|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Хoмeопатиjа
10.12.2011 12:23:45   
arh_diz
Дали користите хoмeопатски лекови и колку сте задоволни од нив ?
Jас користам хoмeопатски лекарства и на син ми педиjатарот му има давано.
Антибиотик му нема дадено педиjатарот
Доколку почне да поткашлува му дава Афлубин капки и Траумел
Еднаш имаше бели точки на грлото фарингит му даде Тонзилгон капки
Jас имам користено Оцилококцинум против настинка и сум презадоволна


< Поракaта ја уредил Snowhite RR -- 13.12.2011 0:18:28 >


_____________________________

Биди тоа што си
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Хoмeопатиjа
12.12.2011 10:10:51   
riba79
mislam deka temata treba da se vika HOMEOPATIJAuser posted image user posted image
inaku ne sum koristela no se poveke slusam za iskustvana luge koi upotrebuvale i se prezadovolni.

< Поракaта ја уредил Snowhite RR -- 13.12.2011 0:16:43 >

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Хoмeопатиjа
13.12.2011 23:13:53   
Тања РР
Имаме две теми за хомеопатија Тука (кај бебиња) и
тука (искуства кај деца со посебни потреби).


_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот riba79)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Хoмeопатиjа
23.1.2012 19:22:54   
mila mama
Хомеопатски лекови користам дури и повеќе од традиционалните. Секогаш имам осцилококцинум дома, а имам и некои други за други состојби. Помагаат, не се штетни, користам и билки, на пример масло од невен и масло од соја.

_____________________________

Razbirlivo e deteto da se plasi od temninata...
No, ne e razbirlivo vozrasen da se plasi od svetlinata.

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Хoмeопатиjа
24.1.2012 8:28:30   
Viktori




Aconitum napelus (Аконитум напелус) Acon
Основен лек за прва помош во Хомеопатијата. Би требало секој да го поседува во домашната аптека. Тоа е затоа што ситуациите каде тој може да спаси живот се случуваат било каде и драгоценото време до доаѓањето на лекарот може да го обезбедат неколку капки потенција на овој лек директно на јазикот.Делува на неурохуморалната фаза на развој на акутната болеста. Без разлика на останатите симптоми за негова употреба е неопходно да постои вознемиреност и страв па се до смртен страв. Во такви ситуации може да ја проекине акутната настинка на пример или да спаси и живот во случај на тешко акутно заболување (инфаркт на миокардот, мезентеријална тромбоза пулмонална емболија.) Механизмот на дејство представува прекинување на неурогената фаза на шоковата состојба. Со тоа лекарот добива време да ја настави интервенцијата и да помогне на пациентот.
Состојби на страв, анксиозност, духовна и телесна болка. Физичка и ментална загриженост, страв, се најкарактеристичните манифестации на Аконитум. Акутни ненадејни и насилни напади пратени со треска, се индикација. Пациентот не дозволува да го допрат. Нагол гобиток на силата.Тешкотии и напнатост предизвикани со излагање на суво, студено време, ладен воздух, нагло потење, исто така тешкотии од многу топло време, особено гастроинтестинални пореметувања и тн. Прв лек за воспаленија и воспалителни трески. Значителни оштетувања на серозни мембрани и мускулно ткиво. Печење во внатрешни делови на телото. Зуење во ушите, (тинитус), чувство на студ и укоченост. Грип. Емоционалните и ментални тензии објаснуваат многу симптоми. Кога се препишува аконитум, запомнете дека тој лекува само функционални растројства. Нема докази дека може да предизвика ткивни оштетувања. Неговата акција е кратка. Неговото подрачје на делување е на почетокот на акутната болест и не треба да се продолжи со давање откако ќе започнат патолошките промени. При хиперемијата и конгестија, не се дава откако ке започне ексудативната фаза на заболувањето.
Не е индициран кај маларија и субфебрилност или кај специфични и гнојни состојби, како и кај воспаленија кои сами се локализираат. Сулфур често ја следи терапијата со аконитум.

Спореди Chamomilla, Coffea во состојби пратени со интензивна болка и несоница. Дози: 6C за сензорни афекции, 1C до 3C за конгестивни состојби. Може да се повторува често во акутна болест. Аконитумот е брзоделувачки агенс.При невралгии 30C повторувачки во зависност од чувствителноста на пациентот и реакцијата на лекот. При животнозагрозувачки состојби 200C и поголеми во повторувачки дози на секои неколку минути се до постигнување на ефектот.

