|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  47 48 49 [50] 51   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
3.6.2016 20:19:01   
kapina
A tvojot maticen gin ti dava li fiskalna smetka koga ti naplaka ehoto e besplatno jas samo za pap test plakam60den i za bris okolu 200 den ako ne ti dava fiskalna prijavi go nemoze nekoj da rabote cel den za 500 den a nekoj za 5 min da mu gi zeme tuku taka jas ne sum bremena inaku ama tolku zema mojot maticen gin

(Одговор на членот Мафин)
Непосредна врска до пораките: 1226
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
4.6.2016 17:34:38   
Мафин
Mnogu normalno deka gospodinot ginekolog ne dava fiskalna smetka user posted image mi bese neprijatno da go Prasam dali treba da plakam za exo go tekot Na bremenosta, zosto ne go znam zakonot detalno. Ama Sega ke procitam, da znam sto mi sleduva ;-)
Ustvari I koga ke razmislam- nema kaj nego Ednas godisno besplaten pap test a sigurna sum deka raboti so fondot

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 1227
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
4.6.2016 18:43:59   
kapina
Stom ti e maticen verojatno rabote so fondot sledniot pat baraj fiskalna za se sto ti se naplaka mene toa mi go ima kazanp zena sto rabote vo fondot oti ehoto e besplatno

(Одговор на членот Мафин)
Непосредна врска до пораките: 1228
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
7.6.2016 21:45:12   
fetusce

ИЗВОРНА ПОРАКА: Мафин

Mnogu normalno deka gospodinot ginekolog ne dava fiskalna smetka user posted image mi bese neprijatno da go Prasam dali treba da plakam za exo go tekot Na bremenosta, zosto ne go znam zakonot detalno. Ama Sega ke procitam, da znam sto mi sleduva ;-)
Ustvari I koga ke razmislam- nema kaj nego Ednas godisno besplaten pap test a sigurna sum deka raboti so fondot


Jas napraviv analiza na krv i mokraca besplatno kako trudnica i ehoto mi bese besplatno isto taka.

(Одговор на членот Мафин)
Непосредна врска до пораките: 1229
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
10.6.2016 8:50:31   
fetusce
sega ova vtoro eho i mene mi go naplati 300 denari.

(Одговор на членот fetusce)
Непосредна врска до пораките: 1230
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
10.6.2016 14:11:30   
elenak
Мешиња колку ве има за трка user posted image Јас од утре 8-ма недела, по мерките плодот си одговара за староста, срценцето чука и сега само останува да се галиме и да си растеме. Туку ептен ми е поразлична оваа бременост со првата, буквално не се препознавам. Немам желба за храна воопшто, цело време некое чувство на гадење а не повраќам, што мислам е уште потешко оти не ми олеснува од ништо. Многу малку јадам а стомакот и од едно залче ко балон ми станува, се осеќам како 4-ти месец да сумuser posted image Во првата бременост со 12-та недела дури не ја видов на ехо како скока мислев докториве ме зафркаваат дека сум бремена, немав ни стомак до 6-ти месец. Па ме фаќаат кризи, депресивни мисли, не се трпам сама, а на другиве околу мене како им е не знамuser posted image . Како ли ќе се издржи?

< Поракaта ја уредил elenak -- 10.6.2016 14:12:41 >


_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот fetusce)
Непосредна врска до пораките: 1231
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
21.6.2016 14:21:16   
Michela
Еве девојки да пишам првпат тука,7 недела сум бремена со близначиња.Ги слушнавме срценцата ама едното заостанува зад другото докторот вика дека уште е рано за било каква прогноза а мене ми е страв дека и двете ќе ги изгубамuser posted image па така ќе си станам сабајле па ќе си поплачам.Како ги трпите вие жештиниве?Јас едвај издржувам имам низок притисок

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 1232
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
21.6.2016 14:40:20   
Hopeful RR
Michela, браво за двете срценца, јуначиња на мама! user posted image

Како заостанува едното, во која смисла? За мерки е рано...
А зошто тебе ти доаѓаат такви мисли? Нема причина за грижа, уживај и гали го мешето. Немој самата да си создаваш негативна енергија, сега и тебе, а на нив поготово, ви треба оптимизам и верба дека се ќе биде ок. Првиот триместар е тежок, цел со неизвесности и стравови, но ќе помине и ќе видиш дека се ќе биде ок. Ти одмарај си под клима, а за притисокот па ич да не се секираш, понизок е поок во бременост.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Michela)
Непосредна врска до пораките: 1233
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
21.6.2016 16:27:49   
Michela
Во големина едното е 1,24 цм а другото 9 мм.Исто помалово има послаби отчукувања на срце.Дури докоторот не го ни виде прво вика добро е што е едно и го врти ехото и вика еве го и другото.Шлог ме мавнаuser posted image Знам една познаничка имаше ист случај близнаци после ивф и едното почна да заостанува па го повлече и другото после.И тоа кај истиот доктор,мада нема врска докторот,тоа си е природа.Дури размислував за редукција ама он ми вика многу е рано не брзај опушти се да видиме како ќе се одвива работата.Ама ај иди опушти сеuser posted image

