|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Денот на свадбата
19.6.2009 15:05:29   
mami
што правевте тој ден? како го поминавте од почетокот? туш, фриз, шминкање, облекување фустан, пречек на сватови, церемонии...ајде се по список како било

< Поракaта ја уредил AnnaMolly -- 27.6.2011 15:17:14 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Денот на свадбата
23.6.2009 13:34:17   
mami
лелелелелел никој не ска да ни раскаже како си поминал тој ден? абе ајде сигурно по нешто бил посебен(освен дека сте се венчале тогаш)

< Поракaта ја уредил AnnaMolly -- 27.6.2011 15:17:22 >

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: денот на свадбата
23.6.2009 14:02:11   
Еца
Јас не сум ја видела темата, ама покасно сигурно ќе одговорам сега имам гости,user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: денот на свадбата
23.6.2009 14:10:10   
biljanaM
Цел ден ми беше некако чудно...хахаха, не ми се веруваше дека се мажам...накај 9 станав и одма на фризер, вечерна ни беше свадбата, потоа на шминкер...дома фустанот го облеков и ајде оро веселооооо....user posted image user posted image user posted image

Не знам како издржав цел ден да  играм а бев 7 ми месец...ама си реков ова е мојот ден и ке се игра цел ден....

фустанот ми беше широк (едвај ме собера ...) и не се познавав дека сум 7ми месец. Интересно беше кога се породив и ја викнавме нели кумата да дојде...и таа леле се исплаши, како е бебето, мислела дака сум се породила пред време т.е. во шести месец, оти на свадбата не изгледало дека сум во крајните месеци....user posted image


_____________________________

Ил смо само ту због рамнотежа меџу звездама.....

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: денот на свадбата
23.6.2009 14:11:19   
mami
user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот biljanaM)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: денот на свадбата
28.6.2009 23:37:17   
mami
деничка, ги гледав сликите, ми се допаѓа многу венчаницата, ајде кажувај како помина денот, што се случуваше

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: денот на свадбата
21.9.2009 15:44:14   
mis.
За сите оние кои се во исчекување да дојде денот на нивната свадба еве нешто убаво.
http://mojatasvadba.com/

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: денот на свадбата
21.9.2009 17:14:16   
denicka
mis. super stranica!
a mami mozes da zamislis duri sega ja vidov ovaa tema user posted image  user posted image  user posted image
denot mi pomina super odlicno. stanav okolu 9.imavme malku guzva doma. inace kaj nas nemase odenje po nevesta.jas veke bev skoro 1.5 godina kaj mm. pa od butel me odnesoa do dracevo na frizer. od tuka vo kisela voda na sminka. inace me sminkase Svetle Crnokrak. alal neka i se parite, zasto stvarno cela vecer sminkata ne mi mrdna a neznam kolku pati se prepotiv. i od k.voda nazad vo butel.
inaku za celo vreme bev smirena i ne panicev voopsto. TOA E MOJ DEN i gotovo. Si pravev kako mene mi odgovara.user posted image  user posted image   user posted image   vencanicata namerno mi bese kratka, jas taka sakav da mozam da igram i se iznaigrav!!!!!
i toa, koga stignav doma jadev i pocnaa da doagaat kumot i nekoi od komsiite. si se zatvoriv vo soba i popoleka si se spremav.
a imase i stoenje na vrata. jas vo soba so bratucetka na mm a na vrata starosvaticata user posted image  i ne go pustase mm duri ne ja baci vo obrazz. user posted image  e tuka malku mi proletaa peperutki vo stomak.
koga ja otvori vratata mm se osetiv kako prv pat da go gledam i toa bese ljubov na prv pogled. a mislam deka i toj taka se oseti zasto imase takva faca user posted image   mislam deka ke se rasplacese.
posle toa crkva, tuka imase eden gaf na popot. koga ni gi stavase krunite namesto da pee Daniela i Oliver, toj pocna Olivera i Daniel. user posted image user posted image user posted image  site sto bea vo crkva se smeea. pa i popot se vcrveni malku.
i posle toa sleduvase restoranot kade sto si pominavme PREKRASNOOOOOOO!!!!!!!!! 

user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Bless and you will be blessed!

