|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Пролив
20.1.2010 20:14:55   
ripce
Кај деца што се потхранети, на вештачка исхрана и на помала возраст, проливот има полош тек.

Најважно е ако е можно да се превенира дехидратацијата. Ако детето дехидрира, тоа треба да се лекува на брз и добар начин, а потоа детето да се храни, да не гладува. Бидејќи 80 отсто од инфективната дијареја во детска возраст е од вирусно потекло, во 90-95 отсто е доволна терапија со пиење течности за спречување на дехидратацијата. Антимикробни и други лекарства не се потребни.

При акутна дијареја не давајте му антибиотици на детето

Постојат две главни опасности од проливот: смрт и потхранетост (малнутриција). Смртта поради акутниот пролив најчесто е предизвикана од губење на големо количество вода и соли од телото. Таа загуба се нарекува дехидратација.

Лекувањето на акутната инфективна дијареја во суштина е преземање на мерки за превенција на дехидратацијата. Ако таа настане, треба да се лекува на брз и добар начин, а потоа детето да се храни, да не гладува. Бидејќи 80 отсто од инфективата дијареја во детска возраст е од вирусно потекло, во 90-95 отсто случаи е доволна терапија со пиење течности за спречување на дехидратацијата. Антимикробни и други лекарства не се потребни.

Антибиотиците не се ефикасни за повеќето микроорганизми што предизвикуваат дијареја. Нивната некритична примена може да придонесе за порастот на резистентноста на некои микроорганизми кон нив. Лекови против повраќање, лекови за намалување на мотилитетот на цревата, адсорбенси не смеат да им се даваат на доенчина и деца. Овие лекарства немаат докажана вредност при лекување на дијарејата, а некои од нив можат да бидат опасни (да предизвикаат парализа на цревата, дремка кај детето). Некои дури се и фатални ако не се користат правилно.

Постојат три препораки за лекување на дијареја во домашни услови. Првата препорака е на детето да му се даде да пие повеќе течности од вообичаено. Течностите можат да бидат: орални рехидратациони соли (ОРС), хранливи течности (супа, оризова вода и јогурт) и обична вода (по можност со храна што содржи сол.) Кај деца помали од 6 месеци се дава само орална рехидратациска сол (ОРС) или вода, наместо хранливи течности. Се препорачува за секое празнење на доенче да му се даде да испие по 50 мл, на претшколско дете 100 - 200 мл, а школско дете може да пие колку што сака. При повраќање се дава постепено.

Втора препорака е на детето да му се даде храна за да се избегне гладувањето, зашто изгладнувањето на детето со пролив може да доведе до потхранетост или да ја влоши состојбата. Кај доенче што е на мајчино млеко не се прекинува со доење, зашто мајчиното млеко е најдобриот вид храна. Ако доенчето е на вештачка исхрана, еден или два оброка се заменуваат со супа од морков, оризова вода, каша од јаболка или со банани, а потоа се продолжува со давање на млекото што детето го примало, но разредено со хранлива течност. Поголемите деца може да внесуваат жито, зеленчук, по можност со месо или риба. Млечните производи и јајцата исто така се погодни за деца со пролив. Свежите овошни сокови и бананите се корисни бидејќи содржат калиум. Конзервираните сокови не се пожелни и можат да го влошат проливот.

Детето треба да се поттикне да јаде онолку колку што сака. Оброците треба да се мали и чести, бидејќи нив полесно ги апсорбира. Откако ќе престане дијарејата, на детето треба да му се додаде уште еден дополнителен оброк секој ден во наредните две недели. Овој оброк на децата ќе им помогне да ја надополнат загубената тежина во текот на болеста.

Ако состојбата на детето не се подобри за три дена или, пак, кај детето се појави некој од следниве симптоми: многу течни измети, слабо јаде и слабо пие течности, има висока температура, појава на крв во изметот, нагласена жед или упорно повраќање, побарајте совет од лекар.