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 1234
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
21.6.2016 23:08:44   
Hopeful RR
А бе нема врска, тие мерки се провизорни само, ич не се замарај. Познаници и пријатели имаат секакви искуства и тоа не значи ништо за тебе - сигурно имаш поголем број блиску луѓе со успешни бремености, но ти си одбрала да се фиксираш за овој случај. Мора да останеш позитивна.

Опуштањето е релативна работа, јас цела бременост ја поминав во грч па се помина ок, еве ги здрави прави и двајцата. За редукција не знам зошто воопшто размислуваш, освен ако нема некоја медицинска потреба. Од лично искуство, можам да кажам само дека нема поубаво од близнаци user posted image

Кога си следен пат на контрола, и кај кој доктор си?

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Michela)
Непосредна врска до пораките: 1235
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
22.6.2016 7:50:42   
Michela
Кај Лазаревски сум,за три недели ми рече контрола.За редукција мислев само ако едното претставува ризик за другото ако се двете здрави прави бебиња нема да се откажам од едното само затоа што не сум планирала да раѓам две деца.Башка и за нив ќе е поубаво ако се двеuser posted image најверојатно после сите тие боцкања контроли исчекувања се навикнува човек да е во грч постојано и се очекуваш наопачки да тргне.Сакам да се запишам на пренатална јога,баш ќе прашам наредна контрола дали смеам сеуште.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 1236
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
22.6.2016 11:30:17   
Hopeful RR
Смееш, да, добро ќе ти дојде. Можеби ќе треба да почекаш некоја недела, прашај го Лазаревски. Има и во Систина како дел од пакетот за породување. Не се грижи, во добри раце си, сите во Систина знаат што прават.

Редукција ако треба, ќе се направи, но се надевам дека нема да има потреба и дека се ќе биде ок. Никогаш работите не ни излегуваат по план, но да, за нив е секако подобро што се две, се имаат едно со друго засекогаш.

Инаку те разбирам како ти е, сме го збореле ова досега на РР - кога човек проаѓа низ стерилитет, ивф протокол и милион испитувања, се навикнува на неуспех и на лоши вести. Мене цела бременост не ми се веруваше дека е реална, дека мене ми се случува ова, дека се две, очекував компликации, си ги добив, хематоми, лежење, инфекции, но сепак добро помина. Не ми се веруваше дека е реалност се додека не требаше да си одам дома со бебињата, кога се растурив од плачење, што од страв, што од возбуда, што од reality check.


_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Michela)
Непосредна врска до пораките: 1237
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
24.6.2016 14:07:54   
fetusce
dali ringejajki koristite vaginaliti od prvoto tromesecije na bremenosta? Me interesira koi vaginaliti gi koristite za da gi koristam i jas suva mi e kozata a i belopranje imam.

< Поракaта ја уредил fetusce -- 24.6.2016 14:09:26 >

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 1238
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
25.6.2016 0:25:08   
lukajana RR
Fetusce јас не би зимала ништо на своја рака ,советувај се со гинеколог за било каков проблем.

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот fetusce)
Непосредна врска до пораките: 1239
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
1.7.2016 15:52:28   
elenak
Жени кажувајте некој лек за главоболка, ме пукна веќе три дена :( Не помага парацетамол, ниту кафе со лимон. Што друго смеам?

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 1240
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
2.7.2016 11:52:48   
Neurotoxin RR
Смееш и бруфен, ако ептен е неиздржлива мигренозна болка, ако не пробај локално со масажа со алкохол или оние мастите за настинка со ментол.

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 1241
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
2.7.2016 22:53:19   
fetusce
jas se isturiv od povrakanje i na seto toa normalno me boli glava mi se vrti i pak povrakaj edno ta isto. Sega malku mi pomina po ednas ili dvapati vo denot mi se slucuva da povratam. No celo vreme mi se losi . Osven toa izgubiv i tezina neznam kako bebeto vo stomakot se razviva taka reci od nisto. Osven od suplementi i hormoni.

