Bitolcanka -> RE: Хороскопските знаци и комуникацијата меѓу луѓето (25.8.2010 12:12:56)
|
Значи да имаме предвид да не се роди детето кон крајот на јуни, до крајот на јули - да не е ракче [sm=jezicek.gif] Колку што имам контакти со луѓе од хороскопскиот знак рак, никогаш не сум наишла на некој конфликт, препирка и сл. Баш се фини личности, дружељубиви, духовити, забавни ... Ете, дедо ми е рак, а татко ми девица (јас во подзнак сум девица). Многу повеќе и подобро можам да се разберам со дедо ми, отколку со татко ми - не се во прашање годините, туку карактерот. Ако е стар, дедо ми има современи сфаќања и ставови. Исто имам другарка-рак (на мои години) - прекрасна е. реална, борбена, знае да насмее човек, добар пријател. А имам и пријателка (врсничка на мајка ми), ми беше порано колешка, така се зближивме. Ако има голема разлика во годините, воопшто не ја чувствувам. Отворена е, слободна, исто како врсничка-другарка, девојка. Таква е со сите, и на мои години, млади (со ќерката и синот), и со нејзини врсници и со постари. И со свекрва и' беше како другарка - навистина одличен комуникативен однос имаа. За жал, починала пред некој ден, разбрав ... Затоа и не ми е чудно што и нашата Амелбебе е блиска со снаа и', не дозволува да се познаваат строгите генерациски јазови и граници. Сметам дека во тоа е успехот на добрата релација - снаа - свекрва.
|
|
|
|