извор.ХАМА





Хомеопатија во сезоната на
Треска, воспалено грло, болка во мускулите, главоболка, кашлица, истоштеност и потполно чувство на непријатност да се биде во сопствената кожа се симптомите кои го опишуваат грипот. Се пренесува преку кашлање или кивање, при што се формираат аеросоли кои го содржат вирусот. Исто така се пренесува преку сите секрети и крвта, и преку контаминирана површина.


Во поголем број на случаевите несаканите последици од грипот се изгубеното време и непријатноста, додека во поретки ситуации може да предизвика пнеумонија и други компликации кои можат да резултираат и со смрт. Но во принцип е досадно заболување кое може да се третира само симптоматски.
Покрај стандардната вакцина која излегува еднаш годишно од Светска Здравствена Организација како превентива на грипот постојат многу природни лекови. Мојот омилен е бидете секогаш позитивни и среќни, со самото тоа вашиот имунитет ќе функционира совршено. Доколку не сте во состојба тоа да го направите пробајте да вежбате јога. Испитувањата имаат покажано дека секојдневна 20 минутна медитација го зголемува нивито на ендорфини (таканаречените хормони на среќата), а го намалува нивито на кортизолот (хормон кој се лачи во состојба на стрес), и со самото тоа се подобрува расположението и се зголемува имунитетот. За ладните зимски денови најтопло Ви го препорачувам макробиотскиот напиток Уме-Шо-Бан, познат меѓу моите пријатели како Астерикс напиток.
Хомеопатијата нуди цел спектар на препарати кои помагаа да се надминат симптомите на грипот.
На самиот почеток на развој на симптомите или како превентива може да земете по една доза Anas barbariae (има повеќе брендови еден од нив е Osscilococcinum)  на осума часа три пати. Доколку симптомите почнат да се развиваат, сигурно ќе ви биде потребен поспецифичен препарат, како на пример Eupatorium perfoliatum, кој е добар за грип проследен со болки и морници по должината на грбот, и коските, чувствувате замор, жед и главоболка. А доколку чувствувате вртоглавица, претепано и истоштено, но во момент подобро по уринарење препаратот кој ќе во користи е Gelsemium.
Доколку се разболете без никаква предходна најава, од полно здравје, и симптомите се висока температура, анксиозност и голема жед, но без симптоми на потење земете Aconitum. Mногу сличен  препарат во однос на температурата на Aconitum е Belladonna, но кај неа многу карактеристичен симптом е потењето, пациентот е со црени образи, многу е чувствителен на светло и звуци, и покрај високата температура стопалата и дланките моќе да бидат ладни.
Доколку чувствувате болки по целото тело, сакате сите да ве остават да се одморите, симптомите ви се подобруваат доколку сте во кревет мирни, и чувствувате жед за ладен напиток земете Bryonia.
За следниве симптоми: болки во мускулите и коските, болки кои се смируваат кога пациентот се движи го препорачувам Rhus toxicodendron.
Ако заболувањето започнува со којавица која доаѓа на бранови и многу изразена треска, проследено со симптоми на гадење и чувствителност на студ, а пациентот емногу нервозен препаратот е Nux Vomica.
За не многу специфични симптоми, со не многу висока температура се пепорачува Ferum phosphoricum.
Ова се само неколку препарати кои можат да се препорачаат за олеснување на симптомите. Од горенаведеното набројување се надевам може да  претпоставите дека за едно исто заболување во хомеопатијата постојат како избор многу препарати почитувајќи го принципот на индивидуалност.
            Добро здравје.
ИЗВОР ХАМА




ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29

Хомеопатија за бебиња и деца


Хомеопатија за бебиња и деца

Со задоволство во овој број ќе ви ја преставам хомеопатијата и нејзината делотворност во терапијата на голем број на заболувања кај бебињата и децата.

Искуството што го имаме jас и моите колеги, како и бројот на задоволни родители, ми ја дава слободата да кажам дека хомеопатијата е совршена терапија за помладите. Голем број заболувања кои можат да преминат во хронични се навремено спречени и целосно излекувани. Исто така, голем број на обични настинки, се до генетски предусловени болести, можат да бидат спречени со хомеопатијата.

