|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: слабеење
12.11.2009 12:55:11   
Iva
Јас откако почнав на работа пак да одам одма ослабев. Сега сум си пак во топ форма. А се секирав дека нема да ослабам после второто породување. user posted image

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 51
   RE: слабеење
12.11.2009 13:01:07   
HristinAntonio
мене зелената глина ми ја препорачаат кога имав стомачен вирус....значи да продолжам со користењеuser posted image user posted image user posted image инаку битно е да се исфрлат газираните пијалоци, благо и грицки, пред ручек се јаде салатата за подобро варење на храната и наутро се јаде повеќе овошје а навечер заленчук..е сега кој може да издржи...големо браво за професорицаuser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 52
   RE: слабеење
12.11.2009 13:05:40   
arh_diz
Netreba da se preteruva i so nejadenje bidejki togas ne se se slabee nema nikakva razmena vo organizmot. Sekoja dieta e stetna na svoj nacin.

(Одговор на членот HristinAntonio)
Непосредна врска до пораките: 53
   RE: слабеење
12.11.2009 13:08:57   
Еца
ако верувате ништо не исфлив, (мислам газирани сокови никогаш ни не сум пиела),јадам многу благо, обилно, дури повеќе и од мм. А веќе сум вратена сосема во форма, само ми фали поупорно вежбање да се затегнам. Ама откако ќе станам околу 8 додека да си легнам до 2 по полноќ, јас сум 300 на час. Тешко на едно место да застанам, а башка и немам никаква помош од никој, сама со две деца, секој ден машина, перење, пеглање, чистење, работа, ручек...хехе не да ќе ослабам user posted image user posted image user posted image Затоа кој сака да ослабе еве понуда да се смениме на еден месец. Предупредување: За последиците не одговарамuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот HristinAntonio)
Непосредна врска до пораките: 54
   RE: слабеење
12.11.2009 13:17:37   
arh_diz
Eca moze nema problem mada jas i nemam nekoj golem problem so kilogramite imam 49 sakam na 48 da se vratam. Zatoa i fenomenalno izgledas postojano si vo dvizenje a sto da kazam jas 8 casa sedenje

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 55
   RE: слабеење
19.11.2009 12:43:06   
profesorica
Метаболизмот не е виновен за вашaта дебелина


Постојат луѓе кои никако не можат да ослабат, а за тој неуспех го обвинуваат метаболизмот. Сепак, тоа е една голема лага. Луѓето често тврдат дека не се прејадуваат, но имаат спор метаболизам кој не успева да им ги согори калориите. Научниците кажуваат дека тоа не е вистина.

Некои луѓе навистина имаат спор метаболизам, но тоа е занемарливо, бидејќи говориме за многу мала неможност за еднакво согорување на калориите. Според последните истражувања, бавниот метаболизам не е причина зошто сте дебели . Ви носиме неколку митови кои немаат научна потврда.

Некои луѓе количински многу јадат но не се дебелеат

Иако ова е раширено верување, прилично е далеку од вистинито. Нивниот метаболизам не е ништо побрз од вашиот. Вистинската причина е дека всушност луѓето не јадат многу. Можеби сте ги виделе во тој момент како јадат, но не мора тоа да значи дека тие постојано јадат. Научниците изјавуваат дека секое предјадење резултира со добивање на килограми.


Мажите имаат побрз метаболизам од жените

Мажите навистина имаат побрз метаболизам од жените , но тоа не значи дека со тоа тие ќе бидат послаби од жените. Според тоа и мажите мора да внимаваат колку калории внесуваат бидејќи и тие се дебелеат, а не само жените.


Стареењето го забавува метаболизмот

За жал ова е вистина и не може ништо да се направи по тоа прашање. Сепак, спомнавме и погоре, бавниот метаболизам не значи и дебелеење. Дебелеењето можете да го спречите со тоа што ќе бидете физички активни и ќе внесувате помалку калории во организмот. Бидејќи во таа доба од животот на телото му се потребни повеќе витамини и минерали, ќе морате мрсната храна да ја исфрлите од исхраната.


