Rossana
|
. Navistina site tie vesti me zagrizuvaat i plasat, i navistina placam koga go pisuvam ova bidejki neznam na kade vodi svetot... Kakva idnina ke ima moeto dete? Kakva idnina ke imat nasite deca? Dodeka da porasnat i svetot ke se raspadne, a zamislete koga ke pocnat da izleguvaat ... Пријава за киднапирано дете во Моране Пријава, за киднапирање на дете од Моране ги однесе браќата Таири во полициска станица. Наводно нивен џип бил на местото во скопското село кога се случил обидот за грабнување. Дали детето било украдено или не официјално не потврдуваат од полицијата, но Таири се во полициска станица на распит, па МВР не сака да шпекулира со информации додека не обезбеди докази велат од таму. Ни потврдија, дека ќе ги распрашаат повторно браќата Таири и за киднапирањето на скопските бизнисмени Исмаил и Иљаз Бајрами за чие грабнување многупати беа токму тие спомнати како грабнувачи. Пред полицијата денеска уште тројца сведоци го потврдиле идентитетот на киднаперите, им ја раскажале истата приказна која за А1 ја откри еден од очевидците на грабнувањето на Иљаз и Исмаил Бајрами. „Браќата Сабид, Риат, Седат и Кенан го тепаа човекот со калашњикови и пиштоли, беа вооружани. И беше Мусли, други лица, Салие, тие што ги препознав, меѓутоа ги знам и Иљаз и Исмаил, ги тепаа многу, од земја, вооружени, ги ставија во кола, Исмаил избега од кола два пати, третиот пат го удрија со шипка, со пиштол, го качија во кола, Риат ја зема колата и отиде накај Гази Баба“, изјави очевидецот за А1 на 07.04.2010.Иљаз и Исмаил Бајрами ги нема веќе дваесет дена, до сега од семејството никој не побарал пари за откуп. Според извори на А1 истрагата за грабнувањето на Иљаз и Исмаил е доведена во ќорсокак, полицијата нема докази дали тие се живи или не.-------------------------------------------------------------------------------------------------------- i pokraj site tie grabnuvanja i isceznuvanja, ni pocvata ne ni ja biva... imala radon Крушево со најголема концентрација на радон во земјава. Зголемени вредности на овој опасен гас се регистриран и во неколку домови во Свети Николе, Новаци, Прилеп и Скопје. Ова го покажале мерењата на институтот за јавно здравје изминатава година.„Треба да се види причината, дали е од градежен материјал, дали тој треба да се отстрани или е од некое друго потекло“, изјави Шабан Мемети.Радонот е радиоактивен гас кој е присутен во почвата. До луѓето стигнува преку градежните материјали, дрвото, мермерот, бетонот кои се црпат од местата каде е присутен радонот. Во големи концентрации во домовите може да предизвика рак на белите дробови. Иако фирмите со закон се задолжени да го испитуваат градежниот материјал од радон пред да се гради, според институтот никој не го почитува.„Институтот за јавно здравје препорачува пред градба да се мери радонот во почвата и да се мери радонот во градежните материјали“, додаде Шабан Мемети.Во поголеми концентрации радонот го има во непроветрени простории подрумите не куќите и халите. Дополнителни испитувања на институтот ке треба да покажат во колку случаи присуството на радон довело до појава на карцином на белите дробови. ----------------------------------------------------------------------------------------------------------- Во Македонија регистрирани околу 8.000 нарко зависници „Може да не се пријавени, да не се дојдени меѓутоа сите оние кои што се пријавени се повикани до 27 или 28 април“, изјави Лилјана Игњатова Китева.Но ситуацијата на терен го покажува спротивното. Зависниците понатаму умираат по улиците чекајќи шанса за лекување. Невладините тврдат дека се уште има листи на чекање за метадонска терапија.„Голем е бројот на лицата кои имаат потреба за третман, конкретно ако зборуваме за третман. Третманот со бупренорфирм се отвори тоа е за поздравување меѓутоа многу мали се тие бројки кои се покриваат во однос на потребата“, вели Кети Тодорова, НВО доверба.Во Македонија се регистрирани околу 8 илјади зависници. Но реалната бројка е далеку поголема. Според МВР половина од нив се во Скопје. Невладините реагираат дека оваа група на луѓе е дискриминирана и им е скратено правото на лекување.За таа цел градот Скопје ќе организира кампања за подигање на свеста кон оваа маргинализирана група на граѓани. ---------------------------------------------------------------------------------------------------- Dobro ni kaza na baba majkai koga bese pred umiranje pred 4 godini i so nejzini zborovi ke napisam (Since, ne placejte oti ke umram, coveko se place koo ke se rode, zatva so neznaa so go ceka u zivoto, nema samo arni raboti da ima, ke ima i losi, coveko so e pred umirane veke gii pominal site losi raboti i koo ke umre ke odmore)
(Одговор на членот Матеа)
|