_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Пролив
22.2.2010 15:23:13   
ripce
Денес рано ми стана во 8:30 го испи млекото и какаше, после му дадов пире со жолчка и во 11:00 пак ми какаше, ми стана сомнително дека можеби има пролив дека никогаш толку не му смредела каката и го оставив во 12 на татко ми да се чуваат јас отидов на факултет. Кога се вратив во 14:00 часот пак ми какаше, и веднаш го спремав и отидовме кај матичната. Вика дека му е од запчињата, му растат горните 3ки... ни напиша Ентерофурил си земавме и рехидрациони соли, повеќе течности, оризова вода, млекото 2/3 помешано со 1/3 оризова вода, јаболка, компир, тоа е.user posted image


_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Пролив
22.2.2010 15:25:40   
caci20
Ripce dobro e cajce od suva kora od kalinka. Retko koj cuva i susi, ama jas otkako cuv redovno pravam. Ako e od zebite moze da potrae den-dva. Petar i bez toa kako po 2-3 pati na den

_____________________________

Zivej kako sto mozes koga veke ne mozes kako sto sakas... vazno zivej...

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Пролив
22.2.2010 15:31:25   
ripce
Абе и мојот кака 3-4 пати дневно, ама ова ми стана сомнително дека многу смрди и тоа до 14 часот 3 пати, си викам до вечер може уште којзнае колкуuser posted image па за секој случај го однесов на д-р... имам кора од калинка околу Нова година и јас и мм имавме пролив, варев чај, ама и јас и он не можевме да го пиеме, чуден вкус имаuser posted image  

_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот caci20)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Пролив
22.2.2010 15:35:12   
caci20
Stavi mu vo sokce dve-tri lazicki ili vo vodicka. Ako e porazredeno

_____________________________

Zivej kako sto mozes koga veke ne mozes kako sto sakas... vazno zivej...

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Пролив
22.2.2010 16:26:10   
mis.
Рипче подобро линекс откако ентерофурил дека проливот му е од запчиња.

(Одговор на членот caci20)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Пролив
22.2.2010 18:13:33   
ripce
ИЗВОРНА ПОРАКА: mis.

Рипче подобро линекс откако ентерофурил дека проливот му е од запчиња.


па и д-р спомна линекс или ентерофурил, на рецептот ми пишала ентерофурил и што да правиме таков земавме... можеби се посомневала да не инфекција, па затоа ни дала ентерофурил, а мене ми рече, а од запчињата му е проливот дека му тераат двете горни 3ки... не сум му дала ентерофурил уште дека бевме во 15 часот и треба да му давам наутро и навечер, па чекам 20 часот за да пие утре во 8 пак, ама не му дадов сега највеќе поради тоа што не е какал од 14 часот. Му дадов оризова вода 1/3 со 2/3 млеко, после јадеше ориз со кисело млекце и добар е не какал...
Можеби какаше 3 пати до 14 часот дека вчера јадеше пообилно, а какаше 1 само, па сега од сабајле почесто... Можеби испаничивuser posted image


_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Пролив
22.2.2010 18:31:01   
mis.
Дај боже да е од запчињата.Исчекај малку пред да му дадеш ентерофурил,банана,морков,ориз,кисело млеко би требало да ја стврдне столицата.избегнувај праска,кајсија и сл.што ја омекнуваат столицата.

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Пролив
22.2.2010 18:35:00   
jovanka
moj sovet ripce ne mu davaj se uste probaj sega i banana i ke vidis deka e od zabite i vnimavaj vodata da bide flasirana ili ako e od cesma prevriena.

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Пролив
22.2.2010 18:38:39   
Еца
Мартина има 4 години, јас никогаш до сега за пролив не сум дала линекс, направи му пире од морков и компир, или ориз, банана, тоа ја стврднува столицата, без разлика на се, јас сум повеќе за оваа опција кога се работи за пролив

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Пролив
22.3.2010 9:51:47   
Tanja K.
Има изгледа некој вирус стомачен.Елена два дена се утепа од повраќање и пролив.Целата се исцрпи,но затоа денес е супер.Тоа дека треба мама да оди со РР.Се што испи се поврати ,веке незнам што се не и дадовме,па згора на тоа и температура.Но затоа велам сега е супер.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Пролив
21.4.2010 18:58:10   
biljana16
Dali nekoj ima iskustvo da mi kaze kolku dena moze da trae stomacniot virus kaj bebinjata.
Sin mi ima 2,5 meseci i eve veke 3 den ima proliv i  temperatura. Lekarkata ni rece da ne mu davam nisto posebno osven cajcinja i doenje no ne ni kaza za kolku vreme moze da pomine. 

