Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Сега се вратив од ЦТГ и му викам на докторот дека ме болат ребрата, а тој ми кажа дека не е високо поставено туку дека е големо бебето (скоро 4кг.)и затоа ме болат ребрата. Го видов а и докторот ми кажа дека е наместено и спремно само да ме фатат болките и .......
Милички, ве молам вие што се имате пораѓано во Чаир советувајте ме кога да идам на ЦТГ и која всушност е постапката. Треба ли телефонски да се закаже кај одреден гинеколог (и дајте некоја препорака кој)? Знам дека Еца некаде попатно спомена нешто вакво, ама не ми текнува во која тема. Лека полека ми се билжи редот од рингерајсктата листата, а некако не сум сигурна што треба да правам околку ова прашање
Весна ти влезе во девети? Ако си можеш да одиш до чаир на ЦТГ, обавезно да си земеш упат и плави картони. Закажување нема, но мислам дека е порелаксирано околу 9.30- 10.00 часот да одиш. Мој совет, барај го Др. Јегенин, и кажи му дека си рингерајка и голем поздрав од Рингераја до него.
Не Еца, уште не сум, ама еве за две недели и тоа ќе биде Туку, баш прво од тебе дознав за др. Јегенин, а потоа и други ми го пофалија. Но, што фајде ако баш тој не ми се погоди во моментот кога малово ќе сака надвор. Многу ти фала и секако дека ќе го поздравам
Милички, ве молам вие што се имате пораѓано во Чаир советувајте ме кога да идам на ЦТГ и која всушност е постапката. Треба ли телефонски да се закаже кај одреден гинеколог (и дајте некоја препорака кој)? Знам дека Еца некаде попатно спомена нешто вакво, ама не ми текнува во која тема. Лека полека ми се билжи редот од рингерајсктата листата, а некако не сум сигурна што треба да правам околку ова прашање
Весна исто и од мене имаш препорака кога ќе одиш на цтг има листа со распоред на денови кој ден кој доктор е на смена за прегледите зборам, и отиди кога е д-р Јегени на смена, т.е. тој е скоро цел ден таму, така да не е тешко да го најдеш. Кога ќе го направиш прегледот кај него ехо цтг и слично прозбори со него ако сакаш тој да те породи па ќе се договорите нешто сигурно. Јас требаше да одам на закажан царски па лесно беше да се договорам, но сигурна сум дека и со спонтан пораѓај нема да има проблем, како и да е сите доктори таму што ги запознав беа супер и нема да згрешиш кој доктор и да те пораѓа, стручни се сите немам зборови. Ако веќе почнеш да одиш кај некој друг спомни го тука на форумов ако го знаеме ќе ти кажеме искуство со него. Поздравче и со лесно, само биди позитивна.
Денес по втор пат на ЦТГ. Овојпат беше супер, минатиот пат бев многу вознемирена што се пренесе и на бебето. Мислам дека овде некаде прочитав да се изеде цела чоколада пред ЦТГ, можеби од тоа?
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
Ауууф, јас денес првпат ќе идам, имам закажано во 13ч! Аууууф - фуф! А не ни треба да јадам чоколадо, па малава веќе од вчера журка прави или можеби протестира околу тесниот простор.
Првин идам кај матичниот ми гин., па потоа продолжувам во Чаир да видам каква е ситуацијата, ако има гужва ќе оставам за утре и плус со намера да го начекам др. Јегени, а доколку е тој таму уште денес па и ќе си почекам ако треба. А прво ЦТГ ќе ми е, фор шур.
јас со Михаела се пораѓав во Чаир и ептен сум задоволна од персоналот иако имав тежок пораѓај,додуша со врски бев,ама и да не бев пак бев задоволна. Сега со второво пак планирам во Чаир и имам едно прашање. Дали некоја мама знае колку се плаќа пораѓај во Чаир без плави картони?
Јас уште пред 4 недели сум спремна за пораѓај! Торбата и за мене и за бебето е спремна уште пред 1 месец! Еве уште 2 дена до термин а бебето абер нема да најави дека му се излегува! Едвај чекам да се породам, колку сака нека боли само да помине се ок, да се роди малата здрава и жива!