Хомеопатијата добро и брзо делува кај децата бидејќи тие се полни со виталност. Токму поради тоа враќењето на рамнотежата кај нив е многу повпечатлива отколку кај возрасните. Високо разредените природни супстанции кои ги претставуваат хомеопатските препарати се совршени за децата бидејќи не се токсични и немаат несакани ефект.

Повторно се наметнува прашањето каде може да помогне хомеопатијата. Акутните состојби како што се отити, тонзилити и настинки може да бидат разрешени многу брзо ако се искористи правиот препарат и со тоа целосно да се избегне упоребата на конвенционалната медицина. Исто така и бебињата брзо реагираат на хомеопатијата. Има терапија за стомачните колики, болките што се јавуваат при никнење на забите, црвенилото од пелените и т.н.

Примерите кои ќе ги набројам подолу се за одреден број на деца. Не значи дека на сите подеднакво ќе им делува дадениот препарат (според правилото на индивидуалност и терапија да се гледа пациентот во целост а не само на неговите симптоми).

Исто така ако не сте сигурни за проблемот што го има вашето дете подобро посетете доктор – хомеопат за да може да биде издадена најсоодветната терапија. Посебно за бебињата, бидејќи тие не знаат да си ги кажат своите проблеми.

За периодот кога излегуваат забите ако вашето дете има потреба постојано да биде носено во раце, ако е плачливо, може но не мора, и да качува температура, и да има дијареа, најчесто издаван препарат е Chamomilla.

За стомачни колики и тоа ако го тераат детето да се привиткува на половина како терапија може да влезе Magnesia phosphorica. За безболни диареи кои само го истоштуваат и дехидрираат детето се издаваат или China rubra (отечен стомак со многу гасови) или Ricinus communis  (безболни подригнувања, и многу лажни повици за повраќање).

Црвенилото од пелените најубаво го решава Calendula препарат кој може слободно да се комбинира со надворешна употреба на крема од невен.

За воспаление на средното уво се препорачува Pulsatilla во повисоко разредување. Но не секогаш е делотворен овој препарат. Во зависност од морфологијата на детето и изразеноста на симптомите може да дојдат во предвид поголем број на препарати. Но во секој случај го спречува земањето на конвенционалната терапија која доаѓа во комбинација на антибиотик со кортикостероид.

За кашлица и настинка: Nux vomica ако настинката започнува со кијавици кои доаѓаат во бран, детето е раздразнето. Pulsatilla ако секретот стане жолто/зелен, а детето е плачливо и симптомите се поизразени навечер. Bryonia ако детето се чуствува мизерно, раздразливо и не сака да стане од кревет.

За висока температура и треска се препорачуваат Aconitum за нагло качена висока температура над 38 степени, и тоа од полно здравје. Belladonna е следниот препарат кој исто така се издава за нагло качена висока температура но најчесто овој препарат се издава за деца кои имаат црвени обравчиња, кои се потат и како пропратен симптом е ангина (со многу црвено грло). Додека кај Aconitum препаратот децата се бледи и најчесто исплашени и не се потат. Друг препарат за високи температури е Gelsemium но за разлика од предходните два препарати децата кои би имале ефект од овој препарат качуваат температура споро, проследено со треска, болка во мускулите и чуство на замор.
Покрај акутната терапиаја може да се издаде и терапија за многу хронични заболувања, за која се потребни повеќе информации за детето и за симптомите. Хронични бронхити, алергии на храна, лекови, полен, домашна прашина... атипична егзема, псоријаза и т.н.

Во Хомеопатјата постои и конституциска терапија која може да помогне во случаите на успорен раст и развој на детето, задоцнето излегување на забите, покасно проодување.

И исто така асиптоматска терапија која може да се издаде за подобрување на имунитетот, која се издава или по прележано потешко заболување или едноставно заштита од вообичените настинки и инфекции.

