Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
RE: Бебе саем 23 - 25 април 2010 19.4.2010 13:55:21
matushka
po slikite mislam deka ke gi poznaam samo Eca,Mami, Cacko, Profesorica i mozebi Adrijana Jas moze ke odam na saemot malku porano, zasto Mateja mi zaspiva okolu 13:30, ama kako i da e ke se vidime.
RE: Бебе саем 23 - 25 април 2010 20.4.2010 19:28:00
BILE.F
Еве и јас да се пријавам, ќе дојдеме со мм, но пртходно да видам што ќе каже ЦТГ -то во четврток! Многу се радувам, баш сакам да ве запознаам и да купиме нешто за бебушот! Не се сомневам во добра забава! Само во недела во колку часот? Има подетални информации?
RE: Бебе саем 23 - 25 април 2010 20.4.2010 20:46:56
Julie1
Еве го изгледот и на РР штандот на бебе саем... Една масичка ке биде за напите дечиња а една масичка е предвидена за советувања од мајки за мајките како што Јованка даде еден предлог. Знам дека сите сте со многу обврски околу дечињата, но доколку имаме некоја трудница од Рингераја или послободна мамички може да се пријават тие денови да бидат заедно со тимот од Рингераја, ќе си добијат специјален Рингераја беџ!
< Поракaта ја уредил Julie -- 20.4.2010 20:52:41 >
RE: Бебе саем 23 - 25 април 2010 20.4.2010 22:36:15
Medo
Ние во сабота ќе одиме. На „малиот“ му е роденден во недела. Полни 30 , па денот во спремање ќе ни помине. Ајде ќе ве запознаам во друга прилика. На следното кафе претпоставувам
RE: Бебе саем 23 - 25 април 2010 21.4.2010 9:15:19
jovanka
Zadolzitelno se gledame sobata e super a druzenjeto ke ni bide uste poubavo veruvam deka ke imame najposeten stand sakam i vo petok da dojdam na otvaranjeto vo 12 da si ja prodolzam tradicijata od lani
_____________________________
Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.
RE: Бебе саем 23 - 25 април 2010 21.4.2010 9:37:28
matushka
Ok, fala ti za informacijata, ako odam vo sabota obavezno ke otidam na shtandot na ringeraja, ako idam vo nedela ke mi bide mnogu milo konecno da ve zapoznaam.
RE: Бебе саем 23 - 25 април 2010 21.4.2010 11:57:06
nataly_13215
znaci pokana do site moi rr ova e spisokot na predavaci od remedika i sekako uste ednas ve pokanuvam da bideme del od ova slucuvanje, se gledame tamu, На ден 23.04.2010 (петок) со почеток во 12 часот во Метрополис арена на Скопски саем, ке се отвори бебе саем, каде што Ре-Медика ке земе учество како излагач со сопствен штанд и катче за мајки со деца односно feeding area.
на 23.04.2010(петок) со почеток во 15:30 часот, предавање ке има Д-р Зоран Јовановски на тема: ” ШТО СЕ ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА БРЕМЕНОСТА И ПОРОДУВАЊЕТО”
На 24.04.2010 (сабота) со почеток во 11:45 часот, предавање ке има Примариус Д-р Лидија Спасова на тема: ” ПЕДИЈАТАРОТ И РОДИТЕЛИТЕ, ПАРТНЕРИ ВО ГРИЖАТА ЗА НОВОРОДЕНЧЕТО”
На 25.04.2010 (недела) со почеток во 11:30 часот, предавање ке има Примариус Д-р Марина Поп-Лазарова на тема: ” ПРЕДУСЛОВИ ЗА УСПЕШНО ДОЕЊЕ- НАШИ ИСКУСТВА
RE: Бебе саем 23 - 25 април 2010 21.4.2010 17:35:10
pacuvce
Искрено,доколку ова навистина е од лани,голема критика до оние кои го организираат Бебе саемот 2010,затоа што крајно несериозно е да во 21 век не можете да се информирате за нешто по пат на интернет...Толку ли е тешко да се обнови страната и да се постави новата програма
RE: Бебе саем 23 - 25 април 2010 21.4.2010 21:17:00
nataly_13215
utre na rabota ke vi ja pustam programata na site nie ja dobivme na rabota backi i se gledame jas ke idam vo petok so koleskite a sabota i nedela isto so semejstvoto
RE: Бебе саем 23 - 25 април 2010 21.4.2010 21:34:00
mis.
еве ја програмата кратка и јасна ПРОГРАМА БЕБЕСАЕМ 2010 Почитувани посетители, „БЕБЕ-САЕМ“ ви нуди забавна и интересна програма во која сите заедно ќе уживаме:
Едукативни и интерактивни предавања
Игротеки
Ликовно, театарско и компјутерско катче
Интеракција со омилените детски ликови од цртаните филмови
Забава со најинтересните кловнови
Релаксација и уживање во кафуле за најмладите посетители и за нивните родители
Модни ревии за деца и за трудници
Наградни игри и натпревари во секоја категорија, од бебиња во брзо лазење до татковци во брзо повивање на своите малечки