|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   ХПВ 52
12.9.2009 0:59:33   
Еца
Бидејќи на Сунчи и е пронајдено ХПВ 52, ја отворам темата да поразговараме малку повеќе за овој тип на хпв.Доколку имал некој вакво искуство, нека пише.

ХПВ типовите со висок ризик не причинуваат здравствени проблеми и исчезнуваат сами од себе. Меѓутоа кога истите овие типови ХПВ остануваат долготрајно присутни во гениталиите тогаш тие се главен ризик фактор за појава на рак на грлото на матката. ХПВ со висок ризик, а кои се пренесуваат со сексуален однос се тип 16, 18, 31, 33, 35, 39, 45,51, 52, 56, 58, 59, 68, 69 и веројатно уште неколку други.

Се смета дека важен фактор во борбата против инфекцијата е зајакнувањето на имунитетот. Затоa се препорачува јакнење на имунитетот со здрава храна т.е. консумирање на големи количини овошје и зеленчук, внесување на антиоскиданси (бета каротин, витамин Е и Ц), и високи дози на фолна киселина (Фолацин 5мгр. таблети), престанок на пушењето, намалување на стресот, и доволно одмор, сон и шетање.  (извор: македонски портал за ракот)


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: ХПВ 52
12.9.2009 3:55:38   
bebence
Jas imav HPV CIN 1 i bev na laserko lekuvanje vo eda privatna klinika.Laserskiot tretman trease okulu 10-tina minuti malku bolese no nisto strasno.Posle toa sledese 1 mesec chistenje na ostatocite koi sami istekuvaa vo zolto kafena boja potoa sledea i redovni kontroli i fala mu na Boga sega vekje nema nikakvi tragi deka taa bolest postola.Grloto na matkata e sosema cisto

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: ХПВ 52
12.9.2009 22:55:41   
biljanaM
Јас имам нискоризичен ХПВ 6, не сум отидела на преглед од јануари.....скроз заборавив.....

_____________________________

Ил смо само ту због рамнотежа меџу звездама.....

(Одговор на членот bebence)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: ХПВ 52
2.10.2009 15:17:02   
Enika
Mene pred 2 god mi najdoa HPV visoko rizicen 45, so CIN 1.Prethodno imav nisko rizicen mi go otkrija uste  nevina koga bev neznam kako se nashol kaj mene a ne ni otkrija koj tip e od niskorizicnite zaso mn malku kletki bea zafateni nemozelo da se otkrie taka mi rekoa.Dolgi godini nemav nisto megutoa pred 3 go mi se desi emocinalen krah i mn rab mi se natrupaa...bukvalno propadnav....fizicki i psihicki oslabev i rezultatot beshe visokorizicniot 45.Mislev umiram dva dena bev u depresija i sopstveniot pogreb si go zamisliv vo glava.Bev vo sistina kaj Lazarevski me smiri coekot , ni objasni se...imav i jas Laserski tretman, a prethodno biospija mi zimaa a pod anestezija bev za dvete zasto sum apla strashlivka po pririda:DPeridot posle toa beshe apsolutno posvetubanje na sebsei, mn mn vitamini, alo vera, zdrav zivot , obid za pomalu nerviranje i eve,,,site testovi mi se negativni, i pravam kontrola celosna na 6 meseci i da cuknam u drvo super sum
Vazen e imunitetot da i normalno redovnite kontroliz asto samiot HPv bavno se razviva i smeshno e so deneshnava medizina da ne sotide na ginekolog i da se pregledas!!!Moj sovet e odma na lekar i celosen pregld...zdravjeto e najvazno a posebno toj del...treba zdravi deca da doneseme na svet.Inace samiot HPv ne vlijae na plodnosta...i prashajte me ako neso ve interesira...mislam deka eksperta stanav za ova:D

(Одговор на членот biljanaM)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: ХПВ 52
27.10.2009 15:44:09   
vezilka RR
Деновиве Здружението за HPV на Македонија започна кампања „Постои заштита. Информирај се!“. Целта на кампањата е да се подигне свеста на граѓаните за овој вирус и да се овозможи поефикасна заштита. Еве неколку информации за HPV вирусот.

ШТО ПРЕТСТАВУВА ХПВ ?   HPV е вирус кој е многу застапен помеѓу луѓето. Тој ги зафаќа кожата и слузницата и е причинител за многу болести меѓу кои и ракот на грлото на матката. Познати се над 120 различни типови на ХПВ вируси. Од истите дури 30 до 40% ја напаѓаат аногениталната област.