Цитат:Др. Биљана Ѓуроска







Хомеопатија за време на бременоста и породувањето


Хомеопатија за време на бременоста и породувањето
 Во претходнниот број ја објаснивме хомеопатијата наједноставно што можевме, се со цел да се запознаат што е можно поголем број на читатели. Верувам дека сеуште има многу необјаснети прашања, посебно моментот за какви здравствени проблеми се користи хомеопатијата.
Во овој број ќе се обидеме да ви појасниме како хомеопатијата делува за време на бременоста, односно во текот на репродуктивните години пред бременоста, за време на бременоста, породувањето и доењето.

Хомеопатијата е идеална за сите идни родители кои сакаат да донесат на свет здрави деца. Бидејќи како што е споменато во минатиот број, а сега ќе го потенцираме, хомеопатијата е ефективен и научен систем на исцелување кој му помага на природното тежнеење на организмот да се излекува самиот себе. Нема несакани ефекти, односно не го оптеретува организмот со токсини за кои е потребно време и напор да се прочисти (како на пр. антибиотиците или кортикостероидите). Хомеопатијата е нежен но сепак високо ефективен систем за исцелување.
За време на репродуктивните години голем број жени поминуваат со полесен или потежок предменструален синдром. Голем број од нив користат аналгетици, кои со текот на времето се поретко делуваат. Во хомеопатијата не се работи само со болката како проблем, туку се вкупно со сите симптони на предменструалниот синдром и личноста во целост.

Со посебна важност е да ја споменеме хомеопатијата за време на бременоста. Поради состојбата голем број на жени воопшто не ни земаат некаква терапија, знаеејќи за штетноста на голем број од лековите, од страв да не предизвикаат некаково оштетување на плодот. Тие поминуваат низ голем број на банални проблеми како на пример утринското гадење, кое не секогаш е утринско. Симптомите на утринско гадење се пропратени со повраќање и замор. Зависно кој од симптомите е потенциран и со каква емотивна состојба е проследено може да се издадат еден од следниве препарати:
Pulsatilla – гадење и ретко повраќање. Гадењето се зголемува по јадење или пиење, а сите симптоми се подобруваат на свеж воздух и во добро друштво. Емотивно е проследено со плачливост но во сите ситуации сака да е со луѓе и да биде тешена и сакана.
Ipeca – постојано гадење и подригнување на гладно, повраќањето е многу тешко и не доведува до олеснување а и јазикот не е обложен.
Nux vomica – гадење и подригнување, кои олеснуваат по повраќање. Подригнувањето е често многу непријатно бидејќи предизвикува киселини. Проследено е со постојано чуство како на јазол во стомакот а емотивно со лошо расположение кое ги тера да се лутат  и расправаат.
Sepia – повремени гадења кои се полоши наутро, и се влошуваат кога ќе почуствува одреден мирис или пак ќе помисли на храна. Во желудникот има чуство на дупка кое повремено се олеснува со прием на храна. Проследено со чувство на апатија, истоштеност кои парадоксално се подобруваат од вежбање. Многу често се лути дури и бесни на сопругот или некој поблизок член на фамилијата.

Во периодот на бременост еден од проблемите кој се јавува почесто е и опстипацијата. Опстипацијата за време на бременоста најчесто се јавува како резултат на хормоните, кои подготвувајќи ги мускулите на пелвисот за породување, може да ја успорат дигестијата.

Со прилагодување на диетата може да си помогнете доколку имате не толку тешка опстипација. Како на пример со пиење на течности, посебно вода, овошје и зеленчук. И тука може да набројам неколку хомеопатски препарати кои можат да помогнат. Како на пр. Bryonia, Sepia, Nux Vomica, Sulfur…

За време на породувањето постојат хомеопатски препарати кои можат да помогнаат во зреењето на вратот на матката и отварањето ако се јави таков проблем. Постојат и препарати кои помагаат за побрзо закрепнување на целиот организам и посебно  зацелување на раната, која може да биде резултат на природно расцепување или епизиотомија. Понатаму би споменала дека постојат и препарати за преживеаната емотивна траума и кај мајката и кај новороденото. Исто така многу важно постојат препарати како на пр. Gelsemium, Ignatia, Aconit… кои помагаат при состојба на страв и паника. Овие препарати почнуаат да се примаат од моментот кога ќе се јават чуствата. Можеби звучи банално но чуствата на страв и паника, посебно стравот од смрт можат да предизвика поблаги или посериозни проблеми, или ако ништо посебно моментите на припрема за новороденото да ги направат пеколни.

