|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Алергија на храна
29.9.2009 12:07:44   
mis.
Маца и стефан така се исфрла по лицето и др.ни вика дка е каснато но со твојот пост ме подзамисли да не  е некоја алергиска реакцијаuser posted image Како е исфрлена?Како топченца се нашите надувани и има само по лицето и едно на рачето

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 51
   RE: Алергија на храна
29.9.2009 12:11:18   
Maca25
малецки точки како од комарец. еве гледм дека и се повлекуваат

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 52
   RE: Алергија на храна
2.10.2009 13:01:19   
mother 29
Нетолерантноста кон некаков вид храна е состојба кога телото не произведува некаков ензим од храната и поради тоа се јавуваат проблеми при нејзиното варење. На пример, алергијата на лактоза значи дека организмот не произведува доволно од ензимот лактаза кој помага во варењето на лактозата (шеќер во млечните производи). Како резултат на ова, се јавува алергија која всушност е имунолошка реакција на некој протеин од храната која ја консумираме. Неколку минути по голтањето се појавуваат низа симптоми како што се: иритација на кожата, отоци на телото или потешкотии со дишењето.
Алергиите се особено карактеристични во бебешката и детската возраст, а како извор најчесто ги имаат млечните производи, јајцата и брашното. Алергиите, пак, на јаткасти или морски плодови се развиваат на подолг временски период.
Осум најчести предизвикувачи на алергија се следниве прехранбени производи:
• млеко и млечни производи
• јајца
• риба
• морски плодови
• брашно
• кикиритки
• јаткасти плодови (ореви, лешници, бадеми)
• соја
Останати алергени кои се поретки, но подеднакво опасни: семе од сусам и афион, пченка, вештачки ароми и бои, како и разни производи од животинско потекло. ●

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 53
   RE: Алергија на храна
2.10.2009 13:04:52   
Еца
Маца вниматлно и со јогуртот и со киселото млеко, Мартина пет пати јадеше палента со јогурт и ништо не беше, за шестиот пат да ја покаже алергијата со сите симптоми.Да не се повортувам со испитувања се потврди висок степен на алергија на лактозаuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 54
   RE: Алергија на храна
2.11.2009 13:41:50   
mamabuba
zdravo na site zagrizeni majki,i jas sum majka na 5 godisno since sto e alergicno na mleko i mlecni proizvodi.Alergijata ja otkrivme uste otkako se rodi na 2 meseci i eve ja ima uste,nekoi doktori ni rekoa deka do 3 god.vozrast sama ke pomine no nisto od toa.Eve najdov i se slusnav so eden doktor vo bugarija,i mi rece deka ovaa alergija se leci so sigurnost i da odime na ispituvanje toa mi dade nekoja nades,sega sum brmena i ne smeam da patuvam no zdravje koga se porodam ke go nosam da vidime.pozzzz.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 55
   RE: Алергија на храна
23.11.2009 14:28:44   
Delfi
Здраво на сите.
Нова сум овде и се надевам дека некој ке ми помогне.
Денеска правевме алерго тест на храна на мојот 2 годишен син.
И за чудо излезе дека е алергичен на белковини,на белка,на житарици,на кравјо млеко,на кикирики и на сојаuser posted image

Кога беше 6месеци му се појави екцем,но до едена годинка се исчисти.

Кравјо млеко пие по пола литар уште од 1година,се од ова наброеново има пробано и нема некоја реакција.Јас не ни знаев дека е алергичен на сево ова.


Утре ке одиме на разговор со докторот,зошто сеуште незнам колку е висок процентот на алергија.

Дали е можно да не покажува никакви знаци,т.е да не му пречи???
Зошто излезе алергичен на се,кога сето ова тој секојдневно го конзумира??
Дали сево ова ке исчезне,зошто сеуште е мал???

Ве молам,ако има некој да ми одговориuser posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 56
   RE: Алергија на храна
1.12.2009 10:34:51   
angelko
Алергијата може да се појави во секој период од животот, ако во прв момент не се покажале реакции на некоја храна не значи дека не постои, на пример кај житариците може да помине перод од две, три па и повеќе години па да се забележат првите знаци. А ако покажува реакција на кравјо млеко тогаш пробајте со козјо тоа е најблиску до човечкото па не би требало да прави проблем.

