Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Да зборуваме на македонски јазик 12.1.2010 23:19:15
Еца
Што ќе се случи со нашиот јазик? Скопјаните веќе далеку користат некои србизми како: зимам;искачам;цура;ја(с) и уште многу други... Источна Македонија неможе секој да разбере што зборуваат, имаат многу бугарски и турски зборови, Запад веќе како во друга држава да си...ако не знаеш Албански ќе се гледаат чудно...
Има ли некој предлози, идеи што и како понатаму за да се зачува нашето богатство?
Сметам дека дома може кој како сака да зборува, но дали се согласувате со мене барем тука на форумите да се потрудиме да зборуваме на Македонски јазик? Не знам дали некој од Вас ја следи емисијата на МТВ "Да говориме Македонски", но јас често ја гледам и браво за иницијативата.
Кај нас проблемот е што нашиот јазик е толку богат и има огромен речник на зборови и архаизми, но пак примаме туѓи зборови, само заради тоа што мислиме дека нашите се старомодни.
Со користењето на такви иновации едноставно сме шема. Ајде вашите размислувања и ставови на ова прашање.
RE: Да зборуваме на македонски јазик 12.1.2010 23:27:46
Еца
Треба правно да се регулира употребата на македонскиот јазик, во јавноста да се користи онака како што треба. Ние имаме Закон за употребата на јазикот, но тој практично не се применува. Треба секаде, во сите институции да имаме лектори, треба да се негува културата на убаво говорење. Но поради тоа и поради тоа што немаме јасни законски одредби и казнени мерки за институциите кои тоа не го поддржуваат, преплавени сме од грдо говорење и пишување.- Вечер
RE: Да зборуваме на македонски јазик 13.1.2010 0:03:48
Tanja K.
Potpolno se soglasuvam Eca so tebe.Najprvo slusajki gi televiziite i citajki gi vesnicite,mnogu jasno ke se zabelezi toa.A tragedijata da bide pogolema,uste koga ke slusneme luge so govorna mana na tv,toa e veke krajno nekulturno.Najprvin od sopstvenicite na televiziite,potoa urednicite i se do prezenterite,toa ne go zemaat za loso.Da ne me razberete pogresno ,jas nemam nisto protiv govornite mani,toa e mnogu normalna i prirodna rabota so moze da se sluci nedaj boze na sekoj.Tuku mislam deka ne e bas vkusno za slusanje. Mislam deka zabegav od temata na Eca,no i toa moze da bide kako nadopolnuvanje na ovaa tema(dokolku se slozi moderatorot). Inaku nitu vo ucilistata,kade treba da se govori makedonski,literaturno,toa ne se praktikuva od samite nastavnici i profesori.Se razbira ima isklucoci.A,da ne zboruvame za drugite gradovi,toa e haoticno vo pogled na jazikot nas makedonski.
RE: Да зборуваме на македонски јазик 13.1.2010 0:04:13
ripce
јас се трудам да пишувам колку што е можно по литературно, зашто ако почнам да ви пишувам на штипски не знам колку би ме разбрале Веројатно ако некој од моите сограѓани би ги прочитал моите постови би рекол дека се бламирам, ама кога не можам да зборувам меѓу моите сограѓани литературно, мислам дека својата желба да зборувам на мајчиниот јазик во сопствената земја може да си ја допуштам на еден ваков форум што е и логично. Да ви кажам право вака кога пишувам многу лесно ми оди употребата на македонскиот јазик, ама мислам дека ако треба да говорам потешко ќе ми оди, а сето тоа поради тоа што многу ретко го користам литературниот јазик во секојдневниот живот, само на факултет и толку.
< Поракaта ја уредил Еца -- 13.1.2010 16:38:52 >
_____________________________
"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."
RE: Да зборуваме на македонски јазик 13.1.2010 0:13:05
ripce
Кај нас проблемот е што нашиот јазик е толку богат и има огромен речник на зборови и архаизми, но пак примаме туѓи зборови, само заради тоа што мислиме дека нашите се старомодни.
Со користењето на такви иновации едноставно сме шема.
Оние што користат архаизми, жаргони, социодијалекти не значи дека не зборуваат правилно, дијалектите се богатство на еден јазик... не треба да користиме странски зборови за кои постојат очигледни македонски зборови.
< Поракaта ја уредил Еца -- 13.1.2010 16:39:16 >
_____________________________
"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."
RE: Да зборуваме на македонски јазик 13.1.2010 0:14:30
alex_mo
Многу ми се допаѓа идејава и мислам дека сум еден голем поборник за говорење ,изразување и пишување на македонски јазик.Кај нас во Велес можам да се пофалам дека можеби најлитературно се зборува.А јас во душа патириот и подржувач на се нешто Македонско ,сум прочитала многу лексикони ,а и ми биле од голема корист во тогашната работа за нашиот литературен јазик.Кога почна син ми да оди на училиште посебна напомена имаше од моја страна за литературното изразување,што некако потсвесно му влезе во глава и сега секое него во пишување е крајно литературно и правописно.Дури му се случува (исто и мене) на некој поблизок да го поправи во изговорот-несвесно.На мајка ми и вика -бабо не се вика една ден туку еден -ден е машки род-...а мене срцето полно....мора да си го знаеме и почитуваме јазикот....голем поборник сум за тоа.....