Хомеопатските препарати помагаат и за проблемите со доењето, како од  опуштање од стресот за доењето така и реални физиолошки проблеми како недоволно млеко, или пак проблеми со јачината на млекото... Помагаат со поспарталната депресија состојба на која не доволно и се придава значење. 

                                                                   цитат.Др. Биљана Ѓуроска





_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот mila mama)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Хoмeопатиjа
20.2.2012 15:19:45   
Annet
ako znae nekoj tel br od ovaa dok.da mi pise vo pp

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Хoмeопатиjа
20.2.2012 18:47:11   
Yummy Mammy
Jas decata gi lecam so homeopatija i sum prezadovolna.
Mnogu pati imam zboruvano/pisuvano na ovaa tema i iskreno veke maka mi e da zboram posto kaj nas lugevo se mnogu skepticni i koga im objasnuvas te gledaat ko vu-du magija da im kazuvas user posted image Jas im zboram edno, oni mi vikaat: "ne znam ti so toa homeopatskite trefki sto im davas, daj mu na deteto malku antibiotikce, da ne se maci" user posted image user posted image user posted image

_____________________________

There are no strangers, just friends you haven''t met yet!

(Одговор на членот Annet)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Хoмeопатиjа
20.2.2012 18:49:07   
Yummy Mammy
Inace sega vidov, da, jas moite gi nosam kaj dr. Biljana Gjurovska, vo Novo Lisice. Ima i web strana.

Модератор: Надворешни линкови не се дозволени.

< Поракaта ја уредил Snowhite RR -- 20.2.2012 19:13:10 >


_____________________________

There are no strangers, just friends you haven''t met yet!

(Одговор на членот Yummy Mammy)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Хoмeопатиjа
20.2.2012 19:30:46   
hrabra
kade vo novo lisice ,koja i e web str ?

(Одговор на членот Yummy Mammy)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Хoмeопатиjа
20.2.2012 23:45:47   
Yummy Mammy
hrabra, ti prativ pp.

_____________________________

There are no strangers, just friends you haven''t met yet!

(Одговор на членот hrabra)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Хoмeопатиjа
21.2.2012 8:37:37   
Bisercinja
ИЗВОРНА ПОРАКА: Yummy Mammy

Inace sega vidov, da, jas moite gi nosam kaj dr. Biljana Gjurovska, vo Novo Lisice. Ima i web strana.

Модератор: Надворешни линкови не се дозволени.


Mnogu dobra doktorka! user posted image

(Одговор на членот Yummy Mammy)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Хoмeопатиjа
21.2.2012 10:29:36   
MERUSHKA
И јас моите три деца ги лекувам со хомеопатија ,а и јас самата :).Никнување на запчиња,настинка,болно уво,кашлица,главоболка,страв,.....А јас пред некој ден имав отечена тироидна жлезда,дури 12 мм,бев на лекар ми дадоа некои апчиња,ги купив 400 ден......кога се вратив дома се сетив дека го дојам бебушот и можат да му наштетат! Си седнав на компјутер и си го најдов лекот(хомеопатски) :),за 24 часа жлездата ми беше во нормална големина!!!Дома покрај основната хомеопатска терапија,ги имам и сите 12 Шуслерови соли од кои сум презадоволна.
На почеток кога почнав да ги користам , морам да признаам дека бев скептик,не верував во нив,дури и несакав да почнам да ги користам :) Но сега......неможам без нив!

_____________________________

B.B.B.

(Одговор на членот Bisercinja)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Хoмeопатиjа
21.2.2012 15:17:46   
Bububebe
ИЗВОРНА ПОРАКА: arh_diz RR

Дали користите хoмeопатски лекови и колку сте задоволни од нив ?
Jас користам хoмeопатски лекарства и на син ми педиjатарот му има давано.
Антибиотик му нема дадено педиjатарот
Доколку почне да поткашлува му дава Афлубин капки и Траумел
Еднаш имаше бели точки на грлото фарингит му даде Тонзилгон капки
Jас имам користено Оцилококцинум против настинка и сум презадоволна



Овие лекови ги има во аптека user posted image

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Хoмeопатиjа
21.2.2012 15:42:48   
arh_diz
Jas ne zivejam vo MK , a tuka gi kupuvam od apteka

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот Bububebe)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Хoмeопатиjа
21.2.2012 16:11:38   
Yummy Mammy
Kaj nas se uste ne se prodavaat vo apteki, tuku gi nosat doktorite i lugeto koi sto rabotat so homeopatija, a oni gi nabavuvaat od Bugarija i Rusija kade se prodavaat vo apteki kako redovni proizvodi.

