Гледање во очите на соговорникот (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


niki -> Гледање во очите на соговорникот (21.5.2010 15:10:53)

Ова до ден денешен ми се нема случено.
Бев на разговор за работа. Работодавецот, господин во години (сигурно имаше над 55, можеби и далеку повеќе) за цело време дур бев таму, ниту еднаш не ме погледна во очи. Дур зборуваше, дур ме слушаше, цело време седеше некако наведнат, се некако главата ја вртеше натаму, наваму, ама еден момент немаше да седна исправено со дигната глава да ме погледене. И си заминав со главен впечаток дека воопшто не ме виде, ко да бев џабе таму. Воопшто не очекував такво нешто, не од некој кој нуди работа и би требало својот бизнис да ти го остави во раце, кога прв пат те гледа и наместо да те оценува и проценува тој[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]...........?!?!?

Сте имале вакво искуство?
Ги гледате ли во очи своите соговорници?
Што со оние кои вас не ве гледаат во очи?




Палешка РР -> RE: Гледање во очите на соговорникот (21.5.2010 15:20:23)

И мене ме нервира ако воопшто не ме погледне, како да не сум битна [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley21.gif[/image] А пак ако некој долго ме гледа во очи, го вртам погледот...крајот не ми се најдува [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




niki -> RE: Гледање во очите на соговорникот (21.5.2010 15:30:34)

И јас несакам постојано некој да ме гледа во очи, го вртам погледот тогаш, но ич да не ме погледне, па немам чума[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




melody -> RE: Гледање во очите на соговорникот (21.5.2010 15:37:28)

Mene mi se ima sluceno ova so eden Grk menadzer na hotel.Dogovor bese da nastapuvam tamu i taa vecer toj dojde da me slusa normalno mene i mojot kolega,a pak menadzerot za zabava zaboravil od kade sme po poteklo pa koga dojde vreme na krajot od vecerta da napravime muabet da gi precizirame denovite za nastap ovoj prasuva od kade se muzicarite,a drugiov mu odgovara od Svajcarija.A be od kaj ja najde zemjava neznam i sega nie dvajcava kolegata i jas go slusame muabetov i ko popareni,ama Makedonce ko Makedonce patriota nevidena odma ne bre nie od Makedonija sme.I Grkov samo od kadeeeee i nie pak MAKEDONIJA.Vide nevide nemase kade (da bese do nego izgleda nemase da svirime ha ha)ama covekov dodeka se dogovaravme ne ne pogledna vo oci pa i ponataka izbegnuvase mnogu mnogu da razgovara ,a razgovarase od sto morase i zatoa sto se svaljercini nevideni ,a grdi se mnoguuuu samo taka od vreme na vreme me poglednuvase i toa samo mene[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] 




niki -> RE: Гледање во очите на соговорникот (21.5.2010 15:45:53)

Ма овој не ме гледаше и пред да ме праша од каде сум, од сам почеток, откако се појави, па до крај, незнам што му беше маката[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] А јас веднаш си кажувам од каде сум, точно и прецизно, без заобиколување, досега не сум имала проблем, освен што некои се љубопитни па уште на прво среќавање го решаваме Македонско-Грчкото прашање околу името[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




melody -> RE: Гледање во очите на соговорникот (21.5.2010 15:55:22)

E toa zavisi vo koj del si od Grcija i koj kolku e patriot i od ednata i od drugata strana[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]Koj znae moze nesto imal problem so ocite pa ne te gledal[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image].Sala na strana ima sekakvi luge i nikogas neznaes na kogo i kako ke naletas.Samo sto e makata pogolema za tie sto baraat rabota zatoa sto se trudat na sekakov mozen nacin da ostavat vpecatok i doagaat polni nadez deka ke im uspee seto toa i koga toa ne e zabelezano od stranata na rabotodavecot navistina e razocaruvacki.




Bitolcanka -> RE: Гледање во очите на соговорникот (21.5.2010 22:04:51)


ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

Сте имале вакво искуство?
Ги гледате ли во очи своите соговорници?
Што со оние кои вас не ве гледаат во очи?



Навистина чудно Ники. Посебно тоа што ова било случај со интервју. Не ми се случило вакво нешто досега. Личноста која не гледа во соговорникот додека зборува делува незаинтересирано, себеси се прикажува како несериозна, неодговорна личност.
Мене за време на интервју кое го вршеа 3 типки постари од мене ми се случи нешто слично. Поставуваа прашања, т.е. 1 од нив, јас одговарав, а останатите 2 се смееја [sm=zmeden.gif] Не знам што им беше смешно. Најверојатно тоа што бев водена, врнеше снег тој ден, пред да влезам паднав, па бев зацрвенета од студот. Потоа не ми се јавија (не само мене, и на друга кандидатка за работното место, моја колешка и пријателка), но не ни очекував од такви лица после тоа, и да ми понудеа работа немаше да прифатам. Едноставно некои луѓе не знаат за бон-тон. Со нивното однесување делуваат смешно, незрело и простачки.




Mihaela 2010 -> RE: Гледање во очите на соговорникот (7.3.2013 15:44:32)

Koga jas zboruvam ili koga mi zboruvaat ,gi gledam vo oci no ne postojano,za sekund mozam da svrtam glava ,levo,deno ili nadolu,da razbijam monotonija,no iskreno mnogu mi smeta koga nekoj postojano ne trga oci od mene,mi stanuva neprijatno




caciana -> RE: Гледање во очите на соговорникот (30.11.2014 19:40:18)

Nikogas ne go gledam sogovornikot vo oci...zosto me faka trema i zaboravam do kaj sum so muabetot hahaha [sm=smiley1.gif]




scared RR -> RE: Гледање во очите на соговорникот (30.11.2014 19:42:38)

Најчесто го гледам соговорникот во очи, ама ако станува збор за некое презгодно машко е тогаш нема гледање [sm=smiley36.gif][sm=jezicek.gif]




blond -> RE: Гледање во очите на соговорникот (30.11.2014 19:42:57)

Najcesto gledam vo oci. Negledanjeto vo oci najcesto me asocira deka sogovornikot me laze (ako tojs to mi zbori ne me gleda vo oci).




Страница: [1]