Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
RE: Журка по повод паѓање на Шенгенскиот ѕид 19.12.2009 0:04:01
Anushka
а бе цепки... а јас си викам ако, ако пукајте огномет со моите пари од социјално (породилно) - ми рекоа дека пари ќе видам дури после Божик, демек Буџетот бил празен.. замисли, а они пукаат и слават нешто што не постои, а моето бебе постои, плус е трето (демек нели трето дете...)
RE: Журка по повод паѓање на Шенгенскиот ѕид 19.12.2009 0:13:02
pacuvce
Pa na TV kazaa deka utre 100 dusi ke odele na ednodneven izlet vo Pariz!!!E sega povtorno se prasuvam koj ke go plati toa??? I sto e uste pobitno po koj princip gi biraat tie luge???E stvarno mi ide da nekogo...
RE: Журка по повод паѓање на Шенгенскиот ѕид 19.12.2009 0:23:23
Enika
1 ден во Париз???? Па тоа е исто ко центар да отидес само на 5 мин...ни за тоа не палам кола...од аеродром до Парис имаш 40 мин возење само...оф мори мајко...ја мислев на повеке дена ги носат.... страшно луге...не изедоа
RE: Журка по повод паѓање на Шенгенскиот ѕид 19.12.2009 0:23:40
Еца
кај нас се функционира така, на брата му брат па негов сват туку да си тргаме по некој денар на страна има и во нашава убава Македонија многу места кои треба и заслужуваат да се посетат и видат
RE: Журка по повод паѓање на Шенгенскиот ѕид 19.12.2009 0:27:50
Enika
ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца
кај нас се функционира така, на брата му брат па негов сват туку да си тргаме по некој денар на страна има и во нашава убава Македонија многу места кои треба и заслужуваат да се посетат и видат
Токму така...мн места кои не ни знаеме дека постојат а се прекрасни... И да се надеваме дека ке дојдат подобри времинја , ке ни порасне економијат п ке имаме некој денар и за у Европа па и пошироко
RE: Журка по повод паѓање на Шенгенскиот ѕид 19.12.2009 0:34:53
Еца
Па така е навистина, кога ќе слушнам некој ми се фрла леле да одам Париз да го видам или не знам ти што, точно убаво е и треба да може секој да си дозволи, но срамота е да не си ги цениме нашите убавини. Ама нели не е исто да кажеш бев ги видов Смоларските водопади и бев го видов Париз. И после некој мене ќе ми каже не сме гледале низ призмата на парите.
RE: Журка по повод паѓање на Шенгенскиот ѕид 19.12.2009 10:23:13
mami
Здравче пееше некаде околу 10, ама на а1 не даваа пренос од него- незнам зошто, не ме интересираше. Ние бевме на гости кај кумовите, кои живеат во Ристиќева палата и се се гледа од таму- само се прашувам- дали сиот тој народ што беше таму ќе се утепа од патување сега кога нема визи? Или пак ке си седат дома и ке калкулираат за викенд до Охрид?
RE: Журка по повод паѓање на Шенгенскиот ѕид 19.12.2009 12:27:47
steci
Denes e Sv .Nikola cestita slava na site vernici,i cestit imenden.Jas denes ke odam na slava kaj moite pa taka so netrpenie cekam da dojdi 16.00 casot da odime na gosti.Sarma posna,gravce tavce,pastrmka i neizbeznata baklava.
RE: Журка по повод паѓање на Шенгенскиот ѕид 19.12.2009 13:51:47
Bitolcanka
Женски ги прочитав размислувањата на сите за безвизниот режим и потполно се согласувам со вас ... Кај нас веќе се друго "цвета", па уште до визите дојде и прослави за фрлање пари ... И тие што славеа вчера вечерта ќе видиме колку ќе можат да ја искористат сега "поволноста"/можноста и да заминат. Како што велите, ќе размислат дали да одат на одмор и до Охрид, а не пак подалеку ... Многу подобро ќе беше да направеа забава со нашите пејачи и парите да ги донираа на тие на кои им се најпотребни. Сосема се сложувам со Еника, кога читам што таа пишала, како јас тоа да сум го пишувала - ми ги зела зборовите Можеби зашто сме родени под ист знак - sagitarius
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
RE: Журка по повод паѓање на Шенгенскиот ѕид 19.12.2009 14:08:32
bojanas
Зошто не и ги дадоа парите на Мартина или безброј други деца за кои секојдневно праќаме поддршка за нивно лекување? Зошто не ни дадоа пари за породилно или за второ дете? За тие што имаа пари (и што немаа а бараа егзистенција во еу) Шенген не беше и не бил проблем, па што ли се смени сега???? И Романците и Бугарите имаа проблеми за патување во ЕУ кога им ги симнаа визите, за нас уште повеќе ќе има? Џабе фрлени пари
_____________________________
Кајче мама тато дада јас и бато секој среќен пее дури ветре вее
RE: Журка по повод паѓање на Шенгенскиот ѕид 19.12.2009 14:41:19
STRUMFETA
E luge ,popusto site ovie diskusii.Se ubavo kazano,ama koj ne prasuva nas?OD OVA NEMA NEKOJ DA GO NAPOLNI DZEBOT,DODEKA OD SJAJNITE ZABAVI, BLESKAVITE DZVEZDI, OGNOMETOT-ke mu gi osvetlat ocite na narodot.
ИЗВОРНА ПОРАКА: Mila na mama
И замислете утре излегувате од дома и штама никој по улици, сите отишле во Европа [/quote
I koj posleden izleguva, neka izgasi svetlo
< Поракaта ја уредил STRUMFETA -- 19.12.2009 14:42:52 >
RE: Журка по повод паѓање на Шенгенскиот ѕид 19.12.2009 15:15:09
Bile
koj bese vcera na koncertot neka mi objasni Zdravko kolku pesni peese???? samo edna??? nemozam da poveruvam A1 do 22:00 davase prenos potoa prekina poradi nekoja pobitna dokumentarna programa
RE: Журка по повод паѓање на Шенгенскиот ѕид 19.12.2009 15:22:57
Mila na mama
Преносот го прекинаа по завршувањето на мак. ѕвездите потоа ги репризираа настапите на Елена Каролина Ламбе, Гаџа Зен и уште некои а потоа го даваа филмот Плати и жени. Хонорарот на Здравко беше само за настап на плоштад правата за снимање и тв прикажување се плаќаат дополнително што во случајов не беше платено и затоа немаше пренос.