Viktori -> RE: Агнес ги очекува близнаците! (14.9.2010 21:00:36)
|
Д_Лејди;3779914 je napisal/a:
Не можев да се регистрирам на другиот форум, ама па и овој ми е омилен и затоа на Агнес ќе и се обратам тука. Ако сакате можете да и го пратите ова да го види. Агнес, жал ми е што мораш да поминеш низ сите тие долги и мачни процедури за толку благородна работа. ЗА жал, сите кои работата на оваа проблематика се можеби и исплашени да не згрешат нешто, а и сепак не се секогаш родителите од странство, па можеби и не ја знаат процедурата во целост. Знам дека многу ти се брза и дека си нестрплива, но сепам мислам дека имаш уште една можност да влијаеш да се заврши побрзо посвојувањето. Пред да се појавиш на телевизија и да им дадеш на новинарите приказна, знај дека меѓудругото тие ќе отидат и до домот, дека ќе направат и гужва, и дека на крај ќе ја направат така приказната да цел свет биде виновен (Сепак морам да ти кажам дека не обожавам новинари кои си додаваат сол). Јас искрено би те советувала да пробаш и вака: Како што ти пиша и некој на форумот рингераја, да пробаш да исконтактираш со министерот и заменикот, со државниот секретар и еден од државните советници. Најверојатно, тоа се луѓето кои треба најмногу да ти помогнат. Од тоа што сум видела по телевизиите, можам да ти кажам дека министерот изгледа многу сочуствителен и праведен човек. Не знам дали е таков, но ми изгледа како да сака многу да помогне. Затоа, прво пиши маил до сите овие. Стави ги сите наеднаш за да знаат дека сите добиле маил. Јас искрено верувам дека некој од нив ке се обиде да те исконтактира. Раскажи си ја целата приказна. Не верувам дека имаат срце од камен. Јас барем лично верувам дека луѓето можат да бидат добри и не се откажувам никогаш. Ти посакувам среќа !!!!!!!!!!!!! Еве линк http://www.ringeraja.mk/forum/m_102469/mpage_18/key_/tm.htm Агнес, еве една кајганџика која сеуште верува дека можеби министерот или држ. секретар се добри луѓе. Вреди да се проба, зошто да не, дај боже да сите да се добри луѓе виа forum.kajgana
|
|
|
|