Вирусот е многу отпорен во надворешната средина , што му помага во неговото широко распространување.
  • Во последно време во светот околу 9-13% од населението (630 милони луѓе) се заразени со ХПВ и се бележи огромна тенденција на зголемување на овој број во последните 20 години.
  • Приближно половината од вкупниот број на сексуално активни жени или мажи може да се заразат со ХПВ во одреден период од животот. Најчесто инфекцијата настанува на возраст од 18-28 години. Се смета дека поголем дел од жените, околу 80% ке бидат инфицирани до навршувањето на 50-тата година.
  • Повеќето од инфекциите поминуваат без симптоми, а тоа значително влијае на распространувањето на вирусот. Само 1% од сите инфицирани со вирусот може клинички да бидат регистрирани.


(Одговор на членот Enika)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: ХПВ 52
27.10.2009 15:48:30   
vezilka RR

ШТО ПРЕДИЗВИКУВА ХПВ ?   Околу 30-40 типови се т.н аногенитални и се делат на две големи групи:
  • Високоризични - околу 15-20%. Тоа се најчесто ХПВ тип 16, 18, 31... кои ако делуваат подолго време, може да предизвикаат рак на грлото на матката и други малигни промени во областа на гениталиите.
    Над 70% случаи на рак на грлото на матката се предизвикану од ХПВ типовите 16 и 18.
  • Нискоризични - околу 10-15%. Тоа се ХПВ тип 6 и 11 и најчесто предизвикуваат брадавици (кондиломи) и други бенигни тумори во аногениталната област.
Повеќето од ХПВ инфекциите се самоизлечиви во период од 1-2 години, благодарение на имуниот систем на организмот. Но ако инфекцијата трае подолг период се јавуваат следните промени:

  • Бенигни генитални тумориШилести брадавици (кондиломи) – меки израстоци кои обично се појавуваат на влажни површини , околу аналната област, вулвата, влезниот канал и срамните усни. По боја се сиво-бели и имаат можност одделни кондиломи да се сврзуваат формирајќи поголеми кондиломи. Исто така може да се појават на суви површини пр. тело на пенисот.Гениталните брадавици (кондиломи) - се со боја на кожата, може да бидат мазни, со зрнеста површина и различна големина.Плоснати брадавици (кондиломи) - се јавуваат обично на врвот на грлото на матката или вулвата.

  • Цервикални преканцерози
  • Рак на грлото на матката
  • Вулварна интраепителна неоплазма и рак на вулвата – Вулварна интраепителна неоплазма претставува предракова состојба која нема некои карактеристични симптоми. Ненавременото откривање може да предизвика рак на надворешните полови органи.
  • Предканцероза и рак на вагината – вагиналната ХПВ инфекција може да предизвика како појава на шилести кондиломи така и појава на високостепени предракови промени. Кај вагиналниот рак е докажана врската со високоризичните ХПВ типови 16 и 18 во околу 76% од случаите.
  • Рак на анусот – најчести симптоми се крварење и чуство на исполнетост на дебелото црево. Голем процент од заболените со рак на анусот во минатото страдале од генитални брадавици.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: ХПВ 52
27.10.2009 15:51:24   
vezilka RR
Вон генитални заболувања со ХПВ
  • Дисеминирана орална папиломатоза – ХПВ тип 6 и 11 се изолирани и од усната шуплина, носната шуплина и конјуктивите. Се манифестира како збир на мали бледи формации кои се видливи на непцето, јазикот и грлото.
  • Рекурентна респираторна папиломатоза (РРП). Тоа е заболување со хроничен тек, кое може да се пренесе од мајката на плодот. На изглед наликуваат на бенигните тумори на дишните патишта (најчесто на ларинксот) и дел од хранопроводникот. Симптомите се зарипнатост и отежнато дишење. Ова заболување може да го има и кај повозрасната популација.
  • Обични брадавици по кожата по рацете, прстите се најчеста форма на папиломавирусна инфекција. Претставуваат тумори со зрнеста или мазна површини со потемна нијанса од кожата.
  • Плантарните брадавици се длабоки брадавици кои се јавуваат на стапалата имаат груба површина и се болни на допир.
  • Плоснати или јувенилни брадавици – се многубројни, мали плоснати промени слични по боја на кожата кои претежно се јавуваат кај децата и младите. Промените најмногу се појавуваат на лицето но ги има и на грбот, на рацете и по целото тело. Со текот на годините може да исчезнат спонтано но може и да останат трајно.
Отворен е и еден портал на кој може да се добијат сите информации:

http://www.hpvsm.org.mk/

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: ХПВ 52
19.11.2009 14:59:06   
mother 29
Кога жената редовно се контролира, не постои никаков ризик од рак на матката.