Диетата го забавува метаболизмот

Во овој мит има само мала вистина. Кога го намалувате внесувањето на калориите, телото посегнува по резервите, но само во почетокот на процесот. Секоја диета во почетокот го забавува метаболизмот, но потоа се нормализира, па диетата нема никакво влијание врз метаболизмот.

извор:точка


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 56
   RE: слабеење
5.12.2009 8:29:45   
profesorica
ИЗВОРНА ПОРАКА: nadica

како јас да почнам да слабеам

само сестра ми има храброст да ми каже и вика не јади толку многу и резултатите се тука ама јас гурман невиден да видам а да не каснам неможам


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 57
   RE: слабеење
6.12.2009 0:31:34   
ripce
Пет супернамирници за намалување на апетитот
Ако сакате да го намалите апетитот и да ја контролирате желбата за слатки, време е да направите нова листа на кујнски намирници.

Милијарди долари ширум светот се трошат на препарати за слабеење, но постои многу поефтин и подобар начин за намалување на килограмите. Најновите истражувања ни покажаа дека десетина вообичанеи производи кои може да се набават во секоја продавница може да ни помогнат во борбата против гладта и желбата за слатки.

Станува збор за намирници кои ќе го подобрат Вашиот метаболизам и ќе Ви помогнат во намалувањето на килограмите. Па така следниот пат кога ќе пазарувате понесете го со себе овој список на пет благотворни намирници.
1. Јајца   
Наместо тестенини следниот пат за појадок одберете јајаца. Оваа супернамирница која содржи бројни протеини ќе Ви помогне долго време да се чувствувате сити. Едно истражување покажа дека луѓето кои јаделе јајца во следните 36 часа конзумирале помалку храна од оние кои јаделе некој друг вид на храна. Исто така бројни истражувања покажаа дека протеините кои се содржат во јајцата благотворно делуваат на шеќерот во крвтаи ја спречуваат желбата за слатки. Значи, јајцата се задолжителна намирница.

2. Мешунки  
 
Малкумина чуле за келоцистокинин, но тоа е еден од најдобрите пријатели во борбата против вишокот на килограми. Овој хормон го намалува апетитот по природен пат, а научниците велат дека мешункастите плодови обилно го содржат. Ова го потврдуваат бројни истражувања кои покажуваат дека луѓето кои често конзумираат мешунки имаат поголемо ниво на посакуваниот хормон. Постојат и научни докази дека мешункастите плодови го одржуваат нивото на шеќер во рамнотежа што значи дека подолго време го задржуваат чувството на ситост. Освен тоа мешунките го спречуваат штетниот холестерол. Токму затоа потрудете се мешунките да биде почесто на Вашето мени.   

3. Круши   
Ова овошје е богато со хранливи влакна, што значи дека е исклучително здраво, а дава и долготрајно чувство на ситост. Крушите го содржат и пектинот кој го намалува нивото на шеќер во крвта и на тој начин го намалува апетитот. Со други зборови, доколку јадете крушки нема да имате желба за грицкање меѓу оброците. Ова го потврдило и едно истражување во кое научниците заклучиле дека жените кои конзумирале крушки ослабеле многу побрзо од оние кои конзумирале кеси во мали количини. Затоа ставете ги и крушките на својот список на задолжителни намирници.   
4. Цимет   
Кога среде ден ќе Ве обземе желба за нешто слатко, земете целовити житарици и посипете ги со малку цимет одозгора. Американските научници открија дека циметот во мали количини го регулира инсулинот кој е најголем виновник за чувството на глад. Едно истражување покажа дека една четвртина од мала лажичка цимет го намалува нивото на шеќер во крвта како и холестеролот. Но треба да се напомене дека циметот е дозволен само во мали количини. Ако можете да се контролирате секако воведете го циметот во својата исхрана.

