Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Ееееее, јас многу рано ја почувствував, како бранче нежничко, и тоа во 15/16 недела и секако збудалев од радости, на сите разгласив тогаш. Цела гордости. И дека бев бааааш слабуњаво, си ја гледав дури како расте, прво ми беше како мало топченце од левата страна и со времето се зголемуваше и поместуваше. Чудесии!
RE: Првите движења на бебето.. 10.10.2009 20:57:24
Snowhite RR
Јас многу рано почнав да го сеќавам движењето, уште на 3 и пол месеци, иако другите ми велеа дека е рано, јас знаев дека е тоа. Многу чудна случка ми се случи еднаш, некаде кога бев 3 месеци, се вознемирив премногу за нешто и целото како топче се стутка од десна страна, а на левата имав како дупка, не ми се веруваше, како и бебушот реагираше на ситуацијата. А сега што да ви кажувам, гимнастичарче, само мрда нон стоп
RE: Првите движења на бебето.. 16.10.2009 15:15:39
peperutka*
Девојки го читам сево ова и по малку се загрижувам. Јас сум во 22 недела и имам почуствувано треперење во стомакот, но класични движења не (или можеби не ги препознавам)
RE: Првите движења на бебето.. 17.10.2009 15:34:07
Sanja
Peperutka* , тоа се тие движења на бебето и јас многу касно ги почуствував дури во 22 или 23 недела, исто како тебе, чувствувам некое трепкање, скрос нежно, а изгледа е рано за колцање.....
RE: Првите движења на бебето.. 20.10.2009 13:18:07
biljana16
Jas prvite udari na maliot gi osetiv na pocetokot na 18 nedela. Sega normalno udarite se pojaki nekogas ne se smiruva cel den a ponekogas samo 3-4 udari i prestanuva. Pozdrav do site.
RE: Првите движења на бебето.. 20.10.2009 13:25:13
elle
Првите движења ги осетив доцна после 20-тата недела,но затоа сега мојата бебушка е многу активна. Утрово бев на ЦТГ, и за малку ќе ги одврзеше тие каишите......
RE: Првите движења на бебето.. 30.10.2009 18:36:44
Maca25
Прв пат го осетив бебето еден ден после свадбата, значи некаде 20 недела, ама онака убаво клоцање. Пред тоа само мало протресувањена стомакот. Нина беше многу активна и мнооогу клоцаше и тоа најмногу навечер кога ќе легнев да спијам. И уште е таква
< Поракaта ја уредил Maca25 -- 30.10.2009 18:37:33 >
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
Имам читано дека бебето ги намалува движењата при крај заради тоа што нема толку многу место за маневрирање . Сепак мислам дека не е тоа случај кај сите бидејќи имам пријателки кај кои што бебињата си клоцале до крај. И кај мене е ист случај. се утепува од клоцање и превртување. Нормално не нон-стоп. Ама важно е секој ден да си мрда :)
кај мене лука клоцаше до последно со тоа што последниот месец тоа беше дури и болно бидејки ми маваше директно во ребра, мислев дека модрици ке ми излезат
RE: Првите движења на бебето.. 11.11.2009 21:01:12
Snowhite RR
Во осмиот месец бебето е поголемо и има помалку место за клоцање, така да тогаш целото се врти и затоа тогаш повеќе му се познава раче или ноже на стомакот се оцртува. Така имам читано, се уште не сум поминала низ тоа, за брзо ќе биде и кај мене па ќе видам дали е точно тоа
RE: Првите движења на бебето.. 24.11.2009 20:05:42
MilaM
Prvite dvizenja gi pocuvstvuvav vo 4-ot meces,kako nekoi zuborenja,a veke na pocetokot na 5-ot mesec doziveav silni kolocanja i pomrdnuvanja na stomakot:)hi,mnogu i bese interesno iako na momenti se prasuvav dali e se vo red so beceto,dali mu e udobno,dali e zadovolno....podocna mi kazaa deka toa e normalno:)
RE: Првите движења на бебето.. 25.11.2009 12:55:52
Палешка РР
Ние сме при крај на 8 месец и можам да кажам дека бебето не престанува да клоца, туку само се променуваат неговите движења. Стануваат појаки и поинакви и предизвикуваат изместување на стомакот кон лево или десно..хехехе, многу е интересно
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
RE: Првите движења на бебето.. 30.11.2009 20:42:17
***Lide***
jas prvoto mrdanje go osetiv nekade kon krajot na treti mesec ama samo kratki dvizenja sega sme malku pogolemi znaci 5 mesec i sega mrdame poveke i toa samo na desna strana duri i se gleda kako se pomrdnuva stomakot bas e interesno pa i deka mi e prva bremenost mnogu e ubavo cuvstvoto
RE: Првите движења на бебето.. 30.11.2009 20:52:11
Maria
Sega sum osmi meseci mozam da kazam deka vo meseto imam mnogu nemirno bebe koe e postojano vo dvizenje duri i koga stojam ili odam ne prestanuva da kloca i da se prevrtuva.Izgleda deka i koga spie kloca,ako bide taka i koga ke se rodi ke bide interesno. Ako neka si kloca,ama barem navecer da se sozalese malku na mama.
Марија ,јас и ти сме во иста ситуација,баш сега мм си легнува и ми го гали и бакнува стомакот и и вика на малата,ај остави ја мама барем ноќеска да се наспие
prvpat bev sigurna deka e mrdanje vo 21 nedela..prethodno imashe situacii,gasovi li bea,crevata li mi krchat.. od prvoto klocanje za negde nedela dena pocnav shutiranja da chuvstvuvam i se posilno udira,sega sum 26 nedela,vekje nauchiv koe vreme mrda,posle obroci obavezno,i koga mene pocnuva da mi se spie taa zbesnuva e sega i se slucuva da bide mirna po cel den..dva tri pati nezno da promrdtka,i odma mene paranoi me tepaat.. ama sigurno pocnuva i potesno da i stanuva,pa i ponaporno za mrdanje..kako i da se topam sekogash koga go osekjam toa malo sustesvo vo mene
Ммм... Уна, прекрасно, нели! Мене во тие недели кога ќе ме мавнеше буквално ме креваше од седење. О, а сега еве при крајот се’ е бавно па може дури и за раче да ја фатиме, мазење, уживање.
Јас прв пат го осетив движењето на Никола во 15 недела. И на крај пред да се породам веќе неможев да издржам колку многу ме клоцаше што последните 3 недели молев бога да се породам побрзо. И така на крај се се сврши. Сега срцуш е мирен како јагненце.