HPV (Human Papiloma Virus) и ризикот од рак на цервиксот

Хуман папилома вирус инфекцијата е полно пренослива болест.
Полните односи се главниот начин на пренесување на инфекцијата со ХПВ вирусот. Со овој вирус истовремено се инфицират двајцата полни партнери, што треба да се знае поради самото откривање, дијагностицирање и лекување.
Во мојата долгогодишна пракса често сум имал можност да дијагностицирам ХПВ инфекција и кај девојки кои биле virgointacta(кои немале полни односи), со локализација на надворешните полни органи или околу анусот. Тоа е доказ дека ХПВ инфекцијата не се пренесува исклучиво со полни односи. Но повторно мора да се нагласи дека полните односи се главниот и најчест начин за инфекција. Во случаевите кои предмалку ги спомнавме ХПВ инфекцијата се шири преку непосреден допир со инфицирана кожа или слузокожа. Мора да се знае дека покрај на полните органи, инфекцијата со ХПВ вирусот исто така може да се јави и на слузокожата на устата, грлото како и на очите. Бројот на инфицираните со ХПВ вирусот е во прогресивен пораст во светот но и ние не заостануваме многу во тој тренд. Најмногу со ХПВ е инфицирана младата популација и тоа на возраст од 12 до 20 години. Прецизни податоци за инфекцијата со ХПВ вирусот на ниво на нашата Република тешко можам да изнесам, но со сигурност можам да потврдам од мојата долгогодишна пракса како и во контактите со моите почитувани колеги, бројот на пациентите со ХПВ инфекција најмалку е за 2-3 пати зголемен. Тоа е пред се и резултат на модерната опрема и дијагностика која веќе постои во нашата Република.

Кој најчесто заболува и која е ризичната група

Во уводниот дел веќе спомнав тоа е младата популација на возраст од 12 до 20 год. Тоа се должи најчесто на непромислените и неодговорни полни односи без заштита, за една вечер и полови одности со повеќе партнери. За тоа сигурно допринесува и времето во кое живееме и телевизиските програми кои изобилуваат со многу лесно достапна порнографија.

Колку време поминува од инфекцијата со ХПВ вирусот до првите симптоми

Од половиот контакт без заштита до првите симптоми за ХПВ инфекција просечно се потребни 90 дена. Од тоа јасно произлегува дека со започнувањето на првите полни односи и започнува ризикот од ХПВ инфекцијата како и ризикот од останатите полно преносливи болести. Затоа од сето ова и произлегува правилото со почетокот на половите контакти следи и првата посета кај гинеколог во рок од 3 до 6 месеци рачунајќи од првиот полов однос.

Кои се симптоми за препознавање на ХПВ инфекција

Нажалост најголемиот број на мажи и жени, посебно младата популација на возраст од 12 до 20 год. немaат никакви симптоми и воопшто незнаат дека се инфицирани со ХПВ вирус. Тоа значи непостојат карактеристични симптоми во почетниот период. Токму во тој временски период е најдобро да се посети својот гинеколог кога вирусот многу полесно се дијагоностицира и лекува. Со времето како напредува болеста паѓа имунитетот и следи дополнителна инфекција со други бактерии како што се chlamidia, micoplazma, ureaplazma, candida и слично, со што се отвара пат за продор на инфекцијата во јајцеводите и јајниците што води до оштетување на овие органи и појава подоцна на брачна неплодност. Последиците во моментот се невидливи и тоа ќе дојде до израз при влегувањето во брак и желбата за мајчинство. Со навременото откривање и лекување на ХПВ инфекцијата се елиминира и ризикот од компликации како и воспалението на јајцеводите, а тоа всушност е и превенција на брачната неплодност.