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: денот на свадбата
22.9.2009 11:16:27   
profesorica
Денот на свадбата бев многу смирена, како и периодот пред неа, што не е својствено за мене.Си имав закажано за фризура и шминка во студио Сикрет и некако им верував дека ќе ме направат топ.Не се ни сомневав во нивната способностuser posted image
Се разбудив наспана и соп пеперутки во стомакот, и одеднаш извикав:Денес се мажам ејјјјј....!user posted image Отидов да ме средат и кога се вратив веќе беше полна ќуќа роднини, братучетки, другарки, кои ми помогнаа да ја облечам венчаницата и готово спремна бев.Брзо ми помина времето а веќе имаше некое буткање пред врата, и врискање од страна на другарките и братучетките!Кога почна се, бев многу среќна и постојано насмејана, не размислував на ништо друго, баш бев опуштена, се поминан во најдобар ред а јас не се ни замарав.

Се венчавме во црквата св.Јован и Павле во Ѓорче Петров.

попот што не венчаваше, ме крстеше една недела пред свадбата и кога ни честиташе јас го потсетив а тој пред сите кажа:еве сега Даниела (?????- инаку се викам Анета) ми кажа дека јас сум ја крстел, замислете таа била мало бебенце а сега ја венчавам!Сите штама, па следеше громогласна смеа.А попов цело време претходно ми го повторуваше името нели како дел од церемонијата.За на крај да рече Даниела!

Во ресторан Под Кале, се помина прекрасно, се изнаигравме, на крај букетот го фати сестра и на кумата, дури и подвезица фрлав за мажите и дечкото што ја фати ја стави на крај на ќелавата глава, user posted image user posted image user posted image

Во секоја смисла беше прекрасно и незаборавно.




_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот denicka)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: денот на свадбата
22.9.2009 11:20:01   
big_mama817
odaman bese user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image  vozbudlivo

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: денот на свадбата
25.9.2009 12:06:06   
mami
Дента ме оставија да се наспијам и одморам убаво..станав се истуширав, помогнав што требаше, се јавив кај другарките за да ги потсетам да дојдат на помош, и отидов на фризер. Таму дојде и шминкерката па ме средија на едно место. Инаку доцнев и му пишував на мм да не тргаат од кај него, оти уште не сум стигнала домаuser posted image user posted image user posted image кога дојдов се беше спремно, сите гости дома, другарките сервирале се тип топ, ми помогнаа со венчаницата и кога братучетка ми- ааа еве ги...леле нозе ми се пресекоа...си влегов во соба и уште ме зафркаваа- уште имаш време да рипаш преку тераса ако си се предомислилаuser posted image user posted image user posted image буткање врата, чевли, погачи и црква- се си помина во најдобар ред, во ресторанот се изнаигравме, имавме одличен бенд, беше застапен секој жанр освен жалопојки...цела нок не седнав, а и мм што е за пофалба бидејќи инаку не играuser posted image

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: денот на свадбата
29.9.2009 12:52:05   
mis.
Стела те чекаме тука да ни го прераскажеш денот на вашата свадба.Подели го искуството со нас.Како ти помина тој значаен ден?

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: денот на свадбата
5.11.2009 15:29:48   
profesorica
Ајде мамички споделете ги со нас вашите искуства за оној Ваш прекрасен денuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: денот на свадбата
5.11.2009 16:19:06   
penelopa
Леле колку посебен ден...еве сега рацете ми се тресат кога пишувамuser posted image ....инаку јас вечерта пред свадбата си спиев дома- значи кај мајка ми...сабајлето се разбудив околу 07.30 испив едно кафе, се истуширав и право на фризер. Фризерката каснеше е тогаш почна да ме фака паника...се добро се заврши дури и пред времеuser posted image ...после тоа шминканње имав закажано кај Владо Георгиев- алал да му е на чоекот ме забавуваше со случки и вицовиuser posted image ...е кога се вратив дома гледам сите се дотеруваат, кетеринг службата местат храна, после почнаа и гости да доѓаат...јас ја чекав старосватицата за да ми помогне со фустанот...кога се дотеравме дојде сликарот почнаа семејните фотки...е тогаш веке почнаа пеперутките во стомакот...трема имав се додега дојде маж ми...после тоа остатокот од вечерта бев постојано насмеана и весела...си се изнаиграв на свадбата...буквално се помина во најдобар ред...дефинитивно ден за паметењеuser posted image