(Одговор на членот Neurotoxin RR)
Непосредна врска до пораките: 1242
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
7.8.2016 17:40:28   
mazok
Zdravo devojki. Jas sum nova clenka na sajtov. Sakav nekoj da me posovetuva . Bremena sum 5 nedeli i nekolku dena. Momentalno me fati nekoj virus pa pocnuvam da kaslam kivam nosot mi e zatnat i imamam od vreme na vreme temperatura 37,3- 37.4 . Dali smeam da se napijam paracetamol. Neznam dali e steten za bebeto. So ginekologot ke se vidam tek narednata nedela sega na odmor. Neznam sto da pravam. Imal li nekoj vakvo iskustvo. A zabelezuvam deka dolu mi se pojavuva kandida. Smeam li da stavam kanesten ovoj period.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 1243
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
8.8.2016 12:21:56   
Hopeful RR
Здраво mazok, добре ни дојде! user posted image

Прво, честитки за бременоста! Ти посакувам лесна бременост, со здраво право бебуле user posted image Во однос на настинката, парацетамол е безбеден, но за канестен не сум сигурна во текот на првиот триместар. Додека го чекаш докторот, ѕирни ги нашите искуства за овие теми - настинка и инфекции, и секако пишувај ни како се одвива бременоста. Не заборавај на лимон, витЦ, чај и прополис за настинката!

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот mazok)
Непосредна врска до пораките: 1244
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
9.8.2016 14:02:11   
kavadar4anka
Рингерајки, здраво и од мене... Еве да Ви се приклучам и јас моментално сум 11 недела, т.е.13гн... Супер сме за сега, до сега сум била 3 пати на преглед. Се е во ред, фала му на Бога... на 17.08.2016 год имам закажано прв скрининг па едвај чекам да го видам моето мало човече... Поздрав до вас!

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 1245
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
9.8.2016 15:27:17   
Hopeful RR
Добредојде и за тебе, се надевам на убава дружба user posted image Честитки за бебуле, нека расте и нека се развива кај мама во меше! Каде ќе го правиш скринингот? Пиши ни како ќе поминеш.

Овде ќе најдеш куп информации за се што те интересира во текот на целата бременост, а и после тоа user posted image Секако слободно прашај си што било и пишувај ни како ќе се одвива бременоста.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот kavadar4anka)
Непосредна врска до пораките: 1246
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
10.8.2016 12:17:26   
kavadar4anka
имам закажано во ПЛОДНОСТ Битола кај др. Кристинка Пајаковска, а за микробилошките тестови овде кај матичната... па ќе ви пишам како ќе минам... секој преглед го чекам со нетрпение, времето ми минува бавно user posted image ... само нека биде се во ред и да е добра мисла на сите! Поздрав женички user posted image user posted image

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 1247
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
24.8.2016 17:12:58   
marija23
Decki zdravo. Da Se pofalam,bev denes na lekar I doktorkata potvrdi Deka Sim Bremena Sesta nedela. No nesto me buni bidejki ne sum imala takov problem so prvata Bremenost. Doktorkata mi rece Deka sum Bremena 6 nedeli a prodot Deka e za 5 nedeli. Dali nekoja od Vas znae imala nesto vakvo I dali znae sto znaci? Stvarno mi e Misla....pozdrav

(Одговор на членот kavadar4anka)
Непосредна врска до пораките: 1248
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
24.8.2016 18:10:37   
mommy_angels RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: marija23

Decki zdravo. Da Se pofalam,bev denes na lekar I doktorkata potvrdi Deka Sim Bremena Sesta nedela. No nesto me buni bidejki ne sum imala takov problem so prvata Bremenost. Doktorkata mi rece Deka sum Bremena 6 nedeli a prodot Deka e za 5 nedeli. Dali nekoja od Vas znae imala nesto vakvo I dali znae sto znaci? Stvarno mi e Misla....pozdrav


Честитки Марија23,ти посакувам лесна и убава бременост.Инаку околу неделите не грижи се.Понатаму ќе ти кажат 12 е,а мерките се за 11 или пак,бебето е 22 недела а мерките се за 23 и така натаму.Само нека си се развива и расте тоа нормално и нема никаков проблем.А плус и нели секое бебе си е единка,па може е поситно и слично.Уживај мами и спремај се за уште едно шеќерче по дома.

(Одговор на членот marija23)
Непосредна врска до пораките: 1249
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
2.9.2016 20:37:17   
fetusce
Ве напуштам во првотромесечје рингејајки, одам во второ тромесече. Се гледаме таму..

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 1250
Страница:   <<   < Претходна страница  47 48 49 [50] 51   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  47 48 49 [50] 51   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?