Долго посакувана цел (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


Bitolcanka -> Долго посакувана цел (27.5.2010 2:15:14)

[img]http://www4.slikomat.com/10/0527/xu4-watert.jpg[/img]

Познато ни'' е дека ништо лесно не се добива во животот, за се'' мораме да се потрудиме, да се помачиме. Некогаш многу долго време, макотрпно работејќи, вложувајќи голем дел од себеси, дури и самите себе. Уморни сме, не веруваме многу, но продолжуваме. Секој од нас е различен - свет за себе. Некој е подготвен да оди до крај, некој се откажува на пола пат, некој не ни почнува, воден од помислата на неуспет уште од старт. Често доживуваме падови, неуспеси, 100, 1000... и се разочаруваме... Но никогаш не знаеме и не можеме датврдиме со сигурност дека можеби 1001-от обид ќе биде неуспешен...баш напротив, голема е веројатноста токму тој обид да биде среќен и да даде позитивен резултат.


Дали секогаш одите до крај, со последниот здив, по секоја цена?
Дали лесно се откажувате, предавате?
Дали за откажувањето обвинувате други лица, наоѓате други причини оправдувајќи се пред другите и пред себе?





amelbebe -> RE: Долго посакувана цел (27.5.2010 9:44:19)

jas ako si zacrtam nesto u mozokov kako sto veli mm dodeka ne si ispolnam ne sum mirna dodeka stignam do taa cel,ama ne po cena da treba nekoj da strada,ne se otkazuvam lesno i nikogas ne sum obvinila nekogo a pak samata sebe vo nekoi momenti da,ama samo pred mm




Bitolcanka -> RE: Долго посакувана цел (27.5.2010 14:13:37)

ИЗВОРНА ПОРАКА: amelbebe

jas ako si zacrtam nesto u mozokov kako sto veli mm dodeka ne si ispolnam ne sum mirna dodeka stignam do taa cel,ama ne po cena da treba nekoj da strada,ne se otkazuvam lesno i nikogas ne sum obvinila nekogo a pak samata sebe vo nekoi momenti da,ama samo pred mm


И јас исто пријателке. Тешко на оној кој ја гради сопствената среќа на туѓата несреќа ..., таквите во денешно време ги има со лопата да ги риниш [sm=smiley36.gif] Кога имам зацртано некоја идеја во себе се стремам да ја остварам, давам максимум од себе (ако треба ќе си скратам некое задоволство, луксуз, слободно време и сл.), се борам, без разлика дали со помош од некого или сама. До стигнувањето до крајната цел може да има многу препреки (најчесто е така), ти поставуваат сопки на секој чекор, сакајќи да ти наштетат, да те уназадат, но ако си доволно упорен, силен и сигурен во себе - ништо не ти можат [sm=bravo.gif] [sm=bravo.gif] [sm=bravo.gif]





amelbebe -> RE: Долго посакувана цел (27.5.2010 14:34:43)

najiskreno nisto ne mi mozat,a zatoa sto sum kratela od sebe toa e baska i nikogas ne sum se pozalila




Bitolcanka -> RE: Долго посакувана цел (27.5.2010 14:54:16)

[sm=smiley20.gif][sm=smiley20.gif][sm=smiley20.gif][sm=smiley20.gif][sm=smiley20.gif]

[sm=sloncek.gif][sm=sloncek.gif][sm=sloncek.gif][sm=sloncek.gif][sm=sloncek.gif]




Bogdancanka -> RE: Долго посакувана цел (27.5.2010 15:06:56)

имаме ваква слична тема нели?

http://www.ringeraja.mk/forum/%D0%9F%D0%BB%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B5%25%25%25%D0%BD%D0%BE_%D0%B4%D0%B0%D0%BB%D0%B8_%D0%B8_%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B0%D1%80%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%82%D0%B5%3F/m_49401/tm.htm

се извинувам ако сум грешка




Bitolcanka -> RE: Долго посакувана цел (27.5.2010 15:13:50)

Слична е, но не баш иста. Поентата на оваа е колку сме истрајни во посакуваните желби и цели. Благодарам за забелешката пријателке [sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif]




Страница: [1]