Rossana -> RE: Машки мозок (22.5.2010 22:59:29)
|
10 тајни на машкиот мозок 1. Мажите сакаат да зборуваат исто колку и жените Според некои статистики жените дневно изговараат 20.000 зборови, дедека мажите само 7.000. Сепак, неодамнешните студии покажаа дека тоа не е баш така и дека половите не се разликуваат многу во однос на комуникацијата. Мажите и жените можеби не сакаат да зборуваат за исти нешта, што е причината зошто жените мислат дека мажите се затворени,а мажите дека жените постојано ги озборуваат. Но ако припадниците на двата пола почнат да се слушаат едни со други, ќе откријат дека имаат многу што да си кажат. 2. Мажите сакаат да купуваат Според некои студии, мажите и жените трошат подеднакво, но се разликуваат во пристапот. Додека жените сакаат долго да разгледуваат и да размислуваат околу тоа што да купат, а што не, мажите веќе се однапред одлучени што им треба. Причината за тоа исто така може да биде од еволутивна природа. И додека жените биле ориентирани кон собирање храна, па внимавале што ќе им однесат на децата, мажите во ловот морале да бидат брзи и решителни, за што побрзо да се врата дома и да го заштитат семејството. 3. Мажите имаат чувства, но не сакаат да ги покажуваат Жените се сметаат за поемотивниот пол, а многумина се прашуваат зошто на мажите им е тешко да си ги признаат емоциите. Во еден дел, тоа е така заради воспитувањето, но, од друга страна, постои разлика помеѓу машкиот и женскиот мозок. Амигдалата е дел од мозокот кој ги контролира нашите емоции. Кај мажите, амигдалата комуницира само со одредени делови од мозокот, додека кај жените е поврзана со многу повеќе делови. Тоа е причината зошто жените многу повеќе зборуваат за своите емоции, како и за тоа што физичките реакции кај нив се повоочливи. Наспроти тоа, и мажите ги имаат сите емоции како и жените, но не ги покажуваат на ист начин. 4. Мажите повеќе поднесуваат болка Жените, освен што можат да го издржат породувањето, имаат тенденција повеќе да се жалаат во текот на животот. Во тестовите кои споредуваа колку припадниците од различните полови можат да издржат болка, мажите беа подобри. Многу научници веруваат дека општетството и стереотипите влијаат на тоа што мажите се поотпорни. Но, во една студија, истражувачите на волонтерите им понудија пари за да ја држат раката во студена вода, мислејќи дека жените сами по себе нема да бидат мотивирани бидејќи немаат општетствени стереотипи кои ги мотивираат на тоа. Резултатите покажаа дека парите не ги направиле жените поотпорни на болка, но ги поттикнало мажите да издржат во ладната вода уште подолго, што индицира дека навистина постои разлика во отпорноста кон болката меѓу половите. 5. Мажите сакаат спорт Машкото тело продуцира 20 пати повеќе тестостерон од жените, а овој хормон има важна улога во развојот на машкиот репродуктивен систем. Во студијата со животни, отстранувањето на тестостеронот резултирало со намалување на агресивноста, но научниците не ја пронајдоа истата поврзаност и кај луѓето. Тестостеронот не значи секогаш и зголемена доза на агресија, но ние поседуваме рецептори за овој хормон, што значи зголемената количина може да влијае врз однесувањето. Заради тоа, тестостеронот игра улога во тоа што мажите „полудуваат“ пред големите натпревари, а расположени и се да рискираат многу пари за својот омилен тим.
|
|
|
|