 13...
2.3.2016 13:39:55   
LoveableMe RR
Честитки сцкаредРР, само за убаво нека еuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 1603
   RE: Трудници во второто тромесечје II- од 13...
2.3.2016 13:55:51   
Hopeful RR
Ооооо мажле мило, само нека продолжи да расте! Знаев, ЗНАЕВ user posted image Овие две години на РР претежно се машки, дајте следните раѓајте девојчиња, снаи од кај ќе наоѓаме инаку, да не оговараат после на РР user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 1604
   RE: Трудници во второто тромесечје II- од 13...
4.3.2016 13:26:13   
scared RR
Фалаа user posted image само убавини да ви се вракаат user posted image
А богами навистина дефицит има на девојчиња, годинава се машки се рагаат user posted image

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 1605
   RE: Трудници во второто тромесечје II- од 13...
4.3.2016 15:43:27   
princessa
Само нека се живи и здрави па дали девојче дали момче подеднаква е среќата. јас имам девојче и момче ама сега уште не го знам полот. Можеби на следниот преглед кој што ми е за 10тина дена ќе дознаам па ќе пишам.
Иначе мене ме убија мачнините и повраќањето, ниту трета среќа не ме послужи, ич ксмет сум немалаuser posted image . Многу сум истоштена од се последниве 6 недели ама се надевам дека за недела две ќе ми се поврати нормалниот животен тек. Ама затоа благо колку ми се јаде тоа е чудо, за доручек, ручек, вечера само благо ми тера душичкатаuser posted image . Додека сум во минус со килажата е добро само после да не ми се наплати се дупло со каматаuser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 1606
   RE: Трудници во второто тромесечје II- од 13...
10.3.2016 14:47:52   
scared RR
Цервиксот само со вагинално ехо ли се мери? Мене докторот не ме виде на такво ехо само на обично и после гледам во извештајот пишуваше цервикс 44 мм.

(Одговор на членот princessa)
Непосредна врска до пораките: 1607
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
11.3.2016 16:00:10   
lukajana RR
MotherA добредојде на рр ,постот ти го префрлив во Градите во бременоста се надевам ке има некој со слично искуство

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот MotherA)
Непосредна врска до пораките: 1608
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
14.3.2016 11:48:40   
princessa
Здраво трудници. Јас еве скоро 15недели како сумuser posted image . Мачнините и повреќањето ги однемува, само мака мачам со зголеменото лачење на плунка и тоа страшно ме иритира. Дури неможам нормално да функционирам. Имате ли чаре за овој проблем? Денес бев на преглед и му кажав на гинекологот ма да никаков совет не ми даде. Преку глава ми е од вакви доктори што само молчат и дигат раменици. Значи зборовите треба со клешти да им ги вадиш. Или си мислат, се е нормално тоа ќе пројде, таква е бременоста нели?
Иначе со бебушка е се во ред, си расте си напредува, право бебенце еuser posted image .Имам и сликичка и едвај чекам некому да му ја покажамuser posted image . За полот уште е премногу рано, ке се стрпам до следниот преглед за 4 недели кога ми е закажан вториот скрининг.user posted image . Поздрав и имајте лесен и чист понеделникuser posted image

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 1609
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
14.3.2016 15:51:53   
Neurotoxin RR
Точно дека зголемено лачење плунка е нормална појава во бременоста, ама и мене ме нервира кога му кажувам за мачнините и он се зафркава со мене, ми вика, стварно ти се лоши, од што бе така??? Нормална појава е ама треба некако да се намали, сепак треба да функционираме. Чај од жалфија не смееш да пиеш сега, ама пробај со поконцентриран раствор да жабуркаш почесто.

(Одговор на членот princessa)
Непосредна врска до пораките: 1610
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
14.3.2016 16:04:36   
весник
devojki pisete dali ste ispituvale torch vo bremenost i sto ako e pozitivno?!?

