ripce -> RE: Хранливи материи препорачливи во бременоста (6.1.2010 0:16:58)
|
Витамините во текот на бременоста и доењето се важни како за мајката така и за растот и развојот на плодот и за растот и развојот на новороденото. Витамин А е липосолубилен (растворлив во маснотии). Главна функција му е за видот на човекот. Недостигот од него се изразува на ретината, но и на гликопротеинската синтеза и е промотер на растот и диференцијацијата на различните ткива. Се наоѓа во зелено и жолто обоено овошје и зеленчук. Дневна доза е 800 микрограми и е истата и во текот на бременоста. За време на лактација, дневната доза е 1.300 микрограми. Рутинска дополнителна дохрана не се препорачува. Алфа-каротен (прекурсор на витаминот А) не е тератоген. Витаминот Б1 (тиамин) е хидродолубилен (водорастворлив) и е потребен за ослободување на енергија од клетките. Извори се млеко и сиров мешункаст зеленчук. Дневната доза е 1,1 мг, за време на лактација и бременост потребите се 1,5мг дневно. Со балансирана исхрана нема потреба од дополнително внесување. Витаминот Б2 (рибофлавин) е водорастворлив, а е потребен за ослободување на енергија од клетките. Извори се зелени зеленчуци, млеко, јајца, риба и сирење. Дневната доза е 1,3 мг, а во тек на бременост се зголемува на 1,6 мг за најмногу да е во период на лактација - 1,8 мг. Со балансирана исхрана, во бременост и лактација дополнително внесување не е потребно. Витаминот Б6 (пиродоксин) е водололубилен витамин и е потребен за метаболизмот на протеини, јагленохидрати и липиди (масти). Извор е зеленчукот, а дневната доза е 1,5 мг. Во тек на бременост и лактација потребите се зголемуваат на 2,2 мг, а во време на лактација 2,6 мг. Витаминот Ц (аскорбинска киселина) е водорастворлив. Ги редуцира слободните радикали и помага во создавање на проколагенска синтеза. Извор се овошје и зеленчук, дневната доза е 60 мг, во бременост 90 мг и во лактација 95 мг. Витаминот Е е маснорастворлив, потребен како антиоксиданс. Извор се анимални протеини и масти. Дефицитот предизвикува хемолитична анемија и кај новороденото. Дневна доза е 8 мг, во бременост 10 мг и во лактација 12 мг. Витаминот К е растворлив во масти, потребен е за синтеза на факторите за коагулација VII, IX и X. Извор се зелени лисести зеленчуци, домати и јајца. Во текот на бременост транспортот на витаминот К од мајката кон плодот е ограничен. Дневната доза е 60 мг, а во тек на бременост и лактација 65 мг. Фолната киселина, хидросолубилен витамин од групата на Б-комплекс, е важен е за ДНК-синтезата и репликацијата на ДНК. Извор се лисести зеленчуци, свежи или суви, грашок и грав. Дефицит кај бремената доведува до мегалобластна анемија и дефект на феталната неврална цевка. Дневна доза 0,2 мг, за време на бременост 0,4 мг и лактација 0,2 мг. Ниацинот, хидросолубилен витамин, влегува во метаболизмот на енергијата во клетките. Извор се живина, риба и јаткасти плодови. Дневната доза е 15 мг, во бременост 17 мг и за време на лактација е 20 мг.
|
|
|
|