Mila mamicka -> RE: Со која песна ја „отворивте“ свадбата? (15.5.2014 15:16:05)
|
Ние сакавме да ја отвориме свадбата со песната Без тебе од Оливер Драгоевиќ, затоа што ја обожавам оваа песна. Ама, како почнавме да го вежбаме танцот, многу бавен ни беше ритамот, и не можевме да се усогласиме со чекорите. Ја прашавме групата која ни беше ангажирана, и ни ја предложија Од овој ден од Владо Јаневски, која искрено ја немав слушнато дотогаш. Кога ја пуштив на Јутуб, ми потекоа солзи од нејзините зборови и затоа свадбата ја отворивме со неа, и до ден денес, кога ќе ја слушнам, ми се еже кожата.
|
|
|
|