_____________________________

There are no strangers, just friends you haven''t met yet!

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Хoмeопатиjа
25.2.2012 12:36:09   
mamapi
Уште откога ми се роди ќерката не сум и дала ништо друго освен хомеопатски лекови,креми и купки!Презадоволна сум од се,а ако не беше oscillococcinum зимава,којзнае колку ќе бевме настинати и болни!!!!!Им препорачувам на сите!

(Одговор на членот Yummy Mammy)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Хoмeопатиjа
25.2.2012 13:38:15   
Luci
Ај пишете ми и на мене ПП од тел.број на д-рката. И мен интересира отприлика цена и на кој принцип работат? М. има 13 месеци и од 8 месеци како тргна во градинка ми се чини дека го отрувме детево со антибиотици. Да не набројувам што све не прими од инекции и сумамеди додека имаше бронхопнеумонија па до цефаклори и слично.

_____________________________

Рани куче да те лае!!!

(Одговор на членот mamapi)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Хoмeопатиjа
25.2.2012 22:59:50   
Teonicka
Здраво....ќе мозес ли мамапи да ми кажеш за што е лекот oscillococcinum?

(Одговор на членот mamapi)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Хoмeопатиjа
25.2.2012 23:14:04   
AnnaMolly RR
Теоничка, тој лек е за олеснување на симптомите на грипот. Значи за грип, настинки и слично.


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Teonicka)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Хoмeопатиjа
25.2.2012 23:26:53   
Teonicka
ФАЛА ТИ AnnaMolly . И ЈАС МОЈАТА ЌЕРКА ЈА НОСАМ НА ХОМЕОПАТ, АМА ВАКОВ ЛЕК ДО СЕГА НЕ НИ ИМААТ ДАДЕНО. НИЕ СЕ БОРИМЕ СО КАШЛИЦА КОЈА СТАНУВАШЕ МНОГУ СТРАШНА И ОДМА И СЕ СПУШТАШЕ НА ПЛУЌА И ЛЕТОСКА ДУРИ ЛЕЖЕВМЕ ВО КОЗЛЕ , А НА ХОМЕОПАТ ЈА НОСА 3 МЕСЕЦИ И ФАЛА МУ НА ГОСПОТ НИ СЕ НАМАЛУВА....ПА СЕ НАДЕВАМ ДЕКА СКРОС КЕ ЈА ОТСТРАНИМЕ

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Хoмeопатиjа
26.2.2012 12:24:51   
mamapi
Мојата сестра додека живееше овде во Македонија,беше болна секој месец!Откако се омажи (во Италија) се погоди нејзината свекрва да е хомеопат!Од тогаш за било што сестра ми се лечи со хомеопатски лекови и фала му на Бога веќе не се разболува кога ќе дувне ветерuser posted image Можеби се поскапи од обичните лекови,ама барем се на природна база и не прават едно лечи друго разболи!Им препорачувам на сите!Летово кога се роди ќерка ми имаше ненормални колики,пробавме скоро се и ништо не ни помогна!Кога дојде сестра ми случајно во нејзиниот несесер за лекови имаше едни гранули за стомачни болки и почнавме да му ги даваме на бебето,луѓе дали ви се верува дека коликите престанаа!Лошото беше што сестра ми носеше многу малку,па кога престанавме да и даваме гранули,коликите се вратија пакuser posted image Важно поентата беше дека навистина ќе ни помогнеа целосно,доколку имавме на залиха!Ете тоа е моето искуство со хомеопатските лекови!