Што се тоа генитални брадавици

Гениталните брадавици за кои почесто се користи терминот кондиломи кај женската полулација се појавуват најчесто на надворешните полни органи, околу анусот, вагината и вратот на материцата. Кај мажите се појавуват на полниот орган-пенисот. Брадавиците јасно зборуваат за видлива ХПВ инфекција со ниско ризични вируси и тоа тип 6 и тип 11. Овие така наречени ниско ризични ХПВ вируси најчесто се безопасни. За ниво лекување постојат избор од многу лекарства и методи. Малите успешно се лекуваат со премачкување со медикаменти или масти. Поголемите и поагресивните се лекуват со електрокоагулација, ласер, хирушко отстрануваање или течен мраз.

Како се дијагностицира ХПВ инфекцијата

ХПВ се дијагностицира со комплетен гинеколошки преглед кои се состои од:

Колпоскопија - представува преглед со специјален микроскоп на надворешните полни органи, на вагината, вратот на материцата како и преглед на пенисот на мажот.

Папаниколау тест – популарно познат како ПАП тест- преставува земање на брис со четкица од вратот и каналчето на материцата за откривање на ХПВ инфекција и евентуални ЦИН-промени.

Специјален брис за детекција и типизација на ХПВ инвекција.

Од 150 типови на ХПВ, досега се идентификувани повеќе од 80 типови и се нумерирани со броеви. Поделени се во 3 групи.

Високо ризични – 16, 18, 45, 56, 58 Средно ризични – 31, 33, 35, 51, 52 Ниско ризични – 6, 11, 42, 43, 44

Најважната информација што е посебно важна е таа дека ХПВ инфекцијата со високо ризичните типови неоткриена и нелекувана правовремено може да доведе до појава на рак на грлот на материцата. Иако знаеме дека брадавиците ги предизвикуваат ниско ризични ХПВ вируси, сепак несмее да се заборави дека често и високоризичните типови можат да се манифестираат со појава на брадавици.

Што е тоа ЦИН 1, ЦИН 2 или ЦИН 3

Развојот на инфекцијата со ХПВ се манифестира со промени на вратот на материцата познати како:

ЦИН 1 – промени од лесен степен или мал ризик ЦИН 2 – промени од среден степен или среден ризик ЦИН 3 – промени од тежот степен или висок ризик

Наод само на ХПВ или пак ХПВ со ЦИН 1, што го имаме најчесто во нашата пракса не претставува сериозен проблем бидејќи со текот на времето и со лекувањето во најголемиот број случаеви исчезнува. Исто така треба да се каже дека и ЦИН 2 со лекување и време може да исчезне. Веќе дијагнозата на ЦИН 3 бара задолжително лекување бидејќи тој процес е неповратен и високо ризичен. Сакам да повторам уште еден пат дека ЦИН промените не се почеток на појава на рак како што најголемиот број на неинформирани жени го сваќаат и во нашата пракса го имаме како секојдневен проблем. Нашата порака е овие ЦИН промени навремено да се откријат и лекуваат бидејќи тоа е патот за превенција од појава на рак на грлото на материцата.

ХПВ кај мажите

Инфекцијата со ХПВ кај мажите најчесто е невидлива, нема некој симптоми кои би упатиле на инфекција со ХПВ. Кај мал број на мажи ХПВ инфекцијата се манифестира на потполно идентичен начин како кај жените. Тоа значи појава на брадавици на пенисот. Исто како кај жените кај мажите се појавува ЦИН 1, ЦИН 2, ЦИН 3, со таа разлика што терминот кај нив е ПИН 1, ПИН 2 , ПИН 3. Кај мажите инфекцијата со ХПВ од низок ризик предизвикува брадавици и ПИН 1. Што се однесува до дијагностиката на ХПВ кај мажите потполно е идентична како и кај жените. Од пенисот се зема брис за ПАП тест и во исто време се земе брис за ХПВ детекција и типизација. Следи пенископија со истиот микроскоп како кај жените. Треба да се нагласи дека сите овие испитување се лесни и безболни. Лекувањето на ХПВ промените кај мажот е идентично како кај жените.


