Еца
|
Бидејќи се работи за иста тема, мојата тема Аутизам ја бришам а постовите ги префрлам тука. Аутизмот (или понекогаш наречен „класичен аутизам") е најчестата состојба од групата на пореметувања во развитокот, познати како спектар на аутистички пореметувања (autism spectrum disorders - ASD). Аутизмот се карактеризира со пореметена социјална интеракција, проблеми со вербалната и невербална комуникација, како и чудни, репетитивни и екстремно ограничени интереси и активности. Останатите пореметувања во групата на ASD се синдромот на Аспергер, синдромот на Рет, детско дезинтегративно пореметување и неспецифично постојано пореметување во развитокот. Се смета дека три до шест деца од секои 1,000 болуваат од аутизам. Инциденцата кај машките деца е два пати поголема отколку кај девојчињата. Кај голем број на деца симптомите се намалуваат под дејство на терапијата. Некои деца со аутизам подоцна водат нормални или скоро-нормални животи. За време на адолесценцијата, некои деца со аутизам може да покажат знаци на изразена депресија или други пореметувања во однесувањето. Не постои лек за аутизам. Лекувањето и интервенциите во однесувањето се дизајнирани со цел да се намалат специфичните симптоми на болеста. Идеалниот план за третман ги координира интервенциите кои се насочени кон главните симптоми на аутизмот: пореметена социјална интеракција, проблеми со вербалната и невербална комуникација, обсесивна или репетитивна рутина или интереси. Општо е прифатен ставот дека што порано се започне со третманот тој е поефикасен. Дали сте имале прилика да запознаете семејство во кое расте дете со аутизам? Какво е вашето размислување? ИЗВОРНА ПОРАКА: mami Тивки мудреци или со посебни потреби, едно до две деца од 10 илјади се аутисти. Гледаат, а не препознаваат, слушаат, а не разбираат, чувствуваат, а не можат да изразат. Аутистот не може да продре во надворешниот свет и никој не може да влезе во неговата реалност.„Се што е поврзано со учење, комуникација или се што можеме да направиме во интеракцијата со други луѓе е или скршено или испревртено", објаснува мајка на дете со аутизам.Аутизмот е генетско пореметување, на потомството му го пренесуваат родителите, кои самите не покажуваат никакви симптоми.Родителите велат дека аутистичните деца се затворени во себе, а најсреќни се кога се сами. Не можат да остварат никаков контакт и изгледаат како да се хипнотизирани. „Се чувствувам како некој да ми ја земал куќата и да ми ја растресол, како да му ја земал душата на детето и да заминал", вели една мајка на дете со аутизам.Не сакаат да им се менува редот што тие го создаваат во својата околина ниту рутината. Иако игнорираат се што доаѓа од надвор, се чувствуваат загрозени при директен контакт со луѓе, силни звуци и светло и тогаш може да реагираат бурно - со плачење и бесмислено нишање или повторување зборови.Овие деца сакаат предмети што се користат на необичен начин - прават чудни комбинации од своите играчки што може да ги разберат само тие. Често покажуваат генијалност во различни области, како математика, музика или цртање.Научниците се уште немаат одговор ниту за причината ниту за лекот за аутизам. За сега се знае само дека деловите од нивниот мозок функционираат сосем добро, но не можат да воспостават врска меѓу себе. До сега како најдобра терапија се покажала помошта при социјализацијата и љубовта и разбирањето од околината.
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
|