(Одговор на членот Teonicka)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Хoмeопатиjа
29.2.2012 21:10:55   
jana mk
Pozdrav i jas sum clen na ringeraja poodamna ama imam pisuvano na druga tema ,sakam samo edno prasanje da prasam dokolku nekoj moze da mi odgovori ,so ogled na toa sto patam od anksioznost dijagnoza postavena od lekar (mislam i depresija mala ,za koja doktorot veli deka ja nemam ama jas se osekam taka ko da ja imam pa neznam ,heheh)bi sakal da prasam dali nekoj imal nekakvo iskustvo so homeopatija vo ovaa bolest ili da slusnal na nekoj da mu pomognalo ,ako nekoj znae ve molam za odgovor zatoa sto navistina sakam da probam ama prvin bi sakala da slusnam necie mislinje ili iskustvo,,,ve molam za odgovor ,dokolku nekoj moze da mi odgovori..blagodaram

(Одговор на членот mamapi)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Хoмeопатиjа
29.2.2012 21:43:31   
Maca25
Мислам дека и блу_блу ги лечеше ќерките кај хомеотпат. Ај ако можеш да ни пишеш искуство. Јас почнав многу да размислувам за хемеопатија, баш поради тоа што ќерка ми многу често има проблеми со црвено грло. Баш да видам дали би успеало кај неа. Јас имам земано хомеопатски лек против менструални болки, но не го земав од МК туку од Австрија и немаше никаков резултат кај мене.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот jana mk)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Хoмeопатиjа
29.2.2012 21:43:34   
Yummy Mammy

ИЗВОРНА ПОРАКА: Teonicka

ФАЛА ТИ AnnaMolly . И ЈАС МОЈАТА ЌЕРКА ЈА НОСАМ НА ХОМЕОПАТ, АМА ВАКОВ ЛЕК ДО СЕГА НЕ НИ ИМААТ ДАДЕНО.


I jas nemam slusnato za vakov preparat user posted image

A jana mk jas veruvam deka homeopatija moze ama bas za se da pomogne zatoa sto toa ne e nauka koja leci bolesti tuku mu pomaga na organizmot da se vrati vo normalnata prirodna sostojba i samiot da si pomogne sebe si. Zasto ne i se javis na dr Biljana (spomnata pogore) i ne ja prasas sto te interesira, mnogu e ljubezna samo da ima vreme...

_____________________________

There are no strangers, just friends you haven''t met yet!

(Одговор на членот Teonicka)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Хoмeопатиjа
29.2.2012 22:48:02   
Yummy Mammy

ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca RR

Мислам дека и блу_блу ги лечеше ќерките кај хомеотпат. Ај ако можеш да ни пишеш искуство. Јас почнав многу да размислувам за хемеопатија, баш поради тоа што ќерка ми многу често има проблеми со црвено грло. Баш да видам дали би успеало кај неа. Јас имам земано хомеопатски лек против менструални болки, но не го земав од МК туку од Австрија и немаше никаков резултат кај мене.


Maca srcka, prvo toj sto ti kazal da zemes homeopatski lek za odredena bolka - te izlazal user posted image Homeopatijata ne funkcionira taka. Vo homeopatijata eden preparat deluva kaj odreden tip na luge, a ne deluva kaj drug tip na luge. Postojat kombinacii na preparati koi se nadopolnuvaat i se korristat za odredena bolest ili potreba. I tocno treba da se znae koga da se zeme preparatot (a ne otkoga ke dobies bolki, pretpostavuvam taka bilo vo tvojot slucaj). Mozebi zatoa toj preparat sto ti si go zemala deluval kaj toj sto ti go preporacal a ne i kaj tebe. Na primer postoi eden preparat koj se dava na deca za ublazuvanje na simptomite posle vakcina, ama preparatot se dava eden den pred deteto da ja primi vakcinata i eden den posle. Isto taka postojat konstituciski preparati koi se zemaat ednas vo mesecot (a po potreba ednas nedelno) i tie se razlicni preparati za sekoj tip na covek. Zatoa homeopatot ne prepisuva lek za odredena bolka tuku pravi "intervju" so pacientot i sogleduva mnogu aspekti od negovata licnost - sto najmnogu saka da jade,sto voopsto ne saka da jade, kolku spie, dali e drustven ili sramezliv, dali e lider vo grupata ili saka da go vodat, so kakvi igracki si igra, vo koi aktivnosti uziva... seto toa pridonesuva da se postavi pravilna homeopatska dijagnoza... ako mozam taka da ja narecam. Zatoa takvoto generalno koristenje na odreden preparat ne deluva sekogas.

_____________________________

There are no strangers, just friends you haven''t met yet!

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?