(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: ХПВ 52
23.11.2009 13:51:42   
tereza
моето искуство со ХПВ е ова пред 3години ми беше земен пап тест за прв пат и се откри ХПВ(меѓутоа не ми направиа типизација за кој станува збор) и мала раничка на грлото на матката,бев 2 пати на ласерски третман и сето тоа се санира и понатаму беше во ред,меѓутоа пред некој ден бев на рутинска контрола и др ми кажа дека имам појачан вагинален секрет,плус тоа и сум анемична  скоро 1 месец што мислам дека  дополнително ми  прави проблем  бидејќи имунитетот ми е  ослабнат. е сега  ми дадоа  вагиналети  Флажил  и ке се прави типизација  на ХПВ,јас сум во паника каков ке биде резултатот и немам мир. сеуште не сум мажена и тоа дополнително ме оптоварува во смисла што ако испадне некој високоризичен ХПВuser posted image user posted image user posted image ако некој има искуство за ова нека ме утеши барем малку  user posted image

(Одговор на членот Enika)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: ХПВ 52
23.11.2009 13:56:06   
mother 29
ИЗВОРНА ПОРАКА: Enika

Mene pred 2 god mi najdoa HPV visoko rizicen 45, so CIN 1.Prethodno imav nisko rizicen mi go otkrija uste  nevina koga bev neznam kako se nashol kaj mene a ne ni otkrija koj tip e od niskorizicnite zaso mn malku kletki bea zafateni nemozelo da se otkrie taka mi rekoa.Dolgi godini nemav nisto megutoa pred 3 go mi se desi emocinalen krah i mn rab mi se natrupaa...bukvalno propadnav....fizicki i psihicki oslabev i rezultatot beshe visokorizicniot 45.Mislev umiram dva dena bev u depresija i sopstveniot pogreb si go zamisliv vo glava.Bev vo sistina kaj Lazarevski me smiri coekot , ni objasni se...imav i jas Laserski tretman, a prethodno biospija mi zimaa a pod anestezija bev za dvete zasto sum apla strashlivka po pririda:DPeridot posle toa beshe apsolutno posvetubanje na sebsei, mn mn vitamini, alo vera, zdrav zivot , obid za pomalu nerviranje i eve,,,site testovi mi se negativni, i pravam kontrola celosna na 6 meseci i da cuknam u drvo super sum
Vazen e imunitetot da i normalno redovnite kontroliz asto samiot HPv bavno se razviva i smeshno e so deneshnava medizina da ne sotide na ginekolog i da se pregledas!!!Moj sovet e odma na lekar i celosen pregld...zdravjeto e najvazno a posebno toj del...treba zdravi deca da doneseme na svet.Inace samiot HPv ne vlijae na plodnosta...i prashajte me ako neso ve interesira...mislam deka eksperta stanav za ova:D



мила немој да се секираш,еве ти пост од наша рр-ка Еника,исто така и таа е не маженаuser posted image поз  и немој да се нервираш.тоа само ке штети!појачај си го организмот и имунитеттот ..еве како убаво Еника ,објаснилаuser posted image

< Поракaта ја уредил mother 29 -- 23.11.2009 13:57:06 >

(Одговор на членот tereza)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: ХПВ 52
23.11.2009 14:04:01   
tereza
драга mother 29 ти благодарам за оваа поддршкаuser posted image user posted image user posted image ,ме смири некако тоа дека има и некој друг слично искуство во случајов Еника,јас ке се обидам да си го зајакнам имунитетот бидејќи во последно време имав повеќе стресови кои си го направија своето,но како и да е животот оди понатаму,сега ми е најважно се да биде во ред со моето здравје

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: ХПВ 52
23.11.2009 14:08:09   
niki
Не се секирај тереза, ете и мене ми беше откриен ХПВ кога бев немажена, па се омажив и имам скоро 3 годишна ќерка. Типизација ми правеа ама не ми открија кој вирус е и ден денес незнам кој е. Редовно правам пап тестови имам и раничка која не е никако третирана и сега за сега сум здрава и ништо не ми фали од тој аспект. Паника ме фаќаше на почеток но научив да живеам со тоа, впрочем и тоа е вирус исто како и вирусот од грип на пр. цел живот ќе го носиш може ќе се разболиш, можеби и не. Не вреди поради тоа да си под стрес. Внимавај на имунитетот, храни се здраво, биди опуштена, редовни контроли и се ќе биде ок. Што се однесува до зголемениот вагинален секрет може да е од ххх причини, немора да значи дека е од вирусот.
Мене минатото зимо еден период ми се појави толку многу вагинален секрет дури и малку крвав и гинекологот ме прати дома да правиме бебе со мм, овулација сум имала, се друго во ред, чист пап  тест, а јас смртна пресуда си имав изречено.


