RE: Помош, софтверски проблеми и совети (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


Luci -> RE: Помош, софтверски проблеми и совети (28.7.2012 9:53:00)

Хелп ако знае некој[sm=smiley1.gif] Се преселивме на нова локација и јас бев таа што си го поврзуваше пц и звучниците, арно ама сега звук немааа. А поврзано ми е се ко што треба, и гласот е подесен не е на муте ставен. Што може да е? Ваљда не цркнале?




Gardenia -> RE: Помош, софтверски проблеми и совети (28.7.2012 9:59:04)

луци провери ли во контрол панел дали е се како што треба подесено,да не ти се има нешто изместено




Luci -> RE: Помош, софтверски проблеми и совети (28.7.2012 10:13:09)

Средено, фала многу [sm=smiley31.gif]




Bethany -> RE: Помош, софтверски проблеми и совети (4.9.2013 14:06:06)

Женски, сакам да направам на синко за роденденот видеото, со неговите слики и песна во позадина што ќе оди нели...
Е сега мене во моментов само ми паѓа на памет во Power point да направам. Има ли некоја друга опција, програма, нешто што не ми текнува во моментов, или подобра идеја?




elenak -> RE: Помош, софтверски проблеми и совети (4.9.2013 14:17:50)

Power point е ок, ама нема да можеш да го направиш како видео, онака за на цд туку само на компјутер ќе може да се гледа. Јас правев за првиот роденден на Ј во Windows movie maker слично се работи ама после можеш да го превориш во медиа фајл. 




Bethany -> RE: Помош, софтверски проблеми и совети (4.9.2013 14:36:25)

Да да, еве баш сега го најдов тоа, фала во секој случај... па ќе видиме како ќе испадне, уште соодветна музика да најдам. [sm=smiley1.gif]




Felly RR -> RE: Помош, софтверски проблеми и совети (1.2.2014 14:03:11)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

Може ли некој да ми каже како да се подеси на Самсунг камерата ,кога се гледа на скајп, даво исто време се гледа со дргиот соговорник а не да треба на екран да ги види а за него да го видат да треба да го сврти телефонот обратно.
Кога се одбира видео повик не нуди опција само се уклучува камерата





Felly RR -> RE: Помош, софтверски проблеми и совети (1.2.2014 14:11:15)

Меланија и мене ова ми беше проблем на телефон, ама најверојатно треба да имаш и предна камера за да може да те гледа и соговорникот, или пак ќе те гледа тој, ама ти него не. Малку комплицирано......[sm=smiley24.gif] Ако има некое подесување што може да се направи, се надевам некој поупатен ќе пише.




mommy_angels RR -> RE: Помош, софтверски проблеми и совети (1.2.2014 23:45:46)

треба да имаш и предна камера за да може да те гледа и соговорникот,

Јас мислам дека е ова,друго подесување нема




Melanija RR -> RE: Помош, софтверски проблеми и совети (5.12.2014 12:50:20)

Дали некој знае или има некој близок за инфо колку е цената на графичка картица за Интел за лаптоп Делл?[sm=smiley13.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 [4]