RE: Да зборуваме на македонски јазик 13.1.2010 0:19:01
alex_mo
Оние што користат архаизми, жаргони, социодијалекти не значи дека не зборуваат правилно, дијалектите се богатство на еден јазик... не треба да користиме странски зборови за кои постојат очигледни македонски зборови.
Се сложувам и со тебе Рипче,иако понекогаш странските зборови звучат симпатично и на младите подобро им влегуваат во глава......сепак за секој странски или збор од дијалект имаме соодветен литературен.Дома често ни се случува да побараат помош од мене во превод на некој збор на литературен македонски ,па некогаш и од српски на моиве не им текнуваа соодветен Македонски ,па мм вика ајде подвижен лексикону кажи го преводот на овој збор...
RE: Да зборуваме на македонски јазик 13.1.2010 0:20:23
Еца
Тања секако дека и за тоа треба да зборуваме во темата. Мислам дека нашите медиуми не водат многу сметка за македонскиот литературен јазик и кириличното писмо. Страшно ме нервира кога на вести слушам жаргони и странски зборови како на пример: по ДИФОЛТ, направивме ДИАЛ и други зборови со цел да испаднат поинтересни. Мене лично ова многу ми смета, зашто мислам дека така си го уништуваме македонскиот јазик.
RE: Да зборуваме на македонски јазик 13.1.2010 0:20:53
nadica
јас се трудам да пишувам колку што е можно по литературно, зашто ако почнам да ви пишувам на штипски не знам колку би ме разбрале Веројатно ако некој од моите сограѓани би ги прочитал моите постови би рекол дека се бламирам, ама кога не можам да зборувам меѓу моите сограѓани литературно, мислам дека својата желба да зборувам на мајчиниот јазик во сопствената земја може да си ја допуштам на еден ваков форум што е и логично. Да ви кажам право вака кога пишувам многу лесно ми оди употребата на македонскиот јазик, ама мислам дека ако треба да говорам потешко ќе ми оди, а сето тоа поради тоа што многу ретко го користам литературниот јазик во секојдневниот живот, само на факултет и толку.
се согласувам и да не се повторувам само што јас сум од тиквешијата па така уште помалку би ме разбрале
не дека некогаш не користам дијалект но кога се трудам да е што помалку
< Поракaта ја уредил Еца -- 13.1.2010 16:49:22 >
_____________________________
Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа... Биди Среќен!... Нека умрат од глад!!!
RE: Да зборуваме на македонски јазик 13.1.2010 0:22:53
Еца
еве колку да се увериме во разговорот:
"„Ивентот ќе се одвива на два стејџа каде што свој перформанс ќе имаат домашни и странски диџеји. Ќе се претстават со најразлични семплови и микс-сешни, а веднаш после нив ќе слушнете анплагд верзија од проектот „трубјут ту" ...."
RE: Да зборуваме на македонски јазик 13.1.2010 0:32:14
Bogdancanka
тука и јас се трудам да зборам литературно зашто ако ви почнам на наш дијалект тешко дека некој би ме разбрал а серазбира дека понекогаш се дешават грешки и да напишам некој збор на наш дијалект што е нормално........ А за чист литературен јазик ретко некој да да збори сите имаат по некој дијалект,секое место различен дијалект.....
< Поракaта ја уредил Еца -- 13.1.2010 16:50:55 >
_____________________________
Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........
RE: Да зборуваме на македонски јазик 13.1.2010 0:40:39
ripce
А што мислите колку литературно се зборува на рр?
Од оние кои се од Скопје, Велес логично е да се очекува да пишуваат литературно, ама мислам дека и останатите максимално се трудат... е некогаш одредени членови знаат да користат малку повеќе странски зборови.
< Поракaта ја уредил Еца -- 13.1.2010 16:51:15 >
_____________________________
"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."
RE: Да зборуваме на македонски јазик 13.1.2010 8:48:07
niki
Поздрав за темава! Браво!
И веднаш еден предлог: Да отвориме една тема каде меѓусебно ќе си ги решаваме сите теми и дилеми во врска со јазикот,говорот, граматиката, правописот... Мислам дека тоа е еден чекор кон зачувување на јазикот и негово унапредување. Па бар толку можеме да направиме и тоа е најлесно.
Инаку рингерајки воглавно убаво се изразуваат и се трудат да пишуваат литературно. Е сега некој збор на сите ни се случува да ни избега во ситуација кога се вжештила некоја тема, но тоа не го сметам за многу загрижувачко.
