|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  2 3 [4] 5 6   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Кравјо млеко
31.8.2010 14:19:10   
blue_blue
Јас кравјо млеко прв пат им дадов на 14 месеци. Дукат 7 витамини како Маца25 што и дава на Нина. Без проблем го пиеа и уште го пијат. Не би давала домашно, непазтеризирано млеко зошто не знам со каков квалитет и хигиена е. Инаку, јас од почеток до сега во кравјото млеко (200 грама млеко) им ставам 2 мерици житна каша. Во почеток им ставав житна каша Овес и Јаболко од HIPP, после се префрлив на Nestle 8 житарки со мед, некако ми мирисаше поубаво а и поевтина е. Житната каша дава убав мирис на млекото, погусто е и повкусно за пиење, пробајте - може ќе сакаат и вашите деца.

(Одговор на членот biljana_ppp)
Непосредна врска до пораките: 76
   RE: Кравјо млеко
1.9.2010 1:26:47   
nutelizza
Каква е таа житна каша блу..баш ме заинтересира
Дали мислиш на млечните оброци што ги имаат хип нестле и подравка

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 77
   RE: Кравјо млеко
1.9.2010 10:44:02   
blue_blue
да, мислам на оние што се во кутија какао прашак - ги има од различни производители, оние Чоколино, Медолино, и слични. Ти се од житарки, затоа јас си ги викам житна каша user posted image , не знам како се викаат точно. Јас сега им ставам од таа на Nestle, 8 жита и мед, а пред тоа и давав од таа на ХИП овес и јаболко (во плава кутија е, зошто е ноќна каша, пишува на неа од 6 месеци нагоре). Ова сама си го измислив за да им биде повкусно млекото и за да ги држи повеќе (навечер им го давам), оти они тие кашите во форма на каша не сакаа да ги јадат (а да ти кажам право и мене ми се грозни). Ги јадат само оние од тегличка на ХИП - ноќна каша - ги има со вкус на ванила, чоколадо, детски кекс, банана и овошје. Пробај, па види...само може да ти треба цуцла со поширок отвор - зависи колку прашак ќе ставиш во која количина млеко. Треба и добро да го измешаш за да се растопи прашакот во млекото и малку да го стоплиш млекото, подобро ќе се раствори

(Одговор на членот nutelizza)
Непосредна врска до пораките: 78
   RE: Кравјо млеко
2.9.2010 0:30:04   
nutelizza
Блу бре млечни оброци се тоа user posted image му ги давам тие уште од 6 месеци со нив израснавме ама мене тоа ми е доручек, вечераuser posted image user posted image затоа ме замисли си викам место какао да не има некој др производ направен со вкус user posted image а со витамини.

Колку такви кутии потрошивме и тањирчиња гратис ама квалитетни се посебно од хип и хумана крвана слики ни е супер увек. Сега му ги користам Од лино МЕДОЛИНО 12+, НЕСТЛЕ со 8 зрнести култури и ноќната од хумана

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 79
   RE: Кравјо млеко
5.9.2010 12:52:35   
Палешка РР
Мислам дека и јас ќе почнам со кашички подготвени со разредено кравјо млеко деновите, прво да видам како ќе реагира на мал процент млеко во инстант храна. Многу ми е стеснет изборот на храна, сеуште е многу на овошје, а мислам дека потпорасна па не ја заситува. Синоќа и ги слушав цревата user posted image а најадена беше.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот nutelizza)
Непосредна врска до пораките: 80
   RE: Кравјо млеко
5.9.2010 23:25:41   
Felly RR
Пробајте Палешка, веќе е голема Миа. Јас еве на Матеа и давам само еден овошен оброк во денот (некогаш со исклучоциuser posted image ) и обавезно еден млечен оброк кој и го давам навечер, зошто (и пед. ми рече) полесно се вари, а држи повеќе ситост. user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 81
   RE: Кравјо млеко
5.9.2010 23:27:24   
Палешка РР
Утре ќе и дадам за прв пат, па ќе ве известам како поминавме user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 82
   RE: Кравјо млеко
5.9.2010 23:30:19   
AnnaMolly RR
Јас здравје на Филип ќе му дадам кравјо млеко кога ќе наполни 4 месеци. Сега сме на адаптирано млеко и многу брзо го трошам, а не е евтино баш. Нормално, разредено ќе му дадам. Познавам многу мајки што уште од 2 месец давале млеко. Па и не ми е баш страв. А сум слушала дека треба покасно, некои викаат дури по 1 година, ама јас ќе почнам на 4.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 83
   RE: Кравјо млеко
5.9.2010 23:33:45   
Палешка РР
Јас не би ти препорачала АнаМоли, јас на Миа не би и дала да пие кравјо млеко ни сега.
Прашај педијатар, барем до 6 месеци не го препорачуваат. Издржете уште малку, мој совет.