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот tereza)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: ХПВ 52
23.11.2009 14:08:36   
mother 29
user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот tereza)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: ХПВ 52
18.1.2010 16:11:09   
Aceva
Јас сум Др. Лилјана Ацева- Андонова, главен уредник на порталот rak.mk и доктор на Универзитетската Клиника за радиотерапија и онкологија. Мислам дека ќе ви биде од корист овој напис од нашиот портал кој ќе ви помогне да дознаете повеќе за ХПВ вирусите, кои ги има во преку 100 типови.

Некои од нив се високоризични за преканцерозни лезии на грлото на матката и за рак на грло на матак, а другите, нискоризичните ХПВ вируси се пак причинители на гениталните брадиавици, или како ние лекарите ги викаме кондиломи или папиломи. Еве го написот. Прочитај те го и доколку имате прашања и дискусии, тука сум да ви се приклучам во дискусиите и стручните совети.

Видови на ХПВ

Хуман папилома вирусите се група вируси кои обично преизвикуваат брадавици. Некои од типовите ХПВ се пренесуваат по сексуален пат. Од нив се одвојуваат две категории, ХПВ со нисок ризик и ХПВ со висок ризик:
  • ХПВ со низок ризик (ХПВ тип 6 и тип 11).
  • ХПВ со висок ризик.
ХПВ со низок ризик (ХПВ тип 6 и тип 11) Овие типови на ХПВ предизвикуваат појава на генитални брадавици. Според најновите сознанија, нискоризичните генотипови (ХПВ 6 i 11) не можат да предизвикаат инвазивен карцином, туку само бенигни промени како што се гениталните кондиломи.

Повеќето од луѓето инфицирани со овие типови на ХПВ воопшто и не знаат дека се инфицирани, бидејќи кај нив воопшто и не се развиле брадавици по гениталиите. Брадавици можат да се формираат со недели, месеци или години по сексуалниот контакт со лицето инфицирано со ХПВ.

Гениталните брадавици најчесто се поврзани со ХПВ тип 6 и тип 11. ХПВ со висок ризик Инфекцијата со високоризичните (онкогени) ХПВ типови е силно поврзана со настанувањето на цервикалниот карцином. Тие се обвинуваат како високо ризични, бидејќи нивната поврзаност со CIN III (тешка дисплазија) и со Ca in situ е извонредно честа (50-93%). Затоа, од голема вредност е ХПВ типизацијата во одредувањето на ризикот за настануавањето на цервикалниот карцином.
Во прилог на ова оди и фактот што ова малигно заболување е поретко во одредени религии, каде од верски причини се прави циркумцизија (обрежување) кај мажите. Така, од цервикалниот карцином поретко заболуваат жените еврејќи, односно муслиманките. Односот на инциденцата помеѓу еврејките и христијанките е 1:5. Се смета дека смегмата со придружните бактерии и вируси плус повредите на цервиксот ја потенцираат инфекцијата и создаваат услови за метаплазија и малигна трансформација на клетките.
Обично, ХПВ типовите со висок ризик не причинуваат здравствени проблеми и исчезнуваат сами од себе. Меѓутоа кога истите овие типови ХПВ остануваат долготрајно присутни во гениталиите тогаш тие се главен ризик фактор за појава на рак на грлото на матката.

ХПВ со висок ризик, а кои се пренесуваат со сексуален однос се тип 16, 18, 31, 33, 35, 39, 45,51, 52, 56, 58, 59, 68, 69 и веројатно уште неколку други.
Извор:rak.mk



< Поракaта ја уредил виктори -- 12.3.2011 22:42:23 >

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: ХПВ 52
7.5.2010 19:34:55   
riba79
pravev papa test vo mart i mi pokaza hpvuser posted image d-r zema primerok i go odnesov vo manu za tipizacija da napravat no po dobieniot rezultat pokaza deka NEMA HPV user posted image .taka da devojki dokolku vi pokaze papa testot hpv ne se dvoumete da napravete tipizacija zatoa sto papa testot znae da dade lazen naod...pozdrav do site vasuser posted image

(Одговор на членот Aceva)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: ХПВ 52
7.5.2010 23:00:38   
April
ИЗВОРНА ПОРАКА: riba79

taka da devojki dokolku vi pokaze papa testot hpv ne se dvoumete da napravete tipizacija zatoa sto papa testot znae da dade lazen naod...