_____________________________

"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: денот на свадбата
5.11.2009 16:37:14   
Сани
неможам уште да поверувам дека правевме свадба во јуни но сепак ни се погоди најтоплиот ден во цела година, толку бевме сите препотени како во моментот да сме излегле од под туш user posted image мораа другарките да ме потурат со пудра за тело за да може да ја облечам венчаницата user posted image сликите ми се ужас секаде сме црвени како велигденски јајца но баш ми е гајле user posted image на сите свадби сватовите каснат а мм дојде 45 минути порано уште не бев облечена user posted image но се помина прекрасно не седнавме цела вечер сите играа имавме 4 различни музики, не ни знаев за тоа другарите не изненадија ние имавме 2 плус зурли и тапани од другарите и плех музика од вујче и не седнавме user posted image
НАЈУБАВИОТ ДЕН! кога заврши свадбата сакавме да правиме пак user posted image

(Одговор на членот penelopa)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: денот на свадбата
5.11.2009 17:23:21   
Maca25
Еден ден пред свадбата си дојдов дома да си спијам, а мм си остана кај нас во станот. Не знам зошто, ама многу ме беше чудно без него, дури и тешко. Како пубертетлии цела вечер се слушавме и си праќавме смс. user posted image user posted image
Сабајлето станав рано, мекаде во 7, имав закажано фризер во 7,30 и морав да стигнам од козле до аеродром за 15 мин. Свадбата ни беше вечерна така што имав време да се одмарам, со оглед на тоа што бев 5 месец бремена. носев кратка венчаница и најголем проблем ми беше да не не ми го собере стомакот во неа, ама среќа се помина супер. Околу 3 дојдоа другарките, се зезавме, шминкерката ми дојде, и оп дојде времето за во црква. Ние немавме буткања врат и такви ствари, јас и мм не сакавме. Пола од гостите не чекаа пред црква, а најблиските дојдоа дома. во црква ни ги утнаа имињата (изгледа тоа секаде се случува) и после во Зодиак си прославивме. Бевме само млади, околу 50 луѓе, и родителите. Се журкавме некаде до 2 и после почнаа да не бркаат веќе.

Си поминавме преубаво и весело user posted image user posted image user posted image


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Сани)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: денот на свадбата
24.4.2010 12:25:39   
Rossana
user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image   So ogled na toa sto mojata ne bese bas i golema svadba, a sepak bese svadba, jas denot go pominav trcajki niz grad i barajki poklon za brat mi zatoa sto vo istiot toj den mu bese rodenden a jas nemam nitu eden negov rodenden propusteno a da ne mu podaram nesto. Imav poracano od edna prodavacka set od tri maici i tri marami od AC/DC, guns'n roses i deep purpleuser posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image a prodavackata denes ne dosla na rabota, maicite i bile doma kaj nea, 10 pati ja prevrtev celata stokovna prasuvajki od stand na stand i na kraj po nekoja slucajnost stignav do sin i, pa mi ja dade adresata, pa so taxi otidov po majcite, potoa trgnav po lak za nokti i da jadam i koga stignav doma veke bese 18:00 a svadbata bidejki bese pravo vo restorant bese zakazana za vo 20:00 casot. Majkami ke me ubieseuser posted image user posted image user posted image user posted image a brat mi nemozese da me iznaguska sto konecno gi dobi tie majci sto gi bara niz cel grad veke cela godina, abe ludnica, pa dodeka da se istusiram, da se oblecam, da se nasminkam... za frizura nemav vreme samo si ja isusiv kosata so fen. user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image e nikogas nema da prestanam da se smeam koga ke se setam na toj den. Sepak si pominavme mnoooogu ubavo, a i cenata sto ja dobiv za poklonot na brat mi bese ogromna, nikogas nema da go zaboravam sjajot vo negovite oci i srekata, znam kako e da sakas nesto a da ne znaes kade da go baras za da go kupis, jas porano nemav vreme da baram so nego, aa koga najdov bas mi se pogodija za rodendenot.
Eve slika kako izgleda edna nevesta koja se spremala se na se eden cas pred svadbata.
user posted image

jas, mm, bratucet mi i negovata devojka.

user posted image

mama, tato jas i mm

Photo 23 of 24   Назад кон албумот · Мои фотографииПретходнаСледнаКликни на лицата на луѓето за да ги означиш. user posted image  mama vo crnoto i sveki vo zelenoto

user posted image

najslatkoto bratce na dodo

user posted image

jas i mm si pozirame najubavata slika

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: денот на свадбата
18.1.2011 23:05:05   
AnnaMolly RR
Кога станав и помогнав на мајка ми да постави тоа што планираше на масата, па отиде на фризер. Јас јадев зашто сите ми викаа да јадам, после ќе сум немала време. И среќа што јадев.
Се истуширав, ми се јави фризерката и ми рече дека таму ќе ми ја миела косата, да не ја мијам јас. Скоро два часа ми ја виткаа косата зашто ми беше долга и одма ми се пушташе. После тоа ме нашминка и си се вратив дома. Презадоволна бев од фризерката.