(Одговор на членот Delfi)
Непосредна врска до пораките: 57
   RE: Алергија на храна
1.12.2009 10:50:20   
Еца
ИЗВОРНА ПОРАКА: mamabuba

zdravo na site zagrizeni majki,i jas sum majka na 5 godisno since sto e alergicno na mleko i mlecni proizvodi.Alergijata ja otkrivme uste otkako se rodi na 2 meseci i eve ja ima uste,nekoi doktori ni rekoa deka do 3 god.vozrast sama ke pomine no nisto od toa.Eve najdov i se slusnav so eden doktor vo bugarija,i mi rece deka ovaa alergija se leci so sigurnost i da odime na ispituvanje toa mi dade nekoja nades,sega sum brmena i ne smeam da patuvam no zdravje koga se porodam ke go nosam da vidime.pozzzz.


Веќе погоре имам пишувано за ова, но еве уште еднаш ке го кажам моето искуство со алергијата на млеко. Ја откривме на после 6 месец кога поцнавме со воведување на тврда храна.По препорака на доктор не и давав ништо млечно до 9 месеци кога направивме тестирање преку крв и се утврди висок степен на елргија на лактоза.Не смееше ништо млечно, ниту да допре. Наредната година повотрно тест, се покажа дека алергијата се намалува. Веќе на 3.5 години на тестот се покажа дека нема алергија. Направив и кожен тест и таму се покажа дека нема алергија на млеко. Од она што читав за алергијата на млеко, се препорачува строга диета, а тоа значи никаков контакт со млеко и млечни производи (бидејки имав искуство да ме советуваат дека од малку ништо нема да и биде, но јас терав по свое ) за да самиот организам заборави на алергијата, со давање малку по малку сигурно не  се крева имунитет (барем за мене ова е глупост). Така да откако се докажа преку тестирања дека немаме повеке алергија почнав по малку да и воведувам млечни производи и досега нема никаков проблем. Затоа ако е установено дека детето на нешто е алергично, останете доследни на строгата диета, бидејки може со онаа фраза, од нннмалку ништо нема да му биде, само да ја влошите ситуацијата. И за одреден период детето да не смее ни да пипне а не да проба од тој алерген. Секој родител се води по некоја своја интуиција.

< Поракaта ја уредил Еца -- 1.12.2009 11:33:02 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mamabuba)
Непосредна врска до пораките: 58
   RE: Алергија на храна
9.12.2009 19:22:01   
mis.
ИЗВОРНА ПОРАКА: Mami4ka

Алергијата на храна е озбилен здраствен проблем и за среќа најчесто алергиските реакции се поблаги.Но кога ќе дојде до најтешки реакции тогаш мора под итно да се оди на лекар кој одма ќе интервенира.
Храна која предизвикува алергија
За алергијата на храната нема лек па единствен начин е избегнување на храната која ја предизвикува алергијата.Најчести алергии се на:кикирики, ореви,бадеми,лешници,потоа на риба,ракови , школки и останати морски подови,јајца,почести се алергиите на белката од јајцето,соја,а помеѓу овошјето јагодата и кивито..Во храната најчесто ги предизвикуваат маснотиите и шеќерот, а освен на одредни продукти алергијата може да се јави на додатоците (адитиви), бојата и конзервансот.
Најновите истражувања покажуваат да некои генетски модифицирани продукти можат да имаат зголемен број на алерген.Луѓето алергични на пелуд неретко се алергични на јаболки,морков,компири , грашак, киви и целер, а алергични на јајца,често на кожните тестови реагираат на пилешко месо,иако таа алергија во стварноста не се развива и пилешкото може да се јаде без последици.Еднаш изразена алергија може да остане цел живот, а може да се повлече по некое време.Алергијата на млеко најчесто се јавува кај малите деца,но често покасно потполно се повлекува.
Симптоми на алергијата
Алергиските реакции можат да се јават било кога,па така некои реагираат кога ќе се сретнат со некој производ,додека кај некои реакцијата се појавува изненадно,иако со години одредена храна јаделе без проблем.Најчесто се кожни и орални реакции кои варираат од благи (чешање,печење или чешање на јазикот, благ оток на јазикот. непцата) до опасни по живот таканаречени анафилактички шок кој бара хитна интервенција.Некои алергии развиваат симптоми слични на асма.
Тестирање, лечење и превентива

