mis.
|
Денес во светот се водат многу дебати околу тоа кои пелени се подобри: платнените или еднократните. Во првата година од животот, на бебето ќе му бидат потребни околу 3000 пелени. Одлуката какви ќе бидат, останува на Вас. Тука ќе се обидеме да ги прикажеме предностите и мааните на обата вида. Направете го својот избор врз основа на тоа што е подобро за Вас и Вашето бебе, се разбира имајки го предвид и домашниот буџет. ПРЕДНОСТИ НА ПЛАТНЕНИТЕ ПЕЛЕНИ - Бебињата кои се облечени во платнени пелени, добиваат помалку осип на кожата на газето. Ова се случува затоа што платнените пелени се менуваат почесто, отколку еднократните. На тој начин кожата на бебето е пократко во допир со бактериите од урината и изметот. Друга причина е што еднократните пелени содржат хемикалии, кои предизвикуваат алергии кај многу бебиња.
- Порозни се, па амоњакот кој се создава од урината, испарува и не останува во контакт со кожата на бебето. Воедно платнените пелени пропуштаат воздух.
- Не содржат диоксин – материја која се употребува за белење на еднократните пелени, за која е докажано дека има штетни последици по здравјето. Докажано е дека диоксинот може да предизвика: кожни проблеми, проблеми со црниот џигер, рак ит.н. Понекогаш остатоци од неговата употреба се задржани и во пелените.
- Не содржат натриум полиакрилат. Тоа е материјата која овозможува еднократните пелени толку добро да абсорбираат. Неговото користење во тампоните е забрането пред повеќе од 25 год., затоа што се утврдило дека е поврзан со потенцијално смртоносниот синдром на шок кај жените, кои ги користеле.
- Памукот е попријатен за бебињата, отколку хартијата или пластиката.
- Поефтини се. За платнените пелени е потребна поголема почетна инвестиција, а другите трошоци се состојат во: детергент, електрична енергија и вода. Сепак се на се, трошокот е помал отколку постојано да купувате еднократни пелени. Друга предност е тоа што истите пелени ќе можете да ги искористите и за следното дете.
- Поновите модели се многу поубави на изглед од еднократните пелени. Ги има во разни бои и дезени.
- Еколошки се. За во природата да се разгради една еднократна пелена потребни се повеќе од 100 год. Исто така многу хемикалии во еднократните пелени се силни отрови, кои предизвикуваат сериозно загадување на околината.
- Децата кои се облекуваат во платнени пелени, побрзо се учат да користат нокшир. Врз ова влијае тоа што ја чувствуваат влагата од пелените и тоа ги мотивира побрзо да престанат да вршат нужда во пелените.
СЛАБИ СТРАНИ: Бараат поголеми почетни финансиски вложувања, бараат повеќе врeме за перење и одржување. ПРЕДНОСТИ НА ЕДНОКРАТНИТЕ ПЕЛЕНИ - Полесни се за употреба, можете да ги користите било каде.
- Штедат време, нема потреба од перење.
- Имаат поприлагодлива форма кон телото на бебето, особено добро се прилепуваат околу нозете на бебето.
- Помалку се чувствува мирисот.
СЛАБИ СТРАНИ: поскапи се, предизвикуват осип кај децата, содржат штетни хемикалии за децата и се штетни за околината. КОЛКУ ПЕЛЕНИ ДНЕВНО ЌЕ ВИ БИДАТ ПОТРЕБНИ? За новороденче ќе треба околу 12 пелени дневно, а за дете од една година или повеќе потребни се од 6 до 8 пелени. Внимавајте иако еднократните пелени можеби изгледаат суви, треба да се менуваат често. Во спротивно задржувањето на урината врз кожата на бебето ќе предизвика иритација. ШТО ДРУГО ВИ E ПОТРЕБНО ЗА ДА ГИ ПРОМЕНИТЕ ПЕЛЕНИТЕ - Доволно широк простор.
- Покривка врз која ќе го пресоблекувате бебето.
- Чиста пелена
- Кеса за нечистата пелена
- Влажни марамчиња или памук и топла вода
- Крем со кој ќе го намачкате бебето
- Резрвна облека, во случај пелените да прокиснале
|