Кога дојдов дома си ја облеков венчаницата и почнаа да доаѓаат гости. Ги чекавме сватовите. Јас бев во мојата соба со неколку другарки и се препушив од возбуда. Само палев цигара, па ќе ја испушам, па ќе си ставам сјај. И така едно 3-4 пати во рок од 30 минути.

Дојдоа сватовите, изираа некое орце пред врата, па влегоа.
После излегов и јас надвор и свртевме уште некое орце, па отидовме во парк да се сликаме зашто не можевме на Кале, баш тогаш беше Пиволенд.
Од парк во црква. Во матично бевме две недели претходно.

И после во ресторан опа иха!


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Rossana)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Денот на свадбата
18.1.2011 23:10:13   
Pepelaska *
 скоро се исто како тебе Анамолиuser posted image Само што јас бев 5 месец

< Поракaта ја уредил AnnaMolly -- 27.6.2011 15:17:58 >


_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Денот на свадбата
18.1.2011 23:19:11   
AnnaMolly RR
И Мартин бил на свадба, играл :)

< Поракaта ја уредил AnnaMolly -- 27.6.2011 15:18:08 >


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Денот на свадбата
7.7.2011 14:57:06   
Mihaela 2010
Станав во 8 саат, се проврткав по дома околу 10 дојде фризерката кај мене,која е сестра на мојата старосватица ..при крај на фризурата ми дојде шминкерот,еден дечко кој е одлицен во својата работа и кој по некоја случајност ми бил комшија во наредниот влез а јас не сум знаела,ме среди и така не се гнјавев по фризери и сминкери надвор. Си ја натнав венчаницата каснав малку, додјоа некои гости кои беа од белград,и накај 3:30 часот дојдоа сватовите со куме златен...заврши процедурата јадење орце и правац у црква..света петка..карши Љуц има едно убаво паркче па тамо не изнасликаа..од црква право у ресторан Каскада, тамо ме чекасе матичарот почто договорив да биде процедурата во ресторан,обавивме и тоа и почнаа гостите да доаѓаат па почна веселбата..ми се слоши на крај пошто бев трудна 3 месец, дома само се пресоблеков со намера одма да си легнам..мм со гости од србија седеа надвор на кафе-цигарче,а јас од радозналост броев пари...

(Одговор на членот zapce)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Денот на свадбата
7.7.2011 15:01:25   
Џесика
Постот е префрлен во Забава   КЛИК

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

(Одговор на членот zapce)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Денот на свадбата
8.7.2011 2:02:53   
humana
Земаќи во предвит дека во четвртокот излегов од болница,бев доста весела невеста.Стандард станав во 10,отидов на фризер па шминкер,кога дојодов дома полна куќа гости.Кај 15 сат дојдоа сватовите,имаше стоење на врата,кога влезе мм му ги памтам зборовите-Што не кажавте дека е олку убава ке платев повеќеuser posted image user posted image ,се венчавме во црквата Св Петар и Павле во Ѓорче,не венчаше дедо ми,кој исто така ме има и крстено.Отука во хотел и си поминавме најубавоuser posted image user posted image user posted image user posted image Би го повторила овој ден со задоволство

< Поракaта ја уредил humana -- 8.7.2011 2:05:13 >

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Денот на свадбата
21.7.2011 23:40:23   
Nate79
Нашата свадба беше пред 9 месеци...на денот на свадбата, сабајлето бев некако со чудно расположение, бев на фризер, шминкерката дојде дома кај мене, почнаа да доаѓаат моите гости, а јас се чувствував како да не е тоа моја свадба,м туку како да треба да одам на некоја друга...user posted image Тој ден бев возбудена само моментот кога ги слушнав дека свират колите пред мојата зграда...Останатото беше ок...и се течеше во најдобар ред...немав ни време нешто да мислам или да не мислам...user posted image .......НО...Претходниот ден, за мене беше многу лош..исполнет со некакви емоции, чудни можам да кажам...чувство како да одам на одмор, ама после тоа како да не се враќам веќе дома кај моите, него на друго место...цел ден плачев, зошто сум многу поврзана со моите и ми беше тешко како сега ке се навикнам на новиот живот...Тоа не беше страв дали ќе се снајдам во новата улога...туку паника...нема веќе моја соба, мојот кревет...тие неколку квадрати што беа МОЈА ПРИВАТНОСТ...КОИ ЗНАЕЈА ЗА МНОГУ СМЕА  И МНОГУ СОЛЗИ...аххх....
Сега се навикнав овде, иако првите 3 месеци ми беше тешко, ми се плачеше секој ден...со сопругот живееме во   делумна заедница...имаме спрат од куќа, кој го средивме после веридбата, а пошто јас си имав се за да опремам за во кујна и за се друго, како ситници и сл...ми беше полесно..неморав да одам и да молам за една чаша која ке требаше пак да ја вратам доле...Така да да не забегувам од темата...user posted image ...денот ми беше убав...ама сепак ми беше многу жал што се делам од моето цартсво...мојот дом...кај моите родители...

(Одговор на членот humana)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Денот на свадбата
30.5.2012 16:48:48   
Ikana
КАКО ИЗГЛЕДА ТИПИЧНА МАКЕДОНСКА СВАДБА?

Еве како изгледа една типична македонска свадба прикажана низ 24 часа:




06:35 -Невестата стануе узбуџена од спиење мајка и и трпа дијазепамче у уста да се смири, комшиките ѕвонат на врата дојдени за да спремаат руска и кифлички уз мајката на невестата.

07:00 -Невестата оди на фризерај (у фЛизерница), нормално по могучност кај најскапиот фризер и обавезно паѓа некоја фризура од типот на банана, сарма или новогодишна елка.

08:30 -Невестата се враќа од фризерај, долази дома и со комшиките ги вежба уше еднаш сите ора и како да каже у црква - ДА, ГО ЗИМАМ, а притоа на попот да не му паднат перверзни мисли на памет :-)

09:00 -Младоженецот стануе од спиење и обавезно со кумот дрмаат по едно ракииче, а ако е некој мутав седи и дреме, док кумот пие ракија.

10:00 -Невестата се заклучува у соба (по могучност спавацча, или дечја соба нали) и ко трнорушка чека да дојде зетот да ја спаси од аждаите (читај у превод: братучеди, браќа, комшии, комшики, тетки) што стојат на врата и бараат пари од зетот и неговата тајфа ако сакаат да ја земат невестата и да си ја носат при себе :-)

11:00 -Кај младожењата почињаат да стигаат гостите (буквално цела родбина до 6 колено сосе пријателите што ги упознале мајка му и татко му пред 20 години на одмор у врњачка бања и од тогаш не се виделе).
Почиња да се вие коло, да се певаат песни од типот на 4 месеци свадба се спрема, обавезно има некоја тетка од страна на мајка му на младожењата со бркови и недепилирана мишка која е најжива од сите, лупа на дајре ко разулавена и вика ју ју ју, са са! У меѓувреме кај невестава се дешава истото, једина разлика е што невестава запаѓа у трансои у соба закључена док чека у неизвесност (леле абе ќе дое ли овој да ме земе или не).

13:30 -Од кај младожењата се трга по невеста... сите коли се украсени со пешкири, цвече, а кај патриотите и знамиња со лавови, сонца и Александар Македонски.
Обавезно пред куќа док не тргнат по невестава, се собира цело маало (читај: све од женски род и ќоро и сакато од 5 до 95 години, облечено у тренерка и летна влечка, најчесто марка - Лајнарки Чик Куманово, придружена
со вунена чорапа, нормално за да пукнат сеир, да видат кој шо носи, кој со кого ке иде у кола и тако даље и тако ближе). По пат обавезно се свири со аутата ко на утакмица Шкендија-Вардар (едино нема само извици од типот на уа судија).

13:45 Стигаат сватовите кај невестичето... и таму пред куќа е собрано цело маало и се дешава истото како и кај младожењата, само овдека комшиките имаат од Бога поклон да ги видат гостите и од невестинска и од младоженска страна. Се вие коло и се влага дома кај невестулево, а обавезно пред улазак едно моме им кити гранчиња од елка, бор, јавор и рузмарин на сватовите директива на сакич и на кошуља.
14:00 Младожењата заедно уз неговите пајташи трга накај собчето кај што е закључена невестата и пола саат се расправа со аждаите што ја чуваат (ДАЈТЕ МИ ЈА, НЕ МОЖЕ, ДАЈ ПАРИ, НА ПАРИ, Е НЕ ТОЛКУ ДАЈ УШТЕ, АЈ ОВИЕ ДОСТА СЕ, АЈДЕ ДОБРО ВЛАГАЈ...) и од коа ќе влезат деверот и облака ципела на невестата.
Од коа ќе бидне драмава се влегува у дневна кај што е поставена храната, па таму свекорот и свекрвата и сватот и сваќата кршат леб и у меѓувреме со залак леб док го џвакаат меѓу зуби се бацуваат у уста (и маж со маж) по 3 пати и така се посватуваат. Пак се вијат кола и више време е да се трга у матично.

16:00 -У матично се потпишува завет (смртна казна) дека се зимаат младиве, а тука потпишува кумот и старосватицата, као еве демек им даваме на младиве суппорт да се земат. Од коа ќе се деси свечениот чин... обавезно сите 656 гости се љубат по три пути у образ со младожењата, невестата и сведоците, а најупорните баби директива У УСТА ШЛАПААТ и тоа онака сочно од дно душе и срца, али може да се начука и некој пијан сват кој ке и се џитне на старосватицата.
Обавезително една буцка дели по луѓе грижоте бонбони, или краш бајадери и од време на време си подлапнуе од истите.
На искачање од матично се праи групна фотка као у ДИНАСТИЈА и ти дотрчаваат 4-5 ромчиња што кунат - дај пари жити швалерката... и тука настануе фрка со суеверни жени, одма мислат дека Ромите се видовити па се караат со мужите околу нивниот швалерај.

17:00 Се иде у црква. Се редат сите низ црква, кој до Богоројца, кој до Исус, а младожењата, кумот, невестата и старосватот насреде заедно со поповите.
Тука почињаат да певаат попоиве небаре се на Макфест (све исти шлагери се пеат по свадби - И ТОГАШ ГОСПОД РЕЧЕ, ЗЕМИ ЈА ОВАА ЖЕНИЧКА ДА ТЕ ПРИЧЕСТВУВА И ТОЈ МУ РЕЧЕ ДА, ЌЕ ЈА ЗЕМАМ И ТАКА БИДНА РАЈ АМИИН).
Па се дегустира црвено вино уз леб, па се праат фори (демек попоиве шалајџии) и коа се мењаат круните од глава на глава, увек настануе драмотија прибидејќи невестата и старосватицата не може да си дојдат при себе пошо попот им ја уништил фризурката док им стаал круна на глава. Се фрлаат бомбончичи и ситни пари низ црква док невестата и младожењата три пати кружат околу попоите, верујте у тие моменти најбоље е да се склоните у ќош ако нејќете да се осечате као кога го бомбардираа Перл Харбор.

18:00 -На паркинг пред црква 2-3 жени им ги поправаат фризурите на невестата и старосватицата док овие уште бесно го пцујат попот.

19:00 -Прием у ресторанТ. Пак честитки и три пати цмокси цмокси цмок, примопредаја на поклони, поздрављање со далечна родбина.

20:00 -Играње кола (сите познати и непознати ора од Вардар, па до Триглав за да се запази вкусот на сите гости), пијани женички што цупкаат у место за да не се испотат, пијани женички што најватрено играат узичко коло и 6 напред 3 назад, док цицурајките (шо би рекла баба ни), им рипаат до небо, пишуење музички жељи на салфетка,
фрлање бидермаер (групна тепацка), па љубоморни жени на таа шо го фатила букетот и изјави од типот на - НЕКА МИ ГО ДАЕ МЕНЕ И ОНАКА НЕЈЗЕ НИКОЈ НЕМА ДА ЈА ЗЕМЕ, сечење торта, играње Бечки валцер и пијанчење с- док може да се остане у ресторанот.

02:00 -Свадба је завршила. Сите среќни, весели си одат по дома, освен најпијаните кои продужаваат кај младенциве дома да се дотрескаат.


04:00 -Фајронт... али двајцава млади шо се земаа, од прва брачна ноќ ќе видат... ОД ТРИТЕ ПОДУГАЧКОТО ЌЕ ВИДАТ. ПРАВАЦ УТЕПАНИ У КРЕВЕТ, ЌЕ САЊААТ КРУНИ, ПОПОИ, КОМШИКИ, ХАРМОНИКА, ФРИЗЕР И ТАКО ДАЉЕ!!!

< Поракaта ја уредил Ikana -- 30.5.2012 16:49:16 >

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?