Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
RE: Да го пофалиме нашето детенце 7.1.2010 17:13:50
niki
ММ конечно ја однесе на тобоган, а потоа биле кај него во канцеларија и цртала таму. Ми го донесе својот прв цртеж кој има некоја смисла и не е шкрабаница и тоа сум, луѓе, јас. Просто не ми се верува. Мм ми се колнеше за да ме убеди дека таа нацртала, а после и она ми потврди. Леле колку сум среќна, до сега само некои кругови црташе или шкрташе без врска. за мојот мал уметник
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
RE: Да го пофалиме нашето детенце 9.1.2010 13:22:55
ripce
Да го пофалам моето злато... додека мама беше во болница научиле со баба и дедо да шлака со рацете БРАВО, БРАВО Ептен ме изненади... Еден ден ме немаше ми се чини како којзнае колку да сум била отсутна
RE: Да го пофалиме нашето детенце 13.1.2010 9:20:26
mami
веќе неколку дена преспива цела ноќ без да стане за млеко, и вчера сам изеде цело чинивче грашак со лажичка (малку мама помагаше а тато мораше на секој залак да плеска со рацете и да вика БРАВО )
RE: Да го пофалиме нашето детенце 18.1.2010 17:36:54
Еца
Мила со неполни 6 месец и почна да лази наназад а Мартина денес за во градинка не плачеше, била многу умна, дури ми се налути што не ја оставив да спие, од среда сака да спие во градинка