Ако лечењето не се започне навреме или ако потполно не се отфрли храната која предизвикува алергија, состојбата кај поголем број се влошува.Најчети лекови се антихистаминици и краткотрајни кортикостероиди.Луѓето кои еднаш доживеале анафилактичен шок мора секогаш да имаат лек за итна помош (аутоинјектор адреналин и антихистамин со брзо делување).Заболениот како и неговата фамилија мора да бидат обучени за давање на лекот.Иако лечењето на анафилактичниот шок не е без ризик, најчесто е тоа едеинствен начин за спасување на животот.
Кога ќе се востанови на што е алергина особата избегнувањето не е секогаш едноставно,треба да се научите да ги читате етикетите и да го знаете составот на храната.Така, примероци на млеко и јајца има во бројни индустриски производи (мајонез, тестенина ) и во домашните јадења, потоа кикириките, кои во некои индустриски слатки ги додаваат како путер од кикирики.
Исто така некои луѓе се алергични на производи во сите облици, додека кај други реакцијата варира зависи за тоа како производот е третиран.Така да некои се алергични на јајца, а слободно јадат мајонез, бисквити, колачи и тестенини со јајце..
Баш затоа што алергиите можат да се менуваат, особата може стотини пати да изеде колач со јајца или мајонез без икаки последици, но одеднаш може да се јави реакција и на тие продукти и да биде многу силна.Затоа поради непредвидливоста на алергичната реакција еднаш алергичните особи требаат да се внимателни во исхраната и внимателно да ги воведуваат новите продукти.

ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

на храната особено треба да се внимава, кога и како се дава...јас неможам на пример да си се помирам со фактот дека сопствениот педијатар ми препорача киви на 6 месечно бебе кога ја прашав што да му правам дека не какал неколку дена...не ми се верува, доктор тоа ми го кажа- и секако дека не му дадов


(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 59
   RE: Алергија на храна
18.12.2009 14:10:38   
ripce
Професор д-р Дејан Докиќ: 21 век - столетие во кое ќе доминираат алергиите

Кај најмладите, пак, најголема опасност се алергиите предизвикани од одредени прехранбени продукти.
,,Постојат алергии со внесување храна. Тие почесто се манифестираат кај малите деца. Се препорачува подолготрајна исхрана со мајчино млеко на бебињата, а особено треба да се биде внимателен доколку во семејството има појава на алергиски реакции на одредена храна кај некои членови на семејството. Треба да се пролонгира внесување прехранбени продукти за кои се знае дека се јаки алергени, на пример, јаготки, лешници, кикиритки, дискутабилни се јајцата, затоа што имаат хранлива вредност, риба. Препорачливо е овие  продукти да се најдат во исхраната на детето по втората година од животот со цел да се превенира појава на алергии. Кај децата е многу покарактеристична алергијата на храната отколку инхалативната алергија, затоа што немаат време до тој степен да се сензибилираат преку инхалирање на овие алергениии, објаснува проф. д-р Дејан Докиќ. 
Алергијата на храната најчесто се манифестира на кожата, во форма на уртикарија - позната во народот како копривњача, или исипување по телото со пликови. Некогаш се идентификува причинителот, но некогаш е многу тешко да се утврди кој е алергенот. Во принцип, по петтата или шестата година овие алергии постепено се губат и фреквенцијата на тие напади се намалува. Но, од оваа возраст, пак, почнуваат многу често да се јавуваат инхалативните алергени кои и доминираат кај возрасните.


(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 60
   RE: Алергија на храна
4.1.2010 21:27:43   
ripce
Алергичната реакција од храна може да предизвика и зафаќање на дишните органи со појава на кашлица, тешко дишење и тежок опструктивен бронхит. Хроничната алергична манифестација на храна може да биде проследена со ентеропатија или подолго страдање на цревата со чести проливи, течни столици со слуз дури и крв и несварена храна. Детето не напредува во тежина при оваа состојба. Дијагнозата се поставува со добиените податоци за наследната склоност и други алергични манифестации во фамилијата. Најчесто појава на алергија со воведување во исхраната кравјо млеко, јајце, риба, месо и детето почнува да повраќа и има пролив и се смируваат симптомите ако се исклучи храната која претходно ја предизвикало оваа реакција. Се потврдува дијагнозата ако повторно се јави алергична реакција при давање на истата храна.

