Bitolcanka
|
Говорот на телото според хороскопот Хороскопските знаци можат да се препознаат по изгледот и карактеристично држење, но и говорот на телото кој е поврзан со четирите елементи - оган, земја, воздух и вода. Оган Овен - Настапот им е сигурен и одлучен. Движењето - сигурно, спретно, го гледаат соговорникот во очи и без извинување го прекинуваат. Секогаш се буткаат пред другите, одат со брзи и жестоки чекори, често со главата напред. Лав - За себе создаваат слика на возвишеност, единственост и авторитет. Машките лавови имаат манијакална потреба да бидат во одлична форма, а девојките секогаш сакаат да бидат сензуални. Стрелец - Можат да бидат необично убави, имаат исправено движење, зрачат со ведрина, самодоверба и безгрижност. Тие имаат неодолива привлечност и животински инстинкти. Кога некој ги привлекува, покажуваат отворена потреба да бидат во негова близина и да го допираат, дури и на јавно место. Земја Бик - Строг поглед и намуртено лице, ситни бори околу устата и подигнат веѓи - говорот на лицето кај бикот е далеку позначаен од говорот на целото тело. Тие со поглед и гестови дозволуваат да ја почувствувате нивната сензуалност и еротичност. Девица - Гестикулациите и мимиките често се сведени на минимум, но она малку што се гледа - зборува многу. Колку и да се трудат не можат да ја сокријат внатрешната нервоза затоа што ги издава чепкањето и кубењето на косата. Колку се поуспешни толку се емотивно постабилни, а движењата им се посигурни и посмирени. Јарец - Движењата им се војнички увежбани, но ако некој ги посматра подолго време, ќе забележите дека има промена во држењето кога ќе се појави некој кој им се допаѓа. Тогаш тие се деконцентрираат и бараат да им се повтори она што сте им го кажале бидејќи не можат сконцентрирано да слушаат. Воздух Близнаци - Според говорот на телото се “најречити“. Зборливи се и љубопитни, весели и духовити, нескротливи и нервозни, а со рацете зборуваат вешто како пантомимичари. Преместувањето нога врз нога, потреба секогаш да држат нешто во рацете зборува за нивната постојана раздвиженост. Вага - Жените ваги праќаат заводливи, но не и вулгарни пораки, а и мажите на посебен начин ставаат до знаење дека ја забележуваат секоја жена која прошла покрај нив. Привлекувањето внимание е клуч на разбирање помеѓу овој знак. Вагите сакаат да привлекуваат внимание! Жените кокетираат, а мажите се поотворени. Водолија - Сталожена ладнокрвност кај машките припадници, а кај женските - мирно движење, толеранција. Водолиите се стабилни личности кои секогаш чекорат внимателно. Вода Рак - Нивната воздржаност и внимателност се знак за честата несигурност и недоверба во луѓето. Кај жените постојано менување на тонот кога разговараат, цврст стисок со дланката, долг поглед и треперење во најинтимните ситуации. Скорпија - Говорот на телото е непосреден, а сепак таинствен. Начинот на кој се движат го открива нивното расположение. Во напнати ситуации усните им се стиснати, а погледот насочен во непозната насока. Ако за некој може да се каже “убива со поглед“ тоа е сигурно личност со знак во Скорпија. Риба - Динамичност и отворен пристап кон останатите. Неспособност да останат статични и постојани, дури и кога имаат можност. Несигурност и потреба за сродна душа ги тераат да комуницираат со потполно непознати личности. Гестикулацијата не им е претерана. Кога не се расположени едвај го померуваат погледот. Извор: црно-бело
< Поракaта ја уредил Bitolcanka -- 14.7.2010 23:46:52 >
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
|