Bitolcanka -> RE: Што кога сопругот ве изневерува и не ве сака повеке (20.5.2010 20:31:59)
|
Весна го прочитав твојот пост, твојот проблем и јас мислам вака... Кога би била на твое место дискретно би го проверила (дали навистина те изневерува или тоа е само твој сомнеж предизвикан од околината): или преку други лица-твои блиски што го познаваат или самата лично. Кога знаеш дека треба да е на работа "случајно" (од х-причина-оправдана) најди се таму (сепак зависно од тоа каде работи и колку е тоа изводливо). Не мора да те види, а ако се случи тоа кажи дека си имала некоја работа/мака и ти бил потребен. Можеби не сакаш да изиграваш детектив, но некогаш и тоа "пали", без при тоа да разбере дека знаеш за неговото неверство или дека воопшто се сомневаш. Ако немаш доволно смелост за тоа и ако сфатиш дека не е доволно "одглуми" жртва - болна, уморна и побарај да биде со тебе извесен период. Дај му до знаење дека се чувствуваш осамена, беспомошна и ти треба неговата близина, поддршка, помош. Не верувам дека ќе те одбие. И најважно од се' - биди весела, потруди се да бидеш насмеана, позитивна пред него да ја забележи промената. Направи нешто за себе - смени фризура, имиџ, стил на облекување, со некој мал детал - сигурно ќе ти годи и ќе се почувствуваш подобро, поубаво, порасположено. Направи романтична атмосфера и заведи го како во времето кога сте се забавувале. Контактирај со пријателите/пријателките, викни ги на гости, оди им на гости, остави го малку со децата, ако не прифати-остави ги кај некој од поблиското семејство, излези од дома. Нека се запраша малку каде си, што правиш, па постепено ќе почне да сфаќа дека и ти имаш желба за разонода, забава, дружење, пријателство... Знам дека не ти е лесно, дека се' ти се чини сурово, страшно, но често времето е лек за се'. Ги решава сите загатки, ни' го покажува вистинскиот пат. Мислам дека така ќе биде и во вашиот случај. Од се' срце ти посакувам да успееш да се избориш за своето и да си ја зачуваш вистинската личност [sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley27.gif][sm=smiley27.gif][sm=smiley27.gif] Извести не' за сите новости. Со тебе сме мила [sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif]
|
|
|
|