5. Вински оцет   
Ова е одличен производ кој дава чувство на ситост. Едно шведско истражување покажа дека луѓето кои јадат леб натопен во вински оцет имаат долготрајно чувство на ситост и намалена потреба за зачестени оброци. Причина за тоа е најверојатно ацетатната киселнина која го успорува минувањето на храната низ желудникот, па затоа и се јавува чувството на ситост. Винскиот оцет уште одмана е познат и како средство за испирање рани, дезинфекција, облога при оток и покачена телесна температура, како и за испирање на усната шуплина и инхалација при настинка. Значи станува збор за навистина здрава и корисна намирница.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 58
   RE: слабеење
6.12.2009 21:41:17   
April
Жените се здебелуваат 10 кила во првата година од бракот user posted image

Според истражување спроведено во Велика Британија, дури 22 отсто од новите сопруги за само една година се потешки за речиси десет килограми.
За една од пет од нив, новата тежина е поради првите брачни расправии.
Повеќе од половината анкетирани признале дека по венчавката престанале да се грижат за својот изглед, а една од пет почнале со прејадување веќе на медениот месец.

Од анкетираните 45 отсто признале дека едноставно се опуштиле до своите сопрузи, а 22 отсто чувствуваат дека нема потреба веќе да се трудат да го импресионираат својот маж кога веќе се обврзале на вечна љубов и верност.
Студијата била спроведена врз 3.000 нововенчани жени.

Повеќе од една третина признале дека им било тешко во првата година од бракот да се хранат здраво бидејќи ништо не ги мотивира, како свадбата или медениот месец. Четвртина од нив признаваат дека во храната бараат утеха заради тоа што најважниот денн во нивниот живот е зад нив, а 31 отсто велат дека се фокусирале на храната поради досада бидејќи не знаат што сега кога веќе не мора да се планира венчавка.


(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 59
   RE: слабеење
9.12.2009 12:02:21   
profesorica
7 совети за витка линија


1. Доручкувајте

Метаболизмот ќе ви биде особено благодарен на оваа навика бидејќи за време на денот ќе работи побрзо. Доручекот е најважниот оброк во денот.

2. Избегнувајте храна која ќе ве дуе

Намалете го внесувањето на зеленчук кој ќе ве подуе, како брокулата и лукот. Сувите сливи и крушите исто така предизвикуваат подуеност.

3. Јадете зачинета храна

Секако дека не треба да претерувате, но од време на време дозволете си по некој зачинет оброк бидејќи некои истражувања покажаа дека ваквата храна помага за побрзо согорување на калориите.

4. Збогум газирани пијалаци

Кажете им „не“ на газираните пијалаци богати со јагленохидрати и шеќери. Дури ни диеталните газирани пијалаци не се пријатели на вашата витка линија.

5. Избегнувајте индустриски обработена храна

Месните нарезаци, различните колбаси и нивната поблиска и подалечна фамилија ќе ви донесат само вишок на килограми, бидејќи станува збор за храна која обилува со соли и конзерванси.


6. Мали оброци за виткост

Во текот на денот јадете често, но по малку. Распоредете ги оброците така што нема нагло да огладнувате и да се прејадувате поради тоа. Наместо солени грицки, како ужинка консумирајте овошје.

7. Избегнувајте го белото брашно
Настојувајте да не јадете премногу леб, тестенини и колачи од бело брашно. Општо е познато дека тоа се најголемите непријатели на витката линија.