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 84
   RE: Кравјо млеко
5.9.2010 23:39:48   
Maca25
Ана моли ни јас не би ти препорачала да почнеш од 4 месеци со кравјо мелко. Кравјо се препорачува тек со наполнети 12 месеци. Ти си знаеш најобро но и јас ти препорачува да побараш прво совет од педијатар па да му дадеш.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 85
   RE: Кравјо млеко
5.9.2010 23:59:12   
AnnaMolly RR
Мајка ми се консултирала со доктори кај нејзе на работа, медицинска сестра е, и повеќето и рекле дека може. Само да се разреди. И затоа решив да почнам со кашички и кравјо млеко од 4 месец. 

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 86
   RE: Кравјо млеко
6.9.2010 1:41:08   
Snowhite RR
Не се препорачува, но од друга страна па многу од педијатрите дозволуваат воведување кравјо млеко пред наполнети 6 месеци, еве мене ми рече откако наполни 4 месеци да му давам кравјо млеко иако беше почеток на лето, но јас се разбира не ја послушав и еве веќе има 7 месеци, а јас се уште не сум дала кравјо млеко и најверојатно ќе почнам кога ќе направи 9 месеци, сега само сакам да почнам од тие млечните кашички да му давам кои се прават со вода за навечер да му давам такви, зошто и ние сме само на овошје, зеленчук и пилешко и само тоа па тоа, ми се здосади мене што ги правам, а не пак него што ги јади, а и да му држат повеќе ситост преку ноќ, зошто сношти цела ноќ на секој пола час се разбудуваше за цицање

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 87
   RE: Кравјо млеко
6.9.2010 7:35:58   
Палешка РР
Тие кашички се со адаптирано млеко и си можела уште порано Snowhite. Јас пробав, ама Миа страшно повраќа од адаптирано млеко. И мене матичната, кога Миа имаше 6 месеци ми рече да го користам кравјото млеко САМО како растворувач, еднаш во денот за млечна каша, но не ја послушав. Сега мислам дека Миа не ја најадува само овошје и зеленчук, па ќе пробам да направам дома млечна каша од готовите или пудинг, гриз, ориз..

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 88
   RE: Кравјо млеко
6.9.2010 10:07:25   
Felly RR
Од млечните кашички Матеа најмногу сака карамелино, а  пудинг од чоколадо обожава  user posted image , вчера и направив гриз со кравјо млеко, и го измешав со банана, и многу и се допанда и тоа.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 89
   RE: Кравјо млеко
6.9.2010 10:45:22   
skorpijana
moite deca uste edna nedela se dva meseci i pedijatarot veli deka posle dva meseci moze da pocneme so mleko kravjo po eden obrok pa postepeno da nakacuvame
mlekoto da bide mesano so voda
kaj mene se dve mnogu skapa mi e vestackata hrana
prvo pocnavme so humana pa so hip e sega so laktovit taa i najveke odgovara
od hip imaa alergija

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 90
   RE: Кравјо млеко
6.9.2010 10:47:45   
Палешка РР
Значи браво за педијатарот, вакво нешто досега не сум чула user posted image  

< Поракaта ја уредил Палешка -- 6.9.2010 10:48:41 >


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот skorpijana)
Непосредна врска до пораките: 91
   RE: Кравјо млеко
6.9.2010 11:04:29   
Natasha5
Леле на 2 месеци многу рано,што знам јас не би давала.Ама ппа и немојте многу касно.Јас на Јана и правев кашички со  млеко од тетрапак и јадеше се,ама никако не сака да го пие.И сега внесува млеко само преку кашички,кисело млеко и јогурт.user posted image млеко не пие не знам што да правам.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 92
   RE: Кравјо млеко
6.9.2010 12:45:20   
blue_blue
и јас прв пат слушам давање кравјо млеко на 2 месеци. Скапо/евтино јас си давав ХИП (пре ХИП, ХИП 1, 2 и 3 како раснеа) до 13-14 месеци. Со две деца на иста возраст се е скапо, се треба да имаш по две и се ти треба дупла количина во исто време, ама тоа е...од друго се откашуваш и крпиш кај и колку можеш - нек се живи и здрави...

А ако не пие детето кравјо млеко ич не се скирај се додека внесува јогурт и кисело млеко добива тоа што му треба. И онака тие млечни производи се поздрави од млекото зошто се фрементирани со посебни бактерии и се подобри за дигетсивниот систем. Кисело млеко може да се дава на деца од 6 месеци и скоро сите го скаат и лесно го поднесуваат.

(Одговор на членот Natasha5)
Непосредна врска до пораките: 93
   RE: Кравјо млеко
6.9.2010 13:23:05   
Snowhite RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка

Тие кашички се со адаптирано млеко и си можела уште порано Snowhite. Јас пробав, ама Миа страшно повраќа од адаптирано млеко. И мене матичната, кога Миа имаше 6 месеци ми рече да го користам кравјото млеко САМО како растворувач, еднаш во денот за млечна каша, но не ја послушав. Сега мислам дека Миа не ја најадува само овошје и зеленчук, па ќе пробам да направам дома млечна каша од готовите или пудинг, гриз, ориз..