Алерголошкото испитување кај малото дете до три години се прави само од крв со докажување на специфичните ИГЕ-антитела кон одреден алерген храна. Кај поголемото дете може да се направи кожен тест со кој се докажува на која храна детето е алергично.

Одредување на вкупната концентрација на имуноглобинот и еозинотфилијата во крвта помагаат при поставување на дијагнозата. Лекувањето почнува со отстранување на храната која е причинител на алергијата. Ако е тоа кравјото млеко во доенечка возраст (мајката не го дои), тогаш млекото се заменува со индустриски млека кои се произведуваат за таа намена - хипоалергизантни млека.

Соиното млеко не секогаш може да биде комплетна замена на мајчиното, а исто така може да предизвика алергична реакција. Со растењето на детето алергичната реакција на храна се намалува и комплетно се повлекува по третата или четвртата годишна возраст. Ако реакцијата е хронична се препорачува хипосензибилизација (намалување на чувствителноста кон дотичната храна) со посебен начин на долготрајно дробно давање на дотичниот алерген и ако е млеко се почнува од една капка со постепено зголемување секој ден до едно лажиче и понатаму. Во секој случај кај хроничната алергија кај детето треба да се исклучи и некој друг причинител како што е некој извор на скриено жариште на инфект или присутни цревни паразити (глисти).

Идните мајки кои се оптоварени со алергија во бременоста треба да избегнуваат алергизантна храна, а по породувањето детето треба да го дојат колку што може подолго

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 61
   RE: Алергија на храна
27.1.2010 8:50:47   
Еца
ИЗВОРНА ПОРАКА: arh_diz

Eca alergija na hrana i prenoslivost ( neznam kako da go prevedam na mak se dva razlicni poima)
Eden moj prijatel pravese test alergija na hrana i mu pokaza deka mlekoto za nego e super. A toj samiot ima poteskotii so mlekoto koga go konzumira. Posle go pravese ovoj vtoriot test i tamu se pokaza deka mleko nesmee da konzumira


Јасно ми е мила, алергија е едно, нетолеранција нахрана е друго, но јас зборувам за алергија.Во секој случај ќе ви јавам денес за што точно се работиuser posted image Ќе биде онака како што требало да биде!


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 62
   RE: Алергија на храна
27.1.2010 20:37:45   
Еца
Конечно денес се потврдија моите сомнежи дека и Мила има алергија и тоа исто како Мартина на млеко. Знам веќе што ме очекува, поминаввме низ ова и воопшто не ми е лесно што ова се повтори еве сега и со Мила, ама тоа е животот, секојдневно некои искушенија ни става пред нос и постојано не тестира колку ли сме јаки?  Во секој случај сега сум посилна, бидејќи знам со што и како треба да се изборамuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 63
   RE: Алергија на храна
27.1.2010 20:42:33   
ripce
Аман бре Еца како така... малку беа маките со Мартина, па сега и со Мила user posted image

_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 64
   RE: Алергија на храна
27.1.2010 20:43:08   
mis.
Оф море мајко кај ма сега и со мила,знам низ што поминуваш не е така лесно но ние жените сме многу јаки ќе го поминеш и оваа чудо знам.Не очајувај сега е многу полесно дека е по втор пат барем си искусна дека ќе дојде ред еден ден ќе го надминете тоа.Гушки за вас и бакнежи за мила и мартина.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 65
   RE: Алергија на храна
27.1.2010 20:45:32   
April
ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца

Во секој случај сега сум посилна, бидејќи знам со што и како треба да се изборамuser posted image




(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 66
   RE: Алергија на храна
27.1.2010 21:27:49   
BEBICA
Zal mi e Eca sto seto toa sto si go prosla so Martina sega moras i so Mila.Starno mi e zal.Ve user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image i vi posakuvam sto pobrzo da go nadminete toa.