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот April)
Непосредна врска до пораките: 60
   RE: слабеење
20.12.2009 12:56:52   
arh_diz
Храната може да се класифицира во неколку категории како, масти, протеини, јаглеродни  хидрати. Човекот дневно има потреба за храна од секоја категорија. Добро е тоа што постојат неколку варијации на храна од иста категорија. На пример, едно парче леб е исто што и една порција корнфлекс.
Диетата на замена е одлична бидејќи оброците секогаш ќе бидат различни и нема да ви се згади од јадење исти производи како во другите диети. Не постои конкретен план за диетата кој строго мора да го почитувате. Планот можете да го направите и сами. Но, потребна ви е книга со производи и нивните еквиваленти.
Тоа барем лесно може да се најде. Во секоја книжара има разни книги за слабеење. Во секоја од нив има листа со производи кои се класифицирани по категории и за кои е наведена енергетската вредност, мастите, калориите што ги содржат.
Конкретно мени за диетата.
Како што спомнавме и погоре, имате целосна слобода во креирањето на оброците. Постои само едноставно правило, во денот да се внесе од сè по нешто, јаглеродни хидрати, протеини и здрави масти.
За појадок потребно е да внесете протеини и јаглеродни хидрати.
Еве ја нашата комбинација: парче сирење, пола чаша боровинки, една чаша сок од јаболко и шолја кафе.
За ручек потребно е да внесете скорб, двојна доза протеини, двојна доза јаглеродни хидрати и масти.
Еве ја нашата комбинација: направете салата од туна, ставете домати, зелка или марула и една лажица мајонез. Со неа каснете и едно парче леб. За десерт каснете какво било овошје. А подоцна можете да си сварите и шолја чај од тревки, избегнувајте овошен.
За вечера потребно е да внесете двојна доза скроб, двојна доза протеини, а најмногу јаглеродни хидрати.
Еве ја нашата комбинација: шпагети со пилешко мевце, модри патлиџани, и доматен сос. Задолжително јадете ги со салата. Пијте минерална вода.
Од грицките дозволено ви е пуканки без путер, соленки и чаша млеко.

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 61
   RE: слабеење
26.12.2009 19:46:49   
ikipp
aj nekoj neka mi kaze so stomakov sto da se pravi?ne se namaluva,a samo toj mi e visok.ima 4 nedeli od koga se prodiv,ama me nervira mnogu

(Одговор на членот Katuska)
Непосредна врска до пораките: 62
   RE: слабеење
26.12.2009 19:57:36   
ikipp
aj nekoj neka kaze za stomak kako da se oslabe?ama samo stomak

_____________________________

uzivaj vo sekoj den od zivotot

(Одговор на членот Katuska)
Непосредна врска до пораките: 63
   RE: слабеење
26.12.2009 20:19:07   
mami
помали оброци ама почести и стомачни вежби, само тоа, немаш друг начин..или во салон на третмани да се ставиш ако повеќе ти одговара

(Одговор на членот ikipp)
Непосредна врска до пораките: 64
   RE: слабеење
26.12.2009 21:56:09   
Еца
стомакот единствено со вежби може да се смали и затегне

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 65
   RE: слабеење
4.1.2010 22:32:14   
bojanas
Дали некој ја знае диетата од 21 ден???
Онаа што полчнува со макарони,ориз, па неколку дена телешко, неколку дена пилешко???
Порано ја држев ама ја имам заборавено а има одличен ефект особено во овој период кога сум прејадена од празницитеuser posted image .
Многу ќе ви бидам благодарна на ситеuser posted image

_____________________________

Кајче мама тато дада јас и бато секој среќен пее дури ветре вее

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 66
   RE: слабеење (диети и совети)
18.1.2010 8:34:10   
Еца
ИЗВОРНА ПОРАКА: BEBICA

Диетата и фитнесот на Бијонсе
Телото на познатата пејачка Бијонсе до ден денес предизвикува различни коментари. Некои едноставно сметаат дека е дебела, а други ѝ се восхитуваат на облините. Многу девојки посакуваат да имаат тело како на Бијонсе – тенка половина и цврст добро оформен задник.
Оваа статија ги открива диетата и фитнесот што Бијонсе ги практикува, за секогаш да измамува воздишки.
Диетата на Бијонсе „Додека растеше Бијонсе беше буцкасто дете" – многукратно има изјавено Тина Ноулс, мајката на Бијонсе. Можеби Бијонсе некогаш била буцкаста, но денес нејзината фигура ги краде машките погледи. За да изгледа секогаш прекрасно на сцената и на црвениот тепих, Бијонсе внимава на својата исхрана. Диетата на Бијонсе со состои од консумирање на храна богата со протеини. Популарната пејачка најчесто консумира кревко месо без маснотии и зелени зеленчуци. На листата на забранетите храни во диетата на Бијонсе се црвеното месо, лебот и алкохолот. " Јадам многу здодевни нешта како зелени зеленчуци. Не јадам црвено месо или леб и не пијам алкохол – не го сакам вкусот на алкохол. Бијонсе Во текот на еден ден Бијонсе јаде шест мали оброци. Според експертите, консумирањето на шест мали оброци е најдобриот начин за добивање на убави цврсти стомачни мускули и рамен стомак. " Поминувам низ агонија за да го задржам мојот стомак колку што е можно порамен, иако според мене никогаш не ми е доволно рамен. Бијонсе