(Одговор на членот Tanja K.)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: Пролив
21.4.2010 19:15:07   
mother 29
Даваj му на бебето многу течности за да избегнете дехидрација . Ако бебето не помочало ниту една пелена 3-4 часа, рацете му стануваат бледи или покажува други знаци на дехидратација, веднаш јави се на лекар. Дехидратацијата е најголемата опасност кога станува збор за пролив.
а мислам дека ако има непрестано 72 часа има пролив и температура,би требало да посетиш доктор!
ако го доиш.дој го почесто!

(Одговор на членот biljana16)
Непосредна врска до пораките: 38
   RE: Пролив
21.4.2010 19:15:25   
acka p
davaj mu na bebusot nelit po edna kapka na sekoi pet minuti da ne dehidrira

(Одговор на членот biljana16)
Непосредна врска до пораките: 39
   RE: Пролив
21.4.2010 22:46:28   
Maca25
што е нелит?

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот acka p)
Непосредна врска до пораките: 40
   RE: Пролив
21.4.2010 22:56:00   
mother 29

се пие капка по капка на секои 2=3 мин
тоа е електролити на хумана(формулација на соли за перорална  редехидрација)

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 41
   RE: Пролив
22.4.2010 15:13:43   
Leonida
Мојата веќе 5-6 дена има пролив, но без температура. Докторката ми рече да и давам сируп Ентерофурил 3 пати на ден. Веќе трет ден пие, но не гледам некој посебен резултат, па пак се чув со докторката и ми кажа да сум и давала пола капсула Линекс, 2 пати на ден. Ќе и дадам вечер, па да видиме дали ќе има резултат. Но, некако многу и трае па тоа малку ме зегрижуваuser posted image

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 42
   RE: Пролив
22.4.2010 16:07:26   
mis.
lineks i enterofuril во исто време и даваш?Да не е премногу двете заедноuser posted image

(Одговор на членот Leonida)
Непосредна врска до пораките: 43
   RE: Пролив
23.4.2010 10:44:51   
Leonida
ИЗВОРНА ПОРАКА: mis.

lineks i enterofuril во исто време и даваш?Да не е премногу двете заедноuser posted image


Ахх, сега ме ставаш во мислаuser posted image
Така ми кажа докторката, денес  попладне е на смена па се договоривме да отидеме на контрола и ќе видиме што ќе каже.
Вчера вечер и дадов пола капсула (прашакот) Линекс и денес сабајле. Сеуште не ги има наполнето пелените за да видам како е.
Мислиш дека е многу и двете истовремено, а? user posted image


(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 44
   RE: Пролив
23.4.2010 12:23:49   
Палешка РР
А како утврди пролив Леонида? Се какаше многу пати, или? Миа отсекогаш кака потечно, но еднаш во ден.
Но така е бидејќи е на мајчино млекоuser posted image


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Leonida)
Непосредна врска до пораките: 45
   RE: Пролив
23.4.2010 12:45:10   
Leonida
Почна да кака почесто (околу 4-5 дневно), посветла е и водеста каката.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 46
   RE: Пролив
23.4.2010 15:06:23   
mis.
ИЗВОРНА ПОРАКА: Leonida

ИЗВОРНА ПОРАКА: mis.

lineks i enterofuril во исто време и даваш?Да не е премногу двете заедноuser posted image


Ахх, сега ме ставаш во мислаuser posted image
Така ми кажа докторката, денес  попладне е на смена па се договоривме да отидеме на контрола и ќе видиме што ќе каже.
Вчера вечер и дадов пола капсула (прашакот) Линекс и денес сабајле. Сеуште не ги има наполнето пелените за да видам како е.
Мислиш дека е многу и двете истовремено, а? user posted image



немој двете истовремено.Почни со линекс, ентерофурилот се појаки.Може и линексот ќе заврши работа штом до сега ги нема наполнето пелените.многу течности да не дехидрира.

(Одговор на членот Leonida)
Непосредна врска до пораките: 47
   RE: Пролив
23.4.2010 15:08:41   
ripce
Ни пиевме и ампули Prolife, тоа се електролити за надополнување на течностите.

_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 48
   RE: Пролив
23.4.2010 15:12:04   
Leonida
Она нема потреба од електролити. Мислам дека ја фатило настинка. Си јаде нормално и изгледа нормално. Само има пролив. После одиме на контрола, ќе видиме што ќе кажат.

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 49
   RE: Пролив
23.4.2010 15:16:33   
Палешка РР
Најмногу електролити има во мајчиното млеко, така да нема потреба од сол за рехидрација кај бебиња кои цицаат.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Leonida)
Непосредна врска до пораките: 50
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?