Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
RE: Колкава е тежината на Вашето бебе? 18.2.2010 15:10:00
Весна
Вчера ја меревме Јана (направи два месеца) има 5 300, а долга е 57см. Некако очекував повеќе, па за две недели пак ќе идеме на мерење. Да не случајно ми забушава млекцето.
RE: Колкава е тежината на Вашето бебе? 18.2.2010 15:54:12
Весна
Ех, затоа што веќе неколку дена се буди на саат време и пишти за јадење, па претпоставувам дека малку е млекото. По се изгледа дека ќе треба еден оброк адаптирано да и` додадам, а пусто срце не ми дава. А ете за неполн месец само 500 грама се има поправено
RE: Колкава е тежината на Вашето бебе? 18.2.2010 15:57:14
Палешка РР
Ууујјј Весна, па супер сте. Еве Миа за 15 дена се поправила 450 гр, што значи 900 гр. месечно. Докторката рече дека сме супер. И 600 гр. да напредува месечно се толерира, само да биде на мајчино млеко
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
RE: Колкава е тежината на Вашето бебе? 18.2.2010 16:30:43
Leonida
Илона за една недела поправена е 230 гр. што значи за еден месец би се поправила 920гр. Весна ако можете да издржите со мајчино млеко би било најубаво, но ако си бара да јаде повеќе тогаш не е страшно да и даваш и малку адаптирано. Ние сме претежно на доење, но 2 или 3 пати на ден и додавам адаптирано после доење по 30 или 40 мл.(зависи колку е гладна). Не го сваќај тоа така трагично Поздрав и растете си здраво
RE: Колкава е тежината на Вашето бебе? 4.3.2010 23:56:02
Весна
Ох, камен од срце ми падна... Јана по две недели се збуцкала за 410гр. и сега има 5 710гр . Ми се врати млекото онака како што ми беше пред еден тежичок период од две недели. Отсега нема да дозволам ништо да ме растревожува, особено не непотребно. Милички мои доилки, внимавајте на вашето расположение, еве бидете вакви и се` ќе биде како подмачкано.
RE: Колкава е тежината на Вашето бебе? 18.3.2010 19:16:09
Leonida
Сега само што се вративме од контрола и не пофалија дека супер напредуваме. Женскава моја се роди 2610, а сега на скоро 3 месеци има 4900гр Кај и да е ќе ја дуплира родилната тежина
RE: Колкава е тежината на Вашето бебе? 18.3.2010 20:01:37
viksa
Петар се роди 2630 гр. Сега има 5,5 месеци и тежи 7100г гр. Нашиот педијатар вели дека до 6 месеци бебињата нормално е да ја дуплираат родилната тежина. Според ова и ние добро напредуваме
_____________________________
Насмевката е единствена крива линија која исправа многу работи.
RE: Колкава е тежината на Вашето бебе? 19.3.2010 10:32:41
Slagjana
Денес се бевме на контрола и многу се загрижив. Мојата ќеркичка се роди 3680, од болница излезе со 3500 а денес точно на 1 месец има само 4050. Докторката рече дека е здрава иако не напредува во килажа и да продолжиме исто како и досега (со доење и дохрана со Хип 1).
RE: Колкава е тежината на Вашето бебе? 19.3.2010 10:38:21
matushka
Nemoj da se sekiras, da imalo preblem doktorkata ke ti kazela sigurno. Mateja se rodi 2530, izlegovme od bilnca so 2430 a na kontrolata za edna nedela imase 2400. Znaci, namaluvase, Ispadna deka problemot bil sto premnogu sum go oblekuvala (po sovetot na babite normalno) a e roden vo april. od koga pocnav pomalku da go oblekuvam supet si dobuvase na tezina.
RE: Колкава е тежината на Вашето бебе? 19.3.2010 11:04:09
Leonida
ИЗВОРНА ПОРАКА: Slagjana
Денес се бевме на контрола и многу се загрижив. Мојата ќеркичка се роди 3680, од болница излезе со 3500 а денес точно на 1 месец има само 4050. Докторката рече дека е здрава иако не напредува во килажа и да продолжиме исто како и досега (со доење и дохрана со Хип 1).
А зошто и даваш дохрана? Мислиш дека не и е доволно твоето млеко? По колку дневно и даваш Хип? И мене првиот месец ми се поправи 500 и нешто гр. и почнав да ја дохранувам со Нан и сега сваќам дека се зезнав. Мислам дека не треба да се секираш и да пробаш да продолжиш само со доење Малку треба време додека влезете во колосек со доењето, но не се откажувај
RE: Колкава е тежината на Вашето бебе? 19.3.2010 11:21:35
Slagjana
Ех Леонида и јас сакам да биде само на доење, ама уште кога не отпуштија од болница рекоа да ја дохранувам. Бидејќи бев со царски немав доволно млеко. Не се откажувам сеуште. Прво ја дојам, а потоа и спремам Хип. Од него пие 60-90мл. А Матушка, мислам дека кај нас не е проблемот со многу облекување. Бабите би ја облекле уште повеќе, но не се секој ден тука за да кажуваат.
RE: Колкава е тежината на Вашето бебе? 19.3.2010 11:28:18
Leonida
За да не излеземе од темата ке ти препорачам да ги прочиташ постовите во темата "Проблеми со доење". Таму имаме пишувано работи што мислам дека ке ти се од корист.
RE: Колкава е тежината на Вашето бебе? 24.3.2010 18:07:26
Bilja Luka
Здраво, Лика се роди на 31 јануари 2010. Родилна тешина му беше 4250 грама, но падна во тешина па испустна тешина му беше 3950 грама. Последно го мереа на 12 март и имаше 5570 грама. Дневно пие на секои 3 часа по 4 ОЗ вода со 3 лашички ХИП 1, бидејчи на шалост немам млеко. Поздрав.
RE: Колкава е тежината на Вашето бебе? 30.3.2010 18:05:38
Maria
Ќе изгледа како фалење,ама Андреј пред една недела на два месеца и 10 дена имаше 7 500 грама ,а мм вика Да не го направиш ДЕБЕЛ .Но не се плашам,бидејќи и Илија така напредуваше првите три месеци,потоа се нормализира. [sm=smiley36.gif