_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

(Одговор на членот April)
Непосредна врска до пораките: 67
   RE: Алергија на храна
28.1.2010 8:41:11   
pacuvce
ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца

Конечно денес се потврдија моите сомнежи дека и Мила има алергија и тоа исто како Мартина на млеко. Знам веќе што ме очекува, поминаввме низ ова и воопшто не ми е лесно што ова се повтори еве сега и со Мила, ама тоа е животот, секојдневно некои искушенија ни става пред нос и постојано не тестира колку ли сме јаки?  Во секој случај сега сум посилна, бидејќи знам со што и како треба да се изборамuser posted image


Ајде Еца...Главата горе...Сега веројатно си поспремна за оваа битка...user posted image user posted image user posted image  од мене до сите вас,комшики мои...Уште малку,па ќе се шетаме заедно по детската улица...

_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 68
   RE: Алергија на храна
28.1.2010 8:49:57   
Еца
Овој пат животот иронично си поигра со мене, не велам дека ми беше сеедно кога ги видов резултатите, но сепак не го сфатив толку трагично, како првиот пат со Мартина. Сега ќе биде потешко во смисла пазење и дома, бидејќи Мартина јаде се, но што е тука е. А да не правиме муабет за тоа колку ми значи што ве имам сите вас и подршката која ја добивам. Искрено со Вас сум многу посилна за се.user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 69
   RE: Алергија на храна
28.1.2010 8:55:27   
Iva
Јас дури сега прочитав, навистина ми е криво што испаднало така. Знам многу убаво низ што поминувавте сите со Мартина, еве сега и со Мила. Но гледаш со Мартина се среди, знам дека и со Мила понатака се ќе биде во ред. И точно, сега имаш искуство, подготвена си, знаеш што те чека, само ќе треба повторно да се прилагодите на ситуацијата. Поддршка имаш од сите нас, тоа го знаеш, за секој момент кога ќе ти биде тешко. user posted image user posted image user posted image за тебе и Мила.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 70
   RE: Алергија на храна
28.1.2010 9:06:59   
profesorica
Eca и јас сега прочитав а знам дека вчера ти беа готови резултатите. user posted image user posted image user posted image

< Поракaта ја уредил profesorica -- 28.1.2010 9:07:12 >


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот Iva)
Непосредна врска до пораките: 71
   RE: Алергија на храна
28.1.2010 9:13:17   
arh_diz
Eca vazno si doznala sto e problemot sega ke ti e polesno .

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 72
   RE: Алергија на храна
28.1.2010 9:56:28   
mamasane
И моето синче Никола има нетолерантност кон млечни производи и штом конзумира било каков млечен производ веднаш му се појавува црвено печатче на обравчињата. Не е како пликче туку само црвенило кое се повлекува за еден ден откако ќе го намачкам со Пантексол. Еве сега му се појави црвенило и откако јадеше една плазма бисквита, а порано ги јадеше без проблем. Не знам веќе што да му дадам за доручек и вечера зашто без млечни производи изборот е мал. Еца, те молам кажи ми каде се прават тие тестови за алергија и дали треба упат од матичната. И читам дека може да се дава козјо наместо кравјо млеко, па дали некој има искуство со тоа и каде може да се најдат производи од козјо млеко. Инаку Никола има 1 година и месец и пол па дали смее да конзумира производи од козјо млеко. Извинете што бев поопширна ама ова навистина ни е проблем.

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 73
   RE: Алергија на храна
28.1.2010 16:21:55   
mis.
мамасане еве кликни тука има тема козјо млеко каде има дискутирано за тоа што тебе те интересира.

(Одговор на членот mamasane)
Непосредна врска до пораките: 74
   RE: Алергија на храна
28.1.2010 16:38:15   
sunchips
Eca navistina mi e zal sto maleckoto i vie morate da pominete niz ova povtorno, no i pokraj ogranicenosta na hrana ke porasne taa vo golema devojka, radost na mama, tato i dada, neka e alergijata najlosoto sto moze da se sluci. Bidejki ti sekogas gi imas vistinskite zborovi za secij problem, ostanuva samo da te poddrzime sto polesno da se spravite so situacijata.


_____________________________

All kids are gifted; some just open their packages earlier than others.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 75
Страница:   <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?