Палешка РР -> Исхрана пред бременоста (12.7.2009 8:35:41)
|
Исхраната пред бременоста Олеснувачки фактори во однос на исхраната пред бременоста Познато е дека добрата исхрана пред бременоста е особено важна поради потребната вредност на енергија која се троши за време на породувањето. Процесот на добра исхрана пред бременоста е процес со кој се гради имунолошкиот систем на жената, со цел истиот да се подготви за состојбата бременост. Овој процес е познат како еден од главните фактори за определување на стапката на успешно зачнување на здрави деца. Како и во повеќето ситуации, исхраната т.е.најзначајниот фактор пред бременоста, води сметка за здравјето на мајката и за тоа дека нема присуство на никакви штетни фактори кои можат да ја намалат шансата за оплодување, како што се анорексија или булимија, за кои се смета дека директно се поврзани со неплодноста. Минималниот телесен масен индекс (Body mass index, BMI) за жените кои сакаат да забременат е 20,8. Вистина е дека кај дебелите жени со телесен масен индекс над 30, кој што е директен резултат од намалената вредност на активноста на инсулинот во крвта, како и од сексуалните хормони, може да се намали отпорноста на јајце клетката. Доколку оптималната тежина е комбинирана со добра исхрана и диета, во смисла на нормална балансирана диета пред бременоста, тогаш резервите од микронутритиенти кои ја снабдуваат бременоста со потребните супстанции, исто така ќе се зголемат до максимум. Главни придонесувачи во врска со исхраната пред бременоста Како и кај повеќето видови диети, постојат шанси од прекумерено земање на хранливи материи. Како и да е, општ совет во врска со состојбата и медицинските препораки е дека мајката требе да ги следи упатствата од соодветните витамински пакувања што се однесуваат на правилното или дневно препорачливо дополнително конзумирање на истите. - Дополнително консумирање на магнезиум и цинк за спојување на хормоните во нивните рецепторски положби.
- Дополнително консумирање на фолна киселина или диетална потреба од храна која ја содржи истата, за правилен развој на фоликулата.
- Со редовно дополнително консумирање на Витамин Д се намалуваат шансите за дефициенции во адолесцентноста, и што е поважно, познато е дека овој витамин ја намалува веродостојноста за појава на рахитис со пелвични малформации, поради кои нормално породување не е возможно.
- Познато е дека со редовно дополнително консумирање на Витамин 12 се намалуваат шансите за неплодност и лошо здравје.
|
|
|
|