(Одговор на членот Neurotoxin RR)
Непосредна врска до пораките: 1611
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
14.3.2016 16:15:22   
scared RR
Јас испитував. ИГГ кај рубеола е секогаш позитивно заради вакцината што ја имаме примано, да знаеш да не се исплашиш :) и други игг ако ти се позитивни не е страшно, зашто се работи за стара мината инфекција, лошо е ако игм е позитивно и се надевам нема да е , зашто за терапија не знам како оди доста е комплицирано и не разбрав ништо од тоа што го читав по интернетот, и баталив зашто само се паничев додека чекав резултати.

(Одговор на членот весник)
Непосредна врска до пораките: 1612
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
14.3.2016 16:21:28   
Neurotoxin RR
Тоа е испитување за најчестите инфекции кои имаат влијание врз развојот на плодот, убаво е да се прави за сите, но не го прават. Ако е позитивно се оди со терапија и испитувања на плодот. Се надевам дека нема да биде позитивно на ниедна инфекција и што вика scared, со резултатите на лекар, за да не се извадиш од памет ако пробуваш сама да ги читаш.

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 1613
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
14.3.2016 16:42:20   
princessa

ИЗВОРНА ПОРАКА: Neurotoxin RR

Точно дека зголемено лачење плунка е нормална појава во бременоста, ама и мене ме нервира кога му кажувам за мачнините и он се зафркава со мене, ми вика, стварно ти се лоши, од што бе така??? Нормална појава е ама треба некако да се намали, сепак треба да функционираме. Чај од жалфија не смееш да пиеш сега, ама пробај со поконцентриран раствор да жабуркаш почесто.

Нормално е да, ама како што читам и ретка. Се надевам дека ќе помине кога целосно ќе исчезнат и мачнините. Само да поминува е битно. Јас за жалфијата не сум знаела дека не смее да се пие, не сум ни пиела ама имав смукано минатата недела бонбони од жалфија против кашлица. Можеби се на се 5 мали бонбони. Ќе пробам со растворот, не ми преостанува друго. Важно ми е многу непријатно и гадно се осеќам, или мора да ја голтам плунката или да плукам постојано во шоља, а и тоа и тоа има контра ефектиuser posted image

(Одговор на членот Neurotoxin RR)
Непосредна врска до пораките: 1614
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
14.3.2016 17:04:06   
Neurotoxin RR
Не се секирај, чајот и бонбоните не се исти, а и да се напиеш некоја шоља чај не е страшно, само честа употреба не се препорачува ни на здрави возрасни луѓе, има токсин во мали концентрации, затоа, а за бонбоните немај гајле.

(Одговор на членот princessa)
Непосредна врска до пораките: 1615
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
14.3.2016 17:11:13   
princessa

ИЗВОРНА ПОРАКА: Neurotoxin RR

Не се секирај, чајот и бонбоните не се исти, а и да се напиеш некоја шоља чај не е страшно, само честа употреба не се препорачува ни на здрави возрасни луѓе, има токсин во мали концентрации, затоа, а за бонбоните немај гајле.

Фала ти многу на брзиот одговорuser posted image user posted image . Добро е кога си информиран соодветно. Се да е во границите , да не се претерува нели? Инаку во бременоста доста работи треба да се избегнуваат или да се сведат на едно разумно ниво на консумација.

(Одговор на членот Neurotoxin RR)
Непосредна врска до пораките: 1616
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
24.3.2016 20:15:16   
lukajana RR
MerigoldNeva многу ми е жал user posted image постот ти е префрлен Тука

< Поракaта ја уредил lukajana RR -- 24.3.2016 20:19:45 >


_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот Neurotoxin RR)
Непосредна врска до пораките: 1617
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
27.3.2016 14:37:52   
весник
Трудници кажете ми како спијате навечер...дали спијате воопшто...и виздух дали имате...мене страв ме фаќа...воздух немам навечер..само се превртувам.