да, папа тестот е само претпоставка...типизацијата е таа што одредува дали има присуство на вирусот или не

(Одговор на членот riba79)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: ХПВ 52
12.3.2011 22:02:07   
marika82
jas imav candida potoa mi otkrija cin1 hpv bese negativno no sepak bev na lasersko lekuvanje vo privatna klinika sega vikaat deka ranata bila cista.KOGA MOZE DA OSTANAM BREMENA?user posted image user posted image

(Одговор на членот April)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: ХПВ 52
12.3.2011 22:15:01   
humana
Isto i mene mi najdoa pred 1 god HPV pa cin1 ama ne mi prepisaa nikavi lekarstva,samo mi rekoa da go ujacam imunitetot,kupiv aloe vera,sega neznam dali bese to toa,ama na sledniot pap nemase nisto:))

(Одговор на членот marika82)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: ХПВ 52
12.3.2011 22:33:44   
Viktori
ИЗВОРНА ПОРАКА: marika82

jas imav candida potoa mi otkrija cin1 hpv bese negativno no sepak bev na lasersko lekuvanje vo privatna klinika sega vikaat deka ranata bila cista.KOGA MOZE DA OSTANAM BREMENA?user posted image user posted image

поврзаноста на цин со рана на грло на матка каква е?


< Поракaта ја уредил виктори -- 12.3.2011 22:36:17 >


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот marika82)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: ХПВ 52
12.3.2011 23:54:00   
marika82
bev bremena i vo osmiot mesec bese mrtvo bebeto togas mi rekoa deka imam rana na grloto na matkata i tromboid nekoja zgrutcena krv mi pravea ispituvanja vo bt privatno mi rekoa deka morat da se otstranit da se izgorit ranata mi pravea hpv negativen bese i biopsija taa pokaza cin1 d-rot rece deka mora da se otstranuva laserski toa e se sto znam kako sto mi rekoa vi kazuvam user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image duri i jas sum zbuneta 

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: ХПВ 52
12.3.2011 23:56:09   
marika82
bev i na kontrola mi rekoa deka ranata e zazdravena deka e super sega i potoa mi rekoa za tri meseci ponovo ispituvanje user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот marika82)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: ХПВ 52
13.3.2011 0:17:09   
Viktori
извини, не знам како ме разбра user posted image
прашав затоа што јас имав исто така рана на грлото на матката, ама ништо посебно не ми кажаа, само ми ја изгореа и толку...

па си мислев и јас да не сум во некоја ризик група...

инаку Марика добредојде на рингераја, ти посакувам пријатна дружба и убави виртуелни моменти.
Многу ми е жал за тоа што ти се случило, некоја рингерајка која се соочила со проблем сличен на твојот се надевам дека ќе ти одговори.

< Поракaта ја уредил виктори -- 13.3.2011 0:19:19 >


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот marika82)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: ХПВ 52
13.3.2011 19:26:28   
marika82
sega kako si imas sega nekakov problem?pozzzzzzzuser posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: ХПВ 52
9.10.2012 23:57:40   
Papion
Imam 20 godini i vo Mart ovaa godina za prv pat otidov na ginekolog i napraviv pap test i tipizacija na rezultatot sto go zemav posle 3,4 nedeli mi pokaza deka imam visokorizicen tip. Ke moze li da mi objasnite malku poveke za toa bidejki sum nova vo seto ova i nemam nekoe mnogu golemo poznavanje.. Inaku imam dosta obilen bel sekret i za vreme na sexualniot odnos osekam bolka a na penisot na decko mi se javuva mala ranicka. Ve molam za sovet, navistina mnogu mi e strav. Vi blagodaram odnapred

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: ХПВ 52
10.10.2012 0:37:07   
Papion

ИЗВОРНА ПОРАКА: Papion

Imam 20 godini i vo Mart ovaa godina za prv pat otidov na ginekolog i napraviv pap test i tipizacija na rezultatot sto go zemav posle 3,4 nedeli mi pokaza deka imam visokorizicen tip. Ke moze li da mi objasnite malku poveke za toa bidejki sum nova vo seto ova i nemam nekoe mnogu golemo poznavanje.. Inaku imam dosta obilen bel sekret i za vreme na sexualniot odnos i koga odam po mala nuzda osekam bolka a na penisot na decko mi se javuva mala ranicka. Ve molam za sovet, navistina mnogu mi e strav. Vi blagodaram odnapred


(Одговор на членот Papion)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?