Знам дека можев порано, ама пробувавме нови вкусови на овошје и зеленчук и сега кога не остана што друго да се проба ќе пробаме и од нив

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 94
   RE: Кравјо млеко
6.9.2010 14:53:27   
blue_blue
Да чукнам во дрво и моиве се ептен здрави, не знам дал од млеково, кашиве или од тоа што секој ден јадат овошје и зеленчук и не ги ранам со смоки, чоколада, тортици со сомнителен квалитет, виршли, паштети и слични глупости. А и ние што лигавчиња и Хип тањирчиња имаме, ехе user posted image  А таа од ХИП кашата супер е, ама од кога ја поскапеа и кога видов дека оваа на Нестле е бааги поевтина (а и на неа пишува дека има таму некое си б-фундус или што и да е што е добро за имунитет) неа им ја давам редовно, али само во млеко - они како каша нејќат да јадат


ИЗВОРНА ПОРАКА: nutelizza

Блу бре млечни оброци се тоа user posted image му ги давам тие уште од 6 месеци со нив израснавме ама мене тоа ми е доручек, вечераuser posted image user posted image затоа ме замисли си викам место какао да не има некој др производ направен со вкус user posted image а со витамини.

Колку такви кутии потрошивме и тањирчиња гратис ама квалитетни се посебно од хип и хумана крвана слики ни е супер увек. Сега му ги користам Од лино МЕДОЛИНО 12+, НЕСТЛЕ со 8 зрнести култури и ноќната од хумана

(Одговор на членот nutelizza)
Непосредна врска до пораките: 95
   RE: Кравјо млеко
9.9.2010 13:37:00   
MamaOhrid
Ве читам и не ми се верува. Какво кравјо млеко на 2 месеци, 4 месеци user posted image  Па тоа нема железо, ќе им падне железото па ќе треба сирупче да пијат. А имам читано дека кравјото млеко има повеќе сол и може да ги оптерети младите бубречина.
Ние од кога сме родени бевме на НАН, прво НАН 1, па од 6 месеци НАН 2, и кравјо млеко за прв пат му дадов пред 1 недела, а сме пред 1-от роденден. И тоа со шубе му го дадов. И кашичките сега почнав да му ги спремам со кравјо, се само со НАН му ги правев.
Јас не сум за кравјо млеко ни за пиење, ни за во кашички барем до полни 10 месеци, а најубаво до годината.

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 96
   RE: Кравјо млеко
12.9.2010 14:04:28   
skorpijana
ne znam zaso taka mislete se konsultirav so mnogu majki koi davale mleko uste od samoto raganje na deteto uste od 1 -2 nedeli pa sega decata i se po 5-6 godini ne se imale nikakov problem
jas denes i dadov mleko isto kako mi kaza pedijatarot 20 gr mleko 60 gr voda
pa poveseli se nemaat grcevi kako od vestackata ne plakaat  kako pred toa spiat mirno ne se budat so plakanje pozdrav ke vi pisam kako ke bide natamu

(Одговор на членот MamaOhrid)
Непосредна врска до пораките: 97
   RE: Кравјо млеко
12.9.2010 14:11:48   
skorpijana
a inaku so se odnesuva za kasickite citam i ne znam kako gi pravite so voda mojot prv sin uste od tri meseci pocna so kasi praveni so mleko od krava em cicase samo
pa ima krv mnogu jaka krv

(Одговор на членот skorpijana)
Непосредна врска до пораките: 98
   RE: Кравјо млеко
12.9.2010 14:23:13   
Палешка РР
Незнам, јас сум против тоа. Мене педијатарот ми рече најрано од 6 месеци во кашички, па јас не и дадов. Но ти веќе си одлучила скорпијана и среќно.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот skorpijana)
Непосредна врска до пораките: 99
   RE: Кравјо млеко
12.9.2010 17:26:15   
AnnaMolly RR
Гледам има мнооогу различни мислења за кравјово млеко. Секој како си мисли, така нека си тера. Јас од странава што читам имам прифатено милион работи и совети, ама еве па за оваа тема си терам по мое :) А порано како растеле децата? Да не имало Хип и Нан и слично пред 50-60 години? Па што им фали на нашите родители или баби дедовци што растеле со кравјо млеко?
Да го доев јас Филип, исто така немаше да му го воведам кравјото олку рано. Ама мислам дека поубаво да си пие кравјо отколку вештачко млеко. Не сакам никому да наметнам мислење, јас вака мислам дека е најдобро за МОЕТО дете. 


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 100
Страница:   <<   < Претходна страница  2 3 [4] 5 6   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  2 3 [4] 5 6   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?