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 1618
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
27.3.2016 22:27:16   
SOLE
Весник уживај во второто тромесечие оти да не те плашам сепак ова се слатки маки ама во третото се е потешко, во моментот се чувствувам како тенк user posted image ем не сум поправена но едваи се движам и ептен се задишувам а да не ти кажувам по колку пати во wc одам, и ноке нонстоп се бидам, плус па веке што само на порагај мислам, но тоа е тоа мамички ке станеме и мора да издржиме user posted image

< Поракaта ја уредил SOLE -- 27.3.2016 22:28:54 >

(Одговор на членот весник)
Непосредна врска до пораките: 1619
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
27.3.2016 23:34:41   
scared RR
Јас од сам почеток имам зголемена потреба за мокрење, ама последниов период на 20 минути знам да одсм во вц, ако не на 20, тогаш на неполн саат обавезно, притиска ли бебуш кој знае user posted image

< Поракaта ја уредил scared RR -- 27.3.2016 23:35:18 >

(Одговор на членот SOLE)
Непосредна врска до пораките: 1620
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
28.3.2016 12:23:14   
princessa
И јас одам навечер во тоалет и тоа по два пати ноќе станувам и после мака мачам пак да заспијам. И да не пијам течности одамuser posted image . И тоа не од сега веќе подолго време, а тек сум 17неделиuser posted image . Инаку и јас се немам воопшто здебелено а ете пак се осеќам дебела. Стомак не ми се познава и не се ни приметува дека сумuser posted image , ама најверојатно бебето си врши притисок и желудникот ми е притиснет и малку да јадам и пукамuser posted image и оттука ми доаѓа чувство на дебелина и неудобност.

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 1621
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
28.3.2016 15:57:35   
весник
Леле бе како тоа не сте поправени...па јас сум 17 недела и веќе имам качено 3-4 кгр.Јадев првото тромесечје...имав мн.апетит...напади на гладост добивав а ми се лошеше...сега навечер неможам да спијам...тек сега ми е жежко и страв ме фаќа за в лето...минатата вечер воздух мислам дека немав..ме фати паника...дали некогаш ве фаќа вас паника,склет,нервоза...а стомачето ми се познава...незнам дали има тоа врска што носам близнаци...појма немам

(Одговор на членот princessa)
Непосредна врска до пораките: 1622
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
28.3.2016 16:53:32   
Neurotoxin RR
Ајдеее, и стомак имам прилично голем за неделата и поправена сум цели 5 кила. А демек ми се гадеше и повраќав (и уште знам да повратам некогаш) За мокрење не сакам да зборувам веќе, секоја вечер во исто време се будам, значи неможам повеќе и тоа наеднаш ми се приодува дури не можам да станам за до купатило. А тек 16-та сум, стомак ко за во 6-ти месец, ама додуша јас си имав вентрална кила од царскиот, и стомак ко за трудница си имав и кога не бев трудна.

(Одговор на членот весник)
Непосредна врска до пораките: 1623
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
28.3.2016 17:08:19   
princessa
Мене и во двете претходни бремености стомакот почна да ми се познава некаде од кај 6от месец и после 3-4 дена по породувањето бев рамна ко даска. Никогаш не сум имала стомак и сало ваљда некои добри гени сум наследилаuser posted image . Не повраќам веќе две три недели ама уште не ми е нормализирана состојбата, имам киселини, стомачни тегоби и нон стоп сум со мастика во уста. До кога ќе трае незнамuser posted image .

(Одговор на членот Neurotoxin RR)
Непосредна врска до пораките: 1624
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
30.3.2016 13:23:29   
kuklicka30
Здраво на сите денеска бев на преглед бебето е уште карлично завртено и имам болки во долниот дел од стомакот матичната ми препиша еритромицин 4*1 утрогестан 3*1 магнезиум 2*1 калциум 2 пати неделно аспирин и прегназон што ги пијам дали некоја трудница примала еритомицин во бременоста болката ми била бидејќи не сум ги пиела утрогестанот а од нив имам многу вртоглавица инаку сум 25 недела

(Одговор на членот princessa)
Непосредна врска до пораките: 1625
Страница:   <<   < Претходна страница  62 63 64 [65] 66   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  62 63 64 [65] 66   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?