< Поракaта ја уредил Еца -- 13.1.2010 16:51:33 >
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
RE: Да зборуваме на македонски јазик 13.1.2010 8:50:23
arh_diz
Jas premnogu gresam vo pisuvanje a vo zboruvanje kako razvlekuvam nemam zborovi . A i kako nema koga postojano zboram na 3 slovesnki jazika . I akcentot go stavam kaj sto mi odgovara mene
RE: Да зборуваме на македонски јазик 13.1.2010 8:55:52
jovanka
Bravo za temata!!! Smetam deka ne treba da se bazirame na televizija,mediumi tuku pojdovna osnova da ni bidat semejstvoto,preducilisnoto i ucilisnoto obrazovanie.Neznam kolku ste zabelaezale ovaa problematika ja obrabotuva MRT so svoja emisija i e mnogu korisna kako za decata taka i za vozrasnite pa neli covek uci dodeka e ziv.
< Поракaта ја уредил Еца -- 13.1.2010 16:59:21 >
_____________________________
Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.
RE: Да зборуваме на македонски јазик 13.1.2010 9:03:03
mami
се сложувам со се што е погоре напишано, и од себе си тргнувам дека за да зборувам литературно треба да си го вклучам мозокот со полна пареа. Тоа ми е од неколку причини- израснав во средина каде се зборуваше македонски и српски паралелно, веќе 15 години го користам и рускиот јазик, за англиски да не зборуваме. Така да имам проблем кога станува збор за литературно македонски, премногу ми се мешаат. И како што вика Арх_диз- акцентот често го ставам мене каде што ми одговара, или ако еден збор не ми текнува во моментот си го заменувам со збор од другиот јазик Но се сложувам со моментот дека официјално и во пишаните медиуми треба да се зборува македонски- жаргоните и дијалектите треба да се остават за употреба во друштво, фамилија- неофицијално
RE: Да зборуваме на македонски јазик 13.1.2010 14:18:57
April
Лозинката која ја внесовте не е исправна.Внимание: водите сметка на големи и мали букви!Може да пробате повторно или пак да потражите нова лозинка. Еднаш случајно внесов погрешна лозинка и го прочитав горенапишаното Кога веќе зборуваме за србизми, нели?водите - водетепробате - обидетепотражите!!! Ајде да се обидеме најпрвин на самиот портал да го користиме литературниот македонски јазик. Се надевам нема погрешно да ме сфатите, не сакам никого да навредам или критикувам. И во самата тема за дискусија, македонски јазик се пишува со мала буква..исто така се изненадив кога прочитав ГИНИКОЛОЗИ, наместо гинеколози... Темава е одлична и навистина мислам дека многу е важно да зборуваме литературно, особено во однос на едукацијата на децата, а правописот е друга страшна приказна. Работам со деца, предавам странски јазик и изненадена сум колку малку го познаваат македонскиот правопис. И самите се уверивме од резултатите на матурата, подобар успех имаа постигнато англиски јазик. Страшно! Уште еднаш, голем поздрав за темата
RE: Да зборуваме на македонски јазик 13.1.2010 14:35:12
zami
edna profesorka na fakultet obozavase koga ni objasnuva da koristi anglizmi, tolku me vadese od kontakt, sto za da i vratam go izmisliv ,,simplificiranje,,. nemozam da razberam zosto e potrebno da krsime jazik so takvi zborovi koga za se si imame makedonski zbor.
sin mi vo mala grupa vo gradinka imase prekrasna stara ucitelka, od koja toj nauci prekrasno i pravilno da zboruva, i povedena od toa, koga mu citam i raskazuvam vnimavam maksimalno da ne koristam srbizmi i sl. i da mu zboruvam kolku mozam popravilno.
RE: Да зборуваме на македонски јазик 13.1.2010 15:28:52
mami
Да и одговорам на Април за србизмите на порталов- бидејќи е превземен од српскиот сеуште се работи на негов комплетен превод, полека ги средуваме сите работи, така да наскоро ке биде комплетно се на македонски. И албумите беа долго време на словенечката рингераја па ги префрливме на македонски пред скоро време, така што трпение драги мои, ке преведеме се, неможе се одеднаш да оди нели
RE: Да зборуваме на македонски јазик 13.1.2010 15:33:18
profesorica
јас ќе кажам само дека македонскиот јазик како лесен за учење и без падежи прима србизми, англизми па дури имаме и доста германизми кои се користат како во секојневието так и по медиумите.
рингерајките воглавном зборуваат македонски, но имаме и членови од други држави на кои сепак не им замеруваме.
< Поракaта ја уредил Еца -- 13.1.2010 17:01:56 >
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
RE: Да зборуваме на македонски јазик 13.1.2010 16:20:56
April
ИЗВОРНА ПОРАКА: mami
Да и одговорам на Април за србизмите на порталов- бидејќи е превземен од српскиот сеуште се работи на негов комплетен превод, полека ги средуваме сите работи, така да наскоро ке биде комплетно се на македонски. И албумите беа долго време на словенечката рингераја па ги префрливме на македонски пред скоро време, така што трпение драги мои, ке преведеме се, неможе се одеднаш да оди нели