Примерен план
Прв оброк:
блокче од житарици (Corny).
Втор оброк: овошен плод.
Трет оброк:
здрава салата наречена „Sasha Salad" која содржи: пилешки гради, вински оцет, зелени пиперчиња, зелени зеленчуци, авокадо и домати. Четврт оброк: „орео" колачиња – колачиња како сендвич од две чоколадни бисквити помеѓу кои има бел крем.
Петти оброк:
печена риба со зеленчуци.
Шести оброк:
краставица зачинета со вински оцет.

Екстремната диета на Бијонсе За да се подготви за својата улога во филмот Dreamgirls во 2006 година, Бијонсе успеа за кратко време да ослаби 10 килограми. Тогаш таа ја практикуваше екстремната диета со јаворов сируп. Строгата диета со јаворов сируп е течна диета, за време на која не се консумира тврда храна. Со неа се слабее брзо, но нејзиното практикување значи буквално гладување. Затоа, оваа диета не е за секого. " Никогаш не би му ја препорачала оваа диета на никого, освен ако не му е неопходна за филм и само ако има соодветна помош.
Направете смеса од 250ml топла или студена вода; 2 с.л. сок од лимон; 2 с.л. јаворов сируп и ¼ ч.л. чили во прав. Овие состојки ви се потребни да направите една чаша од „магичната" напитка за слабеење. Во текот на еден ден од диетата треба да се консумираат 6-12 чаши. Ако решите да ја применувате оваа диета, најдобро е да не ја практикувате подолго од 10 дена. Особено е важно да знаете како да ја завршите. Првите два дена по големото гладување треба да пиете природни сокови, потоа да преминете на супа и овошје и зеленчуци, за на крај да можете да вклучите и друга храна. Оваа диета има многу негативни страни. Неконсумирањето на тврда храна може да предизвика тврда столица. Затоа, во текот на оваа диета треба да се пијат чаеви со лаксативен ефект. Гладувањето може да предизвика и промена во расположението. Ефектот од оваа диета е краткотраен и изгубените килограмите се враќаат како бумеранг. Фитнесот на Бијонсе Бијонсе обожава да танцува. Тоа е еден од многуте начини на кои таа го одржува своето тело. Таа исто така практикува да трча надвор или на патека за трчање и крева тегови со мала тежина. " Вежбам 5 пати неделно. Станувам наутро околу 8.30 и појадувам житарици. Откако ќе помине малку време, трчам половина или еден час и потоа вежбам со тегови околу 45 минути. Еднаш неделно таа оди на часови за јога. " Секој пат кога ќе одам на час по јога, ми се плаче. Не знам дали ова се случува поради тоа што е толку релаксирачки или затоа што на крајот на часот твоето тело може да прави нешта што не ги можеше на почетокот, па чувствуваш дека нешто си постигнала. Делува како терапија. Ова може да ви потврди дека телото што го гледате на сликите или снимките од Бијонсе не е „дар од природата", а во него младата пејачка вложува многу време и напор.

user posted image


< Поракaта ја уредил Еца -- 18.1.2010 8:35:13 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот bojanas)
Непосредна врска до пораките: 67
   RE: слабеење (диети и совети)
18.1.2010 8:56:46   
mina_m
eve edna (isprobana)efikasna brza dieta za 4 nedeli:

DORUCEK:
-45gr.sirenje(ne feta)
-1 jajce+85gr.zelencuk
-1jogurt(99% bez masnotii)

se bira edno od ovie tri za dorucek

RUCEK:
-120gr.meso + 110gr.zelencuk
-105gr.pileski stek + 100gr.zelencuk
-120gr.pileski stek + 100gr.zelencuk
-115gr.riba + 110gr.zelencuk
-60gr.sirenje + 100gr.zelencuk
-60gr.feta sirenje + 95gr.zelencuk

mesoto e pozelno da bide vareno(telesko,jagnesko i pilesko)
od riba pozelna e tunata
i zelencukot moze da se jade svez ili varen

od rucekot se bira edno od ovie sest nabroeni

VECERA:
-100gr.meso + 110gr.zelencuk
-110gr.riba + 110gr.zelencuk

vo tekot na denot se jadat dve jabolka

so ovaa dieta se slabee 10 kg


< Поракaта ја уредил mina_m -- 18.1.2010 8:58:52 >

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 68
   RE: слабеење (диети и совети)
18.1.2010 10:57:44   
bojanas
За сите што сакаат да ослабат еве една страница каде што ќе се посветите на слабеењето www.sparkpeople.com

_____________________________

Кајче мама тато дада јас и бато секој среќен пее дури ветре вее

(Одговор на членот mina_m)
Непосредна врска до пораките: 69
   RE: слабеење (диети и совети)
18.1.2010 19:36:15   
Cacko
bojanas,dietata od 21 den:
1-3 den testenini
4-6 den pilesko i zelencuk
7-9 den telesko i zelencuk
10-12 den riba
13,14 den telesko i zelencuk
15,16 den kompir i sirenje
17,18 den oriz i kiselo mleko
19,20 den ovosje i zelencuk
21 den blago

Ja ja imam drzeno i imam oslabeno 7 kila.Dobra e sto ne te ogranicuva vo koliocina,jades kolku sakas samo toa sto ti e za denta.

(Одговор на членот bojanas)
Непосредна врска до пораките: 70
   RE: слабеење (диети и совети)
18.1.2010 19:38:57   
ripce
ИЗВОРНА ПОРАКА: Cacko

bojanas,dietata od 21 den:
1-3 den testenini
4-6 den pilesko i zelencuk
7-9 den telesko i zelencuk
10-12 den riba
13,14 den telesko i zelencuk
15,16 den kompir i sirenje
17,18 den oriz i kiselo mleko
19,20 den ovosje i zelencuk
21 den blago

Ja ja imam drzeno i imam oslabeno 7 kila.Dobra e sto ne te ogranicuva vo koliocina,jades kolku sakas samo toa sto ti e za denta.



Цацко 7 кг за 21 ден? Ако е така уште утре се ставам на диетава! user posted image


_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот Cacko)
Непосредна врска до пораките: 71
   RE: слабеење (диети и совети)
18.1.2010 19:43:17   
jovanka
Dzabe dieti ako nemate bilo kakva fizicka aktivnost najednostave oblik pesacenje dokolku nemozete da si dozvolite poseta na fitnes,aerobik,pilates.Ne praktikuvam dieti tuku podrzuvam umerena ishrana.Rezultatite vednas ke bidat vidlivi i ke gi nema onie oscilacii-variranja na tezinata.

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот Cacko)
Непосредна врска до пораките: 72
   RE: слабеење (диети и совети)
22.1.2010 14:04:41   
profesorica
обавезно ако слабеете со диети мора и некоја физичка активност па макар и движење, вртење хулахоп или стомачни склекови. и јадете бавно и по малку .подобро 5 оброци по малку него 2 оброка по многу.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 73
   RE: слабеење (диети и совети)
22.1.2010 14:13:14   
Mammy
и покрај тоа што внимавам што јадам, јас никако да си го вратам стомакот од пред бременоста..и ми пукна филм и одам во Силуете на ултразвучна кавитација. Ја прашав докторката дали смеам поради доењето и таа вели дека е ОК.
А ме мрзи да вежбам, а и сакам што поскоро да ослабам...

_____________________________

Me, Myself and You..and our Baby too...

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 74
   RE: слабеење (диети и совети)
22.1.2010 14:14:46   
profesorica
мammy pa super izgledas, aj nemaj gajle, ke spadne stomakotuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот Mammy)
Непосредна